Од кога паметам статусот на фб одсекогаш ми бил слободна не сум ни помислила да го сменам некогаш ниту пак се замарам со тоа. Основни податоци Датум на раѓање 2 Јуни Година на раѓање 1997 Пол Измени Женско Љубовен статус Слободен/на Јазици Turkish и Macedonian
Веќе година дена ми стои In a relationship, но кога си го направив не го објавив, само така. Ако некој е доволно заинтерисиран за мене да ми го прегледува профилот, нека види дека сум во врска.
Објавено е дека сме во врска. Од една страна сакам да се знае, од друга страна пак сакам да не го има тоа на Фејсбук за да не се најде некој ненормален тоа да ни го расипе. Но дечко ми не сака да се крие, сака цел свет да знае дека сме заедно па ете објавивме
За мене е чисто глупости статусот на фејс, ама по околу 4 месеци се направивме ради тон машки кои ми пишуваа какви-не пораки и тон женски кои најотворено му се пуштаа. После тоа навистина, значително опаднаа таквите „понуди“ речиси да ги нема, па ете имало нешто арно и од ова.
Пишувало непишувало, што правиш у реалност тоа ти е животот таму на фб, луѓето друга слика ствараат за себе.Некои се ставени во врска а немаат ни познаство со тој, некои не се па живеат супер..мислам смесно ми е тој фб, да негуваш брска на фб е како да негуваш пластично цвеќе хаха глупост! уживајте бре луѓе у реалноста нека ви се деси, а не дали врска ќе ми стои на фб!
Иако одиме 2 ипол години со дечко ми, не сме во врска на фб. Не само за љубовен статус и онака не сакам се од моето секојдневие да е на фб.
Социјалните мрежи поставија сосема нови стандарди во светот, како во се друго така и во љубовните односи. Тука спаѓа и „верификувањето“ на врската на Фејсбук. Факт е дека споделувањето на љубовната состојба со виртуелните пријатели е тема за дискусија на многубројни парови. Јас не сум моментално во врска и немам Фејсбук, но да имав и дечко и фб искрено не би го објавила мојот љубовен статус. За мене фб не е мерило за сериозност во една врска. А на инстаграм можеби би ставила слика. Не знам како вас ви се чини ама ова е мое размислување. Какви се вашите размислувања на темава? Важно ви е да го објавите љубовниот статус на социјалните мрежи или не се оптоварувате со тоа? (Ваква тема не видов, ама ако е несоодветна или дупликат слободно нека оди во корпа.)
Тотална глупост ми е да го ставам статусот во врска. Имам фб имам долга врска али никогаш не ни текнало дека треба статусот да го смениме. Иако имам фб не го користам многу не ми е интересна социјална мрежа да имам ставано слики на фб од мене и дм и на инсаграм исто али не често. Нас ни е битно врската надвор од социјалните мрежи да ни биде добра пошто социјална мрежа нема да ми ја подобри врската или да ми ја води може само да ми ја уништи. Али секој си има свое размислување дали треба да се стави на фб во врска или слободен ако има дечко/девојка
Не сакав да ставам статус на врска, не сум против ама не сум ни фан. Неколку месеци откако ја почнав врската со дечко ми не бевме во „врска“ на фејсбук. Имаше еден кој ептен ми досадуваше, никако неможев да го откачам откако почнав со мојов, па за да си помогнам себеси го направивме ова - статус дека сме во врска на фејс. Испадна дека дечково кој ми досадуваше имаат лоша историја со мојов па профункционира. Од тогаш не ми текнало да избришам, едноставно не ми смета. Ама барем не ескалираше проблемот и остана на ова.
Никогаш на фб не сум ставила статус дали сум во врска или сингл. Не гледам и потреба да објавувам а најмногу се чудам кога ќе видам како некој пар веднаш по некоја караница се става сингл па по 2 дена повторно во врска. Ептен ми е детски. За слики може да ставам некоја после одреден период од врската. Врските се приватна работа и не ги разбирам луѓето кои упорно секој детал од врката си го споделуваат.
Воопшто не ми значи тоа дали на фб сме во врска или не. Јас не живеам за соц. мрежи и секој ден да објавувам заеднички слики со кого сум била во моментот и што правам со него и каде се движам. Тоа е доста тинејџерска работа. И не ставам слики, колку помалку знаат толку повеќе подобро за врската.
Во 2008-2009 кога отворив фб знам дека се ставивме со дм во врска. Не сме менувале ништо, ама мислам дека не може никој да ми го гледа статусот, всушност мислам дека ми се гледа само кај работам и од каде сум. Дефинитивно ич не ми е важно, не ми е секоја слика со него, немаме љубовни песни и посветување статуси, општо - емоции во јавност не покажуваме. И двајцата мислиме дека некои работи просто се за дома, не е сѐ за на ачик, секој да го гледа.
Не ми значи ставањето на врската на фб официјално. Океј е за слика,али ова со врската ми е како несериозна рабб. Ипак приватна работа е ,меѓу 2ца луѓе..Побитно е како на нив ќе им функционира врската понатака,а не само сите да дознаат.А за на инстаграм може слики да ставам ама умерено.Неколку.Ипак наша работа е ,а не на цел свет да му покажувам до каде сум и што правам.
Мене исто ми е дали ќе бидам на фејсбук во врска или не, не ми значи воопшто. Веќе некое време сме во врска и ни на крај памет не ни текнало да смениме статус. Не користам многу фб и немам слики со него ставено, освен една што он ја има ставено. Тие што треба да знаат дека сме заедно, знаат. Не сакам сите да ме знаат кај сум била со дечко ми, што сме јаделе/пиеле, колку време сме заедно и сл. Ептен детско ми е кога ќе видам парови што секој чекор си го објавуваат. На инстаграм имам повеќе слики со него, гледам да не претерувам.
Нема статус "во врска", нема лигави коментари "за да видат другите колку многу се сакаме", само слики имаме. Нема потреба од повеќе.
Во врска сме и на фб после неколку месеци откако се фативме се ставивме во врска на фб и од тогаш си стои така. Не гледам ништо во тоа детски, немаме лигави коментари само по некои стикери, слики наши на фб имаме, ама не многу.