Не сме ни во врска, имаме неколку слики заедно и на фб и на инста ама тоа е тоа, дури ни роденден не ми има честитано на фејс Нема потреба да се покаже на социјалните мрежи колку се сакаме или незнам што.
Го сменавме уште на почетокот кога почнавме со врската. И што од тоа? Ама баш никаква улога не игра. Не мие битно и да не е сменет.
Se stavas vo vrska i sledat komentari od tipot:aj so srekja...noze da iskrshite od odenje...pa edno pa drugooo...bezveza e toa me nervira najmnogu...
Гласав за 'важен ми е' бидејќи сакам да се ставам во врска на фб, но тоа да не биде јавно туку скриено. Би се ставила само доколку мојата врска стане стабилна и цврста за да не може една социјална мрежа да ја разниша. Од друга страна да се ставам веднаш штом си најдам дечко како порано што сме правеле, не! Инаку, не е мерило тоа да се докажуваме на една мрежа дали имаме дечко или не, дали сме во брак или сме разведени итн.
Па еве на пример некој дечко што го имам на фб, ако ми се допаѓа сакам да знам дали е во врска, за да знам ако има девојка воопшто да не пишувам, не сакам да се мешам во нечии врски. Сакам да знам дали е слободен, да знам да можам слободно да пишам. Ете не мора да се менува статус, туку да има барем некоја слика со девојката, да се знае дека е зафатен.
И под сликата да пише ОВА е девојката? Да му кажам на маж ми да пише на некоја слика дека сум му жена, да не му пише некоја, еве не знам И брат ми да пише, ова е сетра ми, немам девојка.
Од мој личен аспект не сакам да објавам дали сум во врска едноствно затоа не сакам да другите да им ја нахранам потребата за љубопитност (себичен сум). Исто така во генерала сум против објаввање на се, буквално се на социјални мрежи. Од другата страна на паричката, подалеку од мене е погледот мој кон другите. На пример кога го разгледувам профилот на некоја девојка и сакам да и пишам треба да знам дали е во врска или не, ем да не си трошам време а и целата ситуација да не биде глупа. Хаха Али од третата страна на паричката, повеќе сум за првото а помалку за второто и затоа не преферирам да барам девојки онлајн и да им пишувам многу енергија и време се троши иако е тренд али за повеќе у друга тема. Како и да е тоа е тоа во однос на темава.
Да знаете колку ми е важееееннн ... Аууу не спијам поради тоа што не сме во врска Затоа кога ќе легнам до него, заспивам за 3 мин Според мене тоа е глупост, а глупост е и објавување на 123456789 лигави слики на фејсбук со муцето цуцето љубовта сонцето месечината и тако даље Сакајте се, сексајте се, љубете се .... само за себе. Не за другите
Не ми текнало на ова. Воопшто на памет го немам стаено. Јас статус немам, а на дм му стои сингл Имаме шат пат по некоја заедничка слика, можат да се избројат на прстите од едната рака, доволно да се добие престава дека сме во врска. Не љубам многу фоткање, односно ич не љубам, ама му ветив летово дека ќе напраиме плус некоја. Ниту планирам ништо да менувам, ниту верени, ниту венчани. Сите што ме знаат, знаат дека сум во врска, сите што го знаат - знаат дека е во врска, мене тоа ми е доволно.
Воопшто не ми е важен статусот на ФБ. Што помалку изнесуваш во јавност приватни работи,мислам дека е подобро. Не мора да биде са на изволте!
Апсолутно небитна ствар....не е страшно да пишам дека сум во врска/мажена , но дека по секоја цена морам јавно својата припадност на некој да ја ставам и не мора... Оние глупости од типот итс компликејед аууууу .... ми иде у три лепе да ги отерам тие што го ставаат тоа.... Тие што ме познаваат знаат за кој чука моето срце и тоа ми е доволно
Mislam deka mi stoi vo vrska, ama site podatoci mi se sokrieni. Voopsto ne sme ni jas, ni decko mi mnogu po socijalnite mrezi, pa mnogu retko objavuvame sliki. Od sekogas me iritirale objavi od tipot "te sakam , me sakas'.
Не се замарам ама ич со фб,и искрено ама ич не ми е битно.Сепак тоа се приватни работи,кој нема потреба секој да ги знае,кога си раскинал,кога си фатил нова девојка/дечко.
Неколку дена откако се фативме, се ставивме во врска на Фејсбук. И тоа, еј абе... Не сме се ставиле, дај да се ставиме. Убаво ми е, целиот профил ми е со нас двајца. Како кај мене, така кај него...
Јас со мажот ми цела година бевме во врска и немавме ниту една слика заедничка слика на фб ниту тагнати ништо ништо ни во врска не бевме и ко ме побара за жена ии иајде реков ќе споделиме на фб и се чудеа луѓево од каде да се омажам а сум немала дечко( кој знаеше знаеше секој ден бевме заедно и сегде и чаршија ама баш сегде) Си слушнав муабети дека сме се зеле оти сме се гледале така па сум била бремена хахахах или дека сме се знаеле само 1 недела без врска ама то е прост народ.. ПА ЕВЕ УШТЕ ГО РАЃАМ ДЕТЕТО ВЕЌЕ 1 И ПОЛ СУМ БРЕМЕНА ХАХАХ ( само 10 недели)
Долга врска имаме и не сме на на фејзбук. Некако лигаво ми е на фејзбук. И онака цел град не знае така да..
Откако се уверивме дека врската ни е сериозна и стабилна се ставивме во врска на фб, но за мене тоа нема никакво значење бидејќи многу други работи ја прават врската.