1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовна приказна за господин К

Дискусија во 'Разделби' започната од mimozamime, 14 август 2010.

  1. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Се запознавме преку интернет...чувствував како да го знам од секогаш.Правевме муабет по 6-8 сати на денот и никогаш не ни беше досадно.Тој изведуваше некои предизвици јас некои ...интересно беше некои 4-5 недели.Се договоривме да се видиме.зима беше,дојде кај мене. Имавме односи уште првата вечер!!!Мислам јас сум многу со строги погледи кон тоа секогаш ги осудував девојките што се интимни со дечковците усте првиот месец а не првата вечер???Ама чувствував како веќе да го знам.Се најдов малку во тесно мислев дека можно е и на сила да ме натера па си реков ајде ионака ти се допаѓа.А пред него имав само еден на кој уште се надевав дека ке се смиримепред да го запознаам Господин К.Мислев ќе ме смета за лесна не можев да се помирам со фактот дека не ни го знаев а му дозволив да оди толку далеку.Помина некое време се гледавме секој втор ден.Почна да ми зорува дека има нешто да ми кажи.Предосекав дека не е добро.Само ми велеше важно е да знаеш дека не сум женет и сега за сега ова да остани меѓу нас.Бев толку воодушевена од Господин К толку беше внимателен ноќите кај мене беа како нереални поминувавме толку време зборувајќе за мене и за него,толку интимни моменти доживеав со него...По два месеци спонтано со муабетите открив дека има друга.Ми призна, ми кажа!Рече дека тоа нема да смени ништо мегу нас.И не смена се гледавме пак се однесуваше како да сум му единствена,одев кај него дома во нокта се искрадував во 2 по полнок и преспивав кај него до 8-9 наутро.Ми се отвори полека полека почна да ми кажува се за него.Колку не им верува на жените ,колку мисли дека сите лажат,колку мисли дека жената многу лесно можи да изневери.Има 28 години за некој ден му е роденден :) Има многу големо искуство и за некои работи уште пред да ги направам јасно му беше дека ќе ги направам и знаеше како ќе реагирам.Имал многу жени во неговиот живот но никогас не ја нашол таа што ја бара.Барал да е воспитана,амбициозна,малку импулсивна,искрена пред се и со не многу матно минато.Мислев супер јас поседувам се што тој сака....Мислев дека сум на добар пат до срцето негово
     
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Мислеше... И што се случи?
    Зошто не ја доврши приказната? Зошто темава стои во разделби? Се разделивте?
    Бараш совет од нас?
    Ќе те замолам да ја довршиш твојата приказна за да можеш да добиеш подетални одговори.

    Во врска со постот, имам неколку контра прашања во врска со дотичниот господин К. Мислел дека жените лажат и лесно можат да изневерат!? Епа тој не е ништо повеќе од жените кои ги опишува бидејки и тој самиот ја изневерува својата девојка.
    Зошто не ја остави неговата девојка?
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    се согласувам со тебе... што е проблемот со него зборува едно а самиот тој гои прави тоа.. лаже и изневерува .... и ств кажи ни како завршува приказната ...уште ли си со него ???
     
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Не сваќам се разделивте кога ти кажа дека има друга?или воопшто не се разделивте :^) ? не ми е јасно :?:
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Како ќе најде некоја таква добра и се кога он те лаже тебе ? Многу е себичен и мисли само за себе . Нека се поправи па тогаш да бара таква каква што сака . А ти може да се оддалечиш од него дур не расчисти со другата , после да размислиш дали е вреден .
     
  6. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    :^) :^)
    Си требала малце да почекаш.. Доколку те смета за ваква штом си му дала уште првата вечер ќе може да те врти како сака..
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    ^^Па гледаш дека веќе ја свртел ? Не и кажал , она што направила грешка , направила .. после дури и кажал . Не дозволувај да си игра со тебе како што сака .
     
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Ќе мораш да ја довршиш приказната за да знаеме како да те советуваме! јас нема да го осудувам, не е прво машко што мисли така за девојките, што не значи дека е тоа стварно точно! ама штом ја изневерува неговата девојка, не ја сака! а мислам дека и ти ако продолжиш со него може да те снајде истото! од една страна приказнава ми се допаѓа, но од друга таа е забранета! е сега, имаш среќа што не е женет...
     
  9. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    97
    Разбуди љубопитност во нас и фана магла....и ако има девојка а вие сте нон стоп заедно како што кажуваш каква улога има таа во неговиот живот?Ништо не ми е јасно!И овој убаво што бара , ама пред се и тој треба да даде исто колку што бара....
     
  10. mademoiselle.26

    mademoiselle.26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    hmmmmm najgolema greska sto si mu dala......nema opravduvanje.....no toj imal zenska i te lazel..taka idi toa.....te mola da ja dovrsis prikaznata.....
     
  11. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Намерно го оставив така за да видам какви реакции ке има..Излегувавме 2 месеци месеци и се беше ок.Се однесуваше со мене преkрасно.Водевме љубов а не секс.И почна да ми се доверува.ми кажа дека девојка му го изневерила,ама не знае дали го изневерила намерно или била силована,зошто таа не сака да каже.Откако тој дозна таа нешто му призна но нe цела вистина.И ми покажа некои докази што стварно наведуваат дека нешто има направено.И не сака така да и се скара.Не дека ја сака само не сака ако е повредена тој уште повеќе да ја повреди.А ако го изневерила намерно тогаш не сака да помини туку-така.Ми велеше таа врска е одамна завршена нема надеж за неа,само чекам вистински момент да се дознае.И испадна дека јас имам некои кругови што ме спојуваат со нејзиното друштво,но од никој ништо не дознав.И таа го лажела цело време дека не била на таа забава a била.Затоа немаше поверење во мене.Не помина долго време од како зборуваше колку треба да сум искрена итн.,направив слична грешка.Бев на роденден и го излажав дека си дојдов порано до дома заради другарка ми,а јас си дојдов да се слушнам со него на нет.Кај него во главата се сврти филм дека си дојдов со некој порано од роденденот..мислам по тоа што се случи меѓу нас има право да мисли што сака не го судам.Го излажав.Лага е лага.Не бев целосно искрена за бившиот.Му реков дека се имавме видено од кога се скаравме а не му кажав дека тоа беа неколку пати а не еднаш.Сакав да му се варатам на бившиот ми беше прв.ама сето тоа пред да го запознаам Господин К.А и уште како за малер заборавив еден што имав излегувано,се сетив на него случајно кога гледав несто на фејсбук.И нормално мислеше дека кријам со причина.Му ги обајснив сите работи,мислам возрасен е малку не можеше да поверува ама потоа ми рече дека се труди.И исападна на сето тоа што ми зборуваше јас да кријам некои работи од него.продолживме ...Мислев ќе ме избрка од неговито живот но не.Останавме.Малку со нерви малку со кавги..И дојде време јас да заминам во друга земја.само преку летото.Ми велеше да не одам,ама и имав ветено на другарка ми не можев да ја оставам сама.Сепак ми значи не можам да ја извисам.Пред да заминам ми рече дека ќе продожиме да се слушаме и ќе продолжиме да се гледаме кога ќе се варатам.дури и ми даде лавче да ме подсека на него.И навистина се слушаме сега.Сеуште е со девојката.Беа заедно и на одмор неколку дена ,ми кажа.Не знам што да правам...не знма каде води ова ...не знам дали да му се вратам како што бевме или само да си останам онака другарка со него..што тешко дека ќе можам премногу ми значи премногу го сакам.А имаше коментар дека ме користи.Искрено немам такво чувство..се однесуваше повнимателно и од мојот прв.А јас и немам многу цексуално искуство..со предходниот имав мози 10 пати се на се односи..премногу комплицирана беше и таа врска(можи друг пат за неа :) )Не мислам дека е само за секс.Мислам има девојка!Ама тоа јас го мислам .Ве молам девојки кажете ми го вашето мислење ми се смачи само да нагодувам и со нокој да не споделувам.Како ви изгледа целава ситуација?Дајте некој совет..
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Tипов топ си ја наредил работата. Браво за него. Си има една девојка за озбилно и си има настрана друга девојка(ти)што ја потчинил максимално. Ти на него му се правдаш, правиш се за да ти верува, а он отворено си има друга. Љубов? Каде е тука љубовта? Вие се сакате? Не, ти него го сакаш, ама он тебе тешко. И уште му веруваш? Мила, додека си подалеку расчисти со ова, мој совет :)
     
  13. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Никогаш не сакам да бидам девојка за изневерување..подобро да си имам дечко и да ме изневери ама јас да му бидам секогаш на прво место,а не само за забава.Убо ти кажаа баш си ја наредил работата тој господинот.
    Ти си целосно подпадната под негово влијание и тоа е тоа,веќе е доцна - ти си веќе вљубена во него и затоа ти е премногу тешко.Мој совет би ти бил да си фатиш и ти дечко,исто како тој што си има девојка и после и двајцата изневерувајте ама барем ќе бидете на исто ниво.Само се кладам дека доколку ти имаш дечко тој господинот нема да сака да биде со тебе,а доколку сака тогаш ќе биде само за секс.Така ќе видеш дали му значиш ..а и убаво е да се има некој од типот на златна резерва ;)
     
  14. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Мимоза за жал и јас ќе морам да се согласам со другите девојки бидејки како и да гледаш на оваа ситуација, така испаѓа: Дечкото те мота и тебе и девојка му. Барем девојка му ја носи по одмори и заедно се неколку години, додека ти си тајна врска, на лагер што може да ја има кога и да посака. Извини на грубоста ама понекогаш се потребни најгрубите зборови за човек да се свести и да сфати што и како прави.
    Да замислиме и друга ситуација.Еве да те сака, да не е со тебе само за секс и сите тие работи. Но зошто не ја остави таа другата и да ја обелодени врската со тебе? Дури и да е така, ти не заслужуваш некому да му бидеш втора, и вечно да се криете од другите.
    Мој совет е додека не си се зацепала повеќе остави го. Ако те сака ќе те побара и ќе те моли. А тогаш постави му услов- или нека ја остави или нека се гони у курац. Поработи малку на своето ЈАС и достоинството.
    Поздрав до тебе и кажи што си направила.

    П.С Дотичниот мислам дека воопшто не заслужил да го нарекуваш господин :)
     
  15. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    97
    Навистина испреплетена ситуација!
    И морам да кажам дека се согласувам со другите!Уште од авион се гледа која игра ја игра типот.Неговата женска демек го изневерила па била силувана па сега ајде ако е повредена не сака да ја повреди уште толку?Мислам стварно нема смисла.Од една страна вели како врската е завршена а од друга страна никако да стави крај на истата па уште и по одмори оди со неа.Каде си ти во целата оваа приказна?Те нема!Па уште и бара да му се правдаш.Што има тој да знае се за твојот живот знаеш ли ти се за неговиот?Па уште и се лути ако си заминала од роденденот со некој....со кое право?Тој си има девојка и ти не смееш да му писнеш,а тој води рачун за твојот живот па уште има лице и да се лути/Размисли малку повеќе околу тоа.Ако има сериозни намери со тебе нека ти докаже!
     
  16. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    Во право се сите девојки,стварно што се замислува тој,дека може да прави што сака во животот без никакви обврски? Мислам дека работите наможат да бидат така ако освен ако и ти сама не сакаш никакви обврски во животот мислам на врска и сите тие работи.Ако веке толку многу го сакаш пробај стави го на тест за да ги провериш неговите чуства,на пример фати си дечко или барем излажи го дека си имаш фатено дечко,кога веке не сте блиску можеш лесно да го направиш тоа.И така ќе бидеш сигурна,ако те сака ќе се бори за тебе,ако те сака ќе ја осатви девојката а ти ке го оставиш тојот "дечко".А ако не преземе ништо околу тоа ,подобро ќе ти биде да го оставиш и да пробаш да го заборавиш,знам дека не е така лесно како што е да се каже и напише ама барем ке знаеш дека не те заслужува и ќе ти биде малку полесно.
    И да ни пишеш што си направила :)
     
  17. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    81.888
    Пол:
    Женски
    Mimoza kolku godini imas pisini a se soglasuvam potpolno so mislejnata na drugive devojki otkacigo tipov ocigledno si bara samo zanimacija ili kazii na negovata devojka pa neka ne te pravi budala samo toj tebe malku i ti nego pa neka se najde i toj malku vo tesno za da vidi samiot deka na dve stolici istovremeno ne se sedi.pozdrav
     
  18. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Имам 22.Чудно е малку зошто се обратувам за помош,искрено знам дека ако зборувам со другарките малку ќе се пристрасни,и никогаш во животот не сум била некоја што бара мислење од другите.Ама сметам дека колку погрубо некојти ја казжува вистината толку е подобро.Ми треба некој да зборува баш грубо за да се почувствувам малку неубаво.Не дека мене инаку рози ми цутат,ама сепак помирна сум со ситуацијата.Своеглава сум и самоуверена личност.Сум имала доста врски и искуство со мажи.Во врските секогаш бев јас таа што остава.Не сум била повредена.Секогаш гледам со ладна глава да размислувам..ама не и сега ...семтам и јас дека нешто не е како што треба.Целата приказна е испреплетена.А и не е со девојката години години...само неколку месеци можи 4 пред мене.А со мене 6.Паметен си е човекот си има можност да избира.Некогаш се чувствувам како да и ја крадам среќата на девојката.Се чувствувам лошо.Искрено не е убава,но тоа само ми покажува колку не бара убавина и физички изглед.Дури и на моменти си помислував дека со мене е заради тоа што физички сум доста привлечна,мислам сега да не биде само фалење ама навистина е така. |( Сеуште размислувам,имам уште месец цел да донесам одлука.Не сум дома.Далеку сум и тоа ми дава можност да мислам поинаку.Ми побара ветување дека нема со никој нема да бидам каде што сум сега(дека нема да го изневерам всушност).А од друга страна ми вели дека не ми верува по толку лаги јас што ги кажав.Веке 3 месеци немам ни флертувано со некој :) Како и да е благодарам на мислењата.
    п.с. сега само што зборував со него :^)
     
  19. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    81.888
    Пол:
    Женски
    i kazini sto razgovaravte so nego kako se ponasa
     
  20. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Па нормално...како и секогаш..си правиме муабет,сега му е роденден за два дена па го прашував каде ќе го слави и ја споменав девојка му индиректно.И ми вели ако не ме боцнеш не си жива.Престани да се замараш со неа.Ти кажав дека таа нема ништо со нас.Знам како ти е те сваќам...ни јас не сакам вака...дрн дрн...бла бла...исто па исто...па едно 6-7 мецеси.Ме слуша кога ми е тешко...кога имам испади некогаш ако сум за нешто друго изнервирана него му се истурам и одма знае да ме врати три чекори назад.Ќе ми речи нешто,ќе ме утеши,ќе ме охрабри.Не му е мака да прави муабет со мене по 4-5 сати во денот некгоаш и повеќе.ЈАс му велам дека ми летна времето многу брзо каде што сум.А тој ми вика тебе така ти се чини немаш многу време да мислиш..мене ми се чини како кој знае колку време да си таму.И така низ муабет ми вели дека ме чувствува за многу блиска...само со сум лажга :) Не е некој да ме опсипува со убави зборови,романтичен или многу мил.Кажува црно на бело.Секогаш сум сакала мажи што не се лигајчари.Ќе ти ветува нешто ќе ти се лигави ќе ти вели дека те сака...и на крај ќе ти се здосади.Зане дека го сакам никогаш му немам речено ама знае.Знам дека не ме сака.Секогаш вели дека не бил заљубен.Ама толку се однесува со почит кон мене и толку заштитнички е настроен...мислам по тоа што се случи со него првата вечер..можев да бидам само девојка на повик.А тој се грижеше да се гледаме.Никогаш ми нема речено не кога имам шанса да го викнам кај мене.И сега прави планови за кога ќе се вратам..нешто како ќе видиш кога ќе си дојдиш..ќе зборуваме кога ќе си дојдиш...и така .....