1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовна приказна за господин К

Дискусија во 'Разделби' започната од mimozamime, 14 август 2010.

  1. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Епа мили мои се вратив јас дома...Ако некој сеуште ја прати оваа приказна,најавувам дека закажав да се видиме со него овој викенд т.е овие три дена еден од нив...па ќе ја решиме.Најважно е што имам сила да му раскинам...сега само го чекам моментот.Држете ми среќа да бидам силна како што треба да сум.Ви благодарам на поддршката и советите.
     
  2. PearlEaring

    PearlEaring Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Го направив профилот само за да ставам пост на оваа приказна... Премногу се пронајдов за да не напишам нешто... Мојот Господин е со неговата девојка речиси 6 години, а со мене нешто повеќе од 3... Дознав за неа после повеќе од година дена и веќе бев длабоко "зацапана", сам ми призна за неа при една пожестока караница. Никогаш не ја спомнуваме, ниту јас, ниту тој од тогаш навака, ама знам дека се сеуште заедно. Таа е често надвор од градов и државава (дознав многу работи за неа), можеби и затоа тој е со мене... Не можам да кажам дека се борам за него, не сум прашала како му е со неа и зошто е со мене. Освен тоа, можеме да разговараме за се останато и бил тука за мене кога ми било најтешко и кога најмногу ми требал. Сеуште живеам ден за ден, велејќи си уште денес да сме заедно и од утре не ми е гајле. И така секој ден. Другарките ми ги давале истите совети како сега тебе форумџуките, ама познавајќи се себеси знам дека никогаш нема да го послушам нивниот совет. Тоа ќе го направам само ако сама решам така, ако ми се смачи да бидам втората, ако повеќе нема да сакам да чекам... Некаде длабоко сеуште се надевам дека еден ден ќе стане нашево како што треба, ама знам и дека да стане идеално, никогаш нема да можам да му верувам дека ако сум му прва дека сум и единствена... А сепак сеуште сум со него, се научив да живеам со тоа и сега за сега сум до некаде задоволна. Па што ќе биде понатаму не знам, можеби и јас треба да заминам на неколку месеца за да сфатам што треба да се направи... :)

    П.С. Како пројде ти?
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас ќе ви кажам и на двете како ќе пројдете!
    Никако, ќе останете повредени и разочарани и никогаш нема да си простите што скапоцено време сте трошеле на такви луѓе, он нека си се задоволува со двете, кога е девојка му тука, кога не е си има друга баш му е гајле, да не ве сака и двете па да неможе да се одлучи. Самите сте свесни во што се наоѓате и си продолжувате, немам сила... како да не, ма ќе го кажам на девојката и ќе го откачам одма па нека си остане сам... божеее да се немало самопочит заради еден фолирант. Епа самите сте криви за тоа што ви се случува, и да му станеш ти прва тој пак ќе си има некоја втора... трета... јас незнам зашто толкаво значење му давате на таков човек, па уште и патите по таков кретен... што да кажам, неможам да поверувам дека некој дозволува на ваков начин да си поигруваат со него и да му ја повредуваат пред се личноста па после се друго, ама ако... се додека така сакате да биде ќе биде... не делам никакви совети на девојки што немаат самопочит, самите нека си ја уклучат главата. Поздрав.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Не е дека немаме самопочит...можеби ти мимс си била сакана, па не знаеш колку е тешко кога некој сакаш тој ти подарува љубов а ја делиш.Исто како и на девојката тој мене ми се најде за ногу работи,секогаш беше покрај мене во тие 6 месеци,ме почитуваше.Секогаш јас нешто претерувам а тој е тука за да ме смири само ќе ме гушнеше и се ќе беше во ред.Не ми има признаено дека ме сака но во последниот муабет за викендот да можеше некој освен мене да му го види лицето и да му ги види очите кога му кажав дека заминувам од него.Ме молеше само да не изгубиме контакт дека му значам премногу како личност,дека не може да поднеси да не зборуваме денес,дека е зависен од мене,дека требало само малку да почекам да среди со неа.Наводно таа била многу слаба личност што секогаш му велела дека нема да може да живее без него.Не сакаше да ме пушти да си одам.Седев покрај него како казнета ме премоли да размислам уште еднаш зошто ваква комбинација како јас и тој немало уште еднаш да има.Не можел тој да ми прости што заминав далеку..ако сум го сакала немало да одам толку далеку од него.Па останал со неа само заради тоа што на некој начин сум ја знаела неа па со неа ги смирувал страстите додека мене ме немало.ГЛУПОСТИ!!!!Сега не ми верува дека 4 месеци немав никој.Не за него туку за мене издржав да немам никој.Искрено дознав од негови пријатели дека многу девојки трчаат по него,и јас никогаш нема да му верувам дека му сум единствена и многу е мачно тоа чувство.Не се издржува да знаеш дека денес нема да го видиш,да знаеш дека со друга е кај него сега дома а ти го чекаш да се јави.Сега за сега не мислам да му се вратам.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Епа јас тоа го зборам цело време, ако те сака ќе ја остави, ќе најде начин за да биде само со тебе. Ама штом не ја остава значи ја сака, како може да го држи до себе таа со сила? Да не му се заканува со самоубиство? Види... кога некој некого искрено сака ќе направи се за да биде со него, а не да се вади со глупости од типот таа е премногу слаба неможам да ја оставам... мислам од неа е као демек од жал? Ти се молам ова е реален живот, а не шпанска серија. Ако сакал да биде со тебе ќе ја остави, тоа е моето мислење, во споротивно не би дозволила некој на тој начин да ме понижува и да ми го дава второто место, знам што заслужувам бре! И за таков човек не вреди да се пати верувај! Сепак ти си го знаеш и му гледаш во очите дека те сака, ама тебе те води срцето, да размислиш со разумот ќе сфатиш дека ако те сака ќе направи се за да биде само со тебе а не да те третира како втора виолина. штом си поминала 4 месеци без него ќе поминаш и уште 4 и уште четири и готово, и ќе најдеш некој на кој ти ќе му бидеш на ПРВО место и што ќе те сака 100 пати повеќе и ќе се однесува со тебе како што заслужуваш! А тоа се за мене чисти приказни и бајки дека од толку многу што го сакам па ќе си дозволам и втора да му бидам и да го знам тоа и да се задоволам со тоа да сум втора НИКОГАШ! Па колку и да го сакам, верувај за ова викам никогаш.
    Се надевам дека размислуваш што правиш и заради каков тип се уништуваш затоа што според постовите единствено што можам да заклучам е дека не вреди типот за твоите солзи и секирации. Сепак ти си знаеш најубаво, јас само го кажав моето мислење. ти посакувам среќа и да се тргнеш од ваквите типови да си најдеш фино момче што ќе те сака вистински и ќе му бидеш единствена поздрав!
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  6. loca23

    loca23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Абе му се може на Господинот...несакам да кажам ама незнам со си мислите...сами си го комплицирате животот!
     
  7. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Морееее маж! Една за пред сите,да ја шета за рака,друга за во доцните часови кога првава спие..ммм...си ја наредил така токму.Види го бе ти него па уште не им верувал на жените-изневерувале,работава е му рекол зајакот на магарето имаш големи уши.Туку ти бре луда девојко како можеш да расправаш за вашата љубов у старт имаш грешка у насловот,не е ваша туку твоја љубов ,будалетинке една!

    Ако ти си одлучила да бидеш нечија втора виолина ок е,само немој да правиш научно фантастични филмови од сето тоа зашто ќе го кркаш на крај пак ти и зошто? Зошто си дозволила некој си таму да те извози до месечината и назад за цена која јас богами не би сакала да ја плаќам.
     
  8. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Ја споделив приказната овде само за да видат другите дека и кога мислиш дека некој најмногу го сакаш има нешто поважно во животот...а тоа е да бидиш сакан!!!Ја постирав оваа приказна само за да добијам поддршка за мојата одлука да се разделам од него.И покрај тоа што ми беше тешко,и сега ми е уште потешко на некој начин сум посреќна не се измачувам.Кога бев со него немаше што да изгубам...тој не ме натера да сум со сила со него...ама едно е сигурно никогаш немаше да биди ова како што треба да е..онака вистински.Во секој случај се чувствувам ослободена.Јас знаев дека ова не е начин да си со некој..а дека ме сака...не знам чуден е можам да речам дека на свој начин некако му сум мила му значам во животот ама не е тоа љубов.Како и да е за мене секогаш тој ќе е оној што ми оставил најголем впечаток во животот зошто и покрај се тој е оној што ме направи среќна некогаш.И покрај ова што се случи со мене тој како човек како личност поседува многу квалитети...оние на кои јас паднав.А не паѓам така лесно на мажи.Дека е ова моја приказна да е...ако сметав дека е моја и негова ова ќе го решавав со него.Ама за жал знам дека и многу од девојките што се сметаат за силни и пишуваат совети како да постапам ...нема да го направат истото како мене да се разделат.Зошто едно е да кажуваш и да се правиш силен а друго е кога треба за себе да го примениш.Јас знам зошто јас некогаш бев таа...силната!!!И со ова си докажав дека излегувам уште посилна.Можеби со него немав официјална врска ама имав посебна врска...врска која е тешко да се воспостави со нeкој во денешно време...И покрај мојов тип има уште еден тон такви што девојките дома им спијат а тие настрана чекаат некоја прилика.Јас тоа на повеќе наврати сум го видела...Само што јас бев свесна дека има друга,а таа не е.Повеќе се тргнав заради неа а не заради него.Не сакам да рушам ничија среќа ако може да се нарече среќа.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Значи ко прво ако несакал тој да ја остави девојката, ќе најде начин да направи таа него да му раскине, би бил ладен и незаинтересиран кон неа, нема да се јавувал, гледање искачање слабо, и ќе и здосади на неа ако не друго па ќе му прекине она така? За се има начин ако се сака... ама у случајов не е така...
    Друга работа... прочитав сега во твој пост на 2та страна дека тој те слушал, те тешел, ТЕ ПОЧИТУВАЛ!
    што претставува за тебе зборот почит, што подразбираш ти под тој збор? Секако не очекувам одговор затоа што гледам дека како прво ти немаш САМОПОЧИТ, а не пак да ја имаш од еден ваков нечовек.
    Трето... да не е девојкаму многу богата па тоа да е основната причина што е со неа? Не се чудете има и мажи што трчаат по пари... :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    49
    Читам и се чудам !!!!
    Почит, среќа, чувства, секс и не знам уште што .. Ма нека иде онаму чим знам дека има друга!! Или си со мене или ич не ми го троши времето!
    Ама убаво ви било заедно .. А исто убаво е кога знаеш дека он еден ден е со тебе, еден со неа?!
    Колку што можев да издржам да дочитам крајот беше дека не сте заедно?!
    Па фала Богу ти дошол паметот !!!
     
  11. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Не си ме дочитала каде што кажувам зошто тој не сакаше да ја остави девојката...Девојката ...богата не е убава не е... :) Господин К е многу горд а истовремено и многу човек.Можно е девојка му да била силувана или пак го изневерила...во секој случај таа нешто направила...па не сака да и раскине без да ја знае витстината.Ако нешто и направиле вели дека е таа е ок пред него па не сака да ја повреди сака да ја одбрани..а ако нешто направилеа..не сака да остане без да и се оддолжи за тоа што го правела будала.А ова е апсолутно вистина зошто јас видов и некои непријатни слики.Тој ми велеше да почекам да видам како ќе испадне со неа, да почекам да се средат работите.Ама во меѓувреме и јас направив некои глупости што не можи да ми ги прости зошто не зборуваме за обичен човек на кого му е сеедно дали јас сум направила вака или така...и покрај тоа што ми кажуваше што сака од мене јас пак направив некои работи што не треба.Можи изгледаат ситни ама за него се важни.И на крај му заминав го оставив овде ме снема од неговиот живот за 4 месеци.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Да, секако дека е многу горд, и јас ќе бидам горда да си имам двајца дечковци :) , а тоа дека е многу човек, аууу едно големо НЕ!
    Не ми се верува дека уште влијае врз тебе иако си го откачила, колку време му треба на него да ја дознае вистината за тоа што и се случило на неа, цела година? Не! А ако несака да ја повреди ќе и раскине бе, не сфаќаш дека вака повеќе ја повредува, па покрај тоа и ти страдаш.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    нели испадна дека ова беше фејк стори? :^)
    или се лажам? :$ :$
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Воопшто не е ФЕЈК
     
  15. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Уште трае приказнава? Не ми се верува :x Фрикови се ова :puke:
     
    На christina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Леле колку досадно стана. Ајде, кога ќе биде крајот, кога доброто ќе го победи злото и тие што се сакаат среќно ќе си живеат до крајот на животот со многу деца во голема куќа?

    Уствари, незнам што е поентава бре, си има женска тебе те има за да си ги задоволи потребите и егото, а те лаже колку не ја сака. Ептен шпанска серија. Не гледам причина двајца што се сакаат да не бидат заедно. Ако те сака ќе и раскине. Не гледам некоја посебна филозофија за случајов. Тоа е, се дешава. Има мачо типови и глупи женски што им паѓаат на форите и овие првиве ги стрижат вторите. Това е това. Ако ти е тешко да си признаеш сама на себе дека е вака, незнам како да ти помогнам. Нема поголем слепец од оној кој несака да прогледа.
     
    На tessie и christina им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ама офи, тој неа ја сака, не ли гледаш колку ја почитува?
    Никогаш ја нема излажано... имаа совршена врска, таа неговата лошотија од женска ги раздели :devil:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Ако нешто не разбравте тоа е дека јас завршив со него...а ако нечија приказна е за исмејување тогаш алал да ви е многу добри луѓе сте вие..од тоа јас се плашам.Нечиј проблем е споделен за да другите кои се во иста ситуација да знаат да постапат првилно како што јас постапив а не да се водат раговори со иронија и подсмев, па уште и здодевно било ова ..што го читате??Јас ја споделив мојта одлука за девојките како мене да знаат да се снајдат во слична ситуација...а тие другите можат колку сакаат да осудуваат и да кажуваат да видиме која ќе е јака ако се најде во ваква ситуација ...сите сме силни на зборови ама кога иде на дело тогаш никаде не нема...и во теорија тоа што е никогаш не е применливо во пракса ...а најинтересно е што сите го знаеме а не го признаваме.Ги почитувам советите и мислењата за моајата приказна, па барам и вие да го почитувате моето мислење.
     
    На Natka87 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Златна ^ прво треба да знаеш теорија за да ја примениш во пракса! ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Колку ми е само контрадикторна целава оваа твоја изјава.Како прво викаш немаш што да изгубиш,а уствари како што кажа сама си ја постирала приказнава за да добиеш подршка да се разделите.Ако ти се чувствуваш дека во една врска нема што да изгубиш зошто би ја прекинувала? Ама изгледа си знаеш сепак дека достоинството си го изгубила.
    Друга работа од што се чувствуваш ослободена? Па ти сама си дозволила тоа да трае толку и да биде на таков начин. Значи кажуваш дека не те терал со сила,а сепак сега си ослободена????...хммммм,јас искрено не сфаќам.

    Јас би те посоветувала малку да поработиш пред се на твојата самодоверба и на своето самопочитување.Вистина е дека сите сме доживувале разочарувања,дури и оние најсилните,ама барем извлекуваш некоја поука на крај од сето тоа,ја капираш грешката, а ти упорно се залажуваш самата дека целата ситуација била на место,он е супер човек .... :fubar:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.