Мимозамиме, ако си ја ставила оваа приказна овде за некој да те сожалува незнам што да ти кажам. Не треба да те лути моето мислење. Не сум злобна, ама претерано е, а самата си правиш. Никој не те тера. Сама си го комплицираш животот. Со извинение ама ради еден к*р се ставаш под него, далеку под него. Јас не те сожалувам, давам мислење на оваа тема, не мора моето мислење да биде во стилум : Леле за греота, не си ти виновна. Чим си го ставила овде, мораш да бидеш подготвена и на критики. Не те осудив, само од една проста случка ти ја разврза и ја направи огромна. Никој не ни е виновен во животот за нешта кои сами си ги правиме. То је то.
Се согласувам со ова со си го написал дека барас подраска а не дека си го написала ова за да се исмејуват некои овде и да казуваат дали и е досадно или ие забавно процитав и во друк пост дека ;ако бил со смрдливи миски ке и се врате зосто немозел др да најде и тн.;ова веке е навредливоо.
Само оние кои биле во слична ситуација знаат колку е тешко и колку боли да се пресече... те почитувам заради одлуката! се надевам дека до сега си го имаш средено животот поздрави
Несакав да отварам нова тема за нова љубовна приказна.... па ке се надоврзам на оваа ... Љубовна приказна за мојот таканаречен живот!!!! Се започна пред 4 години кога другарками ме остави сама во кафичот и дремев како загрев на шанкот ... Е да за се е крива другарка ми !!! А се знаевме од порано од на факултет, ти беше мачо заводник а мене ми беше селјак што неможев да го поднесам... Таа вечер моето мислење за тебе се смени. Гледам другаркати не ти обрнува внимание?? ах таа другарка ми ... И тогаш почна се, си заминавме заедно дури и ми ја даде колата да му ја повозам, да онаа кола што ја сметав за преселска. Се возевме и дури да се свестам кај ме носи се најдовме на периферијата од градот. Таму ме бакна и мојот среќен живот стана таканаречен живот. А знаев дека има женска, ама ај помислив што за една вечер се измувавме се бацивме не важи.. Глупо а .... така размислував тогаш. Од таа вечер не се видовме повеке, се додека не имавме исто предавање на факултет. Почна да се врти на секое па другарка ми дури си помисли дека неа ја гледа и се смеевме двете во смисла што му е на онај... А јас знаев за што се врти знаев дека мисли на нашиот бакнеж. Вечерта ми стигна порака на моб... еј ова е мојот нов број на Вип на него барајме кога сакаш... Тогаш му се правев важна не го барав не му кревав ке ѕвонеше, ке му се јавев по 3-4 сати абе мангупка права, ми стигајја пораки со содржина "Клета", "Ти со моето сонце" и сл... Летав во облаци конечно некој се заинтересира за мене, и така заборавив на неговата женска. Почнав да попуштам, се гледавме скоро секој ден, се возевме со колата со веспата одевме далеку јас бев среќна многу бев среќна. Заминав на одмор со другарките и ми рече "оди ако сакаш мене нема да ме видиш". и по неколку дена дојде седеше кај нас се смеша со моето друштво навистина бев среќна. .... Седевме со другарките на кафе во кафичот кај што работев и помина тој со женската на мотор... се стаписав, од кафе сменав на алкохол, се изнервирав ми идеше да се удам во фонтаната до нас .. - Ама го сакаш ти- искоментира една од моите другарки. Се замислив нема шанси да го сакам, не е возможно онај селјото да го сакам шо неможев да го поднесам , не е можно онај има женска од секогаш сум некела луге што лажат... Ама реалноста беше друга, јас веќе бев зацапана во него толку многу шо заборавив на женската. Деновите врвеа, продолживме да се гледаме се додека не си фатив дечко... а во мегувреме тој планирал да се скара со неговата .... Па од кај да знам јас дека ке се караш, не ми кажа ништо не ми наговести јас треба да живеам не сум крива јас му се правдав.... Но од тогаш проблемите ни почнаја, јас се скарав со дечкото, тој остана со неговата и продолживме да се гледаме но онака тој немаше доверба во мене а јас сеуште бев заслепена од љубов.... Почнавме да се караме, да си префламе замојот дечко од 3 дена и така се одалечивме или барем така мислев... Се вработв во кафич во центарот на градот таму работеше едно дете преубо имаше очи да потониш во нив само што го видов знаев дека ке има нешто повеке со него. Една вечер бевме заедно на смена и после работа заминавме во еден ноќен клуб. Таму ме фати за рака да не ме изгубел бо гужвата, летав во облаците од таму заминавме кај него се смувавме. Наредните дена се гледавме тајно бидејки не смеевме да не дознат на работа. Се возевме со колата и поминавме од кај "господинот", ме виде знам дека ме виде. Наредниот ден ми се јави, со среќа новото момче и ми го затвори телефонот. И тогаш ми се врати неговото лето, сите денови сите места сите јавувања, како да го проживував тоа лето од почеток. Зошто се јави за да ми го нарушиш балансот на живот.... За да бидам среќна???? И почнавме пак овај пат различно, го оставив колегата и се навратив на овај... се гледавме се каравме се миревме си држевме инает ни беше интересно. Ќе се изгубевме со месеци ке се јавеше со глуп изговор демек ме боли главата како да постапам, а уствари на крај ке завршевме заедно ... Најдолга разделба 6 месеци, и етего на шанк... Така врвеа годините тој си има женска а ме има и мене. 4 години од мојот живот а сега веќе неможам повеке, сакам да можам слободно да шетам со него, да одам со нег на одмор да го запознаам со моите родители сакам да имам нормален дечко сакам да соберам храброст и да му го кажам ова. Секогаш кога треба да се видиме си велам сега ке му речам вака ке му речам ама неможам незнам како да почнам стварно незнам како да почнам... Јас немам живот повеке, плачам се нервирам како можев да дозволам 4 години да сум со него ... како ??? Што има таа што немам јас?? сега се сложуваме повеке од кога и да е. А најлошо е што незнам ни дали сакам да му бидам женска од страв дека ке ми го прави мене и она што и го прави неа... А многу го сакам има ли лек за одсакување... немам интерес за други мажки бидејќи веќе го имам него, излегува со другарките онака безцелно колку да излезам а во мислите сум кај него .... Не е во ред знам да си го губам времето со него ама немам храборст да речам нешто кукавица сум ....ГОлема кукавица што живее таканаречен живот!!!!
Епа како што си тргнала, и ке бидеш со него,а за блодираното сигурно дека ке ти се деси,да да да даде Господ да ти се деси
Немам ништо против неговата девојка баш ми е жал за неа...Таа знае за мене не имаат видено, можеби и таа го сака колку што сакам јас .. како и да е и двете сме сје... во целата оваа приказна
Епа кога си свесна, што продолжуваш...? Ако те сакал тебе,верувај ке ја оставел,ама и самата гледаш дека вистината ти удира шамар...возврати го и оддалечи се од него!!
Поминале 4 години, ако те сакал досега ќе ја оставел неа и ќе бил со тебе. Незнам како сето ова време си била втора, како си го дозволила тоа... Мене ми се чини дека дечкото те викал само за провод што се вели, можеби и други такви како тебе си ги има. Подобро не очекувај премногу од него, тргни се настрана ќе си најдеш друг подобар кој ќе те покаже пред сите, кој ќе можеш слободно да го запознаеш со родителите, кој вистински ќе те сака, кој нема да те крие и на кој нема да му бидеш резерва.
Се гледа дека си слаба на него. Најмалку кога ќе очекуваш тој се појавува,намерно или не,и ти праи турбуленции во секојдневието. Зошто се однесувате како деца и не престанете да играте игри? Или нека биде или нека престане.Трето нема. Не ти викам да имаш грижа на совест заради девојка му,ти како и да е,прво си се противела за на крај да попуштиш. Тој е оној кој изневерува и кој треба да има грижа на совест. А зошто не раскинува со неговата? Ако толку ви е убаво сега,нека раскине,и продолжете таму каде што сте застанале. Разговарај со него.Истото што го имаш пишано тука,сподели го со него.Прашај го дали те сака,и што планира да прави,зошто вашето ако продолжи вака како што е,ти си таа што ќе биде повредена. И ти си втората девојка,а не првата.Сепак он е во врска,а ти си таа "другата" Советот ми е да не бидеш мека повеќе,и да не трпиш.Се повредуваш. Со самото тоа што прифаќаш,испаѓа дека ти одговара вака да биде. А он си го праи меракот,кога не е со тебе,е со девојка му,и обратно. И можно е да не сте само вие две во неговиот живот,од кај знаеш може има и други кои чекаат да раскине и да почне врска со нив. Испитај убаво,и или стави крај,или почни од почеток со него,во врска секако. Само,треба многу да ти се докаже во однос на довербата. Искрено незнам колку ти би му верувала,после сето ова што и го прави на девојка му. Зошто довербата е на прво место за да може една врска да биде нормална. Мислам дека вашата врска,би била исполнета со многу сомнежи од твоја страна.
Јас викам остани со него, се го слушај што ти кажува, чувај си го..Оти штом си толку да остануваш и чекаш некој трет десет од форумот да ти каже, мисла штом ти не можеш самата да средиш, едно браво за него.
Не чекам некој друг да ми кажи... јас знам дека треба да ставам крај свесна сум за тоа ... проблемот е што многу го сакам и како што напишав секогаш кога треба да се видиме спремна сум да му речам дека повеке неможам да издржам ама не можам ....незнам како да почнам ... знам како да завршам а незнам како да почнам...
Епа тогаш биди му втора виолина. Штом не и раскинува не ви е толку убаво биди сигурна. Како можеш да речеш дека е супер кога не е супер? Престани да му ги дигаш акциите девојче жити се. Настрана фактот дека се понижуваш. Мое мислење е дека тој тебе не те почитува. И да раскине со неговата, како со тој факт дека четири години само те матка натаму-наваму? И, и самата си кажа - и тебе ќе ти го прави истото. Престани да си нанесуваш болка. Зарем него го сакаш повеќе од самата себе? Биди цврста и докажи си самата себе дека умееш да преживееш без едно ебано, смотано машко.
Абе можеби не може, можеби девојка му е слаб карактер па му се заканила со самоубиство. Како девојките на сите оние кои си мрсат на страна.