по образот и му вети дека ако биде добро момче за ручек ќе му направи мусака со сладок компир, бидејќи сега беше сезоната на слаткиот компир, а каде подобро би се вклопил компирот ако не во добра мусака...
и птиците го играа танцот на парење и мачките испуштаа продорни звуци во ноќта бидејќи сега беше месецот февруари, месецот на големите попусти, месецот кој го наговестува новиот живот во утробите на овие мали животинчиња...
а тие двајца потпрени на крошната од стариот јавор, молчешкум си разменуваа зборови како темнината и месечината, дочекувајќи ги првите проблесоци на зората кога денот се прикажува во најубаво руво...
кога првите зраци на сонцето ја допреа утринската роса и заблеска како кристалите од Сфаровски, петелот почна да кукурика, а животните и луѓето ги извршуваа биолошките поредби кои ги наговестуваше секое утро по наредба на некој непишан закон на природата и низ селскиот воздух се ширеше мирисот на свежиот екскрет, мирисот на вечниот циклус на живот...
Пфффф Џејн Остин ја мачкам секое сабајле на кришка леб. Си мислев, ако успеам на напишам доволно мислења на темава можам сите да ги соберам во една еротска слеш вампирска книга, сега тоа е во мода. Размислувам за насловот, можеби "момчето од соседното село" или "алергичен на сонце, a jас го сакам", "бел до коска", има доста.
...и во тој миг тој се разбуди и сфати дека тоа било само сон, додека покрај себе ја гледаше девојката како спие...
Меѓутоа, во собата беше многу темно, а претходно се беше начукал, па не можеше да се сети дали таа личност е машко или женско...
Последно нешто на што се сеќаваше од минатата вечер беше дека пишуваше во темата „Секс со тројка“ на Фемина и дека разменуваше лични пораки со личност со ник кој не можеше да одреди дали е машки или женски.
Се сепна и изрипа од креветот ко попарен. Беше гол. Телото му трепереше, нозете не го држеа па во сето брзање и паника ги подбутна чашите од малечката масичка до креветот. Шумот го/ја разбуди третата личност, сонливо го погледна, а тој...
...тој само стоеше без ниту едно парталче на себе, растреперен, а телото му го осветлуваше само месечевата светлина која ги отцртуваше неговите тонирани мускули. Кога се созеде...