се додека неговата мајка не почна да усисава со правосмукалката во ходникот по што мора да направат кратка пауза и да си ги приберат страстите барем за неколку минути...
кога не можеа да си ги препознаат вамп-лицата од другата страна на огледалото останаа вџашени од самите себе...
и решија да не се видат повеќе дека ова беше до сега невиден one night stand, полека си ги прибраа парталите, испушија по една цигара на балконот гледајќи кон изгрејсонцето и тој рече "ова беше проклето добро", по што сите се согласија. Од тогаш можеби нивните животи нема повторно да се сретнат, секој ќе си го исткае сопствениот пат, но во тој момент знаеја дека без разлика што и да се случи ова заедничко искуство ќе биде постојано врежано во нивната меморија. Можеби еден ден оваа приказна ќе биде достојна за да им ја раскажат на своите внуци, можеби...
како незаборавна епизода од животот која може некогаш и некаде со некој/а ќе си создаде плоден терен за ново продолжение на лудиот нагон што и не е така потценувачки занемарлив кога се во прашање задоволствата на битијата...
...години и години подоцна сеуште се најубав спомен еден на друг, и се бараат во секој друг маж кој го среќаваат. Имаат кратки и ретки средби во планината, исполнети со страст и желба за почеста дружба. Но еден кобен ден, едниот го начекуваат група стрејт мажи, горди на својата определба, го претепуваат, набодуваат на кол или нешто слично, а другиот останува сам, живеејќи повлечен и депресивен живот во приколка... Спојлер brokeback mountain го раскажуваме, така?
Се до моментите кога познат звук од околината ќе му ги вознесе сетилата и ќе му го протресе разумот за повторно да биде најсовршеното живо суштество што ќе ја отфрли изолацијата и повторно ќе се препушти во прегратката на љубовта, приврзаноста и борбата за почитување и прифаќање на различноста, што не е така лесно да се продефилира, ама е потребно кога се во прашање личниот избор и права...
Цела ноќ око не беше склопил. Го раздени мислејќи на тоа.. што значи да се биде најсовршено живо суштество? Зар постои совршенство? Дали е тоа оној „надчовеk“... или, „како точно го беше викал по дојчландски... Ниче? Ubermensch, да! - си рече. Нешто како супермен за кој брбореше со другарите додека пиеја какАо?“. И се исправи одеднаш и го зеде лаптопот. Го вклучи и веднаш побрза да го активира својот стар профил кој му седеше деативиран од... последниот пат кога проба да си најде љубов преку ви-фи. Се логираше успешно. Кога се отвори неговата профилна страна со испишани крупни и болдирани розеви букви - Gonna.Give.U.my.Love лицето му се изви во насмевка и.. оф-топик: Сега може да го зачистам купатилото, не?
Леле луѓе да не пукнам, цело време кога ќе ја видам темава активна си мислам членовите си раскажуваат СВОЈА љубовна приказна. Па и не ја отварам никако, убедена сум дека е така. Оно, сами сте пишувале бре љубовна приказна со надоврзување. Готово, ми се расчисти маглата од пред очи, не живеам веќе во заблуда. Добри сте, добри.
Од другата страна на прозорецот му одмавна со рака личноста што му беше ненајавен гостин во сонот кој после многу перипетии и случувања одлучи сите ноќни кошмари и дилеми да ги трансформира во реални средби што обострано беа круна на интимната мечта. Погледите се сретнаа на едно место со иста фреквенција на интерес и смислата за живот почна да се обојува во светла надеж дека треба да веруваат во поставената цел, па и кога мнозинството има стереотипни мисли затворени во некој задушлив вакуум-простор што ја загадува амбиенталноста. Беа само тие и нивната гола страст за меѓусебна препуштеност во ситните минути од денот...
Ова е интересна тема но мислам дека е време за нова приказна.Па ајде кој е за Нејзината коса се прелеваше низ нејзините голи рамена.Дивиот поглед го следеше секој негов чекор.Нејзините мисли беа исполнети само со љубов.
...Али, све тоа супер, му текна на овој дека треба да иде на работа. Таа, се разбира, сѐ уште беше гола. Не беше ни доволно задоволена како што таа сака. Затоа, испраќајќи го на работа, го бакна набрзина и веднаш се втурна во џакузито. Кога виде дека на Инста ѝ пишал......
... Лука, човекот кој и го скрши срцето. Таа и Лука беа заедно некое време и ги минаа најстаствените ноќи заедно, само со него го постигаше врвот во сексот. Тој беше единствениот кој знаеше да ја разгори страста во неа само со поглед. Се беше прекрасно, но траеше само недела дена, кога преку ноќ, додека таа спиеше, Лука стана и замина засекогаш...
Замина засекогаш затоа што немаше муда да и признае во лице дека не ја сакал уште од самиот почеток. Лука сакаше да има само секс со неа. Го доби тоа што го сакаше и замина засекогаш. Кога се разбуди утрото и кога виде дека нема никој покрај неа, ни на крај памет не и беше дека е можно да ја остави сама.
...Од тогаш, па сè до поракава, немаше чуено воопшто за него. А пораката гласеше: ,, Ми фалиш! Сакам да...
sakam da dojdes, da se pojavis, da go pomirisam povtorno tvojot vrat, da go osetam ognot vo tvoite usni. dojdi, pogledni me sakam da potonam vo dlabocinata na tvoite sini oci.. mi nedostasuva vozduhot koj zaedno go disevme... sekogas pred da si legnam.....
Зошто некој кој би напишал ваква порака би ја оставил сама? Зошто некој кој сака да го осети огнот во нејзините усни би заминал без збор? Многу прашања и се вртеа низ главата. Прашања чии одговори ќе направат огромен пресврт во нејзината приказна.
Пораката ја беше преокупирала со денови. Не можеше да остане рамнодушна при секое присеќавање на истата. И' се разбуди копнежот за вистинските страсти. Невоздржувајќи се од истите возврати на пораката со: ,,...