Љубовниот живот ви е претскажан со раѓањето Верувале или не, вашиот живот ви е претскажан со раѓањето. Колку сте среќни во љубовта зависи дали сте првороденче, средно дете или најмало во семејството. Д-р Кевин Леман, кој ја разработувал оваа тема, увидел дека врските и животот на првородените, средните и најмалите деца се главно слични и со тоа може да ви претскаже каква ќе ви биде љубовта во иднината и како да го барате вистинскиот партнер. 1. Ако сте најстарото дете во семејството - лидер, организатор и планер. Понекогаш ги излудуваат партнерите. Ако не ви оди во љубовта тоа е затоа што сте ги излудувале вашите досегашни. Очекуваат од вас да бидете по спонтани и не толку реалисти. Најмногу би ви одговарала врска со некоја личност која е најмало дете во едно семејство под претпоставка дека различностите се привлекуваат и така се дополнуваат едни со други. 2. Ако сте средно дете во семејството - вие сте малку конфузни и несигурни во себе додека растете. Но, во подоцнежните години се смета дека сте одличен партнер на којшто може да му се верува. Најдобро од сè е дека не сте размазени и немате екстремни барања. А негативното е тоа што луѓето лесно можат да ве искористат. Не сакате конфликти, па трпите сè. И многу сте таинствени. Најмногу ви одговара или средно или најмало дете во едно семејство затоа што не ви претставуваат закана како најстарото дете. Тоа ви е и траума на некој начин од вашиот живот, бидејќи најстарите браќа или сестри секогаш доминирале врз вас. 3. Ако сте најмало дете во семејството - сакате сè што е забавно во животот. Спонтани и среќни како и харизматични личности. Не сте добри во штедењето, но затоа сите познати комичари во светот се најмали деца во семејството како Џим Кери, Еди Марфи, Стив Мартин итн. Не сакате некој да ви го организира ни времето ни животот. Негативна е, покрај тоа што до максимум ги празните картичките, и способноста да бидете манипулативни за да биде по ваше. Ви одговара или најстаро дете или средно во едно семејство во зависност дали сакате некој да ве спушти на земја или да ви биде добар пријател. Одберете сами. Извор =Јас сум најстаро дете
Поздрав до Д-р Леман, ама поголема глупост не сум слушнала од неговава теорија. Колку само ме нервираат вакви ,,научници,,
Па не е баш многу точно. Јас сакам да сум организатор во мојата врска, иако сум најмало дете. Сакам да биде така како што јас ќе кажам. А што се однесува за штедењето, јас повеќе штедам. И тоа дека не сакам никој да ми го организира животот е точно.
1. Ако сте најстарото дете во семејството - лидер, организатор и планер. Понекогаш ги излудуваат партнерите. Ако не ви оди во љубовта тоа е затоа што сте ги излудувале вашите досегашни. Очекуваат од вас да бидете по спонтани и не толку реалисти. Најмногу би ви одговарала врска со некоја личност која е најмало дете во едно семејство под претпоставка дека различностите се привлекуваат и така се дополнуваат едни со други. Хахахахха сум имала врска со такво дете
А да ја прашаш мајка ти да не имала некое дете пред тебе Спојлер Се шалам Како најмало дете се пронајдов само во тоа дека не сакам некој да ми го организира животот.
Јас сум прво дете .Инаку,да,психолошка анализа ли е ова на тоа кое дете сме по ред и какви комплекси имаме,и од каде жити се ова го поврзале со љубовниот живот ?
Јас сум најмало, средно и најстаро Зошто па ако си единствено дете да се смета како прво или последно