А зошто ја нарекуваш мивка? Да не требало да го одбие да излезат затоа што имал предходно 6 годишна врска?
Девојчето не може да се помири со вистината , дека бившиот одма си нашол друга и си продолжил со животот . Епа девојче батали го бившиот и заборави го како што тој те заборавил , и продолжи си со животот .
@any_xx можеш да не ја сакаш девојката бидејќи бившиот сега нејзе ја избрал, но не е убаво да ја нарекуваш мивка или било како. Девојчето не е криво ништо. Ако треба да обвиниш некој, обвини го дечко ти. Па и јас кога се фатив со дечко ми тој само пред месец време беше раскинал 2 г врска. И што требаше да ме вреѓа девојката? Не. Таа знаеше дека јас не сум причина за раскинувањето и ден денес си имаме едно здраво.
@any_xx И мене би ми било криво и не би се чувствувала добро кога некој со кој сум била 6 год си најде друга само 1 недела после раскинување. Зарем не му треба време да одболува или барем да размисли. Не знам. Ова е мое мислење и знам како би се чувствувала кога би ми се случило тоа. Сепак 6 години се во прашање, не се малку воопшто. Не е крива девојката со која излегол, туку тој самиот. Можеби го направил тоа за да те повреди, да те направи љубоморна можеби. А ти ако не можеш да поминеш покрај тоа што тој веднаш си нашол друга, прекини ги сите контакти со него, не се измачувај.
Според мене тоа и било целта, таа да сфати што сака, дечкото очигледно кавалерски кон таа девојка се поставил, како пријател. Ама срце памет не пита па, она се распука по девојчето
Дечко ми ме испраќаше накај дома и едно време застана тој и јас го гушнав а тој само ме баци на уста и тргнавме и на другата страна од улицата една колешка на мојата мајка а воедно и накај мене живее а јас кога го гушнав тие беа далеку не ни ги препознав и додека ја преминувавме улицата таја ми се испули мене се сврти . е сега проблемот е во тоа што моите од дома знаат за него и дека ме испраќа но мајка ми кога ја прашав дали ќе ме пусти да излезам со него ми рече оди но многу почесто почнавте да излегувате.. е сега оваа колешката нејзина ми е страв да не и кажи нешто глупости да излажи као демек се гушкаја се бакнуваат а мислам дека дома ќе ми викаат .. совет ве молам што да и речам јас на мајка ми ..( а пред тоа јас бев излезана со моите другарки а тој само ме испрати )
Искреност и ништо друго. Штом мајка ти веќе знае, ти можеш и низ муабет да и кажиш дека те попратил па колешката ве видела. Јас се би кажала, незнам каков ви е односот дома но најдобро е да не криеш па после муабети да си слушаш од луѓево кои ги баш се интересираат за туѓи животи.
Јас ќе и кажам дека тој ме испрати и дека таа не видела но ми е страв да не извадат муабети дека тука на улица сме се гушкале ме бацувал тој а ова беше мало уличе одевме од тука за поблиску ..
Колешката нема да излаже, ќе ја каже вистината Изгледа само ти се лажеш дека тоа не е вистина што се случило или само се обидуваш да се лажеш
Според мене неможеш да криеш дека имаш дечко. Денес колешка утре мајкати или некој друг ќе те види. Подобро признај си кажи си. Колку години имаш?
Не би требало да ти забранат да имаш дечко, не гледам проблем. Подобро нека дознаат, зошто да се криеш и да живееш во страв дека некој ќе те види наместо да уживаш.
А што ако и каже колешката на мајка ти ? Таа колешка нема деца и тие деца немаат дечко или девојка? Боже сачувај Кажи и уште сега на мајка ти што и како било , ако дознае од друг ќе ја изгуби довербата во тебе. Верувам дека ќе те разбере и поддржи, сепак ти е мајка . И дај престанете бе луѓе со тие малограѓански работи и муабети од типот рекла казала, па 21 век сме. Живејте за себе не за комшии, колешки и што ти ја знам.
А да и кажеш ти? Оти друг ако и каже којзнае како ќе и каже може ќе накукули и дека сте се пофаќале. Башка ќе ја стави во непријатна ситуација мајка ти, а вака ако рече ЗНАМ ќе и го скрши филмот на женава