Штом мајка ти знае дека имаш дечко, сигурно знае дека и се бакнуваш и гушкаш со него. Сигурно не очекува само да се држете за раче. И не знам што толку коментари за тоа што ќе кажала комшиката. Што сака нека каже нејно право е. Ако мајка ти ти дозволува да имаш дечко, сигурно нема да се луте за тоа што те гушнал и бакнал.
Не си и кажала на мајка ти дека имаш дечко. Се издаде самата иначе што би се замарала што ќе каже колешката или како ти да се извадиш од ситуацијата. Леле значи читајте меѓу редови. Кажи и на мајка ти како било и крај. Сега ако лажеш цел живот ќе градиш доверба околу нив.
Здраво девојки, Не најдов некоја посоодветна тема за прашањево па ќе го поставам тука иако не е љубовен проблем, само барам мислење од вас. Викендов е свадбата на моја прва братучетка со која не сум претерано блиска но на некој начин сме си мили многу една на друга. Живее во странство па немаме можност да се гледаме често. Имам дечко скоро година ипол кој што не се запознал со неа туку само со потесниот круг на семејството. Долго размислував дали да прашам за да дојде на свадбата или не, и него го прашав но некако рече му е срам дека не познава речиси никој. Па сакав да прашам дали е океј ако не дојде иако би ми значело да е повикан или пак правам грешка што се решив да не покренам иницијатива за да дојде?
А поканет е од братучетка ти? Ако да, нека оди ама ако не е и да ја прашаш од срам ќе ти рече да дојде а може не е планиран мислам дека не е во ред да се припикуваш. Сигурно знае дека имаш дечко ама ете може ве кани без дечковци ако го покани твојот треба и на другите братучетки сите да ги покани. Сама рече дека не си блика толку така да нема потреба навистина. Можеш после свадбата да организираш да испаднете на вечера и да го запознаеш со него.
Не е поканет лично од неа, се гледавме неколку пати сега пред свадбава и не ми спомна ништо...што некако ми е навредувачки. Во право си дека ќе се припикнувам и дека можеби ако дојдам јас со дечко ќе треба многу други ама па јас сум и најблиска братучетка. Од друга страна пак негова прва исто братучетка (се имам со неа запознаено) ке прави свадба месецов и го прашала дали ќе дојдам и јас. Некако криво ми е како може од негова страна да мислат на неговата девојка а сега кога станува збор за некој од моја фамилија да не им текне на тоа.
Не треба да ти е навредувачки. Може он е поблизок со свoјата братучетка, може е само еден братучед па ајде со женска да го кани, може сите други братучеди со девојки или дечковци и се канети и може прави поголема свадба. Е сега само ако твојот дечко не е канет а сите други да се канети ќе треба да се нервираш а вака немаш зошто Нејзина свадба - нејзино право кој ќе покани,нели?
За големина на свадба тука се двете дури може оваа на братучетка ми е поголема со околу 300 луѓе. Од неговата страна такви се друштвени некако се прифаќаат со леснотија и убавина а и братучетка му е така мила по природа со сите. Можеби се нервирам за ситуацијава бидејќи емотивно ќе ми значи тој што го сакам да е на свадбата ама па сега тоа е што е. Фала ти за советите
@Pixy101 безразлика објаснуваш каква свадба е, и чија е поголема. Дечко ти не е поканет и не е добро да го тупниш. Сигурно младоженците си направиле математика и така се одлучиле. Ако ти прашаш, сигурно ќе ти речи да,ама поќе ради- реда. Свадба е, ќе помини, нема врска.
Тотално се сложувам со напишаното. Не ми е јасно зошто сите ја нападнавте во смисла, што очекуваше, да не сакаше да те моли, итн итн...Вие што би очекувале? Станува збор за 6 годишна врска, што е многу долг период.. И не, не е нормално после обична кавга, да фрлиш 6 години во вода, со цел да смуваш нешто, и тоа за само една недела. Секако дека е повредена и криво и е, бидејки очекувала за брзо да се смират, а не да го гледа како се шета низ град со друга. Каква е таа љубов ако тој и наоѓа замена толку брзо? Поради тоа и се двоуми дали да биде пак со него или не. После толку време заедно, човек не очекува по некоја обична кавга да си го види дечкото со друга, туку очекува да излезат и да разговараат како двајца возрасни, со цел да го решат проблемот. Ако било завршено, тогаш нека не ја бара назад. @any_xx Те разбирам како се чувствуваш. Неможеш да го смениш тоа што се случило. Единствено можеш да разговараш со него, да ти објасни се, па потоа ќе одлучиш дали ќе му се вратиш или не. Би ти рекла да го оставиш, ама знам дека не е лесно после толку годишна врска. Ако сметаш дека заслужува да бидеш повторно со него, тогаш дај му шанса.
Е ај ако била со него 6 години,па да го трпи и да му се тресе дека ќе остани без него.Само заради тоа што после кога раскинале веднаш тој отишол со друга,таа сама треба да свати дека тој не е за неа.На него ништо не му значиле тие години ама на неа треба да и значат,како да не. @any_xx Јас би ти рекла да го избришеш од секаде,едноставно дај си време на себе и после терај со нов,животот продолжува не треба да жалиш за некој што не те заслужува,цени и што веднаш замена ти наоѓа.Позз и се најдобро понатаму.
На него сигурно не му значеле тие 6год и затоа веднаш отишол со друга. А на неа ѝ е криво поради тоа. На секому би му било криво,особено ако сѐуште има љубов. Тоа што ја заменил со друга за кратко време треба да е доволно за таа да сфати дека не треба да му се врати.
Не сакав да се вмешам,ама морав ова да го кажам.Не му била искрена љубов,му здосадило све,монотоно,навика,едно те исто.Да те сакал искрено и вистински,немал да помисли а не па со друга да иде.Немаш потреба да му се враќаш,секогаш имај на памет дека може пак со некоја да отиде.Или ај вака,ти отиди со некој една недела,и врати му се може?ке те прифати?НЕ,него ке ти вика дека си расипана и каква све не.Врти нов лист во животот,тешко ке биде,но све во животот поминува.Ке дојдат многу по убави времиња,за љубов и права грижа.
Од аспект на изневерување - не е, зошто технички не бевте заедно. Од аспект на шест годишна врска - тоа што тој го направи е крајно невкусно, буквално го поништи значењето на врската. Жално, ама има такви. Јас лично би пристапила на ситуацијата од втор аспект и добро би размислила дали би дала шанса, а не сум сигурна дека би. Ама, не би рекла дека ме изневерил, зошто тоа не е случајот. Повеќе како не ме испочитувал, ме сметал за неважна и минатото кое го имаме заедно како недоволно добро. Мое мислење е дека повеќе се навраќа на тебе од навика, а не за нешто друго. @any_xx мислам дека беше членката со ова име, не сум во можност да проверам, извинете. едит. Девојката со која излегол е најмалку виновна за ситуацијата, макар да бевте и во врска, а технички не бевте. Вината лежи целосно и апсолутно во него.