Претежно на вакви средби се оди со семејството. Нема потреба од носење дечковци. Заедно ќе одите ако некогаш сте маж и жена. Ни јас не би одела по роднини со дечко дури и да ме поканат.
Во никој случај не реков дека треба да го трпи и слично. Целта на муабетот ми беше, зошто сите ја нападнаа, во смисол што очекуваше? Па сигурно не го очекуваше ова што се случи. И нормално дека и е тешко. Се сложувам со тебе, дека не треба да му се врати, како што напишав и погоре. Ама исто така знам колку е тешко, па најмалку што можи да направи, е да го ислуша и да одлучи дали заслужува да биде пак со него. И пак ќе речам, најдобро е да го остави, и да најде некој кој вистински ќе ја цени и почитува, али одлуката е нејзина
Работата е што таа знае дека не треба да му се врати само тешко ја прифаќа реалноста...За жал колку и да е тешка треба да ја прифатиме некогаш,за наше добро
Се согласувам со членката погоре нема потреба од толку делење памет девојчето ве праша само како гледате на ситуацијата и дали според вас е тоа неверство. Глупости пишувате не размислувате битно да пишете нешто. Не знам колкава била караницата и што се случувало ама што и да било 6 години се многу и секако дека е претешко да видиш дека некој толку лесно би го прифатил тоа и би се впуштил во нешто ново со некоја друга само после недела дена што е најстрашно. И приказните од типот ако те сакал немало да помисли на тоа се бајки реално колкава и да е љубовта не сме слепи боже посебно по толку години врска ако некој сеуште чувствува пеперутки како на почетокот од врската нека ми се јави...Тешко е да одлучиш знам ама се надевам на крај ќе го направиш тоа што е најдобро за тебе.
zdravo na sitee imam zenska dve godinii I Sega odednas pocna da me maci nezinoto minatoo so moj bila kako bilaa I joke pomislam deja imala analen seks so drug mi se gadii a voedno imam problem so depresijata I Ko ke me fatt dep epizodii togas najpojke me macii too a . Nekako kako da NE summ srejken od Ko pocna to da me macii ima nekoj vakvo slicno iskustvoo?! Pozzz
Минатото треба да го оставиш позади себе. Како што таа имала минато така имаш и ти. Потруди се да имате нови работи, уживајте во животот. Не сте малце време заедно, тоа што се случило поминало, направи ја иднината со неа како што сакаш ти.
Пoдoбрo дa пaднеш вo депресијa,oткoлку вo септичкa јaмa,не се секирaј ќе пoмини душo нaпaтенa . Леле земјo штo држиш! И дa не ти се умирa ќе,приумреш oд вaкви!
а ти немаш минато? сите имаме минато без разлика дали ни се допаѓа или не тоа.. и мене можи не ми е сеедно ко ќе ми текни дека мм имал пред мене имал куп други ама и него сигурно не му е ко пошто и јас сум имала и дечковци и сум сакала особено шо првиот мој дечко партнер шо заодив седи на 5-10 минути од нас а негова бивша колешка ми беше 3 години и тоа шо имааа одено подолг период секој ден ја гледав.. Ама мора некако да си најдиш начин да си го регулираш тоа во главата да не се замараш што било било поминало да требало да биди таму каде што била дотогаш ќе била таму а не со тебе.. Ти гледај сега да е чоек таа да е само со тебе а за минатото то е то помирисе....
ile pp се сочувствувам со твојата ниска самодоверба и верувај ми дека резултат на истата ти е веќе депресијата. Затоа немој да ја обвинуваш девојката. Мораш да сфатиш дека твојата состојба те тера да правиш предпоставки што и како било. Таа ти е девојка и те молам потруди се да ја сакаш поради жената која што е. Знам дека е малку тешко и предизвик, но можеби овој текст ќе ти дојде како упатство. Ти немаш проблем со девојката, ти имаш проблем внатрешно со себе и верувај ми не си сам и јас сум бил таму, но животот ќе те научи и ќе те испече, едноставно ќе ти дава женски со некогаш поголемо искуство од твоето, некогаш ќе направат нешто за некого, а за тебе помалку. Пример на бившиот му давала анално тебе ќе те одбие и тоа боли да. Дозволи му на овој проблем сега за сега да те убие и да го изгори тоа старото во тебе. Многу ми е жал што мислиш така и што се чувствуваш така, но верувај ми ако скокаш од девојка на девојка кај секоја ќе наоѓаш нешто што ти смета затоа остани со девојчето, сите имаме минато и не знаеме што точно се случило таму можеме само да предпоставуваме. Те гушкам пријателе! Не ја оставај девојката и потруди се да не патиш поради нешто што веќе не постои - минато.
конечно да ме разбере некој ...баш така се чувствувам во моментов и искрено не знам ни сама што да направам,он ме бара ама некако не ме убедува во тоа дека раскинал контакти со неа не мие убедлив, а знам дека не заслужува да му се вратам или ако одлучам да му се вратам со тој потег свесно ќе влезам на краткотрајна врска со него бидејќи еве и сега да ми текне на тоа нешто го направи дека цело лето со неа излегуваше па он доби поклон за роденден од неа со срциња торти ( што нема смисла од неговите тврдења дека нема ништо со неа тогаш зошто јавно љубовни испади од нејзина страна значи он повод и дал и она трча по него сега ) тврдејќи дека не прави ништо смао му е другарка цело лето тоа ми го повторуваше за на крај на краиштата да изгубам доверба целосна во него и тешко дека ќе се врати а во сомнеж не се живее..барем според мене бидејќи сум крајно чувствителна личност до која допира се
Здраво на сите,незнам што да правам со мојот љубовен проблем па решив да направам акаунт да ве прашам. Значи имам 4 годишна врска.Првата година врската ни беше на далечина Врската започна кога бев четврта година гимназија,од различни градови сме..Се гледавме цела година секоја 2ра недела или јас одев во нејзиниот град или таа доаѓаше кај мене на по 2-3 дена обично за викенд,беше тешко но успеавме и издржавме. Завршив во гимазија и се запишав на факс,и знаев дека доаѓа убавото(таа живее во Скопје),се гледавме многу почесто,доаѓаше на спиење кај мене(сам седев под кирија) буквално почнавме да живееме заедно,не сме имале никакви проблеми баш напротив многу ни е убаво и на двајцата.Предходната година почнав да работам бидејќи не бев баш најокеј со кеш,не се жалам океј беше,во меѓувреме со работата го запоставив факултетот и сватив дека неможам се да постигнам и факултет и врска и работа...Тоа што заглавив и не е многу страшно,ке се среди..Пред една недела зборев со моите во врска со факултетот, индиректно ми кажаа дека немале доволно пари да ми дадат за да седам во Скопје,е сега незнам што да правам,незнам дали ке ни успее пак врската ако бидеме далеку еден од друг, би можел да работам и да студирам е сега колку ке е тоа успешно незнам,неќам да ја изгубам најмногу ја сакам,од друга страна неможам да ги измачувам моите со пари.Немам правено муабет со неа.кажете што да правам
Ако е доволно свесна ќе те разбере. Подобро е да го направиш тој муабет со неа уште сега и да и објасниш како стојат работите. Верувам дека двајцата заедно ќе донесете многу подобра одлука и ќе најдете решение, отколку сите на форумов да ти дадат по некој совет. Сепак се се може ако се има доволно желба. Стискам палци и се надевам дека ќе го најдете најадекватното решение. Среќно!
Сепак имате долгогодишна врска мислам дека со разговор ке се разберете како двајца нормални луѓе. Објасни и убаво ако навистина и значиш и те сака нема да направи никаков проблем,баш напротив треба да ти даде подршка што и да се одлучиш да правиш. Ако двајцата се трудите доволно врската ке ви успее.
Не се грижи ќе биде во ред брате Си размислувал дека ова би можело да биде тешкотија само за да ти обезбеди ново ниво со нејзе, пример да се верите? Па може да дојде таа во твојот град само ќе треба да работиш тогаш повеќе
Те охрабрувам првин да се обидеш со работа и со факултет па после ако видиш дека не оди таа варијанта, оди на план Б т.е. разговарај со неа и објасни ѝ сè, верувам дека ќе најде разбирање. За работа и факултет знам како е, верувај, и знам дека воопшто не е лесно но мораш да придонесеш жртва и ти и можеби така навистина ќе ти оди поспоро со студирањето и потешко, ама ништо не е невозможно.
Кога започна нашата врска се беше океј, започна да ме испрашува за работи од минатото јас поради фактот дека самата ги немам прифатено не му кажав се одпочеток, поради тоа тој нема доверба во мене. Нон стоп ме прашуваше за тие работи и се каравме за тоа многу. Сега ја кажуваж вистината но не ми верува, добро до некаде и разбирам(иако тоа се работи од минато кои не би требало да го интересираат) Потоа караниците станаа се по чести. Сега се караме лога ке го прекинам при зборување, ако повишам тон се караме. Ми вика која си ти да ми кажуваш што да правам и која си ти да ми повишуваш тон. Ми ср има налутено што тој ми ѕвонел а јас не сум вифела и после кига се јавив не го видов пропуштениот повик и му реков дека нема ѕвонето претходно, е тоа што му реков дека нема ѕвонето претходно го изнервира. Ако ми рече остај ме или прекини и јас продолжам да зборам лом се правиме. Ако тој рече прекини а јас продолжам да зборивам се караме многу. Еве сега наместо "седев сама во клупа" во моментот ете така кажав ми дојде така и реков " седев сама во училница" и чом ме направи за тоа ми рече дека сум таква дека незнаам ништо како да кажам а јас после тоа се поправив одма и му реков дека на секој му се дешава. Наместо одма да му речам дека губев час јас малку на подолг начин му кажав и му реков дека после овој час ке имаме уште еден и си одиме дома во 7 и се налути што сум кажала така. На одморот излегов надвор и моиѕе другарки седеа на клупа а до нив стоеше едно машко(за кое се имаме карано,тој не ми верува дека немам излезено) и јас отидов и седнав на клупата и ништо не направив со овој што стоеше до нас. После кога му кажав на мојот тој рече дека не сакал машки околу мене. Според вас што мислите вие?
Уште размислувањето ви е детско. Проблемите се решаваат со зборување. Епа зборувајте, кажете еден на друг што ви смета и поправете ги нештата. Според мене многу глупаво нешто е некој да каже да не смееш да бидеш во машко друштво. Нема да те изедат тие машки. Љубомората е лоша работа. Колку и да сакаш некого, никогаш не дозволувај да те понижува.
Најискрено: не сте сè уште зрели и двајцата за врска, иако ти ми делуваш така позрело според ова што го читам, ама искрено не те ни познавам и затоа и не можам да ти кажам финално мислење. Од друга страна па сè уште сте деца и самото тоа што сте деца говори сè. Но, веќе ти пишаа погоре, со разговарање се решаваат проблемите така да пробај ти да пресечеш и да му објасниш дека тоа што го прави не е во ред. Но исто така и ти треба да се поправиш во твоето однесување. Ако нема резултат на крај крајава барај си некој кој е позрел со кој ќе имаш шанса да созрееш во размислувањето.
Ме потсети на мене во средношколските денови, имав еден ваков, две години од животот ми уништи. Би те советувала да му раскинеш ама сепак тука треба да се разгледаат други работи, како ти се чувствуваш спрема него, дали го сакаш, колку време сте заедно. Доколку го сакаш и сакаш да бидеш со него разговарај и кажи му дека работите мора да се сменат на подобро, инаку не бива. И немој да се обвинуваш себеси за неговото однесување пошто тој не смее да нема доверба во тебе за твои лични работи од твоето минато, што ако сфатив добро, не биле поврзани со него.