Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.200
    Допаѓања:
    175.857
    Пол:
    Женски
    Ако ти речи партнер "Кој/а си ти да ми кажуваш?", остави го. Ако се обидинда ти забрани и контролира, остави го. Човек си, не си роб.
    Конкретно за проблемот погоре, деца сте. Сега гледате што сакате, а што не. Кога нешто не винсе допаѓа кај партнер, а неможите да разговарате, размислете како би ви било долгорочно пример: Без разговарање и обидување да се решат проблемите, партнерот да е секогаш во право, да не смеете да се наоѓате во друштво од спротивен пол, да му се јавувате константно, да ве контролира во глобала и било што проблем да имате.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lonelyroad

    lonelyroad Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам совет/мислење(малце е долго ама се нервирам ми треба совет:|!) 17 имаме двајцата... Овака значи... Пред две недели се запознав со еден дечко преку една апликација за запознавање, значи сосем случајно онака... Дека му го отворив профилот и му стигнало нотификација(кој ти го гледа профилот) и овој одма ми пиша... И муабет почнавме од кај си, што си, ова она, и испадна дека живееме на 15 минути одалеченост и овој ми предложи да се видиме утредента и ја си помислив прво да не е фејк профилот мањак да не е некој ама не беше и овој ми вика ти да не си мањак хахаха демек фејк и му викам не бе таман работа... Кога се допишувавме ме праша што барам, демек дали дечко или за дружење некој... ја му викам дечко и го прашувам дали има девојка ми вика дека има некоја ама не е се у врска не е сериозно нешто ама не се виделе цело лето не доаѓала кај него незнам ти што, била ко к****.... Бла бла, и барал за дружење девојче некое. И се видовме наредниот ден се шетавме само и демек се упознаваме и едно време ми вика сакам да те прашам нешто ама да не ми се налутиш и ја си викам сега нешто первезно да не е, ми вика како да те прашам глупо ми е и ја му викам пиши ми на чет ако ти е непријатно вака у живо и ете ти го ме прашува ,,Сакаш да се лапаме?,, и ја ништо не му одговорив само се насмеав онака безвезе и следеше тишина 10 минути и ми вика го ,,упропастив моментот и никогаш не сум бил волку директен,, И ја wtf :^) реакција у себе!
    И ништо после се шетавме и коа си идевме ме гушна онака и ми вика ,,Ќе се видиме,,... И после пак се допп(незз дали беше вечерта одкоа си отидовме или другиот ден) И ми вика ,,И ова лето ништо не добив ни kiss,, |( И сеа муабетот да ме Kissnel сакал ама ја не сум сакала, сакав ама ми беше weird малце и ми вика Епа ај утре да се видиме му викам незз дали ќе ме пуштат он ми вика Сакам да те видам(се напна), слатка си.. Се видовме и другиот ден, се :*:*:* кхм и се шетаме онака и ми вика дај ми раче демек да се држиме за рака :^) и ја ај си викам, и му дадов рака ахах и така си шетавме.. Пак се видовме наредниот ден исто све.. За два дена пак и цела недела се гледавме секоја вечер значи(бог да чува:P(facepalm)) хаха! Значи цело време се гледаме на исто место, свашта... Кога ќе се поздравиме на улица ме гушка онака ама не силно.. и не ме бацува во уста, туку одкога ке седнеме на клупа.. wtf? :drunk: Кога ќе ме гушне раката увек ми ја става на г* или г****:drunk: и на врат.... И само еднаш ми пиша на чет i love you и јас исто му вратив. Ми нема речено дали му се свиѓам само ми рече неколку пати дека сум му слатка. И пазете сеа, кога зборел со другар му му рекол дека си фатил втора девојка. На тоа реков само ,,ахм,, А мене ниеднаш ме нема прашано дали сакам да му бидам девојка ниту за врска ме има прашано :^):^):|. Дечкото онака не го сакам ама симпатичен ми е... незз. Многу е перверзен тоа почна многу да ме нервира. Вчера и денеска не се видовме ми пиша преска да се видиме нешто му реков зашто неможам и му викам ај утре ако можеш ми вика no му викам зш и незз што и ми вика чао и што демек зш чао и бла бла....... Кога седиме на клупа ми легнува на нозе и вика вака можам да заспијам и си дреме, исто кога шетаме раката ја става на моето рамо и така се шетаме... Проблемот ми е тоа што... Неможам да го разберам што сака дали сме сеа у врска пошто рекол дека има девојка а мене не ме праша за врска, ме праша дали би сакала да дојдам кај него и да преспијам(и онака без преспивање само да седиме). Не ми пишува многу дека различни смени сме, обично пишува насабајле безвезе нешто, и навечер кога е ,,напален,, ниеднаш ме нема прашано како сум на чет а ни у живо не се сеќавам. Сум му недостигала тогаш кога не се видовме еден ден само. Се навикнав на него секој ден дека се гледаме, значи ми се свиѓа изгледа незз ни јас пошто и друг еден ми се умота у памет. Другарка ми вика утре ако те викне не иди да се видите демек да ме молел. Демек ме вртел така ми вика другаркава... Ама еве јас што мислам: не мислам дека ме врти, мислам дека му се свиѓам, не се допишуваме многу обично перверзии све нешто, ми има речено многу пати дека се пали на мене дека многу го палам и му се д**** на мене(упс). Ме праша дали татко ми знае за него му реков не, а неговите нешто знаеле, неколку пати кога му ѕвонеа на моб им рече дека е со девојче и сакаше да дојде кај мене ама неможе небитно зашто. Што да правам дали да го прашам дали сака сериозно да пробаме или на што сум бе... Helpppp!!!:sweat::|:^):^)|-):?::@:fubar: Врска без обврска.
     
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Младост лудост. Можеби ќе сака нешто со тебе можеби и не. Ако тебе ти пречи се тоа без дефинирана врска дај му дознание па ќе видиш што сака.
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.473
    Допаѓања:
    183.659
    Пол:
    Женски
    Добро... од целава прича, тебе ти смета што кажал дека има девојка, а не те прашал тебе дали сакаш да си у врска со него, а никако не ти смета делот со "ВТОРА" девојка. (facepalm)
    Ја не знам како гордоста ви дозволува да бидете втори, трети, петти.. искрено.
    До толку ли не се почитувате себе си?

    Типот е дете што сака да изиграва мачо. Ниту е сериозен, ниту знае да се понаша и очигледно те зел здраво за готово.
    Друго, 17 имате. Од целиот муабет јасно е дека ни едниот нит другиот не сте изградени личности, очигледно листата на приоритети и вредности е празна. Има време за "сериозности", уште многу палачинки треба да се изедат до тогаш.
     
    На mira.mira, Tris9, J.J. и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    46.295
    Пол:
    Женски
    Со дечкото сме заедно околу 10 месеци. Се си оди како што треба, се движиме полека и без форсирање. Врската не ја експонираме премногу во јавност, само блиските знаат за нас, пријателите. Убаво ни е заедно и се разбираме за се, освен за една работа која не ми е баш јасна. Има две другарки кои јас ги имам сретнато/видено еднаш до два пати (да напоменам дека тие знаат за мене и него), и тоа уште кога бевме на почетокот, не планирано. Како што можам да разберам, порано се дружеле повеќе, но од кога сме ние заедно имаат искочено само 2-3 пати. (Тоа не е поради мене или нас, туку претпоставувам е од другата страна нешто). Јас немам никаков проблем со тоа бидејќи знам дека се дружеле многу и биле блиски до пред некое време. Работата е тоа што му имам спомнато и порано да седнеме со нив на кафе, да се видиме, запознаеме подобро и слично, и тој ми има кажано дека ќе дојде прилика и за тоа, дека сега ни они не се дружат нешто многу и слично. Минатата недела пак му спомнав за тоа, дека сакам да ги запознаам подобро. Тоа не го прифати баш најдобро, поточно кажано малку се изнервира како да сум го прашала нешто лошо. Ми рече само „Гледаш и сама од кога ни јас не сум се видел со нив, 3 месеци немаме ни пишано ни слушнато, те молам немој да ме нервираш со тоа сега“ и слични работи. Некако ми изгледа како да ја избегнува таа тема, и некако лошо ја прифаќа само не можам да сфатам зошто. А очигледно и нормален муабет со него не може да се направи за тоа бидејќи одма е нервозен. Размислувам како би можела да разберам што е работата и зошто би избегнувал нешто такво. Ми доаѓаат некои мисли како тоа дека не сака јас да се зближам со нив или да очекувам дека на секое излегување со нив и јас ќе сакам да бидам присутна, дека можеби ќе му ја нарушам „слободата“ за да излегува сам со своето друштво и дека секогаш ќе барам и јас да дојдам, или пак дека можеби тој бил некоја друга личност во минатото за која што не сака јас сега да дознаам, или пак едноставно дека стварно не се блиски поради некоја Х причина како што биле порано и дека не се осеќа близок со нив за да не' запознае. Ако се обидам да разговарам со него пак нема ништо да дознаам бидејќи секој пат ми ги кажувал истите работи, и на крај секогаш едниот бил лут или нервозен. Не знам што е работата, можеби само си замислувам дека има нешто што јас не го знам, но нешто не ми штима тука. Ве молам за совет и мислење, како ви изгледа на вас ситуацијава од страна, како би требало да постапам?
     
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.068
    Мое мислење е дека крие нешто Но, да не те плашам предвреме, можеби тоа што го крие е ништо страшно и сега во моментов не сака да ти го каже тоа и можеби му треба време зошто тој можеби се плаши од твојата реакција. Друго, дали тебе ти е убаво со него, дали тој со тебе е вака ок со однесувањето и сл? Имаш доверба во него? Ако да, тогаш не се замарај премногу со тоа и продолжи си по патот заедно со него.
     
  7. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    46.295
    Пол:
    Женски
    @+++
    Да да, се однесува најнормално и ни е баш убаво. Туку тој по природа е така затворен и малку потешко се отвара за некои работи што го мачат и слично.
    Мислам дека со тек на време одговорот сам ќе си дојде, и дека не треба до толку да се потресувам околу тоа, но сепак сакав да споделам, бидејќи го имав како мисла во глава.
    Ти благодарам на мислењето.
     
  8. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.068
    Нема проблем. Во секој случај крие нешто, реков тоа е само мое мислење. Ама ако велиш дека е нормален човекот и е во ред, тогаш не верувам да е нешто ептен страшно. Можеби се плаши тој од твојата реакција исто така беспотребно. Почекај па како што велиш со тек на време ќе си дојде одговорот сам. :)
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    724
    Здраво девојки имам еден проблем и ми треба совет. Со дечко ми сме во врска околѕ 2 и пол години, и досега ни било и сеуште ни е супер. Никогаш не сум била некоја љубоморна ниту пак опсесивна кон мојот дечко. Но, во последно почнувам многу да се иритирам дури и да сум љубоморна на една девојка. Девојката е три години поголема од мене и дечко ми, она студира медицина исто и дечко ми. Тие уствари се запознаа преку нивните со цел девојкава да му помагне ако нешто му треба за факултет, да му даде некој нејзини белешки, книги итн..(дечко ми е прва година она е трета на медицина), за ова знаев, он самиот ми кажа и ми беше скроз ок и не ни помислував на ништо друго. Но од пред 2/3 недели, гледам дека многу почесто се допишуваат и слушаат од било кога, после тоа за роденденот на дечко ми девојката 4 пати му честита роденден, му се јави, му пиша смс, порака на фб, порака во инбокс што според мене е too much, некој 4 пати да ти честита роденден. Она знае дека он има девојка, се имаме запознаено и видено неколку пати. Вчера бевме искочени со друштво и на неколку пати видов дека се допишува со неа, и стварно премногу се изнервирав, а не сакав да му ѕиркам во телефонот за да видам за што се допишуваат. Не знам како да му речам за ова, пробав еднаш одоколу да го прашам, ми кажа дека нема ништо. Но се повеќе и повеќе ме иритира...
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.200
    Допаѓања:
    175.857
    Пол:
    Женски
    @Wild.Cat96 можеби развиле некој тип на другарство. Јас имам другари со кои постојано комуницирам, секој ден, па мојов не е љубоморен. Тој има другарки со кои комуницира скоро секој ден, па не сум љубоморна. Поентата ми е, од тој аспект, можеби е само пријателство. Но, големото "но" е, јас на дечко ми еднаш ако му честитам роденден, а не па четири пати. Ако му пишала на ѕид и уште еднаш кога пишувале да му речи - сосем нормално, ама и смс, па и на телефон - претерано.
    Место да го прашваш од околу, биди искрена, јасна, директна и конкретна. Кажи му што ти смета и зошто па нека ти кажи зошто не е така. Факт е дека се во една врска се решава со разговор.
    Со среќа.
     
    На +++ и Yowannty им се допаѓа ова.
  11. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Па не сте многу време заедно за да почнете да си верувате еден на друг. Сеуште ќе има вакви ситуации, повуци потегни.Тој и не е венчан за тебе, може да си биде со која сака, доколку смета дека треба да биде. Таа девојка доколку сака да го освои, ти не можеш да ја спречиш, можеш само да му докажеш нему дека ти си подобра за него.
    Сепак јас верувам дека е ова добро другарство со девојката што му помага околу факултетот, и се сложувам со @theowndemon во нејзината констатација. На крају краева жена си, спријатели се и ти со неа и извлечи што се може во врска со дечко ти. Биди фина со неа, дури и благодари и што му помага, така ќе извлечеш нешто од неа. Од дечко ти тешко дека нешто ќе извлечеш како информација.
     
  12. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    28.899
    Пол:
    Женски
    @lonelyroad Дечково сака само да се дружи со тебе барем јас така сватив.
    Мене тие такви запознавања преку сајтови воопшто не ми се озбилни.
    Така да не можеш да очекуваш нешто посебно.
    @Wild.Cat96 Биди директна и отворена и разговарај со него за тоа што ти смета.
    Со честитиките малку претерала,ок.Ама сепак јас да сум на твое место ке разговарам секој треба да знае до каде може да оди.
     
    На +++ и Annora им се допаѓа ова.
  13. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Кога правевме муабет со дечкото,за минато зборевме.Тој ме праша со кого ми бил подобар сексот му реков со него најнормално...И јас него го прашав,тој ми кажа со една стриптизерка пред ние да стапиме во врска му бил сексот незаборавен...Поголема била,не е од Мак.и било пред една година...Играеле заедно,ова она,ама после ми кажа дека не е исто како со мене тоа било само страст а кај мене љубов и ред други работи..Од кога го слушнав тоа и мислам на тоа и не ми се има односи со него..Дали е ова нормално или..Мислам дека не му е толку убаво со мене одкога тоа го слушнав или не знам што да мислам веќе не ми е убаво кога сум со него.Како да го заборавам тој разговор стварно не знам не ми е ок одкога разговаравме за таа тема.
     
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.068
    А зошто да немаш односи со него? Ако таа жена е минато во неговиот живот, нема што ти да се замараш со тоа. Човекот ти кажал искрено како стојат кај него работите од минатото, а тоа дека не му е убаво веќе со тебе откога ти кажал дека имал односи со друга пред тебе не ми се верува. Да беше тоа случајот немаше воопшто да ти каже, верувај.
     
    На aleksandra4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Поработи на самодовербата.
     
    На aleksandra4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Според мене најпрво треба тој да ти вети дека нема повеќе да ја спомнува таа стриптизета и дека тогашниот секс бил само за тогаш и нема што да се спомнува и да се меша тоа.
    Ама и ти треба малце да не мислиш на тоам, ти колку повеќе мислиш на тоа толку си ја отежнуваш работата, и ти се мачиш и преотоваруваш. Наместо да си пружите убави мигови во спалната вие се замарате каква била таа стриптизета, како таа имала со него секс и ред др помалце важни работи.
    Според мене кога се легнува навечер проблемите се оставаат надвор од спалната, зошто спалната е место за релаксација, иживање, водење љубов, и добар сон.
    А кога ќе станите наутро само насмевнетесе и бкнежи и пак на работа за да ви тргне денот.
     
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    Јас да сум како тебе, нема да му дадам да има односи со мене. А јас ќе се плеснам со комшијата негов, чисто ради страст...да видам како е:?:
     
    На buba4e89, Dadusicka и Justicija им се допаѓа ова.
  18. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Ми немаше кажано за неа порано,само така дојде муабетот ама тој ми кажа било поминало и јас сум имала минато и тој...Само неубаво ми дојде .
     
  19. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    хаха тој ми е комшија немам друг убав]:)
     
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    Епа правило број 1 ..
    Дечко комшија не бива..комшиите само за дејт за една ноќ, инаку нема да имаш вака за резерва8)
     
    На La.loca, aleksandra4444 и Dadusicka им се допаѓа ова.