Нормално е тоа само остави гледај да уживаш колку повеќе ти си го спомнуваш тоа толку тоа ќе те нервира остави го таму некаде заборавиго. И ќе видиш полесно ќе ти е.
Раскинав накај август почетокот,се смиривме крајот на август.Јас ни пишев ни ништо откога раскинавме тој буквално ме следеше...Нејсе,сега сме ок ама многу е сменет....Порано тие работи што сакав да ги прави а не ги правеше сега ги прави...Сега сум му на прво место,нонстоп ми звони,се слушаме,ги избриша бившите од фб,мене сега тоа ми нема фајде кога сакав одамна...Дури ме праша дали можи да прифати една другарка што пред мене се знаеле,ова нов фб направила..Тоа не е битно,постапката ми е битна..Наеднаш многу голема промена има кај него.И порано бевме блиски ама сега како што сме не сме биле,секоја вечер сме заедно не сме испуштиле ни една.Ми вели не сакам да те изгубам,многу претрпевме со оглед на тоа дека сме различни вериДури и на татко му му се спротивстави за мене.Се убаво,никогаш така не ми е било ама се прашувам зошто таков станал...И пољубоморен е по како да сака да ме контролира,порано таков не беше...Дали откако сватил дека можи да ме изгуби ме задржува или не знам зашо така убаво се понаша како никогаш до сега...
Па најочигледно е дека има сериозни намери со тебе,и за тоа време додека сте биле разделени сфатил што вреди и со која сака да остане,обично оние личности кои биле многу повредени од одредена личност која им значела се однесуваат така,дали може овој/оваа да го/ја адд /прифатам и плус тоа дека не сака да те изгуби кажува многу,не верувам дека те лаже далеку од тоа штом после толку време ти се враќа и се спротиставувал на татко му,што сакаш повеќе? Најдобро ќе биде да му кажеш дека му веруваш и кога ќе ти кажува дали може оваа да ја прифатам речи му слободно зашто да не,и онака е несигурен па сега уште да почнеш да се расправаш и ти со него полошо ќе направиш,да не дојде до љубомора од негова страна однесувај се најнормално пошто верувај дека е тешко да имаш љубоморна личност покрак себе,не му давај повод за тоа.Иначе,дали за тоа време кога сте биле разделени си нашол друга или не?(само онака прашувам)
Тогаш уживај и не се замарај,подобро така да се однесува со тебе одколку спротивно,сепак ќе видиш со тек на време како ќе се одвиваат работите,јас се надевам на позитивно како и до сега.
Не му ја мисли многу. Уживај, биди среќна. Сакајте се само. Љубомора, кавги имало, има и ќе има во секоја врска. Секако умерено. Разделбата му ги отворила очите. Сфатил што сака, што му треба.
Здраво, имам еден проблем, се надевам некој ќе ми даде совет. Се гледам со дечко што е од друг град околу еден месец, првите пати кога излегувавме почна да ми зборува дека би сакал и врска ама не знае како би функционирале на далечина и дека му е убаво со мене, но последниот пат кога се видовме беше поинаков, ми викаше дека не мисли секојдневно на нас, дека не знае да ме расположи и дека најверојатно не би продолжиле натака,а ме шета за рака без проблем низ градот. Немам дечко со години наназад и цело време мислам дека јас грешам во нешто додека се гледам со некој, затоа што секое излегување со некое машко завршува со не гледам хемија меѓу нас, не би успеала врската и слично...но во овај случај стварно незнам што би згрешила за да заврши така, убаво ни е, не сме мали за да си играме со мување, а да се гледаме еднаш неделно имаме услови. И сега незнам како да постапам со него
Јас мислам дека ако толку многу сака да е со тебе, ќе најде начин. А гледање еднаш неделно е сосема нормално, сакам да кажам и врски во кои и двајцата партнери се од ист град па се гледаат еднаш неделно поради одредени обвски она ова. Значи тоа се ми изгледаат на изговори. Ако сака, ќе се потруди и ќе најде начин. Во случајов, тој некако не ми изгледа на нешто многу загреан, а најубаво од се е да се направи искрен муабет. Ако сака да пробате, супер. Не е се во тоа да бидете физички еден до друг, многу е битна и комуникацијата кога не сте физички заедно. Но ако едноставно не е спремен за тоа, тогаш продолжи понатаму. Ако не сака да мрдне со прстот за да те задржи, тогаш не ти ни треба. Што се однесува до тебе, не се обвинувај за тоа што врските не успеале. Доколку е се во ред како што викаш, тогаш можеби проблемот е до момците на кои што налетуваш. Не се обесхрабрувај, само биди си своја и сигурно ќе дојде некој што ќе ти ги препознае вредностите и ќе те засака за тоа што си ти.
Размисли убаво дали можеби некоја твоја постапка ги одалечува од тебе. Ти најдобро си знаеш како нештата се одвивале во претходните врски. Разговарај со сегашниот дечко. Прашај го дали постои нешто што не му се допаѓа кај тебе, дали нешто сака да промениш. Сите ние имаме некои навики кои некому можеби му сметаат. А во една врска еден искрен разговор решава многу. Ти посакувам овој пат да ти успее. И да бидеш многу среќна.
Да има изговори, само незнам од каде се, можеби е и комуникацијата таа што фали. Ти благодарам за мислењето, ќе ми биде од корист Ти благодарам многу
Ќе ти кажам само дека знам како се чувствуваш, иако искрено првпат да прочитам девојче да има вакви проблеми али нели, сè е можно. Од каде знам тоа и не е важно, но погледај ги работите и од друга перспектива: подобро да си сама и да бидеш во потрага по тоа што ти одговара отколку да бидеш со некој кој ќе наоѓа стално изговори за неговото отсуство и така натаму. Барем нема да си ја измачуваш душата уште повеќе.
Не е баш љубовен ама не знам кај да го поставам. Се задружив со другар на дечко ми. Блиски ептен сме. Буквално можам да му кажам се и многу се почитуваме. Во меѓувреме раскинав со дечко ми, па имаше смирување, па као пак расконавме и на крај се договараме дека ќе си тераме по свое ама никој да не знае. Пред народ сме скарани. Со другаров си го тераме дружењево независно од другово. Сношти славевме дома па излеговме, за на крај од вечерта да ми се налути со изговор дека јас се дружам со него од инает односно за да го правам дечко ми (бивши) љубоморен. Се лути до граница повеќе никогаш да не се видиме. Денес му ѕвонам не ми крева. Ми пишам порака за да се извинам, ми враќа дека повеќе не сака проблеми, дека јас не сум го ценела времето кое тој го трошел на мене. Не знам што да правам, очајна сум, нејќам да го изгубам премногу ми значи како другар.
@Justicija @HoneyBun @+++ не знам дечки, никогаш не сум размислувала така за него. Дајте совет како да си го вратам.
Прво треба да расчистиш со себе. Дали ти се допаѓа или не? Второ, пробај уште еднаш да го поканиш на разговор ама потенцирај му дека сакаш да расчистиш со него сметки, еднаш засекогаш. Ако и овојпат не ти возврати остави на времето, можеби во моментов е гневен и му треба време за да се смири. Можеби кога ќе биде посмирен самиот ќе те побара.