Фала ти за мислењето, но јас не ја споделив мојата историја на врската. Многу добро знам што значи сериозност и не сериозност, мојот проблем беше друг.
И само да надополнам, од психолошки аспект нема да можеш да бидеш среќна со таков човек. Можеби по некое време и кај тебе ќе се убие желбата, но нема ништо полошо од маж што самиот знае дека не го бива. Таквите или патат од анксиозност и депресија, или по некое време може да стане вербално груб. Пс Гледајќи ја динамиката на денешниот живот, како брзо се ствараат врски и се рушат, четири месеци и воопшто не е краток период.
И јас се согласувам со тоа дека може има некој здравствен проб.или пак некоја друга?!Многу работи зависат и од тоа како се однесувал предходно.
Треба да разговараш со него, на крај крајава заслужуваш одговори. Нема што да бараш совети понатаму. Тој е со тебе во врска и ако сте и двајцата разумни тогаш ти ќе му се најдеш на него во случај ако има проблем и нема да изреагираш како прваче а тој ќе го отвори неговото срце и ќе ти каже што и како.
Потполно се согласувам! Затоа и се одлучив за совет од луѓе кои не ме познаваат затоа што би суделе реално. Навистина ми е тешко, не мислам дека е воопшто мал период, посебно затоа што не сум адолесцент и малку ме плаши оваа ситуација.
Нема проблем, јас мислам дека ова ти е најидеално решение. На крај крајава ти си го избрала тој човек зошто ти се допаднало нешто кај него и сметам дека треба да му дадеш шанса. Ако го шутнеш како партал поради некој проблем што има ќе испаднеш само (извини на изразов) кретенка, и ништо повеќе. Сега побарај го, седни го на маса и соочи го со тоа што ти пречи.
Нее, во никој случај нема да го шутнам ради тоа. Тој е прекрасен. Во најбрзо време ќе разговараме, стискајте палци да е само од срамежливост
Мажите тешко се отвораат, некои ни по 15 години брак не го прават тоа. Се занимавам со психологија и позната ми е проблематикава. Што ако ќе иницира таа тема, кога тој не е прваче и ќе сфати веднаш за што станува збор. Не постои таков дечко кој би си признал дека има баш таков проблем. Нив им е страв да појдат кај стручен лекар, не па со девојка тоа. Некако лесно таргетирам мажи со комплекси и фрустрации, па затоа бегам од нив. Најчесто, тие се во онаа група која најмногу ќе те разочараат во врска иако делувале наивно.
Чуден тип, нешто не ми е како што треба тука. Јас мислам да разговараш ама баш директно и отворено со него и да го прашаш што тој всушност размислува и дали размислува воопшто за интима меѓу вас, зашо знаеш маж као маж мора да размислува за тоа посилно ми се чини од него дека би требало да биде а не па воопшто да не спомнува. Или доколку ти е сомнителен пак во разговорот можда би требало да испиташ да не крие нешто од тебе што те "избегнува" за интимност. Срекно !
Камо да беа сите како твојот дечко @thegirl Тој знае да сака а не да искористи како 99% од денешните машки. Сексуалните односи не се љубов. Денес, љубовта ја мешаат со обично допаѓање или со страст, а потоа токму тие истите се жалат дека љубов не постоела. Епа не ја убивајте... (ова општо кажувам, не за тебе што те означив)
Во право си, најдобро е да почекам, сепак не ми се брза. Знам дека многу ме почитува, ама точни поради тие мислења и нештата кои се нормални во денешно време ми беше чудно и решив да побарам совет. Фала за одговорот Не знам. чуден е општо тој, несекојдневен карактер, ама можеби само не сака да избрзува. Ќе почекам уште малце па дирекно ќе прашам. Фала ти
Ми се допаѓа еден дечко малку постар од мене. Јас имам 19 тој има 30. Го гледам скоро секој ден, го аднав, ме прифати сакам да му пишам на фб ама имам голема треба не знам што и како а сакам да стапам во некој контакт со него. Не знам што ќе помисли зошто реално спрема него сум дете и големи се шансите да не ми врати или да не ме сфати сериозно. ве молам за некој совет да си ја пробам среќата или сепак не?
Дечкото ми изгледа фино, мирно повлечено и многу ми е симпатичен затоа би сакала барем да се запознаеме ако не ништо повеќе. Свесна сум дека разликата во години е пречка
Постирај слика или песна ако ти стави лајк стави му и ти на неговата слика, па почекај ако е заинтересиран ќе ти пиши или ти пиши му тогаш. Иако незнам колку би бил тој сериозен за врска со тебе, сепак зависи од човекот иако има 30 год.