@emotivnadevojka не е се во парите и убавината мила . Парите се трошат , убавината со тек на време исчезнува важна е душевната убавина . Убаво ти пишала некоја членка предходно , сите сме сакале некој порано . И јас сакав пред мм и тој пред мене сакал , ама тоа завршило така како што завршило , веќе е минато , а таму треба и да остане . Штом е дечкото со тебе , немаш за што да се грижиш . Како што ти кажав погоре , парите се трошат и заработуваат , физичката убавина се губи со самиот процес на стареење . Во животот останува само душевната убавина . Ако имаш доволно душевна убавина да го насмевнеш и тогаш кога ѕидови му се рушат врз глава , тогаш не треба ниту да помислиш да се споредиш со бившите девојки Ти посакувам се најдобро , и се надевам дека те убедив барем малку дека не треба да се плашиш и споредуваш со другите . Ти си убава на свој начин .
Здраво женски, имам специфичен љубовен проблем и би сакала совет од поискусни доколку би сакале да одвоите малку повеќе време... Во врска сум 3 години,(имам 20) со дечко што е една година помал од мене... две години се допишувавме и после тоа се фативме, и океј се тоа... На почетокот не се гледавме многу често, се слушавме на телефон, на фб, затоа што тој уствари работи приватно со неговиот татко, и се океј тоа, не праев проблем но н еми беше сеедно зашто сакав малце повеќе време да ми посветува. Многу ми верува и јас му верувам но некои негови постапки едноставно не можам да ги сфатам, премногу сум се обидувала, трудела,плачела итн... Можам да кажам дека никогаш не ме навредил, ниту пак ме мавнал некогаш, сфаќам дека секој различно си ја искажува љубовта и јас знам дека ме сака на негов начин, но тоа за мене не е доволно. Она што почна да ме повредува е тоа што не сакаше да се гледаме (т.е не ми кажал никогаш дека не сака да се видиме туку наоѓа изговор), морав да се трудам, да го молам за да го видам на 5 минути... Нешто што ми е чудно е тоа што сум го фатила на неколку пати да ме лаже дека оди да работи а оди со друштво... Знам дека не ме вара, да ме вара нема да се понаша убаво кон мене, слабо седи и на фб, секоја женска би сакала искачања и секкао на фб допишувања и ред др работи.. Стопати го прашувам зошто така ми кажуваш ми вика зашто не сакам да се лутиш или пак ќути и не знам што. Ме повредува тоа што никогаш не ми рекол сам иницијативно ајде да одиме во парк, на кафе, на одмор итн... Знам дека не е ни финансиски проблем затоа што си има пари за себе и за друштвото а за мене не. Тој е свесен за тоа што го праи, последниот пат кога излажа ми се јави ми вика сакам да ти се извинам, го прашувам зошто и ми кажа дека имал потреба тоа да го направи... Следниот ден ми вика дека не заслужувам тоа што ми го праи и дека имал проблем со себе, психички проблем. Дека се обидувал да се промени, а не можел, дека не заслужувам, плачеше на телефон... Размислував и на сите варијанти, и верувајте ми е преку глава, немам повеќе енергија ни да се карам ни ништо, а не сте свесни колку сум се трудела околу оваа врска, просто сум приврзана и не знам како би функционирала доколку се раскине. Малце ова звучи патетички, но навистина е голем период (5 години) и не сакам поради некоја глупост се да ми отиде во вода, а инаку немаме препреки (некоја да ни се плетка во врска и обратно), иначе и јас сум го излажала з анекои работи што не требало, но тие не биле емоционални и не го засегнале него, а тој мене ме повредува со неговите постапки токму и за тоа преќутувам за некои работи. Највеќе ме болеше кога се видовме во јавност само ми намигна, не сакааше да застане да се поздрави ниту пак да ме запознае со другарите. Тоа на двапати го направи и се извинуваше после тоа, као згрешил итн.. Не знам што да правам навистина, а нема лоша душа не е злобен и не ми прави нешто за инает... А еве сеа се е океј, се слушаме, утре треба да се видиме и така.. Што да ви кажам повеќе женски, освен да ми дадете совет, ви благодарам за издвоеното време <3
Да, а ми вика не ни сакам да те запознаам со такво друштво... као друштвово лошо е, ако е лошо зошто им врти уопште глава?!..
Да ама не со друштво као ајде да искочиме негде, а сум го поканувала ај дои со мое друштво вечер ова она... и одбива вика твое си е тоа друштво не познавам никој од таму, јас му кажувам дека нема врска тоа ќе го запознаам со сите ама ете така функционира
@Ihaveacrushonyou Три години сте во врска а ништо не правите заедно? Излегувате ли некогаш? Кафе,друштво?
Хаха, глеј и ова прашање му го имам поставено и ќути, п.с не сум сигурна, барам одговори на прашањата но не ги добивам...
Душо, сите ние некогаш трошиме премногу време и живци на работи кои подоцна можат да заминат во вода, ништо не ти е загарантирано на овај свет. Не можеш да се држиш упорно за брод кој тоне кога имаш милион други околу тебе. Што чекаш, да те повлече на дното па да ти текне дека треба да се пуштиш или преземеш нешто околу тоа?
Прво и основно, никој не те терал да трошиш време на него. Друго, имаш само 20 години и си млада и животот е пред тебе. Трето, ако "дечко ти" не смета дека сте во врска, јеби га ама тоа е се отидено по ѓаволите уште одамна. Е сега, за да не продолжиш да губиш време, нека ти се изгуби тој од животот. Остави го со другарите. Крај краева и премал е за сериозна врска. Сака да се изживее, да шета, да брка женски. А истото треба и ти да го направиш. Не се врти светот околу еден дечко.
Треба некој да ти го врати? Кога даваш нешто, не очекувај ништо за возврат. Инаку кога тогаш ќе се разочараш. Таков е животот, губиме време со небитни луѓе, па продолжуваме понатаму.. Ти се плашиш да живееш без него. Сето тоа е само навика.. А навиките како што се стекнуваат така и се губат
Јасно ми е се, сите солуции сум ги размислувала, но знам дека ако тоа го направам дека ќе имам вина дека можеби нешто сум изгубила, сепак поинаку е кога некој друг ти го вика тоа а не ти сам, и знам дека ќе бидам во депресија долго време Да, од тоа ми е страв затоа што ми е прва врска што толлку трае и сметам дека се ќе се сруши врз мене.. знам дека од страната на слушателот е лесно да се каже, но знам и дека си во право
Мила извини ама кај ти бил паметот цели три години ? Не сака да излегува со тебе, не сака да те претстави пред другарите, дури и не застанува да те поздрави и ти цели три години го сметаше тоа за нормално ? Па тој тебе не те смета за девојка, веројатно онака само за да си го пополни времето. Секој дечко што си ја сака девојката е горд што ја има и сака пред сите да ја покаже. Батали го додека е време не троши нерви на ваков тип. Имаш 20 години млада си, заслужуваш далеку подобар.
Се можам да сфатам, ама да не приметувам ако некој не сака нешто со мене, е тоа стварно не ми е јасно Земи пример од некој во твоја блиска околина што е во врска како се однесуваат, па направи споредба, или најпаметно батали го, не се понижувај.