Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Ihaveacrushonyou

    Ihaveacrushonyou Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Не, не се однесува одбивно, во никој случај, само што не ми се логични некои работи и не можам да ги сфатам а и нема ни да ги сфатам најверојатно..
     
  2. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Што си го губиш времето со некој што не му значиш воопшто...
     
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Дечкото најверојатно сака голема слобода, но истовремено не сака да е сам па затоа така си прави.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Meliha.

    Meliha. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Три години не те запознал со другарите???|(
    Сигурна ли си дека ова е врска или...Па јас сум во тајна врска се криеме една година,па ме има запознаено со неговите најблиски другари,кога ќе се откриеме некој ден знам дека гордо за рака пред сите ќе ме покажува,како и сега ама не пред сите.Ова да го запомниш,машко што те сака нема да те крие од никој.Можеби се срами од тебе,можеби те изневерува,немој да мислиш ех нема шанси како што си напишала погоре.Ова не е нормално во една врска.И плус одбивал да се видите некогаш,те лажел дека работи а искача со друштво? Што бараш уште со него?:)
    Знаеш дека кога тогаш ќе заврши немате иднина.
     
    На natemila, aleksandra4444 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069

    Горе-доле ти го пишаа повеќето тоа што и јас го мислам. Само ќе додадам следново: не се плаши од ништо и не смееш да дозволиш да те совлада стравот од тоа дека нема да најдеш некој друг. Направи го чекорот, ослободи се од него и тргни во потрага по нов.
     
  6. emilija.

    emilija. Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Не знаев каде да пишам па решив овде. Епа вака...имав дечко 5 -6 месеци. Тој беше многу љубоморен на почетокот иако не го покажуваше тоа , се лутеше за ситници и ми правеше секакви глупости , а јас таа љубомора ја сваќав како да ме сака , му значам нешто , и секогаш му се враќав назад , секој следен пат се надевав дека ќе се поправат работите но не беше така. Всушност не ни можев да се откажам од него бидејќи многуу го сакав. Што и да направеше не му се лутев за ништо, неможев, го сакав , се правев наудрена. Глумев ладна и незаинтересирана а уствари вриев во мене.
    Дојде ден кога ми пукна филмот, и отидов во нервоза му кажав некои работи. Тој од тогаш изгледа се налути и на цело се смени спрема мене. Сеуште бевме заедно но он сега беше ладен , незаинтересиран , не се лутеше како порано. Врската ни заврши без збор , без ништо, он се оддалечи , се оддалечив и јас , и тоа веќе асоцираше на крај. Кога го побарав последниот пат тој ме откачи. Не ми рече дека е крај или дека не сака да биде повеќе со мене, но ме откачи на друг начин.:(
    Сакам да кажам уствари дека можев јас да го трпам доста време да ми прави глупости и се останато, ни му се лутев , ништо, а он се налути за нешто што му кажав и на крај ме откачи како ѓубре.
    Да бевме сеуште заедно денеска ќе правевме 6 месеци и бевме нешто договорени за тој ден, го планиравме оддамна . Он денеска на фејсбук објави слика со друга, сликани на местото на кое што јас и он бевме договорени да ја прославиме нашата 6 месечна врска ;(;(;(Луѓе што да правам срцево ќе ми пукне
     
    Последна измена: 6 октомври 2017
  7. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Бившиот ми се јави денес не си поверував на самата себе ми рече да се видиме ама јас го одбив бидејќи не заслужува а што е најинтересното на цагер гахаххахаха ми се смее луѓе и ми се плаче:headbang::u::punch::fubar:
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.514
    Пол:
    Женски
    Подобро за тебе што се завршило толку брзо со таков човек. Денес треба и ти да славиш, не да си тажна. Тоа секако ќе завршело порано или подоцна. Кој на прва караница врти грб, таа караница и ја чекал.
    Многу детско од негова страна што баш денес ја објавил таа слика, ако веќе и не е дете.
    Во секој случај, животот оди напред. Ќе најдеш некој кој ќе те направи среќна и ќе те заслужува.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.514
    Пол:
    Женски
    Досадно му било, ако го немало долго време и те побарал така нема друга причина.
     
  10. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Што сака нека му е важно јас се израдував се изнервирав и не излегов го одбив инаку не е од тука дошол во скопје па сакал да се видиме ама јас му кажав што требаше. искрено не го заборавив и неможам и подобро би било да се видиме да разговараме за некои работи па секој по свој пат....А ако му било досадно поубава занимација ќе си најде ;)
     
  11. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.514
    Пол:
    Женски
    Тогаш побарај го ти и нека дојде за тебе, разговарајте и решете си ги работите околу вас :))
     
  12. emilija.

    emilija. Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Возрасен човек е. За оние работи што му ги кажав тој има право да се лути, но ако мериме на кантар тоа не е ништо во однос на тоа што он мене ми го правеше, а јс секогаш му се враќав.
     
  13. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.514
    Пол:
    Женски
    Секој е различен, јас на пример никогаш на никој не би се вратила ако ме повреди.
    Тоа што ти си се враќала, не значи дека и тој би го направил истото.
    Сепак, тоа што денес баш ја објавил сликата со друга и тоа на местото да кажам ваше, говори многу за него ако сакаш да видиш :))
     
    На emilija. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски

    Ништо, биди среќна што таков човек не е повеќе во твојот живот.
    Боли ама ќе помине, среќа не била долга врска. Бргу ќе го заборавиш.
     
    На emilija. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emilija.

    emilija. Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Му се враќав затоа што го сакав премногу и не можев без него, бев заслепена од љубовта. Изгубив и гордост, и свое јас, СЕ ,само за да бидеме заедно.
    И во право си, секој е различен и различно реагира.
    И од тој аспект, баш ме интересира ,ете кога веќе велиш дека не би му се вратила на некој што те повредил...Дали би имала гордост да му се одмаздуваш во тој случај , да го повредиш и ти него како што он тебе? Како реагираш ти во вакви ситуации, под услов да го сакаш , многу ?
     
  16. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.514
    Пол:
    Женски
    Ќе го оставам и ќе продолжам без него, тоа ќе му биде најголемата казна. Кога-тогаш ќе сфати дека он изгубил многу, јас ништо. Среќата ќе си ја побарам на друго место, не се одмаздувам јас, животот ќе му врати се. Карма
    Јарец сум, гордоста ми е број 1 во животот, кога еднаш ќе ме повредиш или навредиш ме снемува.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Не постојат услови во љубовта, а одмаздувањето во љубовта е очаен чекор.
    Ќе изгледаш очајно и многу повеќе ќе му ги кренеш акциите.
    Единствено ќе го игнорираш а од тоа поголемо не знам дали има.
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    28.961
    Пол:
    Женски
    Ке заборавиш брзо не ви била многу долга врската.Подобро што завршило сега отколку подоцна.
    Не ви било пишано да успеете,ке најдеш некој друг.
    Ако те сакал како што кажуваш,не би требало веднаш да става слики со други.
     
  19. emilija.

    emilija. Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Го игнорирам, и тоа е се што правам. За одмазди и други сл.ствари немам ни трпение ни време , а и што уствари ќе добијам со тоа? Само онака прашав, ме интересираше и друго мислење.
     
  20. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Ти кажаа другите убаво, продолжи напред и не се замарај повеќе со овој човек. Тебе сега повеќе те јаде стравот да не останеш сама, ова сигурно те јаде потсвесно и си правиш моментално филмови ама не се замарај со тоа. Сум пишувал и на други теми за ова, понекогаш е подобро да си сам отколку со некој кој ќе ти го нарушува внатрешниот мир и ќе ти создава нервози и ништо повеќе. А верувај дека ќе се најде и друг, еве ако ти служи како утеха девојките во генерала имаат предност кога станува збор за барање некој партнер т.е. полесно доаѓаат од партнер за разлика од мажите на кои им оди малку потешко кога станува збор за наоѓање партнерка. ;)
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.