Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Alissa.

    Alissa. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    @mila7 незгодно ми е директно да му речам. Не сакам да го терам на нешто ако тој самиот не сака или не чувствува потреба за тоа. Претпоставувам и кај мене одговорот ќе биде многу работам, зафатен сум итн итн што друго би кажал. Освен работата друго нема. Да, зафатен е и работи, но до толку има време да одвои за мене да ме побара. Се влечка ко некој...не знам како да речам. Некогаш толку многу ме иритира на моменти , таман јас ќе решам да се „опуштам“ малку со него , ќе му признаам нешто на пример и сл. и тој почнува да ми игра топло ладно . Разбирам да не сум му интересна, да не му се свиѓам , но тој беше иницијаторот за да биде нешто мегу нас и сега не ми е јасно на што му се должи таквото однесување.
    И настрана се ова, што е најжално денес дошол во мојот град ( дознав од трети лица ) а не ме извести дека е тука. :^)
     
  2. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски

    Искрено мене ова не ми мириса на добро. Девојко подобро не заобиколувај, најубаво да го седнеш и се убаво и искрено да му кажеш што ти лежи, како на нас овде. Како ќе се поставиш на почеток така ќе тераш и понатаму.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Врската е обврска и секој човек во една врска обврзан е да се приспособи на потребите на партнерот, нормално до одредена граница. Ти секако дека со ова едноставно барање не ја пречекоруваш границата па затоа воопшто не се плаши и немој да ти биде незгодно ако сакаш да разговараш со него за ова.

    Ако не сакаш да разговараш на крај крајава трпи, друго не можеме да ти дадеме како совет.
     
    На theowndemon и TheGirl23 им се допаѓа ова.
  4. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    3.327
    Пол:
    Женски
    На прв поглед моево мислење нема да делува како за темава, но ако напишам во сонови никој нема да ми одговори, но и од друга страна е поврзано со љубовен проблем на некој начин.
    Пред 1 год запознав еден тип. Онака физички баш мој тип, веднаш ми падна в очи. Му најдов име презиме и контакт и се одлучив да го направам првиот чекор-му пишав. Но тој по порака ми напиша не биди досадна, сакам само секс друго не. Му реков дека не сум јас негов тип во тој случај, да си бара друга и веднаш го отследив (не се сеќавам дали го блокнав). Синоќа го сонував. Сме седеле во мала соба и двајцата читавме книги (нетипична карактеристика за тип како него). Тој ме гледаше и ме праша дали читам книги, на што одговорив да и тој потоа додаде дека читањето е убаво и се насмевна. Ова е делот на кој најмногу се сеќавам, но знам ме третираше како дама, како некоја која ја сака за девојка.
    Ме интересира што значи сонов. Ве молам за одговор.
    П.с.не знам дали во оваа или друга тема, но знам дека видов членови кои се подбиваа на туѓи маки, затоа однапред замолувам ако ви е нешто смешно ова скролајте надолу и немојте да ми одговарате.
    ФМП.
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Веројатно во потсвеста ти останал дечкото бидејќи ти се допаѓал па затоа си го сонувала. Јас барем така мислам. Јас имам сонувано многу машки лица на тој начин, во смисол дека сме биле заедно, се однесувале кон мене убаво, ама не сум им придавала многу значење на тие сонови. Можеби само во моментот ти фали некој да се однесува со тебе така, не верувам дека неговото мислење дека сака само секс се сменило. Потсвеста е чудна работа, јас би ти рекла да не се оптеретуваш многу со сонот и да си продолжиш и понатаму како што било до сега.
     
    На IM.TMKQ и sj *O* им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.202
    Допаѓања:
    175.895
    Пол:
    Женски
    @Alissa. Неможиш да ќутиш за тоа што ти смета само зошто неќиш да му кажиш. Сосем во ред е да му ја почитуваш слободата, но тој не ми изгледа целосно искрен кон тебе. Ова дека бил во твој град и не ти кажал ... Би се подзамислила за тоа. Мораш да разговараш со него, да му кажиш се што ти смета и да прашаш се што те интересира.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @Ihaveacrushonyou остави го. ВЕДНАШ! За да не губиш уште повеќе време.
     
  8. Alissa.

    Alissa. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    @theowndemon ќе разговарав со него , ама се откажав. Денес се нанервирав од него. Му викам ќе одам утре таму и таму , вика па што не ми кажа порано да знаев и јас ќе дојдев, овие ден - два не сум на работа. ( Зар утре не може да дојјде ?? не е пишано правило дека треба уште од вечерта ) .
    Значи требаше јас да спомнам нешто за он да каже дека бил слободен. Ако е слободен можеше да каже од порано и ако не друго , да дојде во мојот град да се видиме .
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.202
    Допаѓања:
    175.895
    Пол:
    Женски
    @Alissa. и? Што понатаму ако не би разговарала со него? Ќе трпиш, ќе прекиниш? Имаш некое друго решение? Се надевам ќе го избериш вистинското.
     
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.777
    Пол:
    Женски
    Можби ке го видиш /или ке слушнеш нешто за него.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alissa.

    Alissa. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    @theowndemon не знам што за понатаму..но сериозно почнав да размислувам за разделба, дур сме уште на почеток. Понекогаш ме плаши ова негово однесување и помислата дека тој има на ум да ме откачи откако ќе си најде друга, бидејќи пред да стапиме во врска јас со месеци го влечкав од шо не бев сигурна дали сакам да сум со него, му давав лажна надеж , а на крај попуштив и се фатив со него. Се сомневам бидејќи тој беше иницијаторот за да почнеме нешто а се однесува многу поинаку. Со прст не мрда за мене. Освен што ми пишува на ФБ ( и тоа по 2-5 саати го чекам ) , дали еднаш у две недели ми се има јавено, а за гледање па да не зборам. 2дена бил слободен а да не дојде. Епа што можам да помислам овде ? Дали ова личи на врска?
    Да разговарам со него нема за што , немаме проблем кој треба да се реши ,ние сме многу краток период заедно само 2 недели и нема ама баш никаква пречка од негова ни од моја страна за се да си функционира како што треба , нема повод за ништо . Ако тој самиот не е свесен како треба да се понаша, јас не можам да му кажам нему или да му всадам у глава дека требаа почесто да ми се јавува да ме бара, да дојде да се видиме итн.
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.202
    Допаѓања:
    175.895
    Пол:
    Женски
    Ова не е доволен проблем за кој прво би разговарала? Разгледај ги добро сите опции пред да донесеш било каква одлука. Сепак, штом би размислила и за прекинување - има проблем. Но, одлуката останува на тебе, се надевам ќе ја донесеш таа вистинската за тебе.
     
    На Alissa. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Добро и да сакал само секс, зарем морало толку грубо да биде кажано тоа. Не ми се верува некогаш какви се дебили ја газат земјава. Овој сигурно некој mommy complex имал, па сеа сака само едно нешто да извлече од жена. Очигледно не бил способен за емоции и подлабока комуникација, оти некој не му обрнувал внимание кога тоа било најпотребно. Психа, тоа ти е.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Мајни го натаму ајде. Јас бев во идентична ситуација пред 5 години и на крај ме изневери пред нос што се вика, а плус живеевме на 5 мин. Никогаш немаше време за мене, со саати чекав да ми пише/врати... ајде бе. Машко што те сака ќе ти се јавува, организира состаноци и нема да биде поладен заради твоето покажување на чувства или милост спрема него.
     
    На Dust и Justicija им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.777
    Пол:
    Женски
    Така е (y)
     
  16. steffysteffy

    steffysteffy Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Како би реагирале т.е. како би се чувствувале после тоа кога некоја личност што ви значи , ја видите на слика со друг/друга?
     
    На sj *O* и Justicija им се допаѓа ова.
  17. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Зависи каква слика и со која личност е на сликата. Ако не ја познавам прво ќе истражам која е, што е личноста. Може некоја роднина да е . Или пријател/ка.
    Ако не е ни едното ни дргото тогаш дефинитивно нема да ми биде сеедно. Сепак зависи и од тоа во какви односи сум со личноста што ми значи.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Баш како кажа феминката погоре.
    Се зависи од тоа во какви односи сум со личноста што ми значи како прво, а како второ која е личноста на сликата.
    Можеш да ни напишеш малце поконкретно за што станува збор.
     
    На VictoriaSan му/ѝ се допаѓа ова.
  19. steffysteffy

    steffysteffy Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Па на пример си во некој индиферентен однос со таа личност , до скоро си била поврзана со него на некој начин но не се случило ништо меѓу вас, и оп наеднаш го гледаш со друга . Какви чувства ќе ти предизвика?
     
  20. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Па можеби баш поради таа причина и не се случило ништо меѓу вас.
    На почетокот би била малку разочарана, но подоцна би се помирила.
    Тој одбрал.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.