Вака значи, првенствено се зачленив поради еден проблем иако немам премногу време за фемина. А сега да почнам да раскажувам, и да ве предупредам дека ќе биде долго. Од март месец годинава почнав да пишувам на фб со еден дечко. Од мене е постар 10 години, но тоа и не е кој ти знае колкав проблем барем засега. На почетокот не се согласив да испаднеме но некако покрај секој ден пишување односно 24/7 се приврзав некако за него и испаднав. И двајцата одлучивме да се гледаме кога ќе имаме слободно време и јас бев иницијатор за тоа. Тој работи приватно со брат му, возат патници и нема баш слободно време, а и мојата работа не се знае како ќе биде со смените. Од март до јуни се гледавме но само се мувавме значи ништо друго не падна, иако поминувавме по неколку саати во кола на одалечено место проследено со долги разговори но јас не сакав ништо повеќе а и така бидна. Во јуни за прв пат имавме односи и ок е. Не сум воодушевена со големината на машкиот орган, но чим можам да доживеам оргазам и не ми е толку битно. Една вечер се договоривме да се видиме и после 15 мин ми ѕвони тој и ми вика дека му испаднала некоја работа треба да се види со некои пријатели и јас секако се налутив бидејќи не сакам во последен момент да променуват мислење. И нормално престанав да враќам на пораките, престанав да се јавувам на телефон и си испаднав со другарка. Тој од време на време ми ѕвонеше и конечно јас се јавив и тој почна да ми се извинува и дека ќе ми надокнадил за ова но јас не попуштив. Утре сабајле јас бев 2 смена и тој дојде кај мене на работа со цел да ми се извини иако до сега никогаш не беше дошол и ајде попуштив. Во јули 1 недела пред да идам на одмор почнавме да се договараме за кога да се видиме пред одморот. Се некако тој беше зафанат и слободен се падна вечерта пред да идам на одмор. Испаднавме поседовме во едно кафанче далеку од градот и подоцна се вративме во станот и бидна шо бидна. Додека бев на одмор тој ми пишуваше цело време, како сум, што правам, како поминувам, дека му премногу недостасувам итн. Јас си дојдов од одмор вторник а тој требаше да иди во сабота, но он беше 2 смена таа недела и не можеше да се видиме. Дента пред да оди на одмор почна слики да ми праќа но јас не враќав и тој одма добро извини што те замарам гледам нејќеш да пишуваш со мене и јас му велам имам работа премногу е гужва и тој знам дека е сабота сигурно е гужва ајде се слушаме после. Додека он беше на одмор јас му реков дека не му пишувам ќе го оставам да ужива и нејќам да му досаѓам. Но тој продолжи секој ден да ми пишува, ми праќаше слики и не помина ден а да не ми пише. Си дојдоа порано од одмор бидејќи брат му требаше да оди во Италија на работа привремено. Брат му отиде во Италија средината на август а си дојде на 1 октомври. Е сега од како отиде брат му ние само 2 пати се видовме. Но ајде знам дека работеше од 6 сабајле до 12 вечер бидејќи беше сам и немаше друг. Но тогаш некако се намали и пишувањето, можеше да се деси и во неделата ич да не пишеме. Една вечер застанав да се поздравам со него и видов дека пишува со други но ајде нема врска секако јас бев иницијатор за тоа нашто да не биде ништо сериозно. А од друга страна не знам зошто но се налутив премногу. После тоа ми пиша каде си лепотичке моја и од тогаш можеше да се деси да си пишеме во 3 еднаш. Но една вечер се изнервирав премногу и му изнапишав еден реферат зошто не ми пишува, што се случило, да не сум погрешила некаде итн. Но тој ми рече дека за кратко пак ќе биде по старо, дека сега е сам и има премногу работа и дека нема слободно време и да издржам уште малку и ќе ми покажел како се љуби вистинска жена. Еден ден јас отидов во Скопје и тој ми ѕвони и ми вели имате ли каси на работа сакам да купам една спремај ми, и јас му велам ама јас не сум на работа во Скопје сам ако сакаш од тука ќе ти земам и тој вели нема врска немора можеби ќе отидам до кај вас. И вечерта му викам отиде ли до дуќано, дали купи каса и тој мк вели имав ногу работа не можев да беше ти на работа ќе ти дадев 100 евра и да одбереш каса да ги ставеш внатре бидејќи на внуката и е роденден. Крајот на септември го викнав него да ме однесе до една другарка бидејќи нели тоа му е работа, а и премногу сакав да го видам, и кога стасавме тамн јас испаѓам од колата и тој ми вели ќе си дојде брат ми за 3-4 дена и јас се израдував летнав до облаци. После за накај дома пак го викнав него, и замуабетивме за односи дали сме имале од нашето последно видување. И тој ми вели не, и јас му велам ајде не ме лажи знам дека пишуваш со други и тој ми вели не сум имал стварно а и секако сум немал време и прва прилика слобдно време знаеш дека за тебе ќе го искористам. И на 1 октомври гледам брат му го нема цел ден да се укл на фб и си викам си е тргнат не ме излажал но вечерта гледам се укл и се изнервирав и си велам толку од тоа. Сабајлето на 2 јас прва смена и кога се разбудив и одма ми текна леле не си дошол брат му и така ја накај работа го видов брат му во колата и одма се израдував. Попладнето му ѕвонив ја да видам што прави ова она и ми вели ај ми ѕвони втората линија чао и јас се налутив. После некое време ми ѕвони тој и ми вели зошто ми искл и јас му велам па ти ѕвонеше втората линија и тој ми вели па нели можеше да те ставам на чекање али ајде нема врска. И ми вели што планови имаш за вечер и јас му велам па сеуште ништо и тој па ајде ќе ти ѕвонам попосле. И ми пишува околу колку сакаш да се видиме и ајде испаднавме таа вечер. Од тогаш до денеска само еднаш се видовме. Неќна ме видел како еден другар ме донаса дома и ми пишува од каде со него, и јас му викам па ме начека и ме донесе и тој ми вели ногу бе па тај, што има тој да те донаса. И ми пишува ова нашево ако стане сериозно само едно нешто ќе ти забранам а тоа е да не застануваш со двајца личности а со други со кој сакаш дружи се. Но ми падна во очи она ако стане сериозно, тоа значи дека тој планира со мене повеќњ нешто. Утредента ми праќа слика од него и ми пишал за убав почеток на денот. Но од неќна го приметив некако слабо ми пишува, вчера му викам да не си ми лут и тој не какво лутење од каде искочи тоа и толку крај повеќе не пишавме. Што мислите за целата оваа ситуација? Јас знам дека со него во овој град нема да успееме но од една страна и двајцата имаме бугарски пасоши и имаме правено муабет јас ако отидам на страна и него да го повлечам. Едно време тој си замислуваше колку ќе ни било убаво, јас и тој заедно во станче таму сами итн. Јас не знам што да правам само знам дека се приврзав за него.
@alwayssmile87 не изледаш како да си се приврзала за него, искрено. Премногу си ладна и дечково упорно и упорно иди по тебе, нормално дека чувстува нешто за тебе. Ако едноставно еден ден му здосади да ти пишува и да иди по тебе, сама си го избркала. Ама, ете да речиме сега си прврзана за него и му го искажуваш тоа, седни и разговарај со него за твојот план. Дека двата имате бугарски, дека тој си замислувал колку би ви било убаво во станче заедно сами, и дека тоа почна да е и твој сон. Јас можам да кажам дека дечково те сака, и ако некогаш тој зборуваше како го сака ова, не верувам нешто да е сменато.
Да но исто така јас знам и дека пишува со други. Не е една туку повеќе и самата имам видено но во еднаш му реков да бриши разговор и тој од тогаш наваму ги бриши и неколку пати пред да влезам во кола имам видено како бриши. Ок значи самите одлучивме ова вака да испадне само кога имаме слободно време но доста пати сум била изневерувана и сега некако не знам. Некогаш ми е толку убаво со него и убав разговор правиме но некогаш ептен ладен е спрема мене. Ти благодарам на советот го ценам твоето мислење можеби и јас сум ладна.
@alwayssmile87 а нели не сте во врска? Тоа е дел кој го сфатив од твоето претходно мислење. Доколку сега разговараш со него, за да почните сериозно, тој нема да има причина да се постави несериозно и да пишува со други. А за овој дел: Према твоето претходно мислење забележав дека е ладен кон крајот на пишуваното, значи последниов период. Така е? Доколку да, тоа е зошто ти од сам почеток се постави ладно, прочитај го тоа што го напиша од аспект да си дечково, а не ти самата и ќе видиш што сакам да ти кажам. Се надевам дека ќе се средите. Крај краева, секој проблем се решава со разговор. Кажи му како се чувстуваш, не е страшно да се искажат чувствата, кажи му каква иднина гледаш и дека тој е во неа. Кажи му дека сакаш да почните сериозно.
Ехх ми се случило ова, и тоа не еднаш 2 пати Првиот пат бев ептен тажна и разочарана. Секако него ништо не му реков. Ниту пак со некој друг разговарав. Си ги задржав чувствата и разочарувањето во себе. После се испостави дека пријателска била сликата, девојката имала дечко. Како и да е потоа се случија други работи и ништо не се случи меѓу нас. Вториот пат бев мноогу мноогу повеќе разочарана и изнервирана. Иако мислам дека не требаше. Јас прерано почнав да си фантазирам а реално дечкото и не ми даде некој повод. Е тогаш си тагував 2-3 дена. Макар што мислам дека повеќе бев разочарана од себе отколку од него. Така да јас би ти рекла ако има нешто меѓу тие 2ца на сликата не вреди повеќе да се замараш за него/неа. Но ако мислиш дека имаш шанса, не се откажувај
Зошто секој тип кој премногу ми се допаѓа или го сакам (со еден збор, потенцијален кандидат за дечко) има девојка која е погрда од мене? Зарем машките се плашат од убави девојки? Ете јас за себе искрено мислам дека сум убава. Се чувствувам како машките потајно да се плашат од мене. Машка гледна точка е најпожелна, иако секој можи да ми одговори на прашањево.
Можеби е друго нешто во прашање, твојот карактер на пример... Не се плашат машките од убави девојки, напротив. Зш се плашат тогаш ако си убава а не си одбивна?
Никој досега (од потенцијалните кандидати) не се потрудил да ме запознае карактерно. А напротив, не сум к***а, крената, незрела или сл. Но сепак да бидам искрена имам високи критериуми.
Други работи се тука во прашање.... Порано низ времињата најубавите девојки сите ги посакувале, сега најубавите девојки се сингл (сами) Една прасица од Оустрелија да дојди овде , ке ја земи најубавиот дечко за жена Други работи се во прашање девојче
Како да го сторам тоа? Во денешно време, ако прва пишеш на машко си очајна, ако не го сториш тоа тогаш крената си. И сега?
Па ќе биде ладен, мисли дека го моташ на мал прст. Ако му кажеш дека сакаш да сте заедно сериозно, мислам дека ќе престане да пишува на други (веројатно мисли дека ти не сакаш повеќе и сигурно бара друга што би сакала да е 100% со него, а не само онака) и дека нема да биде ладен. Ама само разговор и искрено кажување на чувства. Најверојатно се плашиш од поврзување ти и затоа не сакаш да се препуштиш на емоциите.
Па не се пишува на секој, ќе пишеш на некој што знаеш дека е заинтересиран за тебе. Иначе ако мисли дека си очајна ако пишеш па не ти ни треба такво машко.
Да да, она ( @sj *O* ) е крива што денес на мушкиве само им се ебе, па не им се губи време со некоја за која треба да се потрудат, него идат на сигурно...