Јас да сум како него ич не ти се јавувам. 100 пати му спушташ, не креваш, се дуеш се креваш во облаци божем ти си недостапна принцеза.. Абе седи таму.. Човекот работи динамична работа, не како тебе. Нормално дека ќе биде зафатен. А ти се лутиш за тоа како да е крај на свет. Спушти се прво на земја а после размислувај за врска со БИЛО КОЈ ..
Знам, но проблемот е тоа што никој од тие потенцијални кандидати не ме запознал карактерно, а остатокот како да се плаши да го стори тоа. Не можам да му пишам на некој за кој не сум заинтересирана.
Во првото мислење имаше напишано дека сите кои ти се допаѓаат или ги сакаш, ИМААТ девојки погрди од тебе. Дали во момент кога ти се допаѓаат и се надеваш на нешто имаат девојки, или ...? Дали си отворена личност и дали во друштво не се плашиш да збориш? Дали делуваш нападно? Колку често чувствуваш љубомора?
1.Да, кога се надевам или чувствувам тие имаат девојки, иако ова беше исклучок еднаш 2.Немам друштво, туку само 2-3 најблиски другарки. Кога би била во друштво не би била мн отворена, но кога би била насамо со некое машко кое го сметам за потенцијален кандидат, би била отворена 3.Во која смисла нападно? Физички или карактерно? 4.Не многу.
@theowndemon @x.Daisy.x @Dust ви благодарам на советите. Ќе видам што ќе се случува во моментов па наредно видување ќе правиме сериозен муабет за иднината. Да напоменам само имаше една девојка тој пишуваше со неа и тој и лајкнуваше се, и приметив дека одамна не и лајкнал ништо и последниот пат кога се видовме видов дека ѕвонила и јас му велам што правивте муабет и тој ми вели ај оди во блокирани повици и таму беше нејзиниот број и уште 2-3 броја и он вели тие се на нејзините цимерки нели гледаш дека бројо е блокиран она ме замара.
Последниве неколку години беа малку тешки за мене, ми се случија некои ситуации во кои луѓето за кои ги сметав за блиски, испадна дека не ми мислеле баш толку добро, и секако се оддалечив од нив. Останав со една така поблиска другарка, и уште неколку што би можела да ги наречам пријателки, но не премногу блиски. Од друга страна сум во врска околу една година, и веќе неколку пати се соочувам со една ситуација. Дечкото знаеше за работите низ кои сум поминала и дека немам многу другарки или друштво,и тоа никогаш не претставувало проблем. Додека бевме на почетокот уште, јас се дружев и излегував со неговите другари, не како негова девојка, туку јас ги знаев луѓето од претходно и едноставно се дружевме. Како поминуваше време, друштвото малку се подизмени, дојдоа и неколку нови луѓе кои му се поблиски на дечко ми отколку на мене, јас ги знам само онака. Додека излегувавме порано, јас немав друго друштво како што веќе спомнав, и излегував практично само со нив, чат пат со некоја другарка така. Неодамна се соочив со ситуација каде дечко ми излегува сам со истото друштво кое и јас сум се дружела (машко друштво да речам) за кои излегувања иницијатори се тие новите кои се другари на дечко ми, на кои јас не сум поканета ни од нив, но ни од него. Јас немав проблем со тоа, разбирам дека сака да излегува и само со другари понекогаш. Последниот пат кога тоа се случи, ние веќе имавме спомнато да се видиме таа вечер, и јас не испланирав ништо друго, мислејќи дека ќе искочам со него. Разговаравме и ме праша дали ќе е проблем да преместиме за наредната вечер јас и он, бидејќи го викнале другарите да искочи. Се осетив како опција искрено. Не беше фер бидејќи јас планирав дека ќе бидам со него, а тој ме извиси поради излегување со другарите (кое се случува да речеме неколку пати во месецот). Малку се налутив, и му реков дека се осеќам како опција да сум му, и дека ако нема што да прави, тогаш ќе се види со мене, но кога го викаат другарите оди со нив. Тој дури и ми префрли зошто јас не излегувам со друштво (со кое друштво? го прашав, кога ја знае ситуацијата), зошто не одам со другарка ми некаде (јас се гледам со неа но не можеме пречесто бидејќи и таа си има свои обврски и не може цело време да биде достапна само за мене) и слични работи кои искрено ме повредија и ме потсетија колку уствари сум осамена. Јас секако не сакам да му ги забранам тие средби и да му правам проблем за тоа, но конкретно оваа ситуација ме навреди бидејќи ме стави на второ место, и индиректно ми кажа дека ќе му било поинтересно доколку искочи со другарите во дискотека. Прашањето ми е, тоа што тој од мене очекува да го разберам, и да не реагирам и се бунам кога ќе го викнат другарите и дека ќе е во ред да искочи со нив, иако се договорил со мене претходно (но преместил за друг ден) и да ме остави да бидам сама дома вечерта, а јас го сметам тоа за непочитување, дека ако се договорил со мене, треба да искочи со мене, или подобро да не избрзува со договори доколку мисли дека ќе искочи со другарите. Како да го решам ова? Сакам од друга страна и да му покажам дека не зависам од него, не сакам да мисли дека сум очајна (иако на моменти и така се осеќам). Кое е вашето мислење? Јас претерувам или нормално и логично е да се осеќам така?
@alwayssmile87 јас колку што разбрав не ти е дечко туку мувач/секс френд и нема логика да бараш објаснувања со кого се слуша,пишува или гледа. Да имате официјална врска во ред е,но вака нема логика ....
Штом имаат девојки не можеш да очекуваш да те забележат. Со некоја причина се тие со девојките, нешто ги поврзува подлабоко од убавина. За нападна смислата беше карактерно.
Те разбирам потполно за друштвото, за разочарувања и за немање на другарки. Колкава си? Идеш ли на факултет? Јас би ти рекла ако можеш да излегуваш на кафе колку што можеш повеќе и не мора со некој што го сметаш за близок. Значи, не мора да им се доверуваш или да им кажуваш детали од твојот живот туку ете така да излезете на кафе да се прошетате, да си поминеш убаво, да се подружиш. Секако ако можеш, и ако имаш со кој. На пример ако одиш на факултет, пиши на некоја другарка/колешка сакаш ли да одиме на кафе после факултет или некоја вечер. И јас лично немам многу другарки кои ги сметам за блиски, ниту пак друштво, дури и со нив не се гледам многу. Ама кога ќе ми се јави можност да излезам и со некоја познаничка обично прифаќам. Дечко ми има друштво ама јас го оставам да оди со нив без мене. Секако не би ми било се едно ако се договори со мене и после да ме откачи, и мислам да му кажеш дека не сакаш да не излегува со нив, ама веќе ако сте договорени да не менува. Од кај знае он дали не те викнала некоја другарка а ти си и откажала затоа што си мислела дека сте договорени со него? Мислам дека договорот треба да се почитува, и те разбирам од каде доаѓа тоа дека си опција. Не е фер ако му искочи нешто поинтересно тебе да те става во заден план. Дали само ова е проблемот или нешто друго се случувало во последно време, па да мислиш дека не сте веќе баш во добри односи, и оди со тебе ради реда? Не реков на некој што не си заинтересирана да му пишеш, туку ако видиш дека некој кој ти се допаѓа ти се „пушта“ мислам дека би било сосема океј да му пишеш.
Зависи. Ако некој ме испровоцира на неубав начин со моите зборови би можела да испаднам нападна. Пошто знам доста убо да враќам на лоши провокации. Но ако не е лоша провокацијата тогаш не сум нападна.
Стори оф мај лајф....мене еднаш еден ми рече бирам просечни затоа што ниту сум во постојана мисла за тоа каде и да влезе сите погледи ќе бидат вперени во нејзе, а и поубаво е чувството кога ти изгледаш како подобрата прилика..... Јас го имам истиот проблем неретко се случува личности со кои сум се запознала да имат сосема поинакво мислење за мене додека не ме запознаат... Трпелива сум,си ги знам своите квалитети а квалитетите брзо се препознаваат, уживај и биди трпелива додека те запознаат поубаво затоа што во денешно време квалитет и убавина многу ретко одат заедно....
Ајде тие што имаат девојки. Останатите? Мислам мажите се плашат од убави жени, поради нивното его. Еден тип дури и ми велеше да ги намалам критериумите. Се разбира, не ги намалив.
@x.Daisy.x Ти благодарам на мислењето. Многу ми значи. Ќе се потрудам да излегувам повеќе. Инаку само ова е, другото е се во ред. И знам и дека некогаш и ги одбил другарите пример и бил со мене, но тоа сигурно било дека тогаш тој така сакал и повеќе му одговарало. Не знам како би избегнала пак ваква ситуација, кога разговаравме, некако ко да не ме разбира и како да очекува да го сфатам и поддржам.
И јас така мислам, можеби поради досегашното искуство....се некако ми проѓаат преку мои другари и другарки, мислам дека полесно им е одколку директно да започнат разговор со меме.... Ама како и да е понекогаш подбутни ги работите и ти, јас искрено доколку некој ми се допаѓа превземам иницијатива да ме запознае...одкако сум го постигнала тоа оставам на него...со среќа се надевам ќе си најдеш во блиска иднина некој што ќе биде доволно храбар да ја види и сржта во тебе а не само површината...
Јас ќе ти кажам зашто сум се нашла во слична ситуација. Само што со тие што имаат девојки гледам воопшто да не започнам некој контакт повеќе од пријателски. Машките денес сакаат повеќе работите да им се ставени на тацна одколку женските. Колку само примери има каде женската си ја ,,мести" работата а тој добива женска без малку напор. Од друга страна сум имала додворувачи кои не се откажале лесно но мене сепак не ми се допаѓале. Така да ќе речам дека сеуште постојат такви прави момци само сите коцки треба да се наместат. Во твојот случај тие веќе што имаат девојки си ја наредиле работата и не би сакале да почнуваат од почеток, бидејќи гледаат дека ќе треба да те освојат според тоа како што рече дека имаш високи стандарди а ретко кој би се борел за нешто ако не му е сигурно, кога од друга страна има веќе врска и девојка до себе. Секако ова држи вода доколку момчето не е заљубен во својата девојка туку само сака да е во врска.
@Luminary јас мислам дека не треба да си земаш се при срце. Нормално дека не е сеедно кога го планираш времето за една личност и после те извиси поради други но јас мислам се додека не го прави тоа намерно и постојано нема потреба од грижи. Сите сме понекогаш осамени. Како што ти кажаа погоре не мора да ти се блиски другарки излези со некои познанички. Ќе ти помине времето, ќе се расположиш. А и па на крај краева понекогаш и не ти треба никој. Излези си сама, шетај се, купи си нешто. Ем ќе ти помине времето ем ќе ти биде убаво.
Ти го правиш првиот чекор, во случајот како со проблемот што го пиша. Ако те бендисувал дечкото ќе ти пишел тој прв. Не ти пишуваат зошто се зафатени, значи одлучиле со некоја друга да се во врска, не дека не му се допаѓаш. Не се замарај премногу, сигурно ти се удвара некој, ама не сакаш да дадеш шанса
Од кај ќе знаеш дека му се допаѓаш ? Не можеш да знаеш ако не ти каже, може само да си претпоставуваш