Па според постапките, гестовите, како се понаша со мене а како со други, има разлика. Дури и други пријатели кои набљудувале и биле присутни ми потенцирале дека има нешто.
Можеби е срамежлив и не знае како да ти се доближи ....А зошто ти не превземеш нешто, пример пиши му прва. Па после види како ќе се одвиваат работите.
Ако му се допаѓаш и има девојка може само да му се допаѓаш и да го привлекува твојата убавина. Има и такви што ќе прават нешто на страна, ама овој изгледа верен е.
Па по неколку месеци после ,,нашево" ми пренесија информација дека се гледал со некоја. Така да не верувам, сигурно имал нешто друго во план како што пиша но сакал да седе и на втор стол за секој случај нели.
Почнав да искачам со еден тип.Ме маткаше као демек сакал сериозно со мене.На другарки мој им пишуваше пушташе муабет загреан беше и слично.Кога сега ми се јави другарка го видела со другар девојка негова он и уште една девојка.Како што ми опиша другарката бил насмеан од 6ка до 6ка и идел со девојчето а другарму и девојкаму биле малце пред нив.Пред околу саат време ми пиша он: "само сакам да сум со тебе" и ме покани да се видиме утре но поради обврски му откажав за друг ден.Девојки он другарка ми не ја видел и јас му пишав: Што правиш ти? Сега чекам да видам што ќе ми врати.Не е прв пат ова да го фатам во лага пред една недела ме лажеше дека е болен и на крај го видов искочен но успеа да се извади.Сега сакам да слушнам мислења како вие би постапиле? Стварно кретен испадна.Фала Богу на ништо не му верував ама сакам да му дадам до знаење дека јас не сум му играчка!!!Помагајте и убава вечер ❤
Па ако лаже за ситници ќе лаже и за големи работи. Јас не би го сфаќала тоа сакам да сум со тебе како нешто сериозно. Секој маж што сака да те придобие ќе ти симнува ѕвезди, се додека не го добие тоа што го сака.
Не е само тоа имаше и многу др зборови што ми ги кажуваше.Брак,деца такви работи.Јас стварно не верував но сега се мислам ако ми каже дека бил дома што да му кажам?Ми иде да го извреѓам и блокирам ама незнам.Брза сум многу на јазик затоа и се обратив тука
И јас да сум машко ќе зборувам за тоа што секоја девојка сака да го слушне. Не му враќај. Нека ти каже и како ништо да не било. Ако е лажго, така и си заслужува.
Во духот на темава знам за една трагикомична случка, макар што на девојките не им било смешно сигурно. Во големо друштво, се запознаваат две девојки и одма нешто муабет, какви се машкиве, ова-она. И еднава и вели на другата излегував со еден, многу ме зафркна. Го кажува името и одма молк. И другава девојка излегувала со истиот и тоа баш во ист период. Двете ги лажел дека сака нешто озбилно, а на крај фатил трета. За малку ќе станеа другарки, ама ете. Има некои момци тука во мк, стварно незнаат да пријдат на девојка. Ама па затоа некои со три одеднаш. Свака ви част.
Штом уште на почетокот те лаже, пиши пропало и да бидете во врска тоа од негова страна не верувам да се смени. На твое место не би имала ништо со него, зошто секогаш би го гледала со недоверба, ете така се поставил дечкото. И да, очигледно не си единствената која ја матка дечкото има повеќе. Ако ти е за забава само и за врска без обврска ок, за нешто посериозно со несигурен и нестабилен лик не верувам да имаш.
Да ти кажам искрено Тоа и ќе го направам. Се додека не се потруди малку не превземам повеќе ништо во врска со него. Ни еднаш не рече да дојде да се видиме, ќе сме се договореле, ќе сме ова, ќе сме она.. а имаше многу слободни денови . Ми зодсади тоа негово влечкање , чекање, договорање. АКо он не се замара јас нема ич
Па искрено јас би ти препорачал да почекаш и да видиш дали пак ќе го фатиш во лага. Тоа што бил со некое девојче не мора ништо да значи, можеби таа му е само другарка и ништо повеќе. Ако го фатиш сега во лага тогаш е веќе друго, реагирај. Инаку јас не би ти препорачал исто така да започнуваш со него нешто неофицијално, на пример да одиш со него само за секс и сл. Прво, не знаеш каков карактер е човекот, што ако утре си го пука егото на кој стигне за тоа како тој те легнал тебе? Второ, секогаш барај луѓе за сериозно а не за глупости. Ако сакаш да изградиш сериозна врска со некој кој ќе те сака и почитува и ќе те третира како партнерка рамна на него тогаш оваа опција со „само секс“ исфрли ја од игра.
Ти благодарам мила и јас истото тебе ти го посакувам. Па не можам да му дадам шанса на некој кој не ми се допаѓа. Макар и тој некој да ме прошета низ Њујорк со хеликоптер, пак не би му дала шанса. Во моите случаеви, јас сум секогаш таа која си ја мести работата кога ми се допаѓа некој, т.е. јас го правам првиот чекор. Се разбира, во најголем дел од случаите кои ги имав, мојот план за запознавање на некој пропаѓал во вода бидејќи рано откривав дека се зафатени. Оние кои ми се додворувале не ми се допаѓаат воопшто.