Majni go i ne ni ocekuvaj deka ke ti pisi, i duri i da se javi pak, ke bide samo zaradi negovoto ego. Moze ke ti bide tesko nedela dve ama posle ke bides stekna sto si go otkacila.
Бевме излезени со друштво,таму беше и дечко ми..И отидовме ние да палиме цигари надвор и кога се вративме во кафичот,стоеше дечко ми со еден другар.И се качуваме по скали,другарка ми пред мене беше,ја изгледа во задникот а таа е многу полна таму,јас сум ситна не знам ова дали значи нешто али многу глупо ми стана од таа глетка...Сега знам дека сите гледаат,ама ова е претеризам дали даму кажам за ова за во иднина така пред мене да не се испонаша или не зашто можи глупо ќе му е па.
Секој гледа, и ти да најдеш некој на улица згоден ќе го измеркаш. Но, барем пред тебе не треба да е толку очигледно.
Како се справувате/помирувате со разделба? Бев во неколку месечна врска која неодамна се заврши и веќе подолг период не можам да се помирам со тоа. Не можам да прифатам дека е крај, постојано ме прати некое чувство на надеж дека нешто ќе се смени, пак ќе бидеме заедно, иако не верувам дека постои шанса за тоа. Тој беше тој што ме напушти, иако вината за недоразбирањата меѓу нас беше обострана. Не можам да се помирам, психички ме измачува, до тој степен што не можам да се концентирам на други работи , нонстоп мислам на него, каде е, што прави, има ли некоја друга . Немам мир, спокојство.Ме излудува. Излегувам, се дружам но и тоа не е тоа. Немам некои асални другарки, тука се само кога имаат корист за нешто/.
Дај си време, само тоа ќе ти помогне. И да сакаш да не мислиш уште повеќе ќе мислиш, но со тек на време ќе се намалува тој неспокој.
Многу едноставно. Ќе си ги повторуваш сите лоши работи и карактеристики за него, сите маани и се што не ти се допаѓало кај него. Најди нешто што ти е одбивно и цело време кога ќе се сетиш на него ќе ти помине. Како што тој знаел да те расплаче некој друг ќе знае да те насмее. Запознај некој нов, по некое време може и врска ќе испадне.
Да беше вака едноставно како што и го даде советов немаше да има љубовни болки демек маните да му ги гледала,човек кога е заљубен и маните на саканиот за него се минорни,зашто се вика љубовта е слепа,не гледаш со очи,заслепен си. Ако си го сака сеуште не се запознава така лесно нов...
Се зависи и до човекот. Колку уствари он те сакал и колку му значиш. Јас со дечко ми 3 години скоро одам свашта ни се има случено. Ако не сме сакале и двајцата одма ќе се оставевме ама ние секогаш наоѓаме начин за повторно да сме заедно, и секогаш успева. Може ни нашето не е во ред, but the heart wants what it wants. Така е случајот и кај тебе, НО само од твоја страна. Чим викаш дека дечкото те оставил и нема никаков знак дека сака да се смирите тогаш, стисни заби, искачај почесто со другарки не мораш да се форсираш по диска и кафичи јас го имам правено тоа и се помизерно се имам чувствувано. Прави тоа што тебе ти одговара и она што тебе те прави задоволна, а добриот дечко сам ќе те побара. Поздрав Ми се има случено и мене така да се загледа во друга девојка пред мене, мислам дека е нормално се додека не почне да ја издига како божество пред тебе. Секој си гледа, и јас сум погледнала дали пред него, дали кога сум сама тоа е нормално. Сепак, он те посакува тебе и ти него. Затоа сте заедно
Затвори се дома и чекај си го принцот на бел коњ. Тој не ја сака, да ја сакал ќе останел со неа. Кога раскинува некој крај е готово. Тој вечерва може ќе се плесне со некоја нова, нека седи и нека чека таа. Си го сакала. Лелее јака работа ејјј. Ќе си продолжи со животот. Секогаш треба да знаеш да пребродиш.Тој неа не ја сака.
Кажи му. Секогаш треба да бидеме отворени и да си кажеме што ни пречи, ако сакаме во иднина да нема проблеми. Може па и било несвесно, не знаеме. Но ако сега преќутиш, постои можност пак да го стори истото.
Ти претпоставувам иако не те познавам си највеќе студентка повеќе не верувам и муабетов го вртиш као ќе се натпреварува она со него дали од коа ќе се скараат кој повеќе ќе сврти партнери??? Она нема да се затвори дома ама ако го сакала си има стадиуми кои треба да ги преброди и преболи сама,кај некој трае 3 месеци кај некој 3 години кај некои за жал не успеваат повторно да засакаат. Сама си кажува дека излага ама не и оди.Чуствува вина и самата дека делумно и она е крива за крајот и природно е да се надева дека може ќе се смират. Ти ја учиш фати одма друг а не си расчистила уште со чуствата и со надежта. А надежта е најлошата,последна умираше нели?
Велиш девојка млада да седи дома три години. Од кој век си ти бе чиче ? Многу нормално дека ќе си продолжи понатаму и дека ќе си најде нов дечко. Некој кој ќе ја сака, а и таа ќе го сака него. Надежта е најлошо нешто што може да го има секој човек. Треба да се биде реален, а не да се живее во заблуда. Јас мислам ти во заблуда живееш, некоја убаво ти го има напикано. Животот продолжува за тој што знае да го живее.
Стави си во глава дека врските се тестниот период, оној кој треба поубав да е од бракот. Ако врската не оди, замисли каков ќе биде бракот Никогаш не вреди да се бориш за пропадната врска, не треба да се надеваш да се смирите. Треба само да се надеваш дека следниот ќе биде милион пати подобар од него. За пропаднати врски не вреди да се бориш.
Дај си време сама на себе и ќе го пребродиш тоа. Најди хоби, нешто што те исплнува, организирај си го времето, биди зафатена и ќе ти заминат мислите од него. Убав совет ти дале погоре...Мисли на неговите негативни и лоши страни (секој има лоша страна), па може ќе се налутиш и полесно ќе го заборавиш.
Дај му време на времето. Мене ми требаа 6 месеци да се стаболизирам од една кратка врска ама ете тоа е. Стави си правило дека не сакаш машки и занимавај се,со се што те исполнува. Ако водиш дневник пишувај, раскажи на некој непознат за тебе, разговарај. Прости си себе си, излези на состанок со себеси. Ќе помине, секој е различен. Среќно.