Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. young.lady.

    young.lady. Нов член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Врската ја прекинавме заради најобични недоразбирања, буквално за глупости беше што се вели. Виновни бевме и двајцата, според мене, иако тој прв пресече и стави крај. Се обидов за уште една шанса да си дадеме а тој ме отфрли.: /
     
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство ќе ти кажам само да не форсираш ништо. Не сака да е со тебе, ок, батали го. Не го барај. Со тек на време ќе ти се изгуби навиката да го бараш да контактираш со него и ќе го заборавиш. Исто не форсирај нови љубови или излегувања, журки и сл ако не сакаш. Прави тоа што ти се прави. Ако ти е полесно во сабота навечер да лежиш и да плачиш, остани така. Ако ти се излегува, излези. Ако ти се оди таму кај што би бил тој, оди. Ако ти се оди на др место, оди на др место. Тоа не значи дека ќе престанеш да го сакаш. Ама се е полесно кога го правиш тоа што сакаш да го правиш.
     
    На honey.11, aleksandra4444, young.lady. и 3 други им се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Девојко, по ова што го пишуваш јас заклучувам дека само еден мал дел од вината лежи кај дечкото а кај тебе поголемиот дел. Зошто инаку би си ја чукала главата вака доколку вината би лежела во иста мера и кај него?
    Анализирај си ги постапките и извлечи поука за да не ти се случи вакво нешто повторно во иднина.
     
    Последна измена: 17 октомври 2017
  4. young.lady.

    young.lady. Нов член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Го сакам сеуште, затоа не можам да се помирам и да ја прифатам ситуацијата , бидејќи раскинавме за многу банални работи за кои и двајцата сме виновни , дозволивме да се заврши на ваков начин т.е. тој дозволи. Исто така ме копка што јас се обидов уште еднаш за да си дадеме шанса а тој ме отфрли. Тоа најмногу од се ме копка, што се понижив.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069

    Тогаш дефинитивно и двајцата треба да се промените што значи пак донекаде стои и тоа што го напишав. Убаво што си ги анализирала постапките и си заклучила дека за глупости ви завршила врската.
     
  6. young.lady.

    young.lady. Нов член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до мене јас немаше да дозволам да раскинеме за ГлупостИ , тој самиот така сакаше.
    Патем, ти многу ја изврте приказната . Мислењето ми беше за како да се справам со разделбата, а не анализа и последици на нашите постапки.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Schhhh...

    Schhhh... Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Машки
    Не те сака иначе кога си побарала втора шанса ако сакал ке сте се смиреле.
    Како да го преболиш.
    Нема гледање љубовни филмови,тажни срцепарајучи песни,бришеш се што те поврзува со него од најситните работи до најкрупните...не постои како личност...умира во твојот свет.
    Надеж нема да си даваш никаква колку и да испадне после макар и најмала...зашто тој е за тебе мртов а ти со мртовци си немаш работа.
    И си тераш со животот,е сеа мене ми требаа две години ама се надевам дека нема да забегаш ти како мене.
    Со срека
     
    На aleksandra4444 и Justicija им се допаѓа ова.
  8. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Знаеш што, нема проблем, нека биде така, претходното мислење го избришав. Ако ти сметаш дека си во право и дека не сносиш никаква вина, нека биде така. Малку си контрадикторна али нема врска, прави како што ти чини. Јас сметам дека треба да се анализира проблемот за да најдеш решение и да не ти се случуваат вакви работи, значи сакам да ти помогнам, но ако ти сметаш поинаку тогаш во ред, го прифаќам твоето мислење и понатаму нема да ти се мешам. Извини искрено и од моја страна што досега ти се мешав.

    Еве ќе ти дадам и конкретно мислење во врска со преболувањето. Никогаш нема да го заборавиш ова искуство, секогаш ќе ти остане врежано во меморијата и кога ќе мислиш дека си го заборавила, секогаш ќе се најде во незгоден момент нешто што ќе те потсети на сето ова.

    Љубовта можеби и ќе исчезне, но болката и каењето ќе останат. Така да, ќе мораш да научиш да живееш со болката.
     
    Последна измена: 18 октомври 2017
  9. Schhhh...

    Schhhh... Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Машки
    Па зашто бараш совети коа даваш половични приказни побогу?
     
  10. young.lady.

    young.lady. Нов член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Совет побарав конкретно за тоа што сум го навела во постот, а не надвор од него.
     
  11. Raketa

    Raketa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    510

    секогаш позади навидум банални раб има некоја суштина...искрено ретко давам совети и секогаш кога пишам е за слични ситуации во кој се препознавам... Со бивштиот се разделив за навистина банална причина (а во суштина ме нервираше фактот што не му бев приоритет, премногу зборуваше ништо не исполнуваше, не знаеше да ме израдува, онака со мал гест од срце ...) и тој беше убеден дека ќе помине бидеејќи причината беше навистина банална а во суштина беше сосема друго... Мој совет ти е да пробаш уште еднаш да разговараш да ти објасни навистина зошто не сака да се смирите... Ако и тоа не успее очигледно е дека убавина со сила нема да биде...
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    724
    Здраво девојки ми треба совет. Со дечко ми сум во врска скоро 3 години, од мината есен сме во врска на далечини, бидејќи студирам во странство. Се враќам скоро на секој месец така да не е толку лошо, а во останатиот период се допишуваме и слушаме. Не е најидеално но таква е ситуацијата, до пред 2 недели беше се океј, се слушавме скоро секој ден. Во последните две недели се помалку и помалку ми се јавува. Ја сум таа што го бара и што му пишува и не тоа проблемот, туку тоа што кога ќе се слушниме зборуваме максимум 10 минути или му треба 2/3 саати да ми врати на порака. И вчера му пишав дека ми смета тоа што малку се слушаме и што станува се поретко и поретко, он ми врати дека нема многу време зафатен е со колоквиуми и учеше итн. подобро да сме се слушнеле 10 мин одколку николку. Јас сфаќам дека он има за учење и го почитувам тоа, но кога гледам дека има време да искочи на кафе со другари, колеги, да гледам серија сметам дека би имал и повеќе од 10 минути во денот за да се слушни со мене. Што да правам? Не знам дали ја премногу безвезе реагирам и си правам во глаата некој филмови, и барам проблем таму кај што нема...или пак дека треба да ми дојди па не можам пола емоции да си ги контролирам :sweat:
     
  13. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Здраво,

    Дали тоа се случува само последниве две недели или пак од поодамна ова се случува? Зошто можеби и за своите другари нема толку време, па и кога се гледа со нив се гледа најверојатно ограничено т.е. со ограничено време. Ако е тоа само овие две недели немаш потреба мислам од било каква паника, не е крај на светот. Можеби навистина поради обврските не може да се слуша со тебе често во моментов.
    Почекај и види како ќе се однесува и понатаму, ако продолжи понатаму вака да се однесува биди малку подиректна и објасни му дека тоа едноставно на тебе ти смета и дека не може тоа така да продолжи.
     
    Последна измена: 22 октомври 2017
  14. Chini

    Chini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :) Нова сум на форумот меѓутоа ве следам веќе подолго време :) Имам проблем и ми треба совет. Во врска сум веќе 5 год меѓутоа последниов месец сме на пауза, по заедничка одлука. Двајцата на некој начин бевме незадоволни во врската веќе подолго време, секако мислам дека јас бев повеќе незадоволна. Сум имала доста тежок живот и тој бил првиот човек на кого сум се отворила и на кого сум се доверила со се што сум јас. Проблемот е што од секогаш во врскава сум се чувствувала осамено, како да постојано молам за внимание и никако не добивам!! Не сум некоја разгалена и не барам да го сврти светот наопаку за мене ама барем малку внимание да не се чувствувам дека за се што правам сум сама без негова поддршка. Сум му кажала се и неговиот одговор беше дека се плашел целото време дека можеби би го повредила некој ден и заради тоа не бил спрема мене тоа што уствари е. Секогаш сум се трудела да бидам добра девојка, пријателка да знае дека има некој покрај себе и се прашувам каде грешам постојано и дали е до мене што вака се чувствувам. незнам што да правам??
     
  15. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Здраво девојче :) Добредојде на форумов!
    За жал, со чесни исклучоци, долгите врски од овој вид доживуваат во одреден период вакви искушенија, кога или ќе се издигне врската на едно повисоко ниво и ќе биде поубава од кога и да било, или пак ќе сфатите дека сте си ги потиснувале меѓу себе незадоволствата и не сте разговарале отворено за секој проблем или препрека на која сте наишле.
    Овде игра голема улога и од кога сте заедно, односно, колку сте возрасни.
    Остави еден период да слегне талогот, што велат. Излегувај, занимавај се со нешто што те исполнува, па и флертувај, се разбира, во граници кога не би ја повредила твојата врска „ставена на чекање“. Остави го и него малку сам, не го барај често, слушајте се кога ќе имате навистина нешто интересно да си кажете.
    Ако ти недостасува, ама вистински ти недостасува дечкото а не само како некоја сигурност и навика која била тука изминатите години, и се фаќаш како размислуваш за него, тоа е тоа, гушнете се, испланирај незаборавно страствено враќање :) и продолжете понатаму, позрело и поотворено. Се се може кога се сака.
    Се надевам дека ти бев колку-толку од помош, барем јас така би постапила. Чувајте се :*
     
  16. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Ти си се поврзала со него, си му споделила нешто што на никој не си го кажала? А тој? Од твојата страна ја гледам љубовта и се гледа дека ти значи, ама од негова не. А и нема што повеќе да очекуваш од емотивно незрел маж кој се плаши од обврзување. Не можеш да го натераш или да го изманипулираш да се однесува како што ти сакаш. И 5 години сте во врска тој се плашел да не го повредиш?? 5 години ?? Долго време одите и тој знае дека во скоро време ќе треба да се ветите за цел живот и тоа е тоа што го плаши. Не е сигурен, а најлесно е да се префрли вината на другиот. Напиши на еден лист позитивни и негативни страни на вашата врска и ќе го најдеш одговорот. Зошто денес се 5 години, а не добиваш внимание. Кога ќе сте заедно 15 години што мислиш? Рози ќе цветаат?
     
    На Chini и +++ им се допаѓа ова.
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    И јас гледам на оваа работа исто како што гледа членката погоре а верувај дека ваков човек не ти треба. Можеш да пробаш да му укажеш дека треба да си го промени мислењето ама искрено ако тој сега се плаши од врзување тогаш можам да си замислам што ќе биде кога ќе се соочи со далеку потешки проблеми во животот.
     
  18. Chini

    Chini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски

    Фала ти многу на советот баш на ова не сум се сетила да си наишам, добра идеа хаха :D Можам да кажам дека се согласувам со твоето мислење зошто истото си го мислам и јас само ете толку сум се изгубила овој период и доста мисли ми се мешаат.

    Па и не дека не сум пробала да му укажам, повеќе пати сум зборувала меѓутоа како да зборувам со ѕид ми доаѓа и како воопшто да не е важно моето мислење, барем јас така сум се чувствувала.. И да не би требало да сум сама во секој проблем, потребна ми е поддршка


    Ти благодарам :D Мислам дека ова е точка каде што не можам да трпам веке затоа и дошло до тука. Искушенија имало и секогаш сум попуштала само за да биде ок зошто и по природа сум многу трпелива личност, А и овој период воопшто се немаме слушнато, а јас немам намера да бидам таа што ке го бара зошто доволно е од моја страна мислам. За недостасување, има денови кога си мислам дека и подобро ми е можеби без него ама како што кажав премногу мисли ми се во главата, права шашма :D
     
    Последна измена од модератор: 25 октомври 2017
  19. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Епа чим си пробала и си видела дека нема резултати тогаш те охрабрувам да направиш чекор напред и да почнеш да бараш некој кој е похрабар во животот. :)

    Поздрав.
     
    На Chini и Doris123 им се допаѓа ова.
  20. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Врските на далечина не се лесни. Можеби по три години далечината ќр си го направи своетп т.е или ќе ја сруши или зајакне врската. Јас би ти кажала да почекаш додека не се видите и да не паничиш. Кога ќе го видиш кажи му што ти смета и прашај го што се случи што ја предизвика оваа промена? Можеби тој си прави филмови во глава дека ти таму сега ќе запознаеш нови луѓе, најдеш некој друг па се затвара сам во себе. Види што ќе ти каже и после ќе знаеш.