Пак јас. Да се надоврзам пак на мојот проблем. На 17 октомври се видовме. Си поминавме прекрасно, можам да кажам и дека повеќе се гледавме одколку што разговаравме. Правевме општ муабет и некако се чуствувал исполнето тој момент. На 19 пак се видовме и таа вечер до сега ми е дефинитивно најубавата вечер од како испаѓаме. И му велам ајде да отвориме картите и он не е ни време ни место за тоа ајде само да уживаме. Си лежиме во кревет и гледаме дека бившиот на неговата бивша(на таа што е блокиран бројот) упорно ѕвони. И тој ми вели ајде јави се и кажи дека ти си ми девојка и да престанат да ѕвонат и тој и таа неговата. И се јавувам јас, правам муабет со тој и ми вели тој тебе те лаже, вака прави, онака прави, се гледа со неа не му верувај. Но јас му верувам бидејќи ми ја објасни целата ситуација за нив двајца иако го фатив во лага. На почетокот ми кажа дека немале односи никогаш, а сега ми кажа дека имале иако тој самиот се освести дека ми призна и вика одамна беше. Утредента ми вика дај ми број од тој што му ѕвонеше и јас му велам немам негов број од каде јас. И он па нелк го запамети ти збореше со него и јас тука почнав веќе да се нервирам и му викнав од каде бе човече јас негов број ни го знам човекот ни ништо. А тој вели дека му ѕвонел тај и му викал дека јас сам му ѕвонила и дека сам сакала да се видам со него и ајде тука малку карање ова она, дека нема врска му велам нели гледаш дека сака да не скара бидејќи ти имаш испаѓано со негова бивша па ја смиривме топката. На 24 после работа испаднавме со сестра ми да пазаруваме оти земав плата и тој ми вели земи нешто и за мене и му земав смоки и чоколадо и дека нели он таксист го викнавме него да не префрли до дома и му давам јас тоа и тој фала многу. И кога стигнавме давам јас пари за таксито и тој нема потреба. И после заборавив леб па му се јавив да земе и го донаса и вика повели и пак давам пари и тој пак нема потреба. Неќна на 25 правев емби и му кажувам и тој земи за на работа ќе поминам јас да ги пробам. И чекам чекам го нема а јас во 8 затварам и доаѓа тој во 7 ипол и пробува и вика ептен убави свака ти част. Но после тоа се скаравме. Правевме муабет на тел, му велам јас онака во муабет дека сум затрескана во еден дека вака дека онака само дека тој треба да сфати. И ми вели сваќам јас само треба и ти да сфатиш дека немам многу слободно време, и му велам јас а дали испаѓаш со друга и тој јас немам слободно време за на тебе да ти посветам а камоли уште една. И ајде муабет ова она и првин му реков дека ќе одам на кафе ама во последен момент ми испадна една итна работа да идам до соседниот град кај мајка ми. И јас кога испаднав во брзање не му кажав каде ќе одам и кога стигнав му се јавив и му кажав и тој е како бе сега таму нели на кафе ќе одеше ќе ме лажеш ли, со авион ли отиде итн. Му реков знаеш дека мајка ми е таму и таму морав итно да отидам и ајде кога ќе стигнам ќе слушнеме. И кога стигнав јас му ѕвонам и му велам ајде муабет да правиме а тој ако продолжиме со муабетот лошо ќе завршиме и оставивме за утредента. И вчера јас станувам и му ѕвонам да видам дали е се океј и тој ми вели кажи што имаш имам работа и јас добро се слушаме после. И видов дека станал пријател со неговата бивша девојка а таа сега е мажена и има дете. Ама пред 4 месеци таа му пиша и правеле муабет пола саат и му рекла тој да не и ѕвони туку само она ќе му ѕвонела некогаш. Тој тогаш одма ми кажа не сокри од мене дека се слушнале и го ценам тоа. И вчера се така јас пишувам тој чита не враќа и кога си отидов после работа накај дома тој ми пишува заврши со работата блазеси ти. И ајде муабет ова она и јас како од пушка му реков зошто го нема цел ден да пише и пак се скаравме и ми вели зошто ме нервираш? И јас му изнапишав се што ми лежи на срце и се исклучив од фб бидејќи не сакав одговор. И после пола саат ми ѕвони тој и ми вели јаде ми се сакам да ги пробам твојте сендвичи и ајде јас во ниедно време му правам сендвичи и му велам а емби сакаш и тој да ако имаш. И се уклучив на фб да видам што пишал а тој ми напишал дека знае како да направи една жена среќна и задоволна но дека јас не знам тоа да го задржам. И кога му го давам јадењето му викам дали се џабе трудам за тебе, дали се на крајо ќе ми се исплате и он ми вели на крајо се се исплаќа и тоа е тоа. После ми пишува ногу убави сендвичите стварно, и му велам јас па цени го тоа што во ниедно време ти направив јадење неверувам дека некоја друга истото ќе го направеше и тој ми враќа знам и го ценам тоа. Денеска го нема никаде ни да се јави ниту пак да пише. Не знам девојки што да правам јас веќе со него. Знам дека премногу работи, знам се, го сваќам се, но во последно време не знам што понатака. Дали ми вреде се заради една љубов? Иако понекогаш знае да пререче леле како и го имам меракот на оваа јас некако се стресам одма. Ниту знам дали сега да му пишам, или пак да чекам тој да пише. Не знам. Не знам. Веќе ништо не знам.
Прашање бр. 1 што се емби? Прашање бр. 2 немаш внесено доволно детали за тоа што правите кога ќе се видите? Затоа не можеме да помогнеме.
Излегувам со еден дечко некое време. Не сме имале романтични муабети до сега, но претпоставувам сето ова води некаде. Прашањето ми е за друго. Се договаравме минатата недела да излеземе на едно место, и еднаш он неможеше, а следниот пат мене ме фати грип. Не бев добра можеби 5-6 дена, и сега кога повторно се договаравме за да појдеме на истото место, ми рече нешто од типот „ама да не биде ко прошлиот пат, денес утре...па никад“. Му кажав дека не беше намерно, и сам знаеше дека долго ме држеше ова, и се испоизвинив, а он така ко подналутен „епа добро, ама да не чекаме празник да дојде за да одиме“. А тоа што он одби едниот ден не ни памти... Искрено, ич несакам конфликти со никој, и незнам како да го одлутам и почнав да се нервирам за сево ова. Дали он претерува, дали јас претерувам, дали и двајцата... ? И тоа возрасни луѓе сме, машала. Нека пише некој, ептен се изнервирав.
Зошто не можел? Многу е важна причината зошто се немате тогаш видено. А болест ко болест не те прашува кога да ти биде "гостинка." Зошто не му го кажеш тоа? Па не си ти виновна што си се разболела уште помалку да се извинуваш поради тоа. И никој не вреди да го молиш и да се понижуваш. Ако сака супер, ако не, не мора. Можеби грешам, но чинам дека сака да се скарате.
Неможеше бидејќи имаше нешто работа од денес за утре, па мораше да заврши таа вечер. Потоа упорно ми велеше дека не се лути. уф, ич несакам вакви ситуации
Девојко па што уште бараш со него ? Очигледно само си го пополнува слободното време со тебе, те бара кога му се сака или кога има некаква потреба, потоа исчезнува. И сама велиш пријатели без обврски, тој нема никаква обврска спрема тебе. Ти му даваш се на тацна, тој не мора ни да се потруди. Трети лица ти велат дека се гледа и со други, ти не им веруваш. Извади ги тие розови очила, погледни убаво. Постави си поголеми стандарди, будала ќе те прави само додека му дозволуваш.
Се е во ред и да имал работа, можеби е навистина така. Ете излезете, ако нема промена во однесувањето.. знаеш како да постапиш. Јас порано толерирав такви работи ама со текот на времето, ги отстранив тие што ми влеваат нервоза и се лутаат за ситници. Мене да ми каже еден дека мојот партнер ме изневерува, нема да поверувам, ама двајца или тројца ќе се запрашам. А и девојката лошо се поставила, сексање без обврски, кога ќе му текне нему, a она ќе си трпи оти заљубена до уши е, абе бегај. Добро,зошто не се почитувате себе си? Па последен нека е на свет, еднаш ќе му кажам, втор пат, трет нема да има. Во врска нема браќа, сестри, вујни, стрини, уште помалку па бивши. Постоите само вие двајца. трет нема. Кога гледаш дека сите тие се вмешани, бегај.
Прво, препознај ја иронијата во мојот коментар. Друго, шо совет сакаш за ваква врска без обврска? Тебе те има за сигурна. Ако смува нешто друго успат, арно, ако не, ти си секако на лагер. И то... Глуп ви е муабетот. Шо ако ти рекол така? Се замараш за нешто шо ти рекол. Одите, излезите, има многу поголеми работи од тоа шо ти рекол два збора на криво.
Тој е виновен од моја гледна точка. Прво, од ова што го читам заклучувам дека човеков нема воопшто разбирање и таков човек не ти треба. Нема потреба да се нервираш. А според мене човеков е и човек кој знае лесно и да изгуби доверба во некого. Замисли сега ти си во врска на пример со него и утре излезеш чисто онака на кафе со некој другар што го знаеш подолго време, овој сигурно ќе ти рече „Ама немој да се лапаш со него“. Мислиш дека вреди да си со некој кој вака размислува? Друго, ме интересира зошто го споменуваш ова: ...А тоа што он одби едниот ден не ни памти... Да не му замеруваш случајно и ти нешто за тоа што тој одбил еднаш да излезе со тебе? Те молам само кажи ми дека не му замеруваш и ти за тоа...
Воопшто не му замерувам. Во принцип никогаш не замерувам кога некој ќе ми откаже излегување, пошто има и утре ден. Тоа го спомнав бидејќи и тој откажа еднаш и јас откажав, а тој исклучиво мене ме окриви за нереализираното излегување. Јас му пишав прва за пак да се договориме. Да не ме искритикуваше тој, немаше ни да размислувам за ова.
Дијалог душо само дијалог Доколку и тогаш повторно не се реши проблемот , немаш што више да бараш од таа личност ! Срекно
Можеби имал лош период, или можеби не е сигурен дека навистина си била болна, и овој пат нека му биде. Ама ако ти се однесува на овој начин и за друга работа, во друга прилика - батали го. Само мое мислење.
Девојче олади малку од овој. Убаво те вози, ем му стиска ем му иска, а ти му јадеш од рака. Биди ладна, не му давај се на тацна. Плус во некои наврати многу детско се понашаш. Пушти го, исфрустрирано дете. Остави го да олади, ќе ти пише пак.
Дечко ми пред мене се имал со една другарка како сестра му била.А таа го сакала но тој во тоа време бил со друга,ама и кажал дека ја гледа како сестра на друг начин не.И кажал дека само другари може да бидат.После таа си фатила дечко и немала фб,сега раскинала и го додаде,ме праша дали да ја прифати му реков може...После таа му се јави,јас бев со него,и кажа за мене дека веќе има озбилна врска таа ни честита само.После дечко ми беше во градот кај што е она,се сретнале ми кажа не гледав проблем.Е сега му се јавила денес и го прашала кога ке оди за да излезеле на кафе.Почна да ме загрижува оваа,не ја знам во живо,од на дечко ми страната знам нема ништо ниту пак ке има,али ова почнувам да не ја поднесувам,ја немало цела година и сега му се јавува ова она..Дали мислите да му кажам да прекине контакт со неа или ке испадне многу глупо зошто тој како другарка ја гледа али не знам сепак ме загрижува таа.
Другарка му има пријатели и фб само кога нема дечко? Што има сега да му се јавува и да го бара, што сака? Не и ја разбирам поентата . И дечко ти прифаќа да се види со неа..после толку време откако таа го нема побарано. Искрено овде мене ми мириса нешто. Најдобро разговарај со него и кажи му што ти смета.
Која си ти да му кажуваш со кого да одржува контакт со кого да прекине? Најмногу што мразам се вакви забрани. Ако дечко ти сакал да направи нешто со неа, ти за ова немаше да имаш појма, а не да го пишуваш на форум за совети. Остави го да се дружи, чим е тој толку искрен со тебе сам ќе прекине да комуницира со неа ако види дека тоа оди во друга насока.