Епа тогаш врши му притисок и направи поголема беља, можеби ќе ти раскине и ти конечно ќе си најдеш човек кој ќе те задоволува орално.
А ти нему му пружаш орално задоволство? Ако му пружаш тогаш и ти престани. Ретко е машко да одбие таква работа, ама не и чудно. Едноставно може таков си е типот или таков му е периодот. Пробај смирено пак со разговор и отворено кажи му што е рабоата, но во никој случај не го притискај ако не сака...Не ја спомувај таа работа некое време, инаку ќе излезеш многу нападна. Може кога нема да се надеваш, ќе те изненади. Уживај и опушти се.
Ми треба совет. Синоќа раскинав со дечко ми за многу банална причина. Не сме од исто место, па тој е почесто излезен јас кога како а и кога и да излезам секогаш сум со него. Околу 00:30 ми пиша дека ме видел како излегувам од куќата на негов другар и се качувам во такси, па и дури сум се криела. А ЈАС НЕ БЕВ ИЗЛЕЗЕНА, ДОМА БЕВ. Ме присилуваше да признаам дека јас сум била и ако сакам да биде се како што беше да му се извинам што сум го лажела. Господе боже како да му признаам за нешто што не било, како самата да се понижам за нешто што не се случило? Многу лошо се искаравме, ми се закани дека ќе раскажува за мене дека сум била некоја курва и не знам уште што не ми викаше ми се дереше. Моето мислење е дека изгледа тој не знаел како да ми раскине па ајде си најде причина демек ме видел некаде и да можи да се спаси од мене. Што мислите вие?
Да, јас му сум пружила орално задоволство. Тој сака да го има, а не сака да го даде. Уште па и немало проблем ми вика. Не и посакувам на ниту една девојка/ жена да се најде во таква ситуација.
Здраво, колку време сте во врска? Друго, дали се обидел тој неговиот другар да разговара со него и да му укаже дека не било така како што тој тврди? Ако не, пробај ти со неговиот другар да разговараш со него и да му укажеш дека тоа не е вистина.
И ти не му пружај веќе...Ако побара орален, тогаш кажи му дека што дава, тоа ќе добие назад...Па може ќе се сети. Сепак не гледај на тоа како голем проблем. Викаш дека го сакаш, епа уживај во односот и времето поминато со него. Не се форсирај, па може со тек на време ќе се опушти тој и ќе ти каже што е работата. Сигурно повеќе си навредена дека не знаеш зошто те одбива, ама не се преоптоварувај.
Му кажав и на другарот, и самиот ми рече тој само си бара причина да ти се разделите. Му реков да му пише не сакаше бидејќи знае колку ме повредуваше и колку страдав.. Ме блокира секаде не можам во никаков контакт да дојдам со него Во врска сме 1 година и 4 месеци. Јас се дружам со неговиот другар, поточно како брат ми е, а и плус има девојка но тајно се гледаат скоро никој не знае. Никогаш не ми се пуштал, не ми рекол збор на страна а не па да бидеме заедно. Знае колку го сакам и никогаш не се осмелил ни да флертува со мене. Не сака да разговара со дечко ми ( веќе бивши сега ) бидејќи е навреден од неговото мислење дека сме заедно, а и како што кажав погоре не сака веќе да бидам повредувана од негова страна.
Девојче извини, овој те повредувал и си страдала поради него и сакаш пак да му се вратиш ?! Зошто, ако може да го објасниш ова тука зошто јас искрено никогаш не би се вратил кај некоја која ме повредила. Мора да има нешто.
Мое мислење е дека @babygirl15 нема потреба да објаснува на дечкото што било, што не било. Кај е неговата доверба во нејзе? Зошто така се однесува? А и добро постапил другарот што не му пишал на него, која е поентата од докажување? и така тој решил да раскинат.
Се утепав од објаснување дека не бев излезена и дека не сум била јас, а и овај другарот живее далеку од него и тој воопшто не оди во таа населба што значи можеби и некој му има речено дека ме видел. Премногу беше бесен, не сум го слушнала до сега така да разговара со мене..
Ако верува на други зошто ти е? Спремна си да бидеш во иднина со човек што не ти верува ако се смирите? Што се случува со неговата доверба кај тебе?
Синоќа ми кажа дека од вчера па во иднина воопшто нема да ми верува. Бидејќи сум го лажела фраерот а кутрата јас дома бев надвор не излегов цел ден. Се ќе му се врати, кармата е кучка нели ?
И јас го имав истиот проблем.. не да ми пречеше, премногу ми пречеше иако дечко ми беше предобар односот ок меѓу нас мек емотивен и се..ама сиимаше и некои негативни дешавки..плус, сексот е мн битен дел од врската според мене..а аконема доволно силен жар за да ви иде секогаш што се вика да се изедете..ништо негово да не ми е гадно и ништо мое нему. барем јас така сакам.. и глупаво ми е кога не осеќам дека партнерот го има истиот поттик... со него истиов проблем го имав.. сакаше , а не сакаше тој да прави... ми пречеше мене лично мн.
Ми пречи и мене, ме фрустрира. Сексуално се привлекуваме, но мислам дека е егоист. Па ако не сака значи не ме сака, а ако раскинеме си давал причина.
Вие не се слушнавте во тој период кога тврди дека си била излезена? И потоа кога велиш ти пишал, а не ти се јави? Да те праша ? Да поразговарате? По колку години имате ? Мене ова ептен детски ми делува? Мислам дека нема потреба да се објаснуваш, дечкото си барал причина да ти раскине.
Се се случи во еден час, не се слушнавме во меѓувреме. Јас имам 19 тој има 20. Кога ми пиша јас му се јавив и разговаравме но за жал само се скаравме ништо не се подобри.
Можда и до негде е така, бара причина да раскините. Јас лично не би сакала на ова да остане ако не сум виновна. Би се докажала и после би го остранила скроз од животот. Ама сепак ти си знаеш...
Самата прва реченица треба да те направи да не сакаш да бидеш со него повеќе. Ќе раскажувал дека си била курва???? Извини дечко. Немој да го бараш, ниту да го молиш, а најмалку па да му се објаснуваш. Дечкото си имал некој проблем, и очигледно не знаел како да го реши па се испонашал како некоја кукавица. Сметај на ова како избегнат куршум, не верувам дека сакаш да си во врска со некој што ти се дере, не сака да го слушне твоето мислење и те обвинува за работи за кои не е ни сигурен дека се случиле. А сега, почни да искачаш со другарки, а не да седиш дома и да го чекаш него додека он се шета со другарите. Ќе се чувствуваш подобро.