Да не анализираме кој требало да плати и дали дечкото треба да поместува столица, овде меѓу редови друго разбрав. Зошто воопшто се мачиш ? Дечкото не ти одговара. Продолжи понатаму.
Здраво. Со дечко ми сум веќе подолго време но откако раскинавме овој Март и потоа се смиривме тој оттогаш се смени. Во Март раскинавме бидејќи тој почна да излегува со една моја поранешна другарка која многу ме мрази, има зборено многу лошо за мене и ми има уништено многу прилики во животот. Тој сам ми помогна да се оттргнам од неа и сите луѓе што ги знам се свесни колку е злобна. Додека се дружев со неа, дечко ми и другарка ми воопшто не се поднесуваа и не комуницираа. Откако раскинав со него, таа почна да го вика да искачаат заедно со неговите другари и тој прифати. Се испокаравме, се напраивме лом и раскинавме. Потоа откако се смиривме, му побарав да ми вети дека нема да ја меша во нашата врска повеќе бидејќи не можам да ја поднесам. Се беше во ред но летото дечкото наеднаш отиде во странство преку ноќ и не ми кажа се додека не беше на аеродром. Ми кажа дека требал итно да оди до кај чичко му и дека ќе се врати набрзо но тоа набрзо станаа три месеци. Претоа пред да раскинеме се случуваше да излаже неколку пати но овој пат откако се врати стана поинтензивно. Почна да ме лаже за секакви ситници и му смета се што правам. Вели дека сум била сомнителна и дека не ми верувал а незнам зошто. Ми го земаше телефонот кога ќе му текне за да гледа што имам, а неговиот за жива глава не го даваше. Пробав да разговарам со него, но неможе да водам нормален разговор без тој да не почне со навреди или да збеснува. Еден ден искочив со една другарка и кога се шетавме се вртам и што да видам-тој беше со другари, ме следеше. Многу се наљутив, го прашав да ми објасни што се случува и зошто е ваков. Се испокаравме и оп, раскина. Истата ноќ на профилна стави слика со друга девојка за која дознав дека е другарка на мојата поранешна другарка што значи искочил повторно со неа и нејзиното друштво. После две недели дојде да се извинува и да се смириме, рече дека го викнале пријателски и отишол за да не е груб. Јас се смирив намерно колку да видам до каде ќе тера со лаги. Продолжи да не ми го дава неговиот телефон и деновиве го фатив во повеќе лаги. Ми кажа дека ќе спие, а јас од таен профил го начекав како прави live на инстаграм со другари и вчера ми кажа ќе спијам повторно но ставил статус во 1 саат на водно. Ќе му раскинам и сериозно ќе завршам се овој пат зошто е гопретерано. Но сепак ме копка што крие од мене и зошто вака правел. Што мислите вие?
Те мотка и те лаже, а ти не прашуваш за мислење. И самата го знаеш одговорот на прашањето. Ич да не се мислиш, таков незрел не ти ни треба.
Вака прави бидејки ти самата му дозволуваш. Дечкото не те почитува и не му е гајле за тебе, извини ама те врти како што сака. Прекини со него еднаш засекогаш и не му дозволувај повеќе да прави будала од тебе.
Те лаже и си бара следна прилика за девојка а тебе те држи за да има односи кога ќе му се сака. Што не ти е јасно? Сама си дозволила вака да те третира. Прекини под итно со него. Уште си пишала дечко ми.
По напишаното заклучв дека дечко ти те лаже, а и ти си свесна за тоа но не знам од која причина не му раскинеш и ставиш крај на се. Се гледа дека не е некој озбилен тип, којшто не знае што сака. Така да откачи го и да не те е гајле.
Јас чисто онака да ве известам, да знаете што све има по светот.. Се гледавме деновиве, се беше убаво, но дечкото имал друга (иако со мене шеташе во јавност,ставаше слики па дури и пред нејзе ме гушкаше и бакнуваше), но истото го направи и со нејзе пред мене.. Случајно се сретнавме во еден клуб и он си замина со нејзе пред мои очи.. И од што ми беше криво и сакав да го убијам почнав да му ѕвонам и да се расправам што знам дека не требаше.. Немам коментар, се разочарав скроз! И што е најтрагично не признава дека има нешто со нејзе, ме прави будала и како капак на се, он е лутиот, јас не сум му посветувала внимание-што не е точно.. Каков клошар! А јас сеуште го мислам и се замарам со него.
Какви има... Не се замарај, не си изгубила ништо вредно. Продолжи со со животот и ова нека ти биде само лекција, што побрзо заврши толку подобро за тебе. П.с немој да имаш никаков контакт со него повеќе.
Јас очекував дека дечко ми ќе се смени откако почнавме да живееме заедно ама ништо.Имавме многу кавги каде повеќето сум се понижила и молела на некој начин.Денес после кавга ми рече дека ќе сум молела и плачела пак оти сум лижела кај што плукам.Многу ме повреди то.Значи се сити на моите солзи.Секогаш сум правела драми од кавгата и сум била како будала.Денес многу бев нервозна за настанот од вчера.Дома дојде пијан камен а пред да оди со колегите рече не сакам да одам ќе си дојдам порано.Јас и му реков купив јадење да напрајме да седиме дома да си гледаме нешто филм.И ви кажувам дојде камен пијан во 2 вечерта а излезе во 5 одручек. Многу се налутив.Постапката ме налути.Не знам како да се справам не смеам значи ни да се лутам, само смеам да го разбирам за се што прави а мене кој ме е. Значи не сум лоша девојка за вака да ми враќа, знаев и да бидам безобразна ама во афект или ако сум била нервозна.И сега како понатаму? Не сакам вака а со него нема муабет.Ме нарече специјалка оти сум се лутела дека се испијанил и сл.Се имаше испијането пред 3 недели и не реков ништо сам ми се постави убп рече извини разбери ме нз што, а сега многу се нервирам. Се јави сабајле убо се шонашаше сакал да ме слушни, а јас лута.И ко виде дека сум лута почна да ми се дери да не сум се понашала така.Немам нерви веќе.Утре полагам испит и не можам да учам.Вика ќе молиш вечер пак ќе плачиш да ти напрам муабет ама нема.
Извини вака што ќе ти пишам, ама твоево е сама си го бараш. Сама кажуваш дека те понижувал, се враќа пијан го нема цела вечер и утре дента како ништо да не е? Како можеш тоа да си го дозволиш? Но кога покрај се што пиша, ти живееш со него значи ти одговара и не знам каква помош бараш. Сама си го научила дека секогаш и покрај се ќе му бидеш тука без разлика на неговите постапки или навреди кон тебе.
Пишав дека очекував промена.Верував во промена оти беше врска на далечина и тешко одеше.Месец два беше океј после се полошо.И да кажав дека молев на некој начин.И види заљубена сум затоа сум правела така.Сите женски заљубени нарем еднаш во живото се понижиле за љубов. Јас сакам да слушнам мислење за тоа зошто вака се однесува а е крив. Се јави тој ме викна и мене да слезам беше со колеги, ама не сакав.И сега се лутам оти се испијани.Оти мразам пијани луѓе.
Девојче ,не сте во брак, јас не знам што го трпиш. Сте почнале да живеете заедно како дечко и девојка и ова е шанса да процените дали можете да живеете заедно или не. Собери си ги работите и оди си штом уште во врска те понижува, а ако сакаш да трпиш, па утре кога ќе се земете никој нема да ти биде виновен. Има некои сами си го бараат.
Може сите до некаде сме попуштиле за нешто за љубовта ама мислам дека ти си претерала. Ова е веќе понижување, зошто? Како што кажа си дала шанса, одговорот си го видела. Ако мислиш дека можеш да живееш и имаш семејство со таква личност продолжи си. П.с не лута, туку тој треба да нема лице да те побара после се. Одлуката е твоја.
Јас не гледам нешто лошо во тоа да излезе со колеги и да се испијани се дури тоа пијанство не се случува секој ден или не дај боже да те малтретира. Океј е да сака да се издува сам еднаш на некое време. Мислам дека премногу галама креваш за невредна ствар. Ништо не се решава со викање и карање. Ако не можеш да живееш со него собери си ги парталите.
Да точно.Сега се проценува тоа.Ама како? Се борев за да живеам со него од дома не ме пуштаа сега дозволија се среди се и плус како да живеам сега сама не знсм нема да се снајдам за цимерка оти студирам во др град.Всушност тој дојде кај мене да седиме заедно. Јас кажав дека не реков ништо за излегувањето туКу начинот на кој се понаша откако ќе се налутам за нешто.
Исфрли го подитно, ке го преболиш. Еднаш маж ко ке научиш на вакво однесување спрема тебе извини ама нема одучување тука. До сам крај он ке биде ваков со тебе. Знае дека си слаба на него.. така да или мачи се да го превоспитуваш(што тешко дека ке ти успее) или на наредната кавга каде што ке те понижува седни си ладнокрвно и исфрли го од дома, па нека помоли тој малку. Ѓубре.
Се слагам донекаде, но девојката го чекала да јадат а тој отишол да се пијанчи. Па бар да се јавел, и јас би се налутила. А не тој си искочил а неа ја заборавил. И јас би рекла да си го преболи.