Остај ја нека фантазира.Изгледа од дома не ја пуштиле да излезе викендов,не е истрчано малово низ маало.
Здраво девојки. Во врска сум скоро 3години со колега од факултет. Првите две години беше се океј супер но последнава година некако кавги имаме секој ден. Значи имам страшни напади љубоморни, да речам стварно ненормални. Буквално не се препознавам се ми смета, и здраво некоја да му речи ја се љутам. Се обидувам да сфатам дали е кривицата у мене ама тргам од тоа дека првите 2 години јас така не се понашаше, него почнав да го правам од коа тој се промени спрема мене. Аднува кој ќе стигна по инстаграми-атрактивни се разбира, од бруцоши до апсоловентки сите ги знае по име презиме и пример сретнеме некое девојче у град он ја знае .. Луѓенца спобудалувам... Знае и пред мене да искоментира за "Јаки, презгодни" и мн ми паѓа неубо.. Набив комплекси заради него не се сакам самата себе ...комплекс дека сум ниска, немам фитнес тело и слично. За некои другарки сум се скарала заради НЕГО, а тој отрча да ги адне пак и лајкови да им става ..25 години има ејјј ...Умирам од мака зш не сакам заради љубомора да си ја расипам врската.. Дај помагајте што да правам.. До мене ли е проблем, преувеличувам ли? Многу се осеќам повредено ...
Штом си додава девојки,ги знае сите по име и презиме си бара идна девојка,а ти пукај си од љубомора.Седни разговарај,кажи му се и така нема што да изгубиш,барем ќе расчистите се. И ти и тој раат.
Многу добро ми е позната оваа љубомора. Како прво немој да се обвинуваш себеси бидејќи ти всушност имаш причина да бидеш љубоморна, и тоа не било каква туку од аспект од тоа дека он уствари не те почитува и не те цени според мене. Како може пред тебе да се изјаснува згодни вакви такви, па дури и да кажува еве ја оваа ја знам оваа исто така .. ? Па ој е стварно безобразен спрема тебе што маж во никој случај не би се однесувал вака доколку стварно ја почитува девојка си. Макар што он не ни треба да следи такви девојки кога знае дека ти пречат тие работи па камоли да коментира за нив пред тебе. Боже сачувај. Би ти рекла да не си набиваш комплекси заради тоа ѓубре што има лице така да зборува пред девојка си со која има сериозна 3 годишна врска. Катастрофа. Сепак гледам го сакаш, најдобро би било да го седнеш да разговараш и да му ги кажеш сите овие негативности што те нервираат, и не премолчувај со страв. Биди искрена, реална. Тоа секогаш победува, иако него ќе го заболи вистината. Според тоа ќе му ја видиш неговата реакција дали ќе сака да се соочи со проблемот без да негира и противи. Доколку се противи, тоа веќе не е во ред, а и не е мало дете да не разбира.
Тоа е проблемот што црла година му кажувам дела ми смета а тој не мрднува со прст. Ајде нека не ги брише од пријатели не паѓам на тоа ниво ама ако се секира за мене барем нема да збори нема да ми дава повод за љубомора а не на секоја да се врти.. Не помага разговор сум пробала не се менува..неаме си пасворди можда и со пишува со други.. Стварно го сакам ама ќе мора ваљда да прифатам дека не иде...
Плус имаше една ситуација имав нова цимерка го немав запознаено со неа ..сретнеме се у град девојчето мене ми вика Здраво одма и он да каже здраво.. Да сум го запознала со негп да сме седеле во ред .. Психички се оболев веќе ..се ми е јасно дека треба одма да му раскинам ама јбг немам карактер јас кај ми е самопочитта...
Гледаш и самата си свесна за околностите, така да најдобро ти е да го откачиш бидејќи верувај заслужуваш подобар и тоа многу што ќе те цени и сака и ќе му бидат all eyes on you. Тешко ќе ти биде на почетокот но мораш да стиснеш заби, од искуство ти кажувам зато шо сум поминала низ тоа и сега сум многу посамоуверена и ја гледам ситуацијата оддалеку дека тој мене не ме заслужувал. Има секогаш подобри, така да се во свое време ќе се средиш и ти. Немој да си земаш се за срце туку слободно исфрли го од твојот живот коа гледаш дека стварно не иде. Запамти дека само си губиш време непотребно со ѓубре кое не заслужува тронка љубов од тебе. Во иднина ќе велиш ех како порано не сум се скарала бидејќи стварно пoстоеле добри луѓе во светов Среќно!
Среди си ги мислите, полека прво е најбитно психички спремна да бидеш. Расчисти си со самата себеси, дај си аргументи во врска со него наброј ги сите негативни работи и на крајот запрашај се дали стварно треба да раскинеш? Според мене, треба. Ова не иде на добро, кога тогаш ќе пукне а ти само време си губиш. Затоа размисли убаво и донеси конечна одлука за која нема да се каеш бидејќи ти си најважна, твоето здравје е најважно не он, машки има ќе се најде многу подобар, ќе видиш. Господ гледа, ти само со крената глава, среди си ги мислите и продолжи напред. Излегувај, дружи се, оди в теретана и психички веднаш ќе се подобриш