Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Redrosses

    Redrosses Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Само едно ме копка ... му имам раскинато он ме бара ми врти, не сака да прифати крај, глупа јас пакк попуштам... Ако толку не му значам зш па би бил со мене...
     
  2. any_xx

    any_xx Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2016
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Те научил дека го сакаш, цело време попушташ и автоматски манипулира со тебе. Затоа еднаш биди цврста, не попуштај. Не му кревај на телефон ќе видиш како ќе збесни ако му покажеш заби. Не биди попустлива цело време, затоа те сфаќа здраво за готово.
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Еден другар еднаш ми рече вака: "не одеше со неа, лошо ни беше ама немав храброст да и раскинам зашто во неа гледав сигурен секс". Ете затоа ве бараат пак назад. За тие пусти 5 мин задоволство.
     
    На cresa-jagoda, Aquamarine93, honey.11 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Sarahhhhm

    Sarahhhhm Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Пак јас.. Таман се помирив со фактот дека не вреди да се замарам со сељакот (имам пишано пред неколку дена) пред некој ден бев во една кафана и карши мене еден дечко, цела вечер се гледавме, многу ми се допадна, многу ме привлече, а и јас него осетив, летаа искри на сите страни :inlove: но, не знам кој е ;( Додека бев јас во вц он дојде по мене, тргна да каже нешто,но најверојатно се усрами бидејќи бев со другарка и ништо се повлече. Ке умрам морам да го најдам ;( Гледав во кафанава како будала да не се чекирал, да не лајкувал на фб да го најдам, но ништо. Жими се мислам суден ми беше :D Ахх... ;(;(;(
     
  5. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што move on ,се надевам нема да му се вратиш на бившиот и ќе се цениш себе си, покажи му што изгубил :D
     
    На Sarahhhhm и honey.11 им се допаѓа ова.
  6. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Се гледам со едно момче но сеуште не сме во врска.
    Има многу пријатели по социјални мрежи и често заследува некои девојки на инстаграм. Ајде си реков океј можеби и не е толку страшно тоа.
    Се додека не забележав дека и имаше лајкнато слика на една девојка а за неколку секунди и слика која ја извадила пред една недела. Ќе речете можеби му е роднина или пријателка но, јас се прашувам што ако не му е и ако има контакт со тие девојки како со мене.
    Би ви сметало вас нешто вакво?
    Да бевме во врска можеби ќе разговарав но сега некако ми е глупаво за такви испади на љубомора.
     
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Здраво пак :),

    можно е и да се обидува да те направи тебе љубоморна, ништо чудно тоа да е дел од некоја негова игра. Но, чим велиш дека има многу пријатели тогаш сигурно имаш и ти пријатели кои се знаат со него и знаат како „чука“. Што не се распрашаш наоколу малку?
     
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Имам познаници кои можеби го знаат но заеднички пријатели немаме. Не би можела од нив така директно да извлечам информации, бидејќи не сум толку блиска со нив.
     
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    А шо се замараш за инстаграм кога не ти е дечко? Па и да ти е, шо ви е толку спорен лајкот?
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Чим се замара значи има нешто. :)

    @IM.TMKQ

    Хмм а имаш ли другарки некои кои стојат добро со тие познаници? Во секој случај ако не го знаеш доволно добро човекот, не се залетувај од одма, држи се под контрола и пробај најди некој кој може да извлече информации за тебе.
     
    На IM.TMKQ, СуперДевојка и Asistentkа им се допаѓа ова.
  11. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Мене би ми сметало. Несериозно,нестабилно делува. Ах ова социјалниве мрежи што направија(facepalm).
     
    На elvittta и any_xx им се допаѓа ова.
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Точно е дека има. Но, ако земеме предвид дека ако јас го следам крсте, а крсте и лајкнува на ана чиј профил е приватен, јас не можам да го видам тоа ако не ја следам ана. Ако крсте и лајкнува на ева чиј профил е јавен тоа можам да го видам. Значи, за тие шо будно ги следите лајковите на симпатиите, бројката е мн поголема од што можете да замислите.
    Нејсе, не се замарајте за банални работи. Потрудете се и освојте. Направете нешто да ги заборави сите тие инста лепотици.
     
    На buba4e89, Luminary, IM.TMKQ и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sarahhhhm

    Sarahhhhm Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    И мене ме нервираат такви работи, страшно сум љубоморна и додека бев во врска постојано се расправав со дечко ми и му викав да престане, но он некако не се замараше, си продолжуваше, инаку се друго ни беше супер, се сакавме. И сега кога ке размислам малце криво ми е зашто сум се расправала за тоа.. Така да пробај да не се замараш, во такво време живееме, социјални мрежи, лајкови, се се врти околу тоа за жал.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    И јас вака размислувам. Си викам ќе пробам со него, убаво ми е со него, доста внимание ми посветува. Но, затоа ја терам пополека работава не сакам да избрзувам. Па ако во иднина бидне нешто и сеуште овој ,,проблем" остане, тогаш би разговарала со него. И јас лајкувам слики не викам не, но не толку многу, затоа додека не има нешто не би сакала да му давам голем акцент на ова. А понатака сигурно би ми сметало, ако тој и лајкува на секоја некоја.
     
    Последна измена: 10 декември 2017
  15. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Тоа што не сте во врска на него му дава слобода да флертува и со други девојки. Мислам дека работата со тебе не ја има сфатено сериозно па затоа лајкува на други, а и сигурно си ги испробува шансите со повеќе девојки додека излегува со тебе. Така да и ти не се преоптеретувај многу со него, нормално е да ти пречи, на секоја би и пречело тоа.
    Доколку на зафрканција ја отвориш темата мислам дека ќе ти разјасни некои работи.
     
    На Asistentkа, ..Queen..1998, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Епа не можам а да не мислам на ова кога почнувам да имам некои чувства кон него.
    И извини уште еднаш, која тема?
     
  17. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Знам јас пред некоја недела бев во иста ситуација само што мојот цело време тангуваше една девојка на Фејсбук а и таа него, па јас полудев од нервоза и сомнежи.
    Од околу или на зафрканција отвори ја темата за девојката на која и ја лајкнал сликата или пак општо за лајкови.
    Ама можеби подобро е да не го расипуваш односот со него поради социјалните мрежи и лајковите, бидејќи тоа нема да престане, а ти само повеќе ќе се нервираш.
     
  18. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    И самата кажа дека не сте во врска само се гледате ,значи вие сте сеуште слободени и може да се гледате и со други ,очигледно ја имаш сватено сериозно работава а он полабаво така да не се затрескувај од одма почекај понатака ако сте во врска можеш да му се лутиш а вака мислам дека нема причина.
     
    На Asistentkа, ..Queen..1998, Sar-Ste и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Јас ја сфаќам сериозно работава бидејќи тој самиот така ми кажа, во смисла дека сака нешто повеќе. Јас сакав да одиме пополека, да беше до него досега ќе бевме заедно.
     
    Последна измена: 10 декември 2017
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    И сега ради лајк ти ќе си упропастуваш среќата?!
    Абе сериозни сте, по колку години сте?
    Ти пред него не лајкнуваше... ох мајко мила.
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.