Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека ќе се тргнам од него сега заради ова.
    Доволно сме зрели за со разговор да решиме и поголем проблем.
    Само сакав да слушнам мислење, како што и се испостави: на некои феминки им смета, а некои не се грижат толку многу.
     
  2. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Значи вака не можам повеќе да го поднесам се нервирам ми иде да го удрам. Кога сака ми се лути, кога сака е толку добар сладок и близок со мене. Знае дека му се лутам и игра топло ладно со мене. Кога му се лутам трча по мене, кога тој ми се лути јас трчам по него иако си велам сега ќе оставам не го молам па што сака нека биде. Не му зборам и ете го зад мене се обидува на 350 начини да ме насмее.Но да признаам и јас го нервирам понекогаш зашто му одам на инат од неговите зборови. Не можам вака повеќе, не знам што да правам да се смеам или да плачам. Ме нервира..:@ (сеа знам дека изнапишав се овде како некоја тинејџерка ама изнервирана сум не можам една реченица да сврзам)
     
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Во секоја врска има караници и препреки, но се додека заедно разумно ги решавате и не држите долго лутина нема потреба да се нервираш. Гледајте само секоја ситница да не биде предмет за караници.
     
  4. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    Како и да е сега не сте во врска и нема што да му се лутиш дури и да се гледа со други ,верувам дека си имала причини зошто не сакаш да брзаш ,а за разговор на темава нема што да зборуваш со него затоа што ете не сакаш врска а сега ти смета што лајкува по други.
     
  5. BigliMigli

    BigliMigli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво девојќи. Со дечко ми сум во врска 2ипол години, премногу го сакам, а и то мене. Се почитуваме, се сакаме, имаме разбирање, но проблемот е во тоа што многу малку излегуваме. Јас сакам да излегувам со него, сакам секаде да одиме, а тој се ке се договориме, ќе видеме здравје до тогаш. Јас студирам, а тој избра да работи, не се работи за финансиски проблем. Еве денеска се договоривме сите другарки другари да испаднеме, а тој нее никако, дома сакал да седе. Океј, но не е прв пат. Пред некој месец една другарка не повика на роденден, но тој не дојде не сакаше, отиде во скопје со еден негов друг другар, во кафана биле (не ме лаже никогаш, не се работи ни за друга, сигурна сум во тоа). Тој последните 2-3 месеци се однесува топло-ладно со мене. Сега му велам ајде за нова година со друштво ќе одиме некаде неколку дена, а тој здравје ќе видеме, па незнам, па не ми се оди. Па колку и да не ти се оди, па барем за мене, а од друга страна пак ми вели дека сакал некаде со мене неколку дена. Некогаш кога сме излезени преку ден кога е слободен, се е океј, толку е мил, нежен, а потоа навечер не е расположен никаде бе му се оди, се здосадено му било. Јас имам разбирање дека многу работи, и свесна сум за тоа, затоа и понекогаш го оставам да одмори дома, а кога е повеќе расположен ќе ме викне кај него дома и си седиме на топло. Ама не е секогаш така, расположението му се менува на 10минути. Веќе почнав да се нервирам многу. Па несакам јас секогаш дома да седам или кај него дома, па не ми е пријатно од неговите. Лани за нова година си седевме дома бидејки господинот на предновогодишната забава од работа малку повеќе се беше напил и цел ден спиеше, а за втората вечер едвај го намолив да одиме некаде. Така е во последно време, а премногу го сакам, знам дека и тој мене ме сака, несакам никако да го изгубам, бидејќи во најтешките мигови само тој беше до мене, низ многу неубави работи поминавме заедно. ☹
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    Како со другарите може во кафана да оди а со тебе не сака да искача? Не е фер ако му се седи дома ќе му се седи и за другарите и за тебе ,како и да е треба да се има компромиси некогаш да искочите а некогаш да седите дома ,а не цело време по негово или по твое.
     
  7. BigliMigli

    BigliMigli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Верувај многу ретко е по мое затоа и почнав да се нервирам. Летото неколку пати ме има оставено на цедило, во стилот како цел ден се договараме дека ќе одиме таму и таму и јас си се спремам дома си батам алишта и тој во 5до12 ми ср јавува и ми кажува дека со таткому тргнале кола да гледаат, да купуваат. И ништо, се караме, се лутам, но секогаш најде начин да ме насмее и да го надополни пропуштеното време. И мајка му знам дека се нервира што е таков, ми вели бравп што имаш такви живци. И пак така месец време се ќе биде океј, потоа пак почнува тоа ладно однесување, се додека не ми дојде преку глава и пак да се скараме. До денес се беше океј, ама еве од 7часот го фатија тоа лудите, настинат бил, цел ден во гаража работел, па и јас цел ден учам и суж премногу настината, па секогаш можам да одвојам половина час време за најважбите личности. Утре секако ќе одам кај него, ке го седнам и мора убаво да разговараме.
     
  8. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски

    Вие всушност често се гледате, тој не те запоставува што се однесува на тоа, но повеќе сака дома да си седите отколку да излегувате некаде така ли ?
     
  9. BigliMigli

    BigliMigli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Да доста често се гледаме, живееме на 15мин одење. Некогаш секој ден се гледаме или секојс вечер а некогаш преку една или два вечери. Не велам дека воопшто не излегуваме, бидејки и двајцата имаме коли некогаш и одиме и во друг град, но ќе речам кога некаде сме заедно двајцата повикани тој не секогаш сака да дојде, или како што реков летето така неколку пати ме има оставено и отидено со татко му коли да купуваат, и потоа тој незнам што и прави по 2недели дома и како за ништо да нема време. Реков имам секогаш разбирање но кога претерува, претерано е, како и денес сите испаднавме а тој дома заспал од што е инат.

    Ми смета тоа што некогаш е себичен, некогаш многу ми удоволува а некогаш од такт може да ме извади, некогаш неговото време е премногу скапоцено и има време само за неговите коли. Колите му се во душата, но и јас сакам понекогаш време и почит и многу ме нервира некогаш кога испаднеме тој намуртен а кога ке си го види другарот неможеш да го намолиш да престане да зборува. Но пак ќе речам не е секогаш така, има некој луди периоди и многу почна да ми сметаат во последно време.
     
    Последна измена од модератор: 11 декември 2017
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    ^Си крие нешто типот.
     
    На HoneyBun и Sarahhhhm им се допаѓа ова.
  11. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    Најдобро да разговарате да му кажеш како се чувствуваш да му кажеш ми пречи тоа и тоа и да му дадеш малце време па ако не се промени раскини му ,зошто цела младост во нервози да ја поминуваш поради него ?
     
  12. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    И јас пред да почнам да работам, не можев да сфатам како може да некој да не му се излегува, да е изморен дури и да заспие. Несфатливо ми беше.
    Но откако почнав со работа, понекогаш се чувствувам толку исцрпено што знам да му кажам на дм да дојде кај мене, бидејки едноставно немам сила за излегување што се вели.
    Но никогаш немам извисено во последен момент, до карактерот на човекот е.
    По тоа што го напиша мислам дека си во период во кој се анализираш и преиспитуваш.
    Ќе ти кажев седни го и разговарајте, но сигурно веќе си го направила тоа.
    Пак ќе кажам до карактерот е, тој едноставно е таков и мајка му ти кажала, тоа тешко се менува.
    Пробај строго и не попуштај, да сфати дека ќе те изгуби ако продолжи вака.
     
    На Asistentkа и tribulus им се допаѓа ова.
  13. BigliMigli

    BigliMigli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека крие нешто од мене, бидејќи нон-стоп се слушаме, скоро секоја вечер се гледаме се додека не купи нова кола и не почне да ја средува дома. Среќна сум со него, ме исполнува, но многу е инат, обично не сум тип што се нервира ама ете сега ме изнервира. Каде и да оди ми се јавува ми кажува секакп секогаш сум повикана, некогаш одам со него а некогаш не бидејки не секогаш имам доволно пари. Утре секако ќе разговараме, и сега и ми се јави ми рече дека утре обавезно да сме испаднале (конечно ја завршил глупавата кола)

    Ама и јас имам разбирање, знам дека станува наутро во 5 со доага од работа во 3и30 и се симнува доле во гаражата пак работи. Јас не му барам секој ден се да одиме некаде, сепак и јас имам многу за учење, ама ете сакам понекогаш да си испаднеме сами ние двајцата или кога сме повикани некаде да отидеме, секогаш е било без проблем но еве овие 2 месеци се некако незнае здравје ќе видеме, верувам ќе се оправи, и тоа што викаш до карактерот му е. Можеби и јас премногу барам, и јас знам да претерам, ама тогаш многу ме навредо што ме извиси неколку пати, но потоа цел месец ми се извинуваше.
     
    Последна измена од модератор: 11 декември 2017
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.870
    Допаѓања:
    173.448
    Пол:
    Женски
    @BigliMigli
    Колку често излегувате?
     
  15. BigliMigli

    BigliMigli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Многу многу често. Скоро секој ден или преку ден-два(поретко се случува тоа). Јас кај него тој кај мене, ако нема каде да одиме или не ни се оди некаде, се возиме низ град.
     
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Да не се работи за личност- економичар, па не сака да троши многу?
    Сепак вие се гледате, можеби не одете во кафичи секоја вечер но како што кажуваш скоро секој ден се гледате.
    Едно прашање, дали со другарите излегува навечер или во кафичи повеќе одколку со тебе? Тогаш значи не се грижи многу за штедење и би требала да разговараш со него.
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.870
    Допаѓања:
    173.448
    Пол:
    Женски
    Тогаш ти си правиш проблем каде што го нема..
    Ех да можев и јас мојот да го гледам секој ден..
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Нема што да разговараш. Таков е по карактер. Или го сакаш со се сите мани или остај друга да го сака таков каков е. Работлив,вреден,секој 2ден се гледате....Девојки нема совршенство. Го сакаш ќе си толерираш. Не го сакаш,не си ја троши нит твојата нит неговата младост. А уште сега кога пишуваш глупата кола што ја досредил си размислувала во брак како ќе е? Ќе има многууу глупи коли за досредување. Според мене уживај додека се толерирате. Некако не ми делува дека на долги стази ќе терате вака. Мое лично мислење.
     
    На buba4e89, TheGirl23 и Sar-Ste им се допаѓа ова.
  19. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    На телефон кај дечко ми некоја се претстави дека му е девојка.
    Му се јавував, му пишував но се нема јавено.
    Сакам образложение, до кога би чекале ?
    Преповредено се чувствувам. Со дечкото се беше добро додека се случи ова. Ме избришал од фб, не знам дали тој или таа што се јави.
    Се изнаплакав...
     
  20. MartiG

    MartiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    очигледно имал уште една девојка ии по ова што сега го прави решил да си остане сонеа.