Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски

    Дечкото или се гледал со двете, па одлучил да ја одбере неа.
    Или штотуку започнал врска со неа и ова му е најлесен начин да ти раскине.
    Трето нема.
    Батали го идиотот.
    Не те заслужува.
    Не се понижувај да го бараш.
    Тој нема храброст ни да ти признае.
     
    На honey.11 и Chopard им се допаѓа ова.
  2. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.664
    Пол:
    Женски
    Биди среќна што повеќе не си во врска со таков човек. Ако он беше маж ќе кренеше слушалка ќе те викнеше да се видите и во очи ќе ти ја објаснеше ситуацијата и ќе ти раскинеше, наместо тоа он се крие позади новата девојка.
    Јас на твое место би му напишала порака на фб, со цел да го истурам целиот бес врз него, а потоа би го блокирала на фб,инстаграм и на моб.
    Денес наплачи се, ама од утре главата горе и да се окупираш со работи кои ќе ти ги отргнат мислите од него (искачај со другарки, читај книги, вежбај и.т.н)
    Ќе помине и ова :hug:
     
    Последна измена: 19 декември 2017
    На Chopard му/ѝ се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.955
    Пол:
    Женски
    Малку по позитивно гледиште:
    Што ако го има оставено телефонот и е излезен со друштво? Друг е излезен се случува телефонот да заврши кај некоја која му има око фрлено, а од таму да има и пристап до фб? Да, доколку се ова е вистина, не се ни двоуми да продолжуваш со него, особено да раскини без ништо ни па да кажи. Ама колку и да не сакаш да бидиш со некој, мое мислење е дека барем ќе кажиш дека заминуваш, макар преку порака, а не само да го избришиш од секаде и некој/а друг/а да ти јави како гром од ведро небо. Едино зошто не ми е логично мислам дека се работи збрка за која тој нема врска, а ни пак идеја.
    Ако ти се плачи - плачи! Немој да го држиш тоа во себе.
    Кога си спремна испитај ја ситуацијата подобро, ако не ти јави до утре најверојатно говедото „измисли“ нов, најлош начин на раскинување.
     
    На Chopard му/ѝ се допаѓа ова.
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.268
    Допаѓања:
    50.868
    Пол:
    Женски
    Не вреди да плачеш, тој губи не ти.
     
    На Chopard му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите девојки, вие сте прекрасни што се трудите да ми помогнете.
    Сме немале проблем претходно, би сакала да е како што кажа @theowndemon, но се уште не се потрудил да ми се јави. Дури родител вмешав. Му се сплетка јазикот, се исплаши. Ако не се јави изгледа е нов начин на раскинување.
     
    На Aquamarine93 и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Сосема друго испадна работата, не било за трета личност туку немање храброст да се каже вистината кога напушташ некој за подобар живот засекогаш.:u:
     
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе ти поставам прашање вака директно, колку време идевте со храбриов дечко?
     
  8. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Една година и неколку недели.
     
  9. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да си се искажам, веројатно е за тука. Епа вака, чувствувам некоја пречка кога имам секс со дечко ми. Не знам какво е тоа чувство ама знам дека нешто не ми штима, како да не сакам да имаме секс, без да спомне он нема ни да ми текне можеби, како да го правам тоа ради реда онака затоа што сите парови треба да имаат секс. Немаме кој знае какви караници, обично за поситни работи, ама па колку и да се караш сметам дека страста во секоја врска поготово кај една млада девојка треба да е изразена. Одличен однос имаме во комуникацијата и се најнај. Меѓутоа не сум се чувствувала така претходно туку само со него. Што мислите до мене е или до него и како да го решам тоа, затоа што стварно сакам да продолжиме буквално немаме никаков проблем(или друг проблем хмм) и не се работи за незнаење од негова страна или слично туку едноставно за тоа чувство на одбивање и незаинтересираност што се јавува кај мене. Секогаш сум била страсна во врските и сметам дека сексот е многу важен, ама исто така не ми оди да прекинам една преубаво започната врска само поради нешто што не ни знам да си го објаснам.:|
     
  10. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    59.544
    Пол:
    Женски
    Колку време сте заедно? Те привлекува дечкото?
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Заедно сме 5 месеци. Сметам дека има убав надворешен изглед како за машко.
     
  12. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    59.544
    Пол:
    Женски
    Од почеток ти е вака со него?
    Ако е како што кажуваш дека предходните врски си била ти поинаква, по некоја логика или до дечкото е или не те привлекува.
     
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Првите 2 месеци не се чувствував така и имавме далеку почест секс. Сега некако гледам да дојде до тоа ептен кога е неизбежно и почесто да сме во друштво на други луѓе и пријатели за да нема можност за таа физичка блискост, така се чувствувам поудобно. А во негово друштво многу ми е пријатно, што е исклучителна реткост кај мене. Претходно ќе ми пишеше некоја секси порака или јас ќе бев иницијатор на истата сега гледам дури и темите да ги одбегнам. А можно е и до мене да е нешто ама премногу се критикувам себеси поради тоа што ми се случува. Имам малку тежок период па можеби е некоја манифестација на стресот, не знам што да мислам:shake:
     
    Последна измена: 20 декември 2017
  14. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    59.544
    Пол:
    Женски
    До тебе е, период ќе помине.
    Дај си време на сама себе си, не дозволувај да ја изгубиш личноста до тебе со која ти е убаво.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Фала ти на охрабрувањето, се надевам дека ќе излезам на крај со себе.
     
    На honey.11 и lost123 им се допаѓа ова.
  16. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Пред се' здраво на сите, се надевам ќе добијам некој совет за оваа моја ситуација.Пред 2 години почнав да зборам со еден дечко од нет, ми спомнуваше да дојде, ама јас не го сфаќав сериозно, па се шалев само, пред 3 месеци ми рече дека земал одмор од работа и сака да дојде, не знаев дали бев сигурна за да дојде да се видиме лично, бидејќи предходно бев разочарана од еден друг и некако не сакав со никој да се гледам, немав желба, еднаш кога се враќавме од факултет со другарка он ми sвонеше и дадов на другарка да збори со него , да рече дека јас сум го оставила телефонот кај неа а сум на предавање моментално, таа ми кажа дека он и рекол да сум покажела малце желба дека сакам да дојде он би дошол, и планирал тогаш кога имал одмор да дојде, ама јас не сум му враќала на пораките, и точно беше....рече дека ако сакам пак може да дојде еден викенд, нема слободни денови од раб.ама и рекол ќе дојде во петок ќе се врати во понеделник, иначе 6 саати сме далеку, ама не му пречело тоа...работата е што јас овој пат не му ја ни отворив пораката, еве не знам таков ми беше тој период ми требаше време не сакав повторно да се разочарам ако се случи нешто, помина еден месец од тогаш , како не збориме, па се мислев, да му се појавам сега пак?Еднаш ми се налути што не му враќам ама се извадив дека не сум 24/7 на тел, мене ми се свиѓа, убав е, само не знам што да кажам сега?Зашто ме немаше толку време? Сигурно не можам да му речам се разочарав од еден дечко па тебе те баталив, па сега ми текна....не знам што да правам...
     
  17. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    59.544
    Пол:
    Женски
    Малце да не касниш? Не знам како би реагирал, пробај стапи во контакт со него.
    Ти се свиѓал, сте пишувале и оддеднаш те снемува. Не знам што би кажала за тоа да те сфати.
    Јас да сум на негово место, сеа ја нема да ги отварам твоите пораки.
     
    На theowndemon и Luciferovog zlo♧ им се допаѓа ова.
  18. Weird0

    Weird0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    935
    Пол:
    Машки
    А бе, некој стварно сака, нема неотварање, дури и тогаш - ќе се отворат. Зависи до карактерот на дечкото.
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    59.544
    Пол:
    Женски
    Точно, од него зависи но и да ги прочита пораките не знам колку би и вратил воопшто.
    На некој му даваш надеж па потоа те снемува, не знам дали би дал повторно шанса но нека проба не губи ништо.
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Дај пораснете. Си била разочарана, а си пишуваш со него веќе две години... Кога знаеш дека немаш желба да имаш ништо со него не го влечи за нос. Зборела другарка ти со него на телефон..детска работа.
     
    На Annora, theowndemon, Luciferovog zlo♧ и 2 други им се допаѓа ова.