Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Како мислиш и врати? И удри шамар или?
     
  2. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Машки
    Не бе, каков шамар, туку едноставно, 2 пати онака, со употреба на сила, легна на земја :D а јас нормално над неа :) (спречував тепачка :P) и на крајот од кога ми изнарече се и свашта, несакајки ја удрив со раката..
    ех, мислам дека треба да ми се извини таа.. (ама тоа е женска гордост)
    Ај и така си останав барем сеа СКРОС СИНГЛ 8)
     
  3. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    ^Не оправдувам насилство без разлика на полот. Женско не се удира, ама тоа не и дава право да те гребе по лицето и физички да те напаѓа само затоа што знае дека ти нема да си дозволиш да ја удриш...
    Немам коментар за нејзиното однесување, не требало да спаднеш на нејзино ниво... Си можел едноставно да си заминеш. Според мене си се спасил од лоша врска со љубоморна и агресивна личност.
     
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Ја не знам зошто си го комплицирате животот, мене би ме изморила таква врска. Сте биле во врска, па си се изладил, па она ке се мажела, па сте се помириле... :drunk: Овде има материјал за една љубовна лимунтка да се сними. :whew:

    Ама вие си знаете, па друго би те прашала: какви ви се односите со таа блиска пријателка? Се зближивте последниот месец или одамна се знаете? Девојка ти е љубоморна јер е женско или има добра причина за тоа?
    Штом си бил "малце повеќе поднапијан" јави и се и извини и се. Ако нејзе не и смета, можеби и ке се смирите. Пример, во ваква ситуација ја би си заминала, нема да гребам или да те тепам, ама тоа сум ја.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Машки
    Ами главното, односите со таа пријателка ми се предобри, едно 5-6 години :) односно, нешто мнгогу по оддамна, од коа се фативме со Х , а иначе и со Х се знаев, и живеев уште пред да се фатиме...
    А огромна е веројатноста за тоа што оладев ,,Љубомората“ ... болест за која нема лек :)
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Решив нема да пишувам овдека оти поедини лица ми се нафрлаат без причина.
    Јас би ти рекла од таквии женски подалеку.
     
    На MkdBoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Машки
    Их од сеа, дување и бегање...
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Јас не те гледам како виновник тебе, она љубомората нејзина мислела дека ќе заврши работа и кога се разочарала од истото почнала со шамари. Детска работа.
    Како што кажав ти можеби не си сакал да ја удриш ама штом има вакви испади не е созреана и стабилна девојка за нешто понатака.
     
  9. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Машки
    Хух, конечно некој со салам муабет :* :*
    Инаку, јас не би кренал рака ни за жива глава, ама јбг... таквите девојки, мислам дека и заслужено ќотек јадат :D
     
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека можеш да се оладиш од љубомора, може да ти прекипи и да раскинеш. Сега, зависи каква љубомора, дали X те контролира кога ке излезеш со другари, дали ти бара мобилен да провери пораки, дали драматизира за некои банални работи, не знам јас, ама можам да кажам дека тоа е напорно, и би рекла дека девојка ти те малтретира. Врска не може да функцонира така.
    Амаа, едно огромно ама, ако има X причина така да се однесува, тогаш не ни треба да сте заедно. Можеби нема доволно самодоверба, а ти манијачиш други и ти се јавуваат пријателки, па ете ти причина. Не можат сите да ги контролираат емоциите.

    Никој не јаде ќотек заслужено. А по муабетов, ја би и пишала на X да бега дури ја држат нозете, тешко нејзе ако за дечко има тип кој мисли дека одредени девојки јадат ќотек - заслужено.
     
    На Nausicaa, Different7, honey.11 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Некои работи едноставно зачувај си ги за себе.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ти по совет дојде или по некој да ти го каже тоа што си сакал да го слушнеш?
    И таа ненормална, и ти уште повеќе... Заслужено ќотек јаделе бе...
     
    На Nausicaa, Konfetka, IM.TMKQ и 3 други им се допаѓа ова.
  13. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Машки
    Јес... не реков ништо за случајов со мене, туку едноставно има некои кој „СТВАРНО ЗАСЛУЖЕНО“ пошо јас работам, и секојдневно имам лични контакти со многу, многу жени, и муабети како договарање на зделка (избор на мебел и сл, како и после негова монтажа во нивни дом) покрај тоа сум стекнал, и многу пријатели/ки, страшно многу смета, таа љубомора.. само што, едноставно не си има дозволено престап, па да се јави негде, кај некоја :)
    Бтв.. еднаш порано во една кратка врска, ми се случи такво нешто (затоа и беше кратка) ..
     
  14. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Машки
    Бтв, да пишав за совет, но кога подобро ке подразмислам, нема потреба од извинување 8)
     
  15. laurs60

    laurs60 Нов член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Епа вака на почеток на врската се беше добро. Но сега испаѓа како да не сум го знаела доволно? Од секогаш сум имала самодоверба во себе но незнам дали на шала или нагалено знае да каже некои коментари за мојот изглед. Кога го слушам тоа од личноста што ја сакам ме повредува. Никогаш не сум го гледала изгледот кај луѓето иако да кажам сум имала поубави од него. Ама никогаш не би ми текнало на памет да му го кажам тоа или да ми преставува пречка во нашата врска. Незнам, по полека со тоа губам и доверба кај него. Не би му кажала дека ми смета тоа бидеќи знам јас навистина каква сум. Во последно време гледам дека сака да ме направи љубоморна. Не реагирам на никакви работи, се правам како да не ме интересира. Знам дека ме сака и е заљубен но мислам дека е премногу опуштен и се си дозволува. Не сум човек што покажува кога е љубоморен или повреден . Искрено незнам што да правам. Најмала ситница би ме повредила и колку и да го сакам ќе неможам вака да продолжам. Ова ми е прв пат да ми се случи да се чуствувам несигурно поради човекот што го сакам. Може и јас преовеличувам ама не сум сигурна како да постапам :( . ???
     
  16. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.572
    Пол:
    Женски
    @laurs60 постојат несигурни машки, искомплексирани..На почеток на врската се е сјајно но како поминува времето се подобро го запознаваш човек ( неговите мани ) во твојот случај дечко ти нема самодоверба. Со тоа што те омаловажува тебе он си го пумпа егото, со тоа што на беден начин те прави љубоморна се обидува да се издигне над тебе. Би ти рекла дека си имаш работа со класичен манипулатор ама овој е јад и патетика. Мило ми е што си свесна за своите квалитети и немој за ништо, никогаш да си дозволиш да се посомневаш во нив.
     
    На laurs60 и Tatjana95 им се допаѓа ова.
  17. girlinlove20

    girlinlove20 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво во врска сме 3 месеци, јас имам 17 он 20 години. За нова година отиде во странство и се врати во вторникот сега. На одмор кај роднини. Кога се врати истиот ден се видовме и ми рече дека едно време ќе го нема као ќе одмарал дека бил многу уморен. :?: И јас истата вечер му пишав на фб, демек што правиш ме остави на сеен, наредниот ден вечерта јас не ни очекував да пише ми прати некој emoji и ја му враќам и он ок ми вика. :^) Му викам што ти е (иако рече дека ќе одмара пак го прашувам што му е?(facepalm)), наредниот ден ми пишува вика нишш... По пишувањето го познав дека не е со сите нешто. Му викам лут си ми нешто ми вика не сум ти лут, нејќам со никој да зборам едно време и ја добро. Овој муабет беше во чет, а во петокот се видовме кај другарче дека се договаравме за стара н.г. и се он се однесуваше "уморно" цело време на телефонот седеше, и коа останавме сами му викам нели немаше да збориш со никој а дојде денеска, ми вика ете се деси се видовме тука, му викам што ти е ми вика незз нејќам со никој да зборам... И така... Мислам да не го мава депресија некоја незнам што да правам:sweat: :x Некако да му помогнам сакам ама он не кажува што го ,мачи демек за да не сум се секирала јас. И на фб не му пишувам више, вчера му пишав само да видам како е дека не беше добар во саботата! Ова као тишина во врскава нешто... Дали сте се нашле во ваква ситуација вие? До кога да чекам да се "смири" и да почне да ми пишува на фб. Многу ми е досадно вака коа не пишува како да утепам време без него? Другарка ми вика "остави го ма човекот да одмара више, го умревме коа беше во странство дека цело време се допп со него и на камера плус се гледавме".. Дека цело време само глеам дали е укл на фб и се нервирам... Ми викаат да не му пишувам дека сам ќе пише... АМА КОГА? Aко е депресија.. лошо :sweat::|
     
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Ај бе нека не ве филмаат со таа депресија. Ако некој те сака и во најлошите моменти ќе сака да зборува и да е со тебе.
    Не знаат како да ви раскинат па као не им се зборува со никој. Ветар на магла...
     
    На Кена Рис, Flower.D, Purelove92 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Си нашол друга. Крај на врската.
     
  20. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Неодамна ми се случи истото, типот од некоја чиста мира престана да ми пишува, анализирав цело време кога сфатив дека тој всушност чекал да најде некоја причина, грешка, избувнување од моја страна за неговото однесување за да ми раскине.
    Мој совет - не се замарај ало, не анализирај и не троши време за глупости.
    Ако те сака ќе се јави, ќе те побара, ќе ти пише порака, ќе дојде да те види, сеедно.
    Ако не те сака изведува бесни глисти, се крие, бара причини за кавга.
    Толку е едноставно, по просто амин.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.