Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. melena

    melena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    па не ми е пријатно тоа што ги крие овие работи, не е баш мал нели ?:)
    не би ти било тебе сомнително да не звучам како лудача некоја, веќе го фатив еднаш со порака со љубовна содржина за неговата бивша, мислам дека пишав тука на форумов за тоа :)
    затоа сум сомничава уствари.....без везе
     
  2. tani4ka

    tani4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    5


    не е мал и тој треба да сфати некои работи..затоа треба сериозно да разговарате за вашата врска зошто по мое мислење мислам дека вака не оди работава..
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    8.797
    Пол:
    Женски
    Си открила многу работи кои не му прилегаат да ги прави за возраста,па и должината на вашата врска не е многу мала..
    Јас мислам дека не треба повеќе да молчиш.Седни и убаво преиспрашај го што и како...И двајцата сте доволно возрасни,вашата врска оди накај брак,ми се чини по возраста...Види со каков човек ќе ти биде животот,не се обврзувај за некој што има чувства за други и флертува со други.Прашај го и реши се` со убав муабет..
     
  4. melena

    melena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    сум пробала 100 пати разговор со убаво без нервози, а спомнам нешто такво веднаш ти си ненормална ти се причинува...муабети 1000 пати чуени до сега...со други дечковци не сум имала ваков проблем со овој не можам заеднички јазик да најдам посебно за ова на пример....
    за брак тешко со ваков човек, како прво мисли дека е млад, а како второ кај ќе се крие ако живееме заедно
    баш сум разочарана, мислам не дека којзнае што очекував, ама нели секогаш се надеваш на најдоброто :worried:
     
  5. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Уф веќе аман од вакви машки, секогаш кога има некој проблем, се прават на 3 и пол, те прават будала на здрав памет......ТОА СЕ ДОБРИ ГЛУМЦИ!........ :swear: :swear: :swear:
    (фала многу на советите, еден голем поздрав до вас :* )
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Аман бе? Па како сте издржале толку долго во врска ако не можете да најдете заеднички јазик. А и плус, дечково ми гледа како недозреан малце.
     
  7. elin

    elin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    1
    здр на сите ...имам дечко веќе 6 месеци тој има 21 јас 19...секогас се караме за неговите другари се чуствувам некако запоставена од негова страна ми се чини како колегите од работа да му се поважни од мене,,,вчера илезе со другарите и по некое време јас му пишувам тлф му е исклучен вели сам се исклучил кога ми се јави се каравма многу што дури раскинавма но сабајлево се смириввме пак...тој вели дека јас сум крива и со ова мое однесување јас го оладувам од мене но не знам што да правам многу сум љубоморна а не ми дал повод јас сама не сум сигурна кажете како да му верувам повеќе и да не му се качам на глава јас за се е окривувам себеси...фала сакав да се изкажам на некому ...позз :( :(
     
  8. melena

    melena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    што да кажам имам големо трпение изгледа што не оди во мој прилог во вакви ситуации...
    а инаку да незрел си е , мислам не можеш да кажеш дека си дете на 31
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Милена- зар на 31 година уште да му лета паметот? Ајде стегни го малку, ако те прави ненормална кога го прашуваш за тоа речи му да отвори и да ти докаже, ако несака отиди си, не кажа колку години имаш ти, ама на него времето му е за женење а неместо да флертува до други треба да ти се посвети тебе и да мисли за брак, барем секој нормален би требал да мисли за тоа на негови години. Отворено побарај од него да отвори и да видиш што прави, кажи му дека се сомневаш и дека сакаш да ти докаже дека нема ништо, а ако несака ќе проба да се извади со милион изговори дека ти си луда дека нема ништо дека не му веруваш и заради тоа демек ќе проба да води инает и да не го отвара (ова од искуство), а ако нема ништо и ако сака се да биде ок меѓу вас и да му веруваш ќе го отвори без проблем.

    Елин- да ти биде јасно дека тој секогаш ќе ги избира другарите, затоа подобро избегни да се расправаш со него заради другарите, секогаш му е побитно друштвото одколку девојката, што е нормално така, мислам другари другарки остануваат речиси засекогаш, а девојки-дечко има колку сакаш... и зашто му ѕвониш додека е излезен, остави го нека се забавува, излези и ти забавувај си се не се замарај безптребно, не си стварај сама грижи, штом е со тебе значи те сака, во спротивно не би бил со тебе би ти раскинал одма, вака само безпотреба си правиш кавги, ако се сомневаш дека те изневерува или слично не се грижи се излегува на виделина.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    Собрав храброст му изнакажав се што требаше, а тој упорноооооооооо тврди дека не лажел, и упорно не сфаќа дека ако сака да е со мене ќе треба да си го смени односот, си тера по свое!
    И јас видов не видов, дека нема да се мени, му реков, да раскиниме, а тој не прифаќа, не и не!........Аман веќе што човек е ова сварно немам сретнато ваков тип на човек!.....
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.110
    Пол:
    Женски
    Почнав да се преиспитувам и заклучив дека сум зависна од него. Кога не е дома, два дена по ред е на работа и нема да се видиме, запаѓам во ваква некоја состојба на самосожалување, ме фаќа некаква депресија... Постојано како да ми е во потсвеста, ми фали... Само кога е до мене, кога сум со него сум мирна, насмеана, се чувствувам некако спокојно. Јас разбирам да го сакам, ама како целата моја психичка состојба да зависи од него, се фаќам за секој негов збор како давеник за сламка, ако само помислам дека нешто не е во ред, не можам да заспијам, а од друга страна ништо не му кажувам, се муртам само некое време додека не ме насмее и да сфатам дека сум сигурна со него, до него... А мислев дека го сакам рационално, дека и не дај Боже да се случи нешто ќе можам без него да продолжам, ама не е така. А секогаш си ја сакав мојата независност, што можам да бидам сама со себе, да живеам сама со себе...А сега сфатив дека нема ништо од тоа, само прашина. Леле колку сум изгубена...
     
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.966
    Допаѓања:
    15.987
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам.... и јас сум таква...моментално сум под депресија заради кавги со мојот дечко...ехх колку сум емотивна и се мразам поради тоа...ни најадена ни наспиена...осеќам страв,страв ми е да спијам...се легнувам рано едвај сон ме фаќа...станувам рано насабалје..поради факсот..не сум наспана...се губам на моменти...и јас си ја барам назад мојата независност....како да се изгубив себеси.. :(
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Слично на тебе Реинбоу и мене ми се случува. Само разликата е во тоа што кај мене тоа трае 5 мин и многу имам самоконтрола, но таква сум за 5 минути си го менувам расположението.
    Хмм... како да те советувам. Посвети се сама на себе, оди во шопинг, купи нови работи, најди некое хоби, прави било што што ќе ти ги окупира мислите за да не ти биде во него паметот цело време. Мислам дека не би требало да разговараш со него на оваа тема бидејќи можеш да го исплашиш, а исто и да мисли дека си зависна од него и дека неможеш да мрднеш без него.
    Можеби тоа ти е само период сепак не е возможно толку да бидеме зависни од некого, секој може без секого само треба време. Разбирам дека најубаво и најсигурно се чувствуваш кога си со него, кај скоро сите е тоа така. Но штом е со тебе значи дека сака да биде со тебе, да не сака нема да биде, никој неможеш да задржиш до себе со сила нели... затоа биди си сигурна во него (мислам не она 100%) само немој да се преоптоваруваш со мисли и работи од типот „што кога не е со мене...„ мене кога ќе ме нападне ваков момент си велам „ Добро луда ли сум, штом е со мене, значи мене ме сака, го сакам, убаво ми е со него, сигурно и тој го чувствува истото штом е со мене, мој е, друго ништо не е битно, среќна сум што сум со него„ и така ми поминува. Исто така и некогаш си се чудам, толку тупам мозок кај е што прави кога не е со мене, дали мисли на мене итн... а кога ќе размислам на нив не ни им текнуваат такви работи, сигурно тој не мисли кај сум и шо праам и дали ова она коа не сум со него... така да не се оптоварувам, ако сака да е со мене ќе си остане со мене, ако несака не му треба некоја посебна причина за да ме остави, колку и да мислам џабе е, го оставам да ужива за да си уживам и јас ;)
    Ти кажав каква е мојата ситација и како си помагам да се извадам од неа, се надевам дека нешто од ова може да ти биде од корист. :hai: :*
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Мимс повторно ќе бара совет :)
    Дечко ми ме излажа за многу банална работа, мислам стварно немаше потреба да ме излаже сигурно немаше да му речам „НЕМОЖЕ! :devil: „.
    Е сега работата е што тој незнае дека јас знам дека ме излажал, а сакам да дознае дека знам само несакам да му кажам од каде знам (зашто ќе ме убие :) ).
    Многу банална и глупава работа е во прашање, јас сум многу опуштена во врската и нема потреба да крие нешто од мене и да ме излаже за тоа кај ќе оди, дали најверојатно мислеше дека ќе му се налутам ако мене не ме земе или слично па затоа излажа. Ама ме копка и мора да му кажам дека го фатив во лага само незнам како. Некоја идеја, некако иронично да му го спомнам тоа, или ко на шала, да не биде сигурен дали нешто знам...нешто што ќе му го дотера паметот дека не смее да лаже повеќе...
    секој совет е добредојден ;)
     
  15. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    130
    Мимс не знам за какво место се работи, ама ако е некое јавно, на пр., кафич или слично, можеш да започнеш муабет дека ти е чудно колку вистина има во тоа дека секој има двојник на светов, а неговиот баш се погодил во градов и ти си го видела кога случајно си поминувала од дотичното место. Можеби и ќе изреагира некако, а можеби и не (ако и понатаму сака да го премолчи тоа), ама во секој случај ќе сфати дека знаеш нешто.
    Јас сега се уфилмав малку :lol: , ама кој знае, може па и ќе ти помогне ова.

    Инаку, малку офф топик, кога ги спомна ситните лаги ме потсети дека баш поради такви ситни лаги јас изгубив доверба во бифшиот ми, па после почнав да се прашувам ако ми крие вакви банални работи, да не ми крие и нешто поголемо. Така што, можеби е подобра варијанта искрен разговор.
     
  16. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    И јас најпрво помислив за искрен разговор... Ама дека рече "ќе ме убие"...
    Јас сум таква личност што да сум на твое место со иронија би го започнала цел разговор и ќе го притискам, притискам се дури сам не се издаде... И откако ќе си каже, ќе му ги кажам фактите
    + додаток што секој го знае, дека за врската да биде успешна треба да има меѓусебна доверба и разбирање, па макар и да не си го пуштела на местото, верувам дека требало да знаеш.
    На крај краева како што кажа Стела, ако одговара да речиш така, речи дека го виде со сопствени очи.. :roll:
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Секако дека нема потреба да ми дава дозвола, јас не го ни прашав кај ќе оди, тој сам ми рече еј ја се гасам идам таму и таму, а знам дека отиде на друго место. Можно е после стварно да отишол таму... ама работата е стварно многу банална и затоа незнам како да изреагирам.
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Ако не сте биле на тоа место никогаш, прашај го -Сакаш да одиме ....? Што мислиш како е таму? Ако ти одговори незнам , смисли друго, а ако ти каже па незнам како е, мислем добро е или ми се допаѓа, прашај го од кај знае кога не сте биле.

    Морав да редакритам. Еден дечко ми рече еднаш дека ќе оди .... а ми спомна дека сака да оди во ,,,, . Наредниот ден го прашав како поминал во ,,,, и тој ми одговори супер. Кога му кажав грешка си ти рече ќе одиш во ...... остана збунет.
     
  19. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Можеш да му речеш срце(или како што го викаш) како си помина таму(на местото) и ако те праша од каде знаеш речи па кога не ми кажуваш ти од други ќе дознавам.
     
  20. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    ^ Така ако му речи, може да искрснат поголеми проблеми, тој да и се лути неа, па после и на изворот од каде што таа дознала и да биди голема. А Мимс рече дека тоа не го сака.
    Ми се допадна советот од Марама :) Само не мора утре да му речеш така, туку по извесно време...
    Откако би подзаборавил.