Може не е проблем, но морам да се олеснам. Со дечко ми идеме месец ипол, се си беше супер, ме носеше на секакви места, на шетање на јадење, дури и еднаш седеше со мене до 2 часот по полноќ (иако можев да одам кај мајка ми) додека да заврши со работа и дојде брат ми да не земе.. Колку и да беше зафатен наоѓаше барем 2 минути за да ми се јави да ме слушне. Арно ама некако последниве 2 недели е сменет, го немаше по цели денови, ниту да ми се јави ниту да ми пише, не ми кажуваше ни каде е.. Кога ќе го прашав ми викаше не сум сменет, така ти се чини бидејќи немам многу време во последно.. Едно време беше таков, па почна да се однесува убаво баш како што треба и сега одеднаш пак се враќа на старото.. Во еден кафич имаше забава, значи 2 недели го молев да одиме и не доаѓаше. Заминав кај баба ми и истата вечер ми вика му се јавил некој другар и го замолил да одат на забавата, и ајде овај ќе одел со него.. Вечерва се договоривме да излеземе на кафе, се си беше убаво па го снема 2 часа, му звонев за тоа време да знам дали да излегувам, го немаше. Кога се врати ми рече на доктор бев кренав температура извини. Ваши мислења зошто се однесува вака? Инаку уште пред да започнеме врска му реков дека не сакам лигавења и дека ако сака да е со меме мора да е сериозен. Ми викаше бил сериозен, као демек цел живот барал некоја како мене и конечно ја нашол, блабла.. Цело време сум во мислење, наместо да ми е убаво јас цело време го поминувам во немир... Инаку не сме воопшто блиски, значи воопшто. Што мислите? Дали е ваков само затоа што е почеток или е уште едно недораснато дечиште кое ме лаже?
Не се секирај не е во депресија, туку нема храброст да ти раскине, па чека самата да сфатиш дека не сака да биде со тебе. Немој да се чудиш ако во скоро време го видиш со друга. Убаво си кажа недораснато дечиште. Во врската треба да бидеш среќна а не вознемирена. Го нема по цели денови, те извисува во последен момент, што уште чекаш ? Прекини додека е време. Самата рече воопшто не сте блиски, па нема да ти биде проблем да го преболиш.
^ 1 и пол месец врска, го нема со денови да ти каже каде е ни што прави.. Ова не ми звучи на врска мене. А и 2 часа кај лекар за температура?? Или има друга или едноставно сака да прекинете, а нема храброст да ти каже.
Не знам што се случува со него во последно време многу е ладен со мене,цела недела.Сношти не сакаше да се видиме.т.е. кажа неможам,ок во ред.Се слушаме на тел ама нема муабет како порано ни 1 минута не трае разговорот,ептен обично.Се оклучив на фб,гледам додал една девојка со која има искачено а ја блокира предходно.Не знам како да се понашам и јас и дали мислите дека треба да раскинам пошо очигледно има нешто а не ми кажува што.Тешко ми е и много лошо се осеќам ама што треба да биде нека биде.
Девојки ај ве молам за некој совет. Има еден дечко што многу ми се допаѓа, а мислам дека и јас нему. Тој е од друг град, меѓутоа од мојот до неговиот град има 30 минути возење со кола. Постојано сме во контакт, си пишуваме на месанџер некогаш, тој некогаш јас иако искрено повеќе му пишувам јас и се случува некогаш да ми се јави, онака да ме слушне. И сега не знам што да мислам. Зошто многу пати ми вика ќе дојдам да се видиме ама никкао да дојде. А во контакт сме веќе 5-6 месеци, се имаме видено само еднаш ама на кратко. Не знам како да постапувам веќе со него, постојано ми дава лажна надеж,
Здраво девојче, веќе контактирате на месинџер шест месеци и тоа најчесто ти го контактираш него, а не тој тебе. Чим за овие шест месеци не нашол време да те види барем на еден час ми изгледа дека нема ни да најде воопшто. Едит: сега видов дека сепак нашол време на кратко да те види. Ама после тоа не те има видено. Не е заинтересиран за тебе пак. Игнорирај го и продолжи понатаму. Поздрав
Ако за шест месеци не нашол време да дојде да се видите барем еднаш ондак каква иднина гледаш ти со него. Еве да речеме во врска сте - на колку време ке се гледате..Мој совет не се залажувај, не вреди..ох Боже па не е во Америка да му се сневиди.
To samo devojkite GI prasuvaj za tvojata ljubov. Prasaj GI I maskite. Takva ljubov preku zica he biduva, batali ja. Toj mi izgledat nedozdrean nedorasnat. Oddalecen 30 km. I need nasol shodno da the poseti. Bataligo.
зошто не седнеш и збориш со него? ако одбива да се видите тогаш не треба да се замараш. Ако те одбегнува, не е искрен чим мислиш дека нешто крие и не се труди за вашата врска тогаш не треба и ти да се трудиш. На крај сам ќе си ја сфати грешката ако е паметен
Ај совет ве молам, навистина не знам како да постапам. Има еден дечко што го знам од училиште бевме иста смена и постар е од мене 2 год.Е сега се сретнуваме секој ден кога чекаме автобус а и бевме пред некое време кај него цело друштво затоа што почнавме да се дружиме многу.Јас и тој не се знаеме многу и онака општо зборуваме во живо ама пред некој ден ми пиша околу 10 навечер и до 3 пишувавме и навистина не очекував дека е таков карактер и едноставно прекрасна личност е.Цело време имамве теми за разговор и така 4 ноќа по ред. Премногу ми се допаѓа неговото размислување и се што го кажува ама прв пат гледам тешка личност како него со висок стил на зборување и супер ни оди.Ми кажа дека сум многу различна и посебна и ме викна на кафе.Се е ова супер ама воопшто не ми се допаѓа неговиот физички изглед.А од друга страна многу ми се допаѓа карактерот, однесувањето и се. Знам дека многу ке изгубам ако ја испуштам ова шанса, ама не ме привлекува физички ни малку. Имате некоја идеја како да се однесувам, што да правам?
Изгледот не е пресуден но, сепак мора барем малку да имаш симпатии кон него. Што ако ви тргне работата и дечкото има надеж па испадне дека не сакаш ти? Размисли уште еднаш. Од една страна карактерно ти се допаѓа што е добро. Јас би ти рекла да се видите уште неколку пати и ако сеуште не чувствуваш ништо, кажи му дека го гледаш само како пријател, па одлуката нека биде негова.
Тој ме освојува со неговото однесување што до сега ми се нема случено.Со карактерот ме привлекува и затоа ми се допаѓа, а вака физички не. И можам да го сакам ама секогаш ке ми пречи тоа што не ми е симпатичен воопшто. Не знам дали ке биде грешка ако му дадам шанса.
Не ми е јасно зошто го величаш толку, која ти е таа голема шанса..па и да ја изгубиш, што...остави време да си најдеш подобра прилика, комплетна, како физичка така и интелектуалната страна да те привлекува...вака е безвезе... Јас на пр.никогаш не би сакала дечко кој не ме привлекува физички( ме потсетува на горчливиот чај што со сила ми го даваше мајка ми да го пијам, оти бил лековит за моето грло)
Затоа што прв пат можам да зборувам со некој отворено и да се согласуваме за многу работи. Порано кога бев со дечко што ме привлекуваше само физички од него добив само болка и тага и си имаше големо его па изневеруваше секоја прилика. Со тој што ми се допаѓаше физички никогаш не се разбиравме како со овој сега. Искрено ова е првата личност во мојот живот што ме освои со карактер.
Тешко е да најдеш некој кој карактерно ќе ти одговара, ќе те сака, почитува и надополнува. Зошто тогаш изгледот би сакале да го ставиме пред сите овие поважни карактеристики? Ти воопшто да не си сакала никаква комуникација со него, немаше ни да му вратиш на пораката. Но, според мене имало нешто што те натерало да пишуваш со него до 4 сабајле. Веќе си знаела и како изгледа. Ништо нема да изгубиш ако се видите уште неколку пати но, потоа отворено разговарај со него, ако ништо не сакаш.
@Medicine25 настрана физичкиот изглед. Мислам дека е премногу кратко време 4 вечери што сте си пишувале за да оцениш дали треба да бидеп со некој или не. Често така заглавуваме сите, дури и ни се јавила некоја почетна вљубеност кон личноста , сме избрзале на крај не испаднало ништо. Дајте си малку време да се запознаете подобро.
Никогаш не сум се залетувала по изглед. "Паѓам" на карактер, постапки, шарм, хумор. Ако веќе почнеш да излегуваш и карактерно се споите ќе ти стане симпатичен Ама мислам дека премногу брзаш. Понекогаш допишувањето на фб е од чиста досада и не мора да е знак дека му се допаѓаш. Пополека.
Јас би ти рекла да му дадеш шанса, да излезете неколку пати, да се запознаете подобро па ќе видиш како ќе се одвиваат работите понатаму. Се сложувам со феминката погоре дека има нешто што те влечи да му пишуваш до 4 саат по полноќ. Сигурна си дека баш ич не те привлекува ? Ни малку не ти се допаѓа ? Само да знаеш кога ќе се вљубиш во човек ти станува најубав на цел свет.