Што е чудно? Тоа што имаат по 26,28 год и што сексот зближува, а од друга страна и е потреба. Како може една (долга) врска да функционира без односи?Ништо чудно типот да има друга на страна зошто ретко кое машко поготово во денешно време издржува
Мислам дека треба да разговараш со него посериозно. Немате 16 и 18 години. Нормално, не сте стари во никој случај, ама на тие години 2 годишна врска и тој да се понаша како 17 тинејџер не оди. Зошто да не ти каже за себе нешто? Да, ти го сакаш но дали знаеш за него доволно се да би била во брак? Што е тоа што толку згрешил па ти кажал ќе ме отсакаш ако ти кажам за мене? Не размислуваш? Од друга страна имам чувство како тој во врската да се издигнува себе си. Тој има другари а ти немаш, тој оди на кафе а ти одиш само ако те земе тој со себе. Те третира како марионета, знае дека нема каде да излезеш па ако те земе здравје. Приметувам во неколку ситуации ти кажал дека си глупа и друг никој не би те сакал, но утре ако имате деца тој однос би го учеле од својот татко. Според мене овој човек не ми изгледа ниту за во сериозна врска, а не па за во брак. Каков брак ќе е тој? Дома седење само, нема со други парови гости излегување. Цел живот во 4 ѕида ќе го минете? Нелогично. Мизерно. Заостанат тип според мене. 2 години тој да не помисли на секс, машко. Нема шанса. И мислам дека не те привлекува толку многу за да биде личноста со која би си ги остварила своите фантазии. Според твоето мислење овој човек е спротивно од сето она тебе што ти одговара. Ти сакаш дружење, излегување, близина во врската, рамноправност, но како што кажа доста многу си понижена индиректно од негова страна. Едноставно тебе се ти зависе од него. Тој ако е излезен некаде ти дома. Глупости. Нека си ја чукне малку главата ако сака утре да му бидеш жена нека створе близина во врската, а не телефон да ти гаси. Недораснат.
Точно ! На 28 години ќе се мислат дали да имат односи, мислам тој? Што, дане се чувствува мал или нешто? Глупости. Поголеми се шансите да си има друга на страна и да си работе кога ќе му се присака кога веќе врската станала монотона и се навикнале без секс. И во брак, после раѓање деца готово немаат секс партнерите. Или може ќе чекаат до првата брачна вечер да го закачат чаршавот на балкон со крв. 2 години врска на тие години и само по ресторани и дома одење слабо ми е како добри пријатели што одржуваат близок контакт. Па тие немаат никаква близина.
Џабе сексот да е ок, ако карактерно не се контактибилни. Тие сеуште карактерите не ги усогласиле, не се познаваат доволно, да не збориме за она другото. Денеска првин имаат секс, уште не знаат што се, дали се секс френдови или дечко и девојка, а порано првин почнувавме врска , се запознававме еден со друг, па после односи, богами тоа запознавање не траеше кратко. Мене првово не ми е нормално, нема врска кој колку години има, туку како се чувствуваат.... @Jasminamandarina Ако не си имала односи до сега девојче , значи не си сигурна во врската и дечкото и немој. Овој сака да ти каже "кој е муж у куќа", сака малку да ти ја разниша довербата, те вреѓа и не се однесува добро со тебе. Јас да сум ќе раскинам, ако сега глуми лудило, што останува понатака. За друг пат ќе настапиш со самодоверба и авторитет во врската, да не дозволуваш збор понатака да ти кажат, макар и на шала, зошто во секоја шала пола вистина.
Во тие две години многу пати сме се оддалечувале и зближувале и не се гледаме секој ден, а време како време си поминува. Значи интерес имаме и двајцата за сексот (немаме такви здраствени проблеми) Незнам дали е нормално или не, но едно знам дека со некој можеш да се зближиш за една недела а со некој цел живот да останеш далечен. Јас сум многу скромна девојка и не сакам многу ни луксузи ни слично сакам само да се чувствувам сфатено, прифатено и исполнето од мојот партнер и да му се предадам целосно. Сакам да разговараме за различни нешта, буквално за све од камче до планина. Заедно да учиме и да се развиваме.Да сме соиграчи а не противници. Што се однесува до шалите и зафрканциите сакам да се шалам и да се шали некој со мене ама за се си има мера.(Тоа глупава не можам никако да го прифатам затоа што се плашам дека утре на моите деца ќе им каже така и ќе ги оддалечи од мене). Всушност сака да се шали ама не прифаќа шала. Сакам кога зборуваме со некој да речиме НИЕ вака правиме НИЕ така. Како да сме ние на една страна а светот на друга. Јас многу попуштам затоа што се ставам во негова кожа, бидејќи и јас бев таква позатворена, посрамежлива, понекомуникативна и сфаќам дека не му е лесно. Ама во последно чувствувам дека тој едноставно е таков и дека е опуштен сега и дека ова е неговото лице. Што се однесува до отвореноста, кога и да разговараме отворено, значи кога и да му укажам на грешките се лути наводно сум го вреѓала. Повеќе ништо не правам, не зборувам и ќе бидам лош барем така ќе знаеме дека сум лош. А од друга страна пак и комплименти му давам секогаш кога ќе забележам дури и најмала ситница. Еднаш дури и се расплакав (посилно беше од мене) и за тоа се налути викаше јас сум лош се лошо ти правам не сакам да ти е лошо. Му имам кажано само малку ти фали и ќе бидам твоја целосно, а тоа малку е само повеќе комуникација (што знам дека го може, ама ако сака). Од друга страна пак кој би ми верувал дека не сме оделе до крај после 2 годишна врска, кога би почнала нешто со друг. Искрено јас и престанав да верувам во тоа што отсекогаш си го имав замислено. И да си невина ќе ти рече ам ти ќе побараш друг нема да останеш со еден. Оваа година ме викаше да одиме на одмор, ама јас не се одлучив зашто сепак не сме преблиски.
Јас мислам да не си губиш време и да се тргнеш од него. Да не се повторуваме како што кажа и сама, со некој можеш и за една недела да се зближиш,а со некој џабе ти е и цел живот. Во твојот случај мислам дека е џабе. Кога ќе го најдеш вистинскиот за тебе мислам дека одма ќе знаеш, нема да ти требаат две години за да сфатиш и да бидеш несигурна за било што.
@Jasminamandarina Се согласувам и јас со девојкиве. Почни полека да се оттргнуваш од него и види како ќе се одвиваат работите. Стави си се на прво место, ќе најдеш некој на иста бранова должина со тебе што ќе биде среќен што те има и ќе ти го докажува тоа, не заслужуваш помалку. И не си должна да му се објаснуваш ни на овој дечко а ни на идниот, дали и зошто си немала односи реално.
@Jasminamandarina како бе девојче за 2 години не го чувствуваш близок доволно и уште си го замараш мозокот за него? 1. Те вреѓа! 2. Те потценува како личност. 3. Сака да те заебава, не сака ти да го заебаваш. 4. Слаб друштвен живот 5. Слаба комуникација Ти требаат уште причини за да сфатиш дека тој не е за тебе? Тука не го ставам сексот зашто тој е интимна работа мада да беше тој вистинскиот според тебе досега 100% ќе ви се десеше.
Ne si gubi vreme devojko @Jasminamandarina svesna si i sama deka neodi, probaj si so drug, neveruvam deka masko od 28 god nema seks 2 god.
Ајде да се отворам со надеж некој барем да даде совет. Вака. Скоро 2 недели си пишувам со еден тип. Не живееме во истиот град, но небитно тоа. Имаме доста заедничко и планираме да се видиме во живо напролет. Е сеа, има еден проблем од моја страна. Многу му се допаѓам него, за него сум совршена како што тој вели. Ми се допаѓа и тој мене, убав е, амаааа не се палам доволно на него. Не е од оние згодни типови кои јас ги сакам. Не вежба (иако тоа не ми е најбитно, но сепак доста важно бидејќи и јас самата вежбам па барам некој таков). За мене физичкиот изглед не е најважен но пресуден е за тоа дали би била во врска со некој. Значи се си е типот супер ме третира како принцезаа, амаа...познавам машки кои ги имам видено и не се совршени но можам да ги наречам лепотани. Добро признавам оти сум перфекционист и работам на тој проблем, ама денеска видов еден тип кој само ме направи посигурна во мислењето дека сакам мојот дечко да е згоден. Заборавив да кажам, пред 5 дена типов ми рече дека понекогаш мислел оти јас сум преубава за него, т.е. дека му сум too much (и кога разговаравме за ова ми рече дека така рекол оти сум била мн убава). И оттогаш ме мачи прашањето дали тој не е доволно убав за мене, односно дали има некој....згоден. Од една страна преубаво ми е со типов ама од друга, понекогаш кога се шетам и ќе видам некое машко шо ќе ми падни во очи....не ми е баш сеедно. Само да додадам, ако не ви се допаѓа пишаното никој не ве тера сосила да ми одговорите на проблемов. Само скролнете надолу во тој случај.
Имаше и друга членка сличен проблем. Мојот совет беше да му даде шанса. Кај тебе, колку што сфатив сеуште во живо не се имате видено или грешам? Бидејќи пиша не се палам на него, мислиш општо на помислата на него или сепак сте запознаени? Како и да е ако не се знаете, откако ќе се запознаете мислењето може 100% да го сменеш. Затоа дај малку време. Штом ти сеуште имаш контакт со него, нешто те влече кон него. Исто така, тебе ти смета што тој не вежба и нема спортско тело, но тоа не значи дека секогаш ќе остане така. Јас не би го ставила овој фактор како пресуден. Секој си е убав на свој начин. Ако ти прифатиш да се гледаш со него, ќе треба целосно да го прифатиш со сите негови недостатоци и предности. А на дечкото би му кажала да поработи на самодовербата.
Ништо страшно во тоа да излезете, да видите како ќе функционирате еден крај друг. Може ќе ти биде убаво и неговата внатрешност ќе дојде до поголем израз. Всушност, внатрешноста е она кое прави да сакаме некој. Надворешноста само првично привлекува. Само немој да му даваш лажна надеж. Пробај, но ако дотолку ти пречи што ,,не е лепотан'', ако не се створи љубов, тогаш немој ни твоето време да го губиш, ни неговото.
Јас му давам шанса и дефинитивно ќе се запознаеме во живо. Карактерно е супер детето и ме третира како принцеза и затоа му давам шанса, а и доста заедничко имаме. Но кога помислувам на него физички не се палам нешто мн. На некои слики ми е убав на некои не. Но го нема оној икс фактор шо би ме запалил да речам. Да имам високи критериуми, но сум флертувала и со позгодни машки во живо.
Во право си дека карактерот задржува. Но за мене изгледот е пресуден би рекла и сакам да мислам за дечко ми дека е најубав т.е. да се палам на него.