Јас имав обратен случај. На сликите изгледаше сосема океј но, однесувањето во живо воопшто не ме импресионира. Затоа видете се барем еднаш, па потоа одлучи што понатака.
Да, ќе се запознаеме дефинитивно па тек потоа ќе видиме што и како. Да се надеваме дека е така. Но во секој случај, ако не ме бендиса мн ќе му кажам и то е то.
И јас би ти рекла да му дадеш шанса за да искочите и да се запознаете. Полесно е ако физичкиот изглед те двоуми, тоа и може да се смени. Ако тој карактерно ти е супер и ти одговара, не се знае, но после одреден период би можеле толку да се сложат работите и тој сам да изрази желба дека сака да вежба, па супер ќе ви биде и ќе си вежбате заедно А и можеби тотално друга импресија ќе добиеш кога ќе го запознаеш во живо. Прво запознајте се, па потоа ќе видиш дали има надеж.
Јас имав слична случка со бившиот со кој бев две години. На почетокот кога се запознавме воопшто не ме привлекуваше. Ми беше онака, сум имала и поубави, но јас му дадов шанса и го засакав најмногу на свет и ме направи најсреќна. После раскинавме поради Х причини,тоа не е битно сега. Муабетов ми е да му дадеш шанса, затоа што некогаш физичкиот изглед е џабе,ако има лош карактер. И баш мислам дека девојката треба да е поубава од дечкото. А за вежбањето е најмал проблем, може да го убедиш да вежба понатака, а ако ти е убаво со него нема ни да ти текне на тоа. Мој совет, пробај.
Ми треба совет, не знам што да правам. Со дечко ми долго сме заедно, меѓутоа од кога бившата негова дојде на гости во Македонија многу се промени.Беа заедно на свадба, им била на гости бидејќи нивните живеат и многу ја посакуваат за снаа.и дојде претешко, бидејќи можеби не го сака, но не знам зашто толку и угодува.Одма после Божиќ си замина,но бидејќи дечко ми беше слободен, замина со нејзе, наводно да не си одела сама и овој да ја однесе, и демек некој работи да купи од нејзината земја.Претешко ми дојде, не ми се допаѓа тоа што пак се спријателуваат, не сум љубоморна но ми е тешко.За мојот роденден тој беше кај нејзе, дури и селфи си направиле пријателско. Ми честиташе но не е тоа тоа.Сега таа си замина и заедно сме, но некако не знам како да ја променам оваа напнатост.Кога зборевме за нејзе кажа само дека му била прва и единствена љубов, и дека далечината т.е она сакала да е сама не знам.Кажа дека ја сакал повеќе од се, дека сакал да му биде жена, и дека со нејзе поминал многу, но дека сега мене ме има.Не знам дали да му верувам.Совет? И се мора да и угоди, он на ова вика дека бил човек, дека сака да помогне ама сепак.. Не знам дали ме има изневерено немам сомнежи
Молам? И ти преќуте на сето ова? Девојче стави прст на чело, размисли во каква врска се наоѓаш! Да сум на твое место одамна ќе беше пратен по ѓаволите.
Проблемот е што она не го сака, туку неговите го лепат за нејзе.Како да го сменам? Мислам дека ме нема изневерено, нема ни како да се заедно, кажа само порано дека ја сакал
Лелее малку комплицирана ситуација. Не знам, но јас би се навредила ако дечко ми ми каже дека неговата бивша му била единствена љубов. Друга работа, што има да ја враќа он дома не ми е јасно? Ти предложи ли барем ти да одиш со нив, чисто да не ти остави простор за сомнеж? Па и што трча по неа.. Мене би ми пречеле тие работи искрено, би му дала до знаење дека не ми се допаѓа тоа, па и би се налутила. Ти веројатно си поминала преку тоа и не си изреагирала, сега е малку касно да му кажеш ама размисли за следен пат како ќе изреагираш кога ќе се најдеш во слична ситуација. Ако не пресечеш еднаш, секогаш вака ќе ти прави.
А јас па си правам филмови дека мојов не ме сака, само затоа што еднаш заборавил да ми се јави кога дошол од работа. Што трпите бе девојчиња? Жално...
Се согласувам! Ма нема бре ни муабет да прави со нејзе. А за изневерување, големи се шансите. Ако толку се сакале, сигурно дека направиле нешто. Не верувам во пријателство после врска и љубов..
Проблемот е дали тој ја сака неа, а не дали таа го сака него! Може уште сто женски да го сакаат, ама тој да не чувствува ништо за ниедна. Извини, ама мене не ми изгледа како да не чувствува ништо за неа. Друго е да има здраво после прекин на врска, ама да ја носи дома, да оди во друга држава со неа..... Девојче се правиш наудрена или ?
Мене дечко да ми каже дека бившата му е единствена љубов тренутачно го оставам. Па пак нека му биде. Како бе може да ви е сеедно кога некој вака ви зборува. Бев на раб на прекин на врска поради тоа спомнување на бивша. Одлучив да дадам последна шанса и фала богу се се смени.
Он кажа дека ја однел за да не се осети сама, да не и е досадно и да биде заштитена, бидејќи во очите на неговото семејство е кралица, совршена. Како да пресечам? Инаку таа не го сака, а и тој истото го вика дека не ја сака, ама се нешто се дешава пак да се заедно,ми кажа само дека кога раскинале пробал да има врска на далечина, ама не успеало, после тоа мене ме најде, и ми кажа на тема бивши само таа дека му била, и дека ја сакал, ама дека сега е со мене.Не знам збунета сум
Нека се врати таа во Македонија на подолго па мислам и тоа дека ќе го дочекаш.. Не ти зборувам за да те навредам или натажам ама ова не е за простување.
Инаку он и кажувал за нас, мене ми е чудно ако му е бивша и ако знае за нас зарем би паднала ниск да се смува или да му даде сега, штом е таква дигната и сл? И зашто не крие туку ми кажува се за нејзе а не е тајно?
Може ни ти нема да му се свиѓаш кога ќе те види во живо. Едно е слика, а друго е во живо. Какви не машки и женски имам извидено по социјалнине мрежи, ама кога ќе ги видам во живо ми се одмилува животов.Човекот, сакајќи да ти ласка, малку повеќе се потценил самиот себе, а тебе ти ги дигнал акциите до плафон. Се гледа дека е неискусен со женски и е со ниска самодиверба. Не е се во убавината, самодовербата и харизмата пред се. Џабе да е лепотан, а да е искомплексиран.