Дај му шанса запознајте се, па пожеби во живо е по убав. И секогаш надворешната убавина не е пресудна туку внатрешната. Не донесувај толку брзо одлука. Ништо нема да изгубиш ако му дадеш шанса.
А зошто не се погрижи ти да не бидеш сама, да не ти биде досадно и тебе да те заштитува?! Многу ми е криво зошто си му дозволила да си даде толкава слобода.
Ах бе девојче какви покварени женски има... Можеби и за инат и паднало криво што има друга, можеби за стари добри времиња секс.. Што се немам видено и доживеано, затоа вака размислувам. Ама во секој случај не е убаво така да ти прави. Него сеедно би му било ти да отидеш со бивши? И тоа со родителите дека ја сакаат за снаа, он треба да им објасни дека ти си моментално снаа, нема што они да сакаат и да бираат..
Пред месец дена пак бараше совет, сите феминки ти кажаа како треба да постапиш, а ти не прифати ниту еден совет. Да те потсетам за што тогаш бараше совет? Епа девојче ти кажа дека дечко ти бил на свадба со бившата, си видела слики како играат и се гушнати......Меѓу другото ти кажа дека дечко ти во неговата соба ги чувал сликите од бившата и сите нејзини поклони. Што сакаш повеќе од ова? Каков совет бараш? Не ја барај вината во неговите родители, они не ги спојуваат, он самиот оди кај нејзе. Што ти рекол он? Дека ќе ја однесол за да ја заштити и да не и биде досадно. Помислил ли он како ти ќе се чувствуваш? Те викна да одиш и ти со нив? Ти се јави ли дур беше со нејзе? Он ја користи секоја прилика да биде со неа. Дечко ти сеуште ја сака и ја нема преболено. Тоа се приметува и по начинот на кој збори за неа. Доколку бившата сака да се смири со дечко ти, он тебе одма ќе те остави. Колку побрзо ова го сфатиш толку подобро за тебе. Раскини му и земи поработи на самодовербата.
Девојки сега му пишав да дојде до кај мене да разговараме во врска со проблемот. Лут е дека го замарам и сум љубоморна.Изгледа е готово. Му кажав дека се двоумам дали да продожиме, го прашав зашто така се однесува, и еве го пишува уште.Ми кажа дека ја гледал како другарка, дека не е убаво да љубоморам и дека немале ништо. Му кажав дека требаше да мисли на мене и да се смени, и сега признава и се колне дека немале ништо, чекам да дојде. Сега се налути и кажа дека ќе разговараме кога ќе дојде.И кажа да не зборам против нејзе ништо. Се пофали дека била фина и дека убаво поминал кај нејзе.Ми прати слики од селфи, ми вика ти личи ли на мување ова? Вика ќе разговараме тргам накај тебе.Се нервирам не знам што ќе правам. Ми прати и една слика кај нејзе дома се, она е седната на некаков кауч, овој мојов со глава у скут кај нејзе, вика ова е едино што имавме, одмарав од пат и ме измасира, сликани се со селфи стап. Другарски демек. Како културно да раскинам и дали ова галење ви е ок?
Изгледа е крај дефинитивно. Ама ќе почекам да дојде, не знам како да реагирам. Инаку во право сте, сега ми пиша дека сака да оди кај нејзе да живее, и ми кажа дека ја сака, и дека нема никогаш да ме сака како нејзе.И ми призна дека ме изневерил.Како да разговарам дали да му дадам блок одма или сепак во лице?
Ти забранил да кажеш нешто против нејзе???? И лежел во скут????? Па и ти признал дека те изневерил???? Девојче он тебе те исмејава и те понижава на секој можен начин. Батали фино раскинување, не бирај зборови и отерај го таму кај што му е местото. Избриши го подот со него бидејќи тоа е најмалце што он заслужува. Јас на твое место и некоја воспитна ќе му дадев. @Sarahhhhm и мене ми се качи притисокот кога читав.
Девојче здраво, треба да поработиш на самодовербата и биди малку похрабра. Што и да се случи секогаш имај си на ум дека утре ќе најдеш нешто подобро и некој кој ќе те сака и цени. Гледам дека самодовербата и храброста ти се доста ниски а верувам дека тоа е резултат на некои лоши искуства или пак неискуство, сеедно мораш да го совладаш стравот зошто ако не го совладаш стравот тој ќе ти прави во иднина проблеми и со други работи во животот. Треба да знаеш и дека луѓе кои се плашат премногу и имаат доста проблеми во животот. Така да, похрабро малку. Во врска со раскинувањето: ќе си објасниш зошто сакате да прекинете и ќе му ги наведеш причините. Поздрав
Сега на чат вика океј, бидејќи ме напна, искрен ќе бидам, кога ја видов на свадбата ми го дигна, ми пиша дека утре вечерта дошла кај него на спиење, дека се смувале и имале секс, а инаку ми честитал ради реда роденден, за да не осетам и кажа дека тој ден им било најубаво. И кажа дека никад немало друг да најдам со оваа грдотија и мизерија, ми пиша разубави се малце и после барај друг, и ене сега на фб се стави со неа во врска, и на профилна како се бакнуваат.Мизерија. Веќе ми раскина, на фб е со неа во врска, со неа на профилна и ми изнапраќа куп слики од нив, кажа дека ја сака и дека никогаш не ме сакал дури срам му било од што сум грда да има слики со мене. Плачам и пишувам.
Жалам искрено, но има и вакви работи во животот. Има и вакви неубави работи. Животот и светот се исполнети со добри и лоши работи и со добри и лоши луѓе. Заборави го човеков, и веќе не го контактирај. Дома сè што имаш од него исфрли а исто така и слики за да го заборавиш колку што е можно побрзо. Сега во моментов ти треба според мене одмор. Разговарај со твоите во врска со ова, со мајка ти и кажи си ги маките на неа. Верувај дека ќе ти помогне многу а топлината од најблиските секогаш значи. Главата горе и сега тргни се од форумов. Оди одмарај и смири се малку. А после тоа исфрли сè што имаш од него и блокирај му го пристапот до твојот живот.
Наместо да плачеш, дотерај се и излези вечер! За негов инат и за твое добро. Ѓубре! Да можам јас ќе го убијам за тебе. Не ми се верува!!!
Девојче смири се и со ладна глава пристапи кон проблемот. Искрено он нема да дојде кај тебе да си ги земе работите, не верувам дека би ти кренал и на моб, затоа седни и напиши му еден реферат на фб. Направи го лом, избриши го подот со него, исмејавај ја неговата бивша (најмногу ќе го повреди кога ќе кажеш нешто лошо за бившата) навреди го и да го отераш таму кај што му е местото. После тоа блокирај го на фб, инстаграм и вибер. Што барал со тебе ако не си убава? На мизерен начин сака да ти ја намали самодовербата. Остави на времето ќе си најдеш некој што ќе те почитува и сака.
Во моментов на девојката ѝ треба одмор а не излегување. Ова е пак шок и болка. Особено кога некој ќе те навреди со такви погрдни работи. Немојте луѓе со вакви совети.
Девојче ти имаш поголеми проблеми од неговото изневерување. Колку пати сите ти дававме добронамерен совет, ти ниту се заблагодари ниту одлучи да послушаш некој. Одлучи да живееш во заблуда.
Немало да дојде, му пишав за бившата дека барем не сум ко нејзе, ми вика ти ни до пола не си и, ми изнапиша реферат и кажа да не замарам и вика сега си слободна иди на пластична операција да те разубават, среди се грозна си. Не ми се верува...
Тој ѝ раскинал веќе и тоа на крајно мизерен начин. Човек да му се згрози искрено од луѓево кои живеат во државава.
Немало да ни биде веќе државјанин, и инаку кажа дека сака да ја жени таа. Изгледа и она сака не знам.
Зашто одмор? Да седи дома,да плаче, да мисли и да се замара со него и да запаѓа во депресии? Не се согласувам. Нема подобар лек од пијачка со пријателките.