Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Ова не е ништо ново тука. Не седи тука на форум оди смири се малку, али ако те опушта разговорот на форумов во ред, остани тука ќе ти правиме друштво :). И убаво ти велат сите, поработи малку повеќе на самодовербата и совладај го стравот зошто стравот ќе ти прави многу проблеми во животот. :)
     
    На capricorn1501 и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Сама си дозволи да дојдеш до овој степен. Не послуша ниеден совет од овде. Греота си ама така е. Му дозволи се. Пред 10 мин ме праша зошто не ти раскинувал. Ете сега ти раскина. Соземи се. И научи ја лекцијата: ТИ си најважна. ТИ си на прво место. ТИ си највредна.
     
    На buba4e89, carangigia и HoneyBun им се допаѓа ова.
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека штом трае, има љубов. Во мал милион случаи, партнерите се заедно од навика.
    Ова го пишувам оти мислам дека погрешна дефиниција имаш за љубовта.
    Прва озбилна врска ти е, па затоа правиш огромни отстапки, се жртвуваш себе, во надеж дека ќе биде подобро. Искрено, нема да биде подобро. Посебно заради тоа што со твојот опис на дечково, не се добива впечаток на позитивна личност. Осеќаш љубов во неговите очи, ама јас како што знам, заљубените не се китат со комплименти глупав/а. Две години идете заедно, а ти не можеш да се опуштиш покрај него. Тоа е добар индикатор дека сте физички некомпактибилни.
    Јас не знам како си издржала две години со ваква личност.

    Мој искрен совет, престани да се измачуваш, повеќе од очигледно е дека не ти е убаво со него.
    Ако ти е вака во врска, замисли како би ти било во брак кој што го спомнуваш.
     
    На Sarahhhhm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. capricorn1501

    capricorn1501 Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2017
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    И подобро ми е тука, сега ме блокира ама не ми е гајле.Се надевам дека ќе најдам искрен и добар дечко што ќе ме сака заради тоа што сум во иднина.
     
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Сега можеби си велиш во себе дека само на тебе ти се случило ова да те навреди некој и понижи вака ама верувај дека многу луѓе од тука имале вакви лоши искуства во животот. Не си единствена, тоа да го знаеш, веќе ти пишав, има крајно злобни луѓе по оваа држава а и насекаде.

    Што се однесува до тоа што ти давале совети претходно во врска со ова, имај во предвид дека сите грешат така да исто така тука не си единствена. Лошото ќе биде само ако не извлечеш поука од ова и дозволиш да ти се повтори.
     
  6. capricorn1501

    capricorn1501 Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2017
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски

    Не ми даваа лоши совети, јас бев многу заслепена, од петни жили се обидуваа да ми ги отворат очите и да ме спасат.Можеби вака најдобро. Се надевам дека ќе соберам сили и дека ќе најдам вистинска љубов кога најмалку ќе барам.Ме здоболеа навредите, грдо ми е возрасен човек да ми коментира дека сум грда и сл.
     
    На Crna Dama, buba4e89 и Sarahhhhm им се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Не реков дека ти давале лоши совети, сигурен сум дека ти дале доста луѓе добри совети само ти си направила грешка. Поентата ми беше дека секој греши така да не се обвинувај многу. Лошото ќе биде ако дозволиш да ти се повтори грешката.
     
  8. capricorn1501

    capricorn1501 Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2017
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би дозволила повторно.Но ако е грешка, ме нервира тоа што воопшто се фати со мене, се осеќам искористено.Што не си замина одма со неа?
     
  9. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Веќе ти го дадоа одговорот на прашањето, а сега и да се замараш со ова џабе е, се случило веќе. Повеќе би ти помогнало во овој случај друштво од некој од твоите или пак разговор со другарки.
     
  10. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    5.738
    Пол:
    Женски
    Се додека толерирате работи кои не се ни за спомнување , ќе имате вакви проблеми. Самопочит, самодоверба што е тоа? И не е најголемата вина во тие што ви го прават тоа, туку во вас што им дозволувате. Еднаш никој не може да предвиде кој што може да му направи, но константно манипулирање не може да биде знак на респект. Иднината е 80% резултат на постапки од минатото, како поинаку ја замислувате?

    За да ве почитуваат и сакаат другите треба прво вие самите да се почитувате и сакате.

    Зборувам за сите, не само за девојката која го пиша проблемот. Не замижувајте на тие навидум мали работи. Токму тие прават големи проблеми.
     
    На buba4e89, Purplelilac и +++ им се допаѓа ова.
  11. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Веќе реков дека ќе му дадам шанса и дека ќе се запознаеме во живо, па после тоа ќе видиме.
    Извини чупе ама зборовите на луѓето не влијаат на моите ставови. Јас истото го мислев и пред него и сега и понатака.
    Инч да џабе да е искомплексиран лепотан но како што реков, физичкиот изглед е пресуден за мене.
     
  12. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Е како бе бил кај неа во нејзиниот град? Што е тоа што таму го има а кај вас го нема? Кај кој спиеше таму тој? Ако толку ви е сериозна врската би те поканил и тебе, зошто да не ? Ако таа веќе не му е ништо нема причина тебе да те оттргнува. Тебе не те викна на свадба а беше со неа? И не те покани на гости кај него? Јас мислам да те сака повеќе од неа ќе те претставел пред сите дека ти си неговат девојка, дека тебе те сака. А не ти да седиш дома додека него го убедуваат да биде со неа. Океј таа може не го сака, но можеби тој ја сака? Ја однесил до дома, бил до таму, она била кај него, биле на свадба... со бивша??? Океј е дека е човечки да не се мразиш со бивша, ама до толку блискост е претерано и не изгледа само како за пријателство. Па и сечфиња глупости, гости патувања оти таму требало да купе нешто. Што? Леб? Чудноооо!!! Ти правиш ли нешто вакво со некој твој бивш? Размисли си.

    И за ова треба сама да сфаниш дали те сака или не и како се понаша со тебе и како те третира. Ние овде може само да погодуваме а на крај да излезиш повредена од мислењата...
     
  13. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Хмм па мила ја му велам одвреме навреме вежбај поубаво ќе ти биде (чисто да го мотивирам), тој ми вели ќе размислам убаво ми е вака. И му давам модни совети да биде подотеран а и поубав. Сепак денес бев излезена и видов 2-3 машки кои веднаш ми го привлекоја вниманието со изгледот, додека ако беше тој на нивно место и нз баш дали истото би се десило, евентуално не до тој степен да зјапам.
    Ние дефинитивно ќе се запознаеме, па сеа како ќе биде после така.
    Јас го убедувам ама шознам...Лично да карактерот најбитен е но јас сакам згоден дечко по кој ќе копнеам и кој ќе ми предизвикува пеперутки во стомакот при самата помисла на него. Да мислам дека е најубав на свет. Шанса веќе му дадов, но ако не се напалам во живо џабе е.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.836
    Допаѓања:
    80.788
    Пол:
    Женски
    @capricorn1501 колку би сакала да не е вистина ова што го пишуваш... Ова е ненормално, ова ги поминува сите граници на човечката глупост, безобразност, безосетност... Ни збор веќе не му пишувај, блокирај го секаде и избриши го од твојот живот. Дотука било. Ќе преболиш.
     
    На Alisa22, rogue, Crna Dama и 3 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Спаси се на време.
    Тебе ти било роденден, а он со неа си бил, па уште и да не зборив против нејзе ништо.
    Уште одма без збор раскинувам,што си ти трета виолина.
     
    На Alisa22, +++, "Zoki" и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Не зборам за твојот вкус на мажи и што е пресудно да започнеш врска, туку реков дека можеби ти нема да му се допаднеш во живо. Друго е кога те гледа на слика, а друго кога те гледа пред себе :).
     
    На sj *O* и lost123 им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    @capricorn1501 ти можеше на време да спречиш се за да се поштедиш себе си од дополнителни нервози ако ги послушаше членките.
    Самата се направи на будала прикривајќи ги знаците кои ти ги дал тој очекувајќи дека тој ќе ти даде објаснување.
    Далеку е ова од озбилна врска. За озбилна врска треба многу повеќе.
    Второ за навредите што ти ги кажал тој сигурно не го мисли тоа туку не нашол подобар начин како да те тргне па ајде ќе ја навредам за да не ме замара.
    Јас би те советувала во иднина да не се затрескуваш премногу и да ги гледаш сите знаци од страна и проблемите да не ги игнорираш.
    А за овој дечко искрено не вреди да плачеш, во животот ќе искусуваш многу поболни работи затоа не давај некој да те сруши биди силна.
    Овој што таа не ја задржал како момче биди среќна што не е со тебе таков како него ќе вара и понатака.
    Биди прекрасна за себе за други па и не мора.
    А во иднина послушај ги другите кои гледаат објективно од страна секогаш имаат право.
     
    На lost123 и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  18. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Ова нека не те повредува што ти го кажал,ако стварно го мислел воопшто немало да биде со тебе.
    Ова го кажува машко кое му е криво дека си му раскинала,си го дешифрирала,убаво си му набила рогови на сељакот.
    Типичен глупак,ѓубре,мрсул.:puke:
    Немој да тагуваш,верувај не вреди за вакви ни солза да пуштиш.
    Поздрав(highfive)
     
    На Alisa22, Crna Dama, lost123 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.770
    Допаѓања:
    40.265
    Пол:
    Женски
    Што очекуваш од машко шо размислува со долната глава?
     
  20. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Би ве замолила за мислење и совет ако може.
    Во врска сме 8 ипол години и двајцата имаме по 23 години.
    Овие 2 месеца постојано се кара со мене преку телефон во присуство на неговиот брат, и притоа користи многу лоши зборови. Имаме разговарано доста за ова, вели дека нема веќе, но ете го прави и понатаму. Знае дека чувствувам огромен срам од брат му, дека не можам веќе да поминам преку тоа и да се дружим со брат му како ништо да не е. Му реков дека нема да идем кај него дома додека не ми помине срамот, тој прифати едвај и ми вети дека е крај со тоа, а еве денес 3 пати го направи и не се чувствува виновен и уште се лути што нема да идем кај него. Вели дека немал осет дека брат му е тука и затоа се случувало тоа, а кога го прашам а како имаш осет дека е тука кога треба да кажеш нешто убаво, па ми пишеш или кажеш кога си сам, ми одговара дека тоа не било за пред други. Кога го прашам зарем убавото не е за пред други, а лошото е, одговорот е дека јас сум крива.
    Како да се справам со ова? Како да се однесувам? Зарем е нормално ова?
    Благодарам однапред