Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    А што правиш ти за така да се однесува? Со што придонесуваш?
     
  2. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    А зошто баш неговиот брат? Што е толку тој?
     
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    @taznatajbg

    Здраво,

    ова ми е малку чудно, велиш навредите се случувале по телефон, и тоа во присуство на неговиот брат а од друга страна велиш дека сте разговарале во врска со ова (претпоставувам лично, а не по телефон а и да е по телефон пак ќе биде исто). Ова некако ми мириса на тоа дека ти си трн во око на неговиот брат и како дечко ти да нема свое „ја“ т.е. дечко ти дозволува да биде контролиран од неговиот брат.
    Барем така заклучив според ова што го пишуваш и барем јас тоа така го разбрав.
    Дали ти си седнала да разговараш и да го прашаш вака што е проблемот? Да прашаш зошто тој вака се однесува? Мислам осум години сте во врска, сигурно си разговарала со него во врска со ова.
    Ако сте разговарале, дај вака поопширно кажи што е тоа што му пречи на него за да видиме што е проблемот и дали неговите реакции се оправдани или не. Зошто може проблемот да е и во тебе исто така. Те охрабрувам да кажеш повеќе во врска со ова и да ги претставиш и твоите и неговите гледишта.

    Поздрав
     
    Последна измена: 27 јануари 2018
  4. Jasminamandarina

    Jasminamandarina Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Пред се фала ви на сите на советите....Сакам да прашав вие како поискусни во врски како се поставувате за да ве почитуваат. Знам дека е добро да се налутиш...ама јас пустата ни да се налутам не можам. На моето лутење ќе ми се налути тој па пак на крај јас попуштам. Тој вели дека секогаш ме барал тој кога ќе сме се налутеле и превземал чекор за да се видиме, ама пак од друга страна јас сум таа што доаѓа, што секогаш попушта. (попуштам ама длабоко во себе рефлексно се бранам).
     
  5. Glorcheto

    Glorcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Не би го рекла тоа љубов туку занес, еве на пример немој да ме сватите лошо имам 15 години и кога ке видам пример некое машко одма летам по него, не баш во секој во тие што ме привлекуваат.. Ке одам во град и исто така ке видам некој одма го сликам..па го барам по фб и сл. Многу лесно некако се “заљубувам“... ваљда некој бил на моево место и има разбирање незнам дали е до годините ми лета паметот, може лошо ке помислите за мене, целта ми е да се приберам несакам во лошо девојче да пораснам, сакам да си уживам во животот. А и изгледа пошто цело време дома седам може и од тоа да е нешто, слабо се дружам.. Ве молаам совет :whew::worried::x
     
  6. rogue

    rogue Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    имам дечко, многу кратко сме заедно. неговите му дозволуваат да е со мене ама моите не. мајка ми воопшто не го сака и тој тоа го знае. забрането ми е да излегувам и да се гледам со него и многу ми е тешко. тој сака да ми раскине бидејќи не сме среќни и не можеме да се гледаме. а се е тоа поради моите. совет?
    п.с. мали сме за врска ама некои од моите другарки имаат дечко и не им забрануваат ништо
     
  7. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.890
    Допаѓања:
    59.559
    Пол:
    Женски
    Колку години имате? Проба да разговараш со твоите?
    Они не го сакаат баш него или воопшто не сакаат да имаш дечко? (пиша дека сте мали)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rogue

    rogue Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    14 :(
    Они не сакаат да имам дечко ама овој па ич мајка ми не го сака. Да ми беше некој другар и она самата ми рече дека би ме пуштила да искачам со него
     
  9. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.890
    Допаѓања:
    59.559
    Пол:
    Женски
    Мали сте, зошто од мали со врски.
    Ужувај сега во годините и позитивните работи што ти ги дава, многу брзо ќе пораснеш.
    Шетај, дружи се, забавувај се за врски имаш време.
    Исто и јас мислам дека сте мали за врска :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Разбирливо, мали сте.
     
  11. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Како и да се поставиш, на крај одлучувачки е карактерот на партнерот.
    Пробај да не попушташ само ти, па ќе му ја видеш вистинската страна.
    Ми се чини дека те искористува ама ти си знаеш.
    Ние колку и да даваме совети, ретко а најчесто никогаш не се имплементирани.
     
    На Jasminamandarina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rogue

    rogue Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Исто ми викаат и моите. Ама веќе излеговме заедно па се случи и првиот бакнеж и тоа. Подобро ќе беше воопшто да не бевме во врска. Сега вака ми е потешко.
    Btw фала за советите :)
     
  13. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Според него го провоцирам да се кара. Еве за вчера беше вака - му реков дека сакам да одиме во Истанбул, дека има одлична понуда за 3 дена. Тој ми одговори дека не може од работата, јас почнав да му објаснувам дека ќе треба да побара само еден ден од газдата и дека не би требало да биде проблем и така сите овие години не е користел ни одмор. Тој одма почна дрско, јас не сум како тебе имам работа, само измислуваш дека да идеме (а никаде никогаш не сме отишле освен за нова година), мене работата ми е битна, иди у пм, носи се од мене, ако не ти одговарам иди си, само знаеш контра да ми идеш и уште многу и ми склопи. 2-то јавување јас го прашав свесен ли е што ми кажал и пред кого, тој- да и што големо чудо и ќе зборим пред него кога ме предизвикуваш и пак лоши зборови и склопи. 3-то јас се потрудив да му објаснам дека ништо лошо не сам мислила и не сум сакала да се караме, само сум рекла дека еден ден е проблем и да побара од газдата да го ослободи бидејќи секако никогаш немал одмор. Тој продолжи со вреѓање и уште полоши зборови, и склопи.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Не те сака дечко ти. Ова се мали ситници, башка кажа дека никаде не одите.
    Нешто трето е во прашање е тука а е поврзано со брат му. @taznatajbg
     
  15. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Заедно се во соба. Не сака да излезе, туку пред него зборува лошо на мене.

    Имаме разговарано и лично и преку телефон за ова.
    Според него проблемот е што јас секогаш сум била контра неговото и со тоа сум го предизвикувала да се кара со мене пред брат му. Кога се кара и ме навредува пред него, немал осет дека тој е тука и тоа не било ништо, а ништо убаво не кажува има осет дека е тука - тоа не требало пред други срамота било. Работата му е сега најважна. Се што можел правел за мене. Јас сум му барала многу, а тој немал време, а кога имал време не му текнувало.
    Јас не можам да го разберам како може лошото да не е срамно пред други, а убавото да е. Чувствувам огромен срам од брат му и не можам да одам кај нив и да глумам дека ништо не е. Кога и да кажам мислење за било што, што не се согласува со неговото, одма вика и се кара. Ако се обидам да му предложам нешто што е нормално ( како за ова да побара еден ден) тој одма постанува агресивен како да сум нешто ептен лошо рекла. 24/7 е окупиран за работа.
     
    Последна измена од модератор: 30 јануари 2018
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Да го оставиме братот негов на страна иако мислам дека тој некако влијае врз него.
    Велиш дека тој смета дека ти одиш цело време контра неговите мислења и ставови намерно. И тој тврди дека бараш премногу а од друга страна вели дека е премногу зафатен со работата.

    Што е тоа што тебе ти пречи најмногу кај него? Зошто тој тврди дека ти премногу работи бараш?

    И навредите не се во ред, јас би ти препорачал (што се однесува до навредите) да му кажеш да ја спушти топката зошто некој кој сака некого не треба да си го земе правото да понижува и навредува некој. Сметам дека тоа не му е во ред и треба да му го кажеш ова. А ако ти си го навредувала тоа е веќе друго, тогаш ти треба да ја спуштиш топката и да реагираш посмирено. :)
     
    На Dust и КикиМаус им се допаѓа ова.
  17. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Тебе очигледно повеќе ти смета тоа што зборува пред брат му отколку тоа што те понижува тебе. Важно ти е како утре ќе го погледнеш брат му во очи а за тоа дека тој тебе те не те цени... Најмал проблем е пред кој го прави тоа, проблемот е зошто го прави тоа.
     
    На kim.k, carangigia и mira.mira им се допаѓа ова.
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    @taznatajbg 8 години сте заедно и веќе сте си навика еден на друг. Тоа нему му дава сигурност и сите нервози кои ги има ги истура на тебе зашто ти го трпиш.
    Ова е проблем и тоа голем. Прво ако не може стварно да оди може тоа да ти го каже на нормален начин и ти тоа треба со убаво да го прифатиш зашто денес има газди кои не ти даваат ни саат слободен а камоли ден. Друго, карањето е меѓу вас двајца. Братот ни под разно не смее да биде присутен во тоа. Трето, не смее да те навредува.
    Не го напнувај веќе. Мислам дека кога првиот пат ти спуштил ти пак си ѕвонела и пак. Такви сме ние. Ама тука веќе нема простор за да му ѕвониш за ова. Не го ни спомнувај веќе патувањето и следи му го понашањето. Опцијата дека му здосади и сака да раскине а не знае како е секогаш отворена.
     
  19. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Вака сега имав дечко неколку месеци ама ја прекинав врската зошто покажуваше знаци на насилство. Ми кажуваше како удирал таму некое девојче, па друго, па се тепал и го разманав со тек на време. Ама дечкото и по муабети разбрав дека од порано имал тренирано карате и бил премногу насилен особено кога е под дејство на алхокол. Ќе го снема некое време, пак ќе се појави отвора нов профили само за да ми се заканува дека ќе ме сретнел, ме сакал, морал да ме има и не знам што. Го блокирав од секаде ама тортурата нема крај знае и каде живеам, искрено се плашам зошто често останувам сама. Како да постапам во оваа ситуација, без да ги мешам моите зошто и дома имам проблеми/
     
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Пријави го во полиција.