Ако му рече дека демек го видела како поминува од таму, дечкото може да и рече ...А ти да не ме следеше?...мислам дека не е добра опција
Не.. не не е кафич или нешто слично, јас не би имала што да барам таму а ниту пак некој мој познат, се работи за нешто ко изложба. Сепак му смислив нешто, кога ќе седиме во друштво ќе ја прашам особата чија беше изложбата како поминале, и сигурно ќе мора да спомне нешто... па тогаш ќе му речам ааа супер убаво
За Мимс... Ццццц женска работа Зошто лаги криенки, подбуцнувања, потискање во себе? За да чекаш да помине време и после 7 месеци во сред кавга да му речеш „А ти тогаш кога ме излажа“! Тоа е нешто што најмногу ме нервира кај луѓето, а верувај и на дечко ти тогаш ќе му дојде од земја да те тресне. Кажи си што те мачи и среди си ја работата дур е тазе...Просто и едноставно, ќе си го прашаш, зошто не ти кажал, он ќе ти каже и ќе му објасниш дека иако се работи за ситна лага дека тебе ти смета! Ништо нема страшно тука... Мораш да зборуваш отворено за работите што ти пречат и со тоа заеднички да си ја изградите меѓусебната доверба за утре он да нема потреба да те подлажнува, а ти да немаш потреба да не му веруваш... Секое добро
Па прашај го како си поминал на излозбата. Ќе видиш што ќе ти каже. Ако рече супер, ти-па нели не беше. Ако рече не бев-речи му знам дека беше. Како и да е нема да избега од караница.
Те разбирам, ама јас стварно неможам да му кажам како сум дознала и тоа ме кочи, инаку би му рекла без двоумење, ама потоа ќе следи од кај знаеш кој ти кажа, и ќе треба да вадам и да лажам а тоа нема да ми успее и јас ќе испаднам крива што чепкам по негови работи ааа женска глава!!!
Тогаш не мораш да му кажеш! Мислам стварно е небитно, он колку и да сака да го сврти муабетот во напад односно да го насочи проблемот кон тоа од кого ти си дознала ти ќе му кажеш дека не ти е поентата да се расправаш или да го осудуваш или пак да се објаснуваш кој ти кажал... Си дознала дека те излажал и не сакаш повеќе тоа да му се повтори... И толку! Мимс поентата на постот мој не е да предизвикам расправија меѓу вас двајца, а исто и муабетот кој ти би го направила со него не треба да ја има таа цел. Факт е дека те излажал, колку и да е безопасно лага си е лага! Сите лажеме, факт, ама кога ќе не фатат се објаснуваме... Муабетот ми е дека мораш да дознаеш зошто те излажал, а тоа ќе го дознаеш само со искрен муабет со него...
Знам зашто ме излажа, дека само машки биле со него и за да не се налутам ако не ме земе и мене. И јас токму тоа не го сфаќам... зар има потреба за тоа да ме лаже, не сум ја тежок мањак! Нема везе, благодарам за советите, и да ти ја сфатив пентата Бокичка
Мимс, или ти е битна работава, или не ти е битна ич. Сакам да кажам или стави ги сите карти на маса, и зборувај со него искрено, или ич не се замарај за ова дека те излажал - ама тоа тешко нели? Инаку не би ни пишала овде Само да не му го извадиш тоа како што ти рече Бокичка во друга прилика?! Ќе се потскарате малце, и ќе ти излета несакајќи. Мој предлог е искреност и кажување во фаца, ама мислам дека вака слично те советував веќе еднаш. Што знам, а да не станав јас тетка и уморна сум за женски игри веќе?! Како и да е, мене лаги ме нервираат, и на твое место секако би разговарала со него и би му рекла дека знам дека ме излажал. Поготово кога се работи за сериозна, подолга врска. Ајде, со среќа
Пирамидке ти благодарам на советот. Ги прифаќам тие совети и сум свесна дека треба да се реши се со искрен разговор, но за ова неможам да му кажам дека знам, затоа што јас ќе бидам крива му прочепкав по работите, знам дека немал некоја лоша намера што ме излажа но сепак ме боцка нешто... тоа е целиот проблем. И еве готово заборавам на тоа, ќе спомнам пред руштво како што кажав, а на него нема да му кажам како и дали сум дознала, не се замарам веќе со тоа, нека биде така, а не дај боже за наредна прилика да има вака ќе се разберам на мој начин. фала уште еднаш за советите
мимс, убаво кажа ,,не смеам да му кажам од каде знам...,, значи ти кажала некоја особа која не требало да ти каже, или некоја особа со која ти всушност ,,не комуницираш,, ... значи кога ти го прочитав постот веднаш на тоа се сетив, па можеби тој намерно те излагал (и самата кажа дека е банална работа) за да види дали ти контактираш со особата. можеби тој ја видел таа особа таму, и сакал да дознае.... затоа што единствен начин да ја дознаеш вистината е од неа (и тој тоа го знае). е сега значи ова произлегува од тоа кога тој те излагал? дали пред да замине, или веќе кога бил таму... (понекогаш одам во крајности, ама мора да анализирам ситуација )
Незнам дали за тука е прашањево, ама стварно се нервирам многу. Најдобрата другарка со која што сум по цел ден заедно почнува да ми мрчи за дечко ми. Со него се гледам на ден, два по 2,3 саати. КОга одам со него обично пред тоа сум со неа или пак после него. Денес бев со него пред да се најдам со неа и таа кога дојде се намршти зошто е со мене тој. Одевме заедно накај факс тројцата и таа не збореше воопшто. Тој примети и се тргна понастрана демек го интересираат зградите и таа почна да ми прави муабет. Ама јас не сум ниту со едниот ниту со другиот. Застанав на средина ги добрлижив, двајцата ги сакам. Нема врска помина тоа стигнавме на факс и таа ми вика, абе ај нека не иде со тој со нас, чувствувам те губам. Со неа сум по 7, 8 саати, на мсн после тоа и тој и сметал. Кога излеговме од факс јас требаше да го чекам дечко ми да земеме нешто и таа оооо па ај дојди со мене -батали го. Се видов со него и тој ми вика-абе знам другарка ти е , ама веќе не доаѓам со вас, ја гледаш каква е, несакам тебе да ти биде незгодно. Кога не се гледаш со неа кажи ми, ама јас воопшто да не ја сретнувам. Мене баш ми е драга , гледаш се трудам , ама таа не контактира. Сега другарка ми на мсн пак- И вечер пак ќе се видите, а утре кога? Девојки што да правам? Извинете ако не е за тука проблемот.
Можам потполно да ја сфатам другаркати бидејќи се наоѓав и сеуште се наоѓам во такви ситуации и неможам да го поднесам тоа, ама никогаш не сум искоментирала нешто невкусно како батали го, ај не се одвојуваш од него итн... Мораш да си одвоиш посебно време за другарката посебно за дечкото, друго е да излегувате заедно како друштво, а сосема е друго девојчето да се влече со вас како пар... епа замисли како се чувствува таа, вие дечко и девојка и се чувствува како товар, како сијалица. Сега не терба ти заради тоа да го отфрлиш дечкото или пак неа да ја отфрлиш, едноставно направи си распоред. Биди со неа пред или после часовите а со дечкото обратно. Не е работата дека тие двајца не се поднесуваат, неможам да кажам дека ја оправдувам другаркати затоа што гледам дека одвојуваш време и за неа, сепак таа нема право да ти каже откачи го, батали го итн... но можам да ја разберам како се чувствува, како до вчера сте биле цело време заедно, а сега е запоставена, и таа терба да сфати да, ама барем не ја доведувај во ситуации да се осеќа како вишок, што мислиш дека и е интересно со вас двајца да седи и се... епа не и е. Кажи му и на дечкото каква е ситуацијата и тој нека разбере. јас искрено никогаш не им имам кажано на другарките дека ме запоставиле и дека претеруваат и веќе почнав да ги губам, неможам да ги разберам, по цел ден со дечкото и кога треба ние да се видиме ( што се дешава еднаш месечно ) ете ти го и него пак, не дека ми смета типот, сакам да сум си со другарките едноставно, па и јас имам дечко па имам време и за другарки и за факс и за се, и затоа неможам да ги сфатам таквите луѓе. Па фала Богу не ни сакам секој ден да се гледам со дечко и по цел ден да сме заедно... Тоа имам да ти кажам, се надевам нешто ќе ти биде од корист
Како што кажуваш ти дека се гледаш со него на 2-3 саати,а со нејзе по цел ден мислам дека не и е у ред понашањето,затоа што колку што те разбрав ти не го влечкаш цело време со вас,па ако се погоди ситуација сите тројца да отидете некаде па мислам дека не е страшно освен ако ја игнорирате,ако сте другарки тоа не значи дека само на нејзе треба да и припаѓаш,а како она ќе се понаша ако има дечко???ќе разберев да се љути ако цело време го носиш да седи со вас,али за вака мислам дека е глупирање или љубомора друго нема,најдобро ти е ако сакаш да престанат вакви според мене глупости од нејзина страна да се гледаш посебно со нејзе посебно со него,како што е и нормално и тука другарка ти мислам дека нема разлог да се љути....
Кој и е филмот на другарка ти? Зошто толку посесивност и неразбирање? Таа случајно да не нема во животот ништо друго попаметно да прави па е залепена 24/7 за тебе Што ти е таа тебе? Женска, жена, мајка?! Што? Зошто да и даваш целосен извештај кога ќе бидеш со него? Зошто пак мисли дека е компетентна дека треба да каже било што?! Јас ќе ти кажам дека ти љубомори страшно затоа што имаш дечко и затоа така мрчи. Криво и е, завидлива е, сака и таа да има. Боже сачувај, затоа секогаш сум на дистанца, без премногу лепење за другарки. Едно што ќе ти направат проблеми било да е во врската или на друго поле, друго што те ограничуваат во животот и не познаваат за граници до каде смеат да идат. Животот е твој! Што сакаш и колку време сакаш ќе трошиш на дечко ти! Глупача, леле мене да ми е
Се сложувам со Оффи . Тебе мајка ти ти вика и кога ќе се видиш со него ? Денес утре ? Ееее бог да чува . А и има ли други другарки она ? Кај што сте по цел ден заедно , дали мсн дали надвор дали на факс па и да ти мрчи за дечкото . Твоето време е само твое и ни дечко ни другарка не смее да се меша у твојот распоред . Ако мислиш ти дека малку време и посветуваш ( јас така не мислам ) тогаш посвети и повеќе , мада не знам зошо .. А дечко ти убаво ти кажал . Па кажи ни што ќе направиш и како ќе ти биде понатаму
Ова што го читам ми е дежа ву од една моја бивша колешка. Девојчето вака ми изгледаше фино и ми беше драга, се здруживме за брзо време. Како поминуваа неделите забележав дека нема нејзино друштво и нејзини другарки. Јас само што ја започнав мојата врска, кога почна да го крева носето и да се мршти, не само за дечкото, туку и за моите другарки. Се' додека еден ден не добив порака на мобилен: Ти имаш време за сите. И сите ги сакаш повеќе од мене. Ако е добра и искрена другарка, ќе сфати. И нема што да и пречи твојот дечко, твој живот, твој избор. Со тоа што не ми зборува нему, не те почитува ниту тебе. Еб*те таквата другарка. Извини, ама не знам како ја издржуваш.
Благодарам девојки. Морам од неа малце да се тргнам. Не дека нема таа други другарки, ама ете ние сме постојано заедно. Дечко ми го откачувам ради неа, тој ме сфаќа. Ама некогаш па мора да бидеме заедно. Додека сме тројца ние двајца не сме пар, значи нема држење за раце, прегратки, а за бакнежи да не зборам. Можеби е проблемот што нема дечко. Баш синоќа ми рече-како можеш се со долги врски? Нејзе врските и траат по недела дена и после дечковците ги снемува, ама таа не сакала дечко и така и било подобро. Јас со дечко ми сега сум по 2 пат, значи бевме разделени 7,8 месеци,но немала добро чувство во врска со него. Се плашела за мене. Се надевам ќе го решам проблемов, зошто ми создава главоболки. Среќа што тој разбира.
Мило најдобар совет е да и објасниш на другарка ти дека тебе ти е убаво со дечкото, ако нејзе нешто не и се допаѓа во врска со него нека ти каже, а не така да се мурти. И да и кажеш ако таа те цени и сака како другарка, ќе го почитува дечко ти, макар и лице само да праве. Не чини така, ајде ако не па кога сте во кревет викнете ја и неа да ви кажува пози Можеби сум премногу лоша, но таквите другарки кои се себични не заслужуваат да ти се наоѓаат во твоја близина.... марамичке и не ми се нервирај
Марамче, јас мислам дека другарка ти е лезбејка. Извини за искреноста, од кога го прочитав убаво цел проблем добив таков впечаток. Толку посесивност не е на арно... Мене на тоа ми мириса. Другарка ти е обратна.
Марамке нема што не сум истерала во животот, ама најболно е да страдаш заради другарка. Јас со мојата не зборам веќе 3 години, а бевме најдобри другарки. Делевме буквално се, бевме цимерки на факултет, се додека јас не се фатив со дечко ми со кој што одам и сега. Таа на почетокот мислеше дека е минлива врска, ама како поминуваше времето, се повеќе ми велеше да излегуваме сами како некогаш, некако се чувствуваше запоставена. Јас бидејки бев премногу блиска со неа не ни осетив дека она го мрази дечко ми, почна во станот кај што живевме да кани мои бивши без мое знаење, што нормално му пречеше на дечко ми и дојдовме до ситуација да мора да бирам меѓу него и неа. Јас го избрав него и не се каам, ама заради тоа пак останав без другарки , бидејки ми беше глупо да излегуваме сите заедно , а ние две не збориме. Затоа претпазливо, треба да донесеш одлука, сакаш со дечко ти или со неа, таа така се однесува бидејки нема дечко , за кое што ти си најмалку виновна. Се надевам дека вашата ситуација ке се среди подобро од мојава , поздра4е