Велиш се си пробала за да престанеш да комуницираш. На пример што? Дали проба да не му пишуваш, да не му јавуваш и да не се гледаш со него?
Треба да покажеш цврст став дека не си нечија играчка која седи некаде во ќош и чека да биде играна од некого. Грешка на почеток кога си се видела со некого кој веќе има друга но,се се менува како и чувствста па ако на таа личност не и прија таа врска а веќе сте биле заедно и комуницирате тогаш работите треба да бидат чисти. Никогаш не дозволувај да бидеш нечија замена туку некоја за која ќе се бори и ќе има потреба.
Буквално позната приказна во која јас бев изневерена и точно знам за какви дегенерици станува збор НО, почнувам од себе..ако сум принципиелна и достоинствена не би дала шанса на човек кој веќе во неговиот живот постои некоја со која ИМА ЉУБОВНА ВРСКА. Значи ова не е пазар као “ја сакам ама ќе почекам да видам што ке се случи”. Едноставно е ако со некого си значи сакаш,ако не веќе не би збореле за ова.
Јас не сум била во ваква ситуација, но лично не би сакала да сум на второ место. Ако ми кажува дека чувствува нешто за мене, а од друга страна е сеуште со некоја личност која наводно не му значи и го нервира, не е баш во ред. Не знам повеќе за ситуацијата но некако како да е контрадикторен. Ако јас му значам, ќе биде со мене, а не со некоја друга. Ако навистина не планира да прекине со неа и само бара изговори тогаш остави го, за твое добро.
Мислам, ако не е среќен тој во врската со таа што е нека ја откачи на нормален начин, биди маж мајка му стара, а не со една е као не сум среќен и ај ќе изневерувам, пички буквално. Го имав еден таков 3 години, 3 пати ме изневери, и на крајот те остава на селски начин. Не фала, не ми требаат дечковци.
Потполно се согласувам,веќе сме поминале низ тоа затос секогаш стремам кон искрени момци иако неможеш секогаш да знаеш баш од причина што денес на никого не му се верува 100%. Затоа и предложив подобро да си најде нешто што вреди со време,отколку утре истото да и го стори и нејзе со друга.
Епа ајде разбуди се разбери дека не ти е местото да се буташ помеѓу двајца, откачи го неверниот дечко и најди си некој верен. Овој и да го фатиш, штом оваа ја вара со тебе, утре и тебе ќе те вара со друга. Затоа најди си верен и гради си убава врска
^ Ооо девојко батали го Ниту има почит кон тебе ниту кон неговата девојка, а тоа во животот не ти треба. А за тоа дека не можеш да престанеш да контактираш со него, ти треба повеќе самопочит и самоконтрола. Ако сакаш ќе го избришеш од твојот живот.
Drugarka moja pocna seriozna vrska na samo 17 g i eve den denes se zaedno po nekolku god vrska. Ko vtoro da jas bev izgradena licnost uste na 15-16. Predvreme sozreav kako licnost. I imav samodoverba i togash.
Буквално, се согласувам. Сакав на 15 години да изградам сериозна врска, и сакав, на некој начин работите ги гледав по различно од 15 годишни девојчиња, поради проблеми по дома и се друго. И на темата 15 години + врска се може, ако двете страни ја сакаат таа работа и се доволно спремни да се изборат. Сега сум 18 помина 6 месеци како ме остави тој првиот, и по 6/7 месеци запознаваш некој кој ти ја враќа надежта дека можеш со некој да си во сериозна врска и на почеток, па не знам за натаму.
Кога ќе се случи таква караница каде тој е виновен да го соочиш со реалноста дека тој погрешил? Да му покажеш дека тој е виновен?
Точно е дека на 15 години личноста не е зрела, ама љубовта не бира кога да се случи. Како и повеќето на таа возраст ќе почнеш да илегуваш со некого, и ете врската супер ви функционира со години. Во тој случај, детската љубов прераснува во нешто многу повеќе, и ако со тек на време кога партнерите созреат, сеуште си одговараат, тогаш why not? Сигурно нема да се разделат без причина. И како тоа родителите се криви? Ваљда нема да ги стават во карантин, само за да не бидат во сериозна врска од 15 години? Точно е дека на таа возраст децата се сеуште деца и не се зрели, а тоа и е причината поради која многу врски завршуваат, кога и двајцата ќе созреат. Едноставно патиштата им се разминуваат, имаат различни цели и желби во животот, итн, ама секако дека ги има и оние кои успеале. Еве јас лично познавам 3 парови кои ден денес одлично функционираат, од кои едните се и во брак. Така да, не гледам што е толку несфатливо... Без разлика на колку години започнала врската, ако функционира и во иднина, тогаш супер. Позз.
Проблем беше да се знае на кој се однесува моето мислење? Не гледам зошто модераторот ми го менува мислењето кога немаше никаква навреда, напаѓање и слично. Вака ме вадите од контекст, што не е фер. И би ве замолила следен пат барем да ме известите кога правите промена.