Твоето мислење беше изменето само во овој дел.. А бидејќи мислењето на членката е избришано, нема потреба да стои и тој дел. Друг дел од мислењето не ти е редактирано. Нема опција за известување при едитирање. И престанете да се препукувате на темава. Не е за анализа на членки, туку за љубовни совети Колку сте биле зрели на 15 год, дискутирајте на друго место @sj *O* @Purelove92
Кафе со бивша? Не мислиме баш најдобро за таа ситуација Во никој случај.ОД што мака да оди со бивша на кафе?
Не би прифатила. Можеби пријателски заедно со друштво би било во ред донекаде. Ама сам со неа, заради која причина би пиел кафе? Дали тој те извести дека ќе оди со неа?
Мене лично би ми сметало. Ако случајно во друштво се погоди да се заедно океј, но договорени насамо не.
Поминав само да кажам дека се согласувам. Колку некој е зрел на 17 години е индивидуално и дискутабилно. Годините не се мерило за зрелост ама искуството е и те како. Најискрено не судам никого, бракот и децата ги сметам навистина за нешто посебно. Ама никогаш не сум ја разбирала причината да се трча во брак толку рано и доста често во моја околина има примери невработени и без решено станбено прашање, исто така доста често девојката бремена и сите тие трошоци на грбот на родителите. Пак ќе кажам не судам никому ама јас не сум и не би играла така. За се во животот си има свое време.
Даст мила ја само си го кажав моето мислење и нагласив дека тоа го правам, не знам зошто толку навреди...но не ми е гајле, затоа и не и вратив на последната реплика која вриеше од навреди. А ионака ретко го користам форумов, така да нема потреба да се окупирам за нешто што не е реален живот. Поздрав
Сепак ќе пишам јавно. Има еден дечко кој ми се допаѓа веќе некое време, тој е постар од мене 2 години. Само тшто јас имам проблем со самодовербата. Јас и тој дечко сме некако претерано различни во однос на финансии, семејство, друштво итн. Се имаме на фб веќе 5 години ама дури пред некој ден се запознавме да речам на некој начин, се видовме иако ништо официјално. Сакам да му пишам на фб утре, другден ама не знам што и како да пристапам а да не биде тоа пренападно.
За да започнеш разговор би можела да му пишеш дека ти била забавна и пријатна средбата. Потоа би можела да го прашаш некое најобично прашање од типот на: „Како ти поминува денов?“. Ако и тој покаже интерес за разговор со тебе тогаш понатаму прашања, досетки, шеги ќе ти текнуваат веднаш затоа што разговорот ќе тече спонтано, а ако не тогаш барем ќе знаеш дека не треба да очекуваш нешто повеќе од пријателство. Инаку различноста во овие аспекти кои си ги набројала не мора да значи дека ќе претставува проблем во иднина ако бидете во врска. Ако вие добро се разбирате меѓусебно тогаш и се друго ќе може да се среди со разговор и договор Среќно P.S. Никогаш не дозволувај да имаш разнишана самодоверба поради финансиската состојба, поради семејството кое стои позади тебе или друштвото со кое се дружиш. Финансиите не го дефинираат човекот дали е добар или лош, дали вреди или не. Тоа не го одредува финансиската состојба во која се наоѓаш, туку го одредуваш самата ти. Најважно од се, е ти самата да се сакаш и почитуваш за личноста која што си.
Имам еден проблем девојќи, имав со другар нешто како „врска со бенифиции“ ништо озбилно, се додека ја не се заљуби во него, тоа тој го знаеше и беше океј со тоа. Пред 1 недела нема ни недела, видов нешто што не ми се допаѓаше, а тој почна да се понаша ладно. Мислам му верувам и знам дека нема да има ништо во тоа што видов, но секако глупо ми дојде, завчера другар ме праша како тој прашал „Зошто го мразам“, денеска го заследив на инста и ме прифати, исто така пред пола час добив порака од него, „Ајде да го сме на ова „Не сакам да те видам“ и не ме прашувај зошто, што и како, добро?“ Врска немам што се дешава, и тоа ме едноставно измачува, и се мислам дали тоа што му го кажав тогаш го повредило или пак осеќа нешто повеќе што не сака така да е, стварно не знам ќе кажеш сите машки се исти, па и не се.
Ти сама се измачуваш, тој не се измачува со тебе. Тоа значи да не се гледате веќе и да не го бараш. И подобро, не е за тебе. П.С.И јас мислев дека имаш дечко.
Па можда и дечко и другар си има. Модерно време. Инаку, заебано е да се заљубиш во таков другар. Прекини со време.
Најлесно е да се каже, остави не му пишувај, ех да беше толку едноставно немаше никој да се замара со ништо и готово. Се гледа дека не ти е сеедно, но и од негова страна не испаднал фер, иако како што разбрав на почетокот си знаела на што сте, а сега одеднаш очекуваш нешто повеќе, ти дал јасен знак дека не сака ништо повеќе од тоа, сигурно некој нешто му кажал па така изреагирал да не му пишуваш више, машките баш и не` обожаваат девојки кои “трчаат по нив“ однесувај се сега како и на тебе да ти е сеедно, почитувај се, немој да го молиш или да те повредува тоа што така ти рекол, сигурно имало нешто од предходно па сега нашол прилика и ајде одма ти пишал така, ако не те избришал тој, избриши го ти од инстаграм да види дека не е центар на внимание, можеби ќе почне и тој самиот да те бара, однесувај се и ти како да не се замараш, многу поубаво ќе поминеш.