Поради која причина би пишувал со други девојки? Ако една личност без разлика машко/женско е среќна и задоволна од врската нема ни да помисли да пишува на други.
Да не пишуваат!!! Затоа што 90% од тие што пишуваат со личности од спротивниот плл, тоа го прават со одредена цел, а таа цел е како да дојдат до туѓо. Друга причина не гледам.
Доколку се работи за поблиски другарки, нема проблем. Ама за некои непознати девојки секако дека не е во ред.
Доколку си имате доверба еден во друг не е ништо страшно ниту тоа што се допишуваат со некои девојки кои вие не ги познавате. Можеби тие девојки му се колешки од работа, факултет или слично нема потреба за паника се додека не почне да биде сомнителен и да те одбегнува или да наоѓа изговор дека нема време за одредени работи кои сте планирале заедно да ги направите.
Нека исклучи осигурачи и ќе немаат електрична енергија, па во темно ќе седат ама нема да има дома интернет да се допишува со нив. А ако е преку телефон со интернет од мобилниот оператор, нека му го празни телефонот за да нема батерија да се допишува. Нема да има каде да го полни телефонот, дека ќе ја исклучи струјата. Нека направи романтична атмосфера и нека прејдат во акција.
Маж ако те сака само тебе не е опасен. Не гледам ништо лошо да пишува со пријателки блиски ако и ти ги познаваш секако. Е сега ако сака нешто да направи и од подрум ќе направи и пак нема да знаеш.
Маж ќе одкопа ќе излезе, ама со помалку пријателки него да сурфа по интернети и да пишува пораки. Тогаш шансите се мн. поголеми за да забегат.
Зошто 90% од пријателите ми се машки значи дека мерак му имам? Кој дел од муабетов не го сфатив? Нека ми забрани со време да пишам со машки, јбг.
Здраво, ми треба совет за еден проблем. Со дечко ми сме 2 ипол години заедно, како што сум блиска со него со никого не сум, дури ни со пријателките. Тој е таква личност што покрај тоа што ми е дечко, тој ми е и најдобар другар. Знам дека што и да му кажам на него тој ќе си го сочува за себе и нема да каже на никого. Тој инаку е секогаш на смеан и секогаш е среќен и сите го знаат по тоа што никогаш го немаат видено намуртен или слично мислиш нема никаков проблем на светот. Но пред некој ден фативме тема онака и тој почна да ми зборува дека кога му се лутам за некоја глупост би направил се само да не сам му лута, дека ја сум единствената на која верува, дека се осеќа како да е сам и понекогаш како да е во депресија. Јас останав онака шокирана затоа што тој никогаш ама баш никогаш не изгледаше како личност на која и е тешко. Се чуствував навредено затоа што ми нема кажано до сега за тоа, а инаку за се си кажуваме. Но од друга страна пак би направила се за да му помогнам да се справи со тоа, затоа што знам дека јас понекогаш умеам да бидам тежок идиот и да направам се да се врти околу мене. Па еве го моето прашање: како да му помогнам, како да се врати стариот тој?
@Cherry.girl биди покрај него и прати го. Буквално како тој да е бран, а ти бродче. Поентата ми е, кога некој од партнерите е несреќен, не со врската туку со други работи, му треба да биди подржан. За тоа, мора да пратиш што го прави среќен. Зборувајте што го прави среќен, правете нешто што немате до сега правено, држете се преокупирани. Доколку страда од депресија, да не е понекогаш туку ако е секогаш, посоветувај го да посвети стручно лице зошто го сакаш и сакаш да биди среќен. Колку што прочитав е понекогаш, па можи се работи за некој моментален проблем или период. Сепак, ако е само некој период, разговарајте како можи времето да биди посиполнето, а со тоа да не се чувстутва сам и несреќен. Заедно посилни, со разговор најдобри. Се надевам ќе се среди!
Toj e predobar. Ne bidi so nego tezok idiot kako sto vikas i togas ke bidete dobar par. Taka ke mu pomognes.