Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.446
    Допаѓања:
    91.770
    Пол:
    Женски
    Еве денес што се случи. Одам на факс и по пат ја сретнувам неа и одиме заедно, пред факс дечко ми се појавува случајно. Застанав јас со него, а таа го одмина не се ни поздрави.Дечко ми не ми рече ништо, само се насмевна. Кога влегов во предавална, таа лута и ја прашав зошто не го поздравила. само одмавна со главата и цел ден не ми збореше. За накај дома ме гушна и ми рече извини. Не можам да ја сфатам.
    Оффи за тоа дека е лезбајка во последно време сите го зборат тоа, ама не верувам, а и плус тоа јас не би била нејзин тип :lol:
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Марамке, таквото нејзино однесување ме наведува да помислам на тоа. Уосталом, ти е гајле, гледај си го дечко ти, таа ако има мозок нема да се однесува така како што се однесува. Ако ти мисли добро нема да те буцка против дечко ти, туку ќе те разбере дека ти во твојот живот имаш потреба некогаш да правиш работи во кои таа не е вклучена.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Како мало дете, леле :o
    Катастрофа.
    Многу потсетува на мојата бивша колешка, и она така се лутеше како дечињата и после ми се извинуваше.
    Свашта, пак ќе кажам, не знам како ја трпиш. :^)
    Држи вода теоријата на Оффи и тоа ептен.
    Ако не е лезбејка, бисексуалка е 100%.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Значи... ако ти е вистинска другарка нема да те присили да треба да одбираш меѓу неа и дечкото.
    Друштвото е најважно во животот, и побитно е од врските ама многу луѓе не го сфаќаат тоа, сфаќаат дури одкако ќе останат без дечкото а во меѓувреме ќе ги изгубат и другарките. Сите ја критикувате другарката, затоа што не сте биле на нејзино место, да и таа претерува мислам со никој не сум должна да се гледам секој ден и по цел ден, ама треба да подразмислиш и да и објасниш дека неможеш по цели денови да си со неа и со дечкото, дека и тебе ти треба време за самата себе.
    Многу девојки повеќе го вредуваат новиот дечко одколку другарките, а не мислат на последиците дали вреди тоа, и не мислат на тоа кога после ќе раскинат со фраерот. Тогаш си без никого, доколку го дозволиш тоа. Од друга страна јас не познавам машко кое што си го запоставува друштвото поради девојката... така да останува на вас да одлучите...
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.446
    Допаѓања:
    91.770
    Пол:
    Женски
    Мимс ако прочита од моите предходни постови јас другарката воопшто не ја запоставив. Сеуште сум со неа по 6,7 саати дневно, а 2 саати што двојам за дечко ми, двојам од времето за учење. Не сум ја одбила за ништо, дури и дечко ми сум го откачувала ради неа.
    Трендафилке и Оффи, да и мене ми е ова детско однесување, ама таква е. Дечко ми не го откачувам ради неа, зошто тој не коментира ништо лошо за неа, баш му е драга и навистина се трудеше околу неа. Ама залудно е. Ако не го сака во нејзино друштво, јас морам тогаш да намалам со неа.
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Devojki jas imam eden problem i nikako da go zaboravam. letoska bevme na vikend so decko mi, negoviot drugar i negovata zenska. bevme so nivnata kola i ovie celo vreme se odnesuvaa kako nie da ne ni postoime, ne ne prasuvaa dali sakame da ideme na taa i taa plaza, tamu i tamu na jadenje, na iskacanje itn. (се извинувам за латиница што пишував.) а нели разбирливо така се договараат сите кај да идат, не за џабе сме отишле како друштво. И вечерта ние отидовме на друго место, дека мене ми беше многу непријатно со нив - се однесуваа како да не сме ние таму, многу беше напнато. И ние останавме без клуч и немавме како да си идеме до местото каде спиевме - знаете лето во охрид е тешко да се дојде до такси. ние шетавме 2 саата после им се јавивме и ги чекавме плус 2 саата да ни го донесат клучот. и се скаравме. од тогаш дечко ми многу слабо контактира со нив. јас ни на крај памет не си замислував дека такво нешто би можело да се случи. не сакам, последно нешто ми е да ги скарам нив, и да го отргнам од нив. тој не ми се лути, нема ни зашто и него му беше исто непријатно тој викенд. Јас дури тогаш и размислував да раскинеме бидејќи никогаш не сум била за тоа кога некој е во врска да си ги запостави другарите/другарките. ама неможев дека многу го љубам а мислам дека и тој исто. дечко ми сето тоа добро го поднесува, никогаш не ни ми спомнал дека жали што така испаднало со нив. но знаете мене не ми е сеедно, они од тогаш не викаат понекогаш да искачаме заедно. јас не му забранувам на дечко ми да иде ама јас никако не можам тоа да го заборавам и да се однесувам еј сеа се е ок и ништо не се случило, не сум дволична. би ви била благодарна да ми дадете ваше размислување како да постапувам во тие ситуации.
     
  7. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Па чим не ви одговараат како друштво нормално дека нема да излегувате со нив. Не гледам што е тука проблемот :?: . Дечкоти не се замара за другарот не му се јавува, не излегува со него, едноставно не му прија веќе, а ти толку се оптоваруваш со тоа, не ми е јасно стварно. Или има некоја друга причина што ти толку ги мислиш нив и неможеш да ги заборавиш уште од летото???
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    нема никаква, јас не ни сакам да искачам со луѓе кои не ме почитуваат ни мене ни па мојот дечко, а нивни другар. едноставно некогаш не викаат за искачање и неможам јас вечно да викам не јас неможам ова она. само сакав да побарам размислување што мислите би било најпогодно како да се однесувам кога сме сите заедно искочени? и дали некој бил во таква ситуација? а другаров му беше нешто како многу близок за тоа мене ми е глупо.
     
  9. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Па ништо кога ќе сте сите заедно не им обрнувај многу внимание, биди поактивна со другите од друштвото. Ако тоа нивно однесување се случило само еднаш, тогаш на одморот а после тоа се сосема коректни, тогаш можете и да си ги обновите односите, кој знае што им била причината за таквото однесување или не биле свесни како се однесуваат. А ако си се такви и вас не ви одговараат ќе ги игнорирате, не им се јавувајте на телефон, одбивајте ги да излезете и тие самите со тек на време ќе сватат и ќе престанат да ве викаат.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Не си ти крива што другар му е идиот, не си ти таа што им ги расипала односите! Не се замарај, ако искочите некогаш со нив биди си љубезна и опуштена, да види дечкоти дека не си ти проблемот. И не гледам причина зашто вие би раскинале, глупаво било да размислуваш за тоа... :)
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Јас сум била во слична ситауција,мислам сеуште сум...само јас не се опседнувам толку дека не ме почитуваат,дека она ми сториле,дека ме навредиле, дека не знам таму што! Некогаш ме навредиле па со моето малце поинакво однесување предизвикувам да ме почитуваат!
    Ете го мојот случај: Јас бев навредена од близок другар на мојот дечко со една глупа провокација,се разбира не поткелкнав на провокацијата и штосот за жал пропадна! Меѓутоа се навредив,особено се навредив бидејќи се се одвиваше тајно,зад грб на дечко ми...што значи тешко ми беше да му ја претставам целата случка на дечко ми онака како што изгледаше! Како и да е...од тогаш па наваму јас тој дотичен другар малце потешко го поднесувам! Но тоа не значи дека се карам со него,не значи дека му префрлам на дечко ми нешто во врска со него...едноставно човекот го ставив на игнор! Воопшто не се договараме за излегување со него а ако случајно се сретнеме се разбира дека се понашам најкултурно, поздрав, седнувам на маса со него и целиот разговор се сведува на една општа дискусија...Јас поставив граница помеѓу нас и тој наш другар,го дистанцирам но не дозволувам никој друг (освен дечко ми и тој другар) да го сетат тоа игнорирање! Истото те советувам и тебе, ти не ги сакаш нив двајцата во твое друшто но кога сте во пар (ти и дечко ти) мора да се прилагодуваш! Ако не ги сакаш тоа не значи дека треба да бегаш од нив...Ќе видиш дека понатака тие средби ќе се случуваат се поретко,само ќе мора да тактизираш! Они не те сакаат тебе,не ги сакај и ти,они ве викат да излезете заедно...тогаш излези бе,ним им е сеедно за настаот што се случил тогаш нека ти биде сеедно и тебе! Во мојот случај дотичниот другар многу се покаја за натстанот,сега сака да се зближи повеќе со мене, се труди да поразговара со мене, дури и ме прекрсти од Мина во Миничка (веќе така ми се обраќа оти многу сум му мила :lol: ) ама мора да научи до каде може да оди со провокациите!
     
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.967
    Допаѓања:
    15.988
    Пол:
    Женски
    Не можам повеќе...готово..морам да се искажам... :( Знам дека МНОГУ ЗГРЕШИВ и СЕ КААМ!
    Имам дечко со кој одиме година и 7 месеци...во почетокот се беше кристално убаво :) огромна љубов нежност,меѓусебно разбирање..Подоцна како што одевме подолго се запознавме со другарки,другари..наеднаш стана љубоморен за тоа зошто сум ги адднувала колегите на фб..поточно беше еден само...но не обрнав внимание ( но подоцна беше уште полошо заради моето невнимание)Исто така се запознавме со сестрите наши,роднини...ми раскажуваше за нив,за нивниот живот и ми рече аддни ги ако сакаш на фб и јас истото му го реков( макар што мислев дека не треба да се мешаат уште одсега) и така се запознав со неговиот братучед кој е од др град а студира и живее во градот каде што и јас студирам..бевме еднаш кај него на гости во станот каде што живее со цимерите..и 3јцата разговаравме..ОК беше...подоцна законтактиравме на фб си пишувавме на чат ама онака на кратко:како си?што правите со братучед ми?што има ново?Но ова лето почнавме да си пишуваме повеќе...дечко ми ме предупреди дека има многу расипан карактер и да не си пишувам со него..бидејќи тој ( дечко ми) кога и да појдел кај него ( 1-2 годишно на гости)тој само седел на компјутер и си играл а него едвај му обрнувал внимание...за жал не го послушав..бидејќи многу интересно ми стана со неговиот братучед..дури најдовме слични интереси,мислења и вкусови на музика и филмови ( дур почна и за секс да ми зобрува,па се налутив и прекина..ми кажуваше за неговите искуства) кои со мојот дечко не ни ги имаме...ниту пак сме разговарале на такви теми..меѓуредови ми кажа дека можеби некогаш имам шанси кај него :worried: мислам дека се заљубив во него..МИ рече дека нема да ме грабни од него и дека мило ми е што правиме муабет и дека нема да му кажи него за нашите разговори..и еве до ден денеска не кажа..а поминаа скоро 3 месеци..потоа се видовме неколку пати..шетавме онака...и најголемата грешка ми беше што појдов кај него додека тој беше сам....ништо не се случи само разговаравме..ГОСПОДЕ се КААМ..го излажам дечко ми дека не си пишував со него,а си пишував сепак...морам да напоменам дека кога бев болна во летото братучед му постојано ме занимаваше..а тој ништо..И СЕГА МИ Е ТОЛКУ ТЕШКО...а мислам дека имам забранети чувства..паднав во депресија ;( 4 недели не сум спиена..ПОМАГАЈТЕЕ!!! ;( СЕ МРАЗАМ СЕБЕСИ!!!
    НО ПРОБЕЛМОТ НЕ Е САМО ОВА....ЉУБОМОРАТА И ОПСЕСИЈАТА СО МЕНЕ БЕШЕ ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА ДА ПАДНАМ ВО ДЕПРЕСИЈА...
     
  13. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Ако го сакаш дечкоти прекини со оваа авантура пред да биде доцна.
    Но јас сметам дека ти не си вљубена во дечкоти ..бидејќи ова што му го правиш не е убаво,особено да му го правиш на некој кој го сакаш.
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Свесно или не ти веќе си направила грешка.Кога тогаш дечко ти и ако не знае за вашето контактирање, ќе дознае. И според ова што кажуваш ти не си заљубена во дечко ти туку си во фаза на заљубување во неговиот братучед. Редно е да си бидеш искрена и да му кажеш на дечко ти се што се случувало и се случува.Резултатот од искреноста се знае, дечко ти ќе се налути и на двајцата.Што си дробела тоа ќе си сркаш. Депресијата ќе ти помине со време ама откако ќе си олесниш со тоа што ќе си ја признаеш грешката на твојот дечко. А дали ќе останеш со него или може ќе бидеш со неговиот братучед...а најверојатно и ќе останеш без двајцата тоа зависи од нив.
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сепак мислам дека неговиот братучед само се забавувал со тебе за да му наштети на твојот дечко и да се покаже дека може повеќе од него, а и не верувам дека не му кажал ништо сигурно ми кажал затоа и ти раскинал дечко ти иако ништо не ти кажува. Како и да е навистина е голема грешката што си ја направила и не верувам дека би ти простил дечкото што си го лажела така и си се гледала тајно со неговиот братучед, тоа ми се непростливи работи. Успеал да те заинтригира со неговите муабет за секс за ова за она а ти си паднала на тоа, очигледно е што сакал да постигне, сакал само да му ја земе девојката на братучедот тое како некој вид на натпревар. Искрено мислам дека ни со двајцата немаш шанси, и да бидеш со братучедов ќе знае со каква девојка си има работа штом толку лесно си почнала да правиш со него такви муабети и да излегуваш од него и да се криеш од дечкото.И btw не сфаќам за што ти треба совет конктертно... :^)
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.446
    Допаѓања:
    91.770
    Пол:
    Женски
    Не знам за што ти треба совет, но еве.
    Ти се свесно си направила. Си знаела дека дечко ти не сака да контактираш со братучед му, но ти си го направила тоа. Прво на фб, па со излегување. Ако не си сакала ниту ќе си контактирала, ниту ќе си лажела. Јас претпоставувам дека тебе те заинтересирал братучедот од моментот кога си го видела, па си сакала да продолжиш со разговори. Само не ми е јасно како дечко ти не приметил? ПОдобро кажи му ти отколку да му каже тој. Инаку реално гледано ниту со едниот и можела да продолжиш , ниту со другиот. Драга си ја утнала работата. Најди си трет.
     
  17. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Јас ко прво ќе ти кажам дека он со својата љубомора те натерал тебе да си најдеш друга утеха и тоа најчесто се случува колку повеќе дечкото/ девојката е љубоморен/на толку повеќе партнерот ќе сака да биде со друг ,да го изневери ...Проблемот е што тоа е неговиот братучед :| Јас мислам дека е најпаметно и двајцата да ги откачиш ...Едниот поради љубомората другиот поради тоа што му е братучед ( а и можеш да замислиш каков му е карактерот чим можел да се пушта на девојка на братучед му :!: )
    И да ти кажам да си се гледаш само себе и да ти е гајле за другите што мислат дали ќе бидат повредени и сл..Многу поубаво ќе си поминеш во животот ;) Помисли да е обратна ситуацијата дали и еден од нив би помислил на тебе како ти е... :wasntme:
    Може од страна е полесно да се збори , но баш тие од страна многу пореално гледаат на работите , него ли оние што се во проблемот :)
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Да, но тоа не ти дава право да ја изневеруваш таа личност, што наместо со разговор да решиш треба да преминеш на изневерување? Не се согласувам со ова, ми изгледа како да ја правдаш за тоа што го направила, очигледно дека и се засвиѓал и братучедот па сакала и малку флер во врската но го избрала погрешниот човек за тоа, јас претпоставувам идека тој му го им кажано тоа на дечкото. Сепак како што кажа најпаметно е да си гледа за себе како и е најдобро и да не се замара многу што ќе кажат другите итн... поплачи уште малку, среди си ја депресијата и напред со крената глава во потрага по ново типче ;)
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Ти девојче бараш премногу! Посесивна си и не е дечко ти виновен, јас верувам дека тој ти обрнува внимание, ама ти тоа не го забележуваш затоа што како што кажав бараш ПРЕМНОГУ! Сакаш цел негов свет да е вперен во тебе. Ете си дадов за право да ти чепкам низ другите мислења затоа што се сеќавам дека имаш пишувано и предходно љубовни проблеми, а и не само овде и на друго место те имам читано и имам заклучено дека си нестабилна личност без самодоверба. Нон стоп негодуваш нешто, нон стоп не ти е погодено и не ти се обрнува внимание, нон стоп се сомневаш во дечко ти и сакаш неговиот живот да биде под твоја контрола, во твои раце!!! Ако не ти се обрнувало внимание зарем чекаше година и кусур за да се свестиш дека е тоа така?! Извини, избегав од темата, ама сакав еден ваков совет да ти дадам во врска со тебе, не во врска со сегашниов проблем. Тогаш дечко ти не чинел затоа што на тацна не ти дал извештај што пишувал со личност која воопшто не ни постои. Сега ти чиниш затоа што се врзуваш со братучед му?! Ајде стави на кантар малку работите, ама пази лошо да не ти измери.
     
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Неможам да правдам а ни да осудувам никој секој си прави што сака во животот , работата беше да и кажам дека ни првиот дечко не е за неа , а и дека и да не бил братучед му ќе бил некој друг.Дека згрешила згрешила ,ама никој од нас не е светец почнувам од себе колку глупости сум праела ама сеа тоа е...живот! 8) можеме сите невини и безгрешни да се праиме ама не сме ни трошка од тоа :)
    Eдит: Јас па разбрав дечко и дека бил љубоморен а не она :D Моја грешка :$