Не го напаѓај.Одбери момент кога е се прекрасно и сте блиски па одоколу прашај го,но не се манифестирај со негативен став.Биди искрена и смирена,ќе ти каже шо планира
Нема зошто да се осудуваме. Очигледно е дека на дечкото му е само за секс и ништо друго. Не сака јавно да го гледаат, не сака кафиња и сл. Ако ти е убаво со него гледај си се само за секс ама нешто повеќе искрено не очекувај.
Дечко ми има блиска другарка со која долго се дружат. Таа има дечко кој живее во Англија. Но пред година дена со дечко ми почнале многу време да поминуваат заедно, се смувале, имале односи, вика дека тој период буквално се преселил кај неа, траело тоа месец дена, прекинуваат. Он заминува во странство каде што јас и он се запознаваме. И на почетокот на врската правевме муабет за минати врски и он самиот ова ми го кажа. По некој месец она почнува пак да му пишува, го цитирам дечко ми 'ќе се надува навечер и ми пишува како ме сака мене а не дечко и, како сака да биде сега со мене. јас и кажав дека имам девојка и дека не сакам да бидам со неа. чим него го вараше со мене истото може и мене да ми го направи.' Зборевме за ова тогаш и јас си мислам завршена работа, не се навраќам веќе на минати работи. Завчера вечерта беше на роденден кај другарка од факултет и се океј тоа, не сме гз и гаќии, понекогаш излегуваме и одвоени и си правиме муабет ние и ми кажува дека до 5 сабајлето останал, дека со уште една другарка и купиле флаша фин, дека коа ќе се напиела била напалена и буквално го молела дечко и да ја ебе во веце, со дечко и седел пиеле пиво и оп одеднаш спомнува дека дечко и живеел во Англија. Мене така ми се стегна срцето така гадно ми стана во желудникот во секунда како светот да ми се сруши. Одма ми се поврзаа работите и одма го прашав дали е таа со која имал односи и ми вика да таа е. Јас мислев веќе не збори со неа дека после тоа веќе не се ни дружат камо ли на роденден да и оди!! И вика многу одамна се дружиме, на факултет секој ден се гледаме сакале нејќеле во исто друштво сме, нема смисла да се игнорираме, седнавме правевме муабет, тоа што било го оставивме зад нас, дури она прашала како сум и ме поздравила(мене ова ми е тотално безвезее). Летото му плачеше дека го сака дека сака со него да биде, сега ме поздравува и му глуми другарка. Секогаш сме имале многу отворен однос, врската ја сметаме за сериозна, ја градиме на доверба и досега не сме имале проблеми, но ова многу ме повреди. Одма му кажав дека не ми е сеедно и дека не ми е сфатливо после тоа што било како може пак да се дружи со неа. Што мислите, вие што би направиле во ваква ситуација?
Штом е таква ситуацијата и јас би се налутила. Сега она сака да се зближи со тебе, за да се упика кај дечко ти. Мислам дечко ти треба да и постави граница помеѓу другар и дечко. Без оглед што се во исто друштво, треба да се на дистанца. Патем, добро е што разговарате отворено, барем вистината ти ја кажува и те цени, тоа е позитивно од негова страна. Но сепак немој да криеш како се чувствуваш ти и отворено кажи му. Ипак, ти не ја познаваш неа, но јас би рекла немој да се спријателуваш затоа што на крајот ќе бидеш повредена.
Вака. Дечко мо е помал од мене 2 год. 22 е. Во поранп одел многу со други девојчиња макар и за ,, лапање,, и се му било на шала. Сега почна да лајлува мн. Фотки на девојчиња и да понудува пријателства. Како да постапам? Што би било тоа ваше мислење?
Обично не сакам да се оптеретувам со социјални мрежи ама реално ако некој денес на фб лајкнува се и сешто и се пали на секоја слика со суќна и деколте, што да очекувам јас кога тој ќе излезе сам? И таму ли ќе трча по секоја? Друго и не би очекувала, чим на фејсбук се однесува така. Освен тоа кога веќе сте во врска, се знае како треба да се однесува кога некој е во врска. Јас не би прогледала низ прсти за вакво нешто. Сум имала и јас такви пријатели кои се палеле и лајкнувале/коментирале се живо и диво, кога ќе сум забележела некој таков моментално го бришев. Имав и јас таков дечко како помала, во чив и профил да влезев негови лајкови на сите слики. И се имаме карано за тоа, големо непочитување ми е. И како може да му се допаѓа се што ќе види? Луѓе без карактер.
Епа реално не можеш да му забраниш, тој ако сака ќе оди на сајтовите за возрасни и пак ќе гледа. Не можеш да го контролираш, не постои адекватно решение за овој проблем. Се додека не почне да шара, овие работи до некаде се нормални.
@RAF Camora мене ми е тотално непочитување дечко ми да лајкнува се и сешто на фб и толку. Не сум љубоморна нормално дека ќе има другарки, братучедки, колешки итн со кои ќе комуницира, јас не се лутам. И никогаш не сум сакала луѓе на кои се им се допаѓа, кажав веќе за мене тоа се луѓе без карактер таквите не ги ни земам за сериозно никако. Нека гледа, има очи за да гледа. Ама лајкнување, коментирање на секое женско со деколте и суќна, такво нешто нема да дозволам
Не знам јас колку што гледам на социјалните мрежи сите се такви, јас слабо ги користам и за мене тоа е губење време. Немам јас друга работа ќе се лигавам по некои девојки. Најубаво седнете разговарајте си за да видите кои ви се гледиштата на нештата. Дали е сериозен со тебе или те користи како златна резерва.
За вакви работи секој сам одлучува. Не можеш нит да забраниш нит со разговор се решава зашто тука уствари тој си решил дека ќе лајкува и аднува. Секој сам на себе си поставува граници до каде ќе оди со тие работи. Не е мал туку е неиживеан. Ако ти смета многу, тргни се. Тој со тоа ќе престане кога умствено ќе порасне.
Па и јас сум неиживеан па не би правел така како што прави тој. Очигледно поентата негова е во овие години што повеќе женски да помине, тоа ја објаснува целата ситуација за која погоре наведе девојка му. Едноставно тој се ова го разбира како еден тип на забава.
Dobro lugje,edno nesto me interesira. Pred nekoe vreme izleguvav so eden ama onaka tajno,vo javnost ne doagjase da se pozdravi so mene ,se pravese bukvalno ko da ne me poznava i ednas go prasav zosto taka,mozebi se sramis od mene toj rece mozebi. :/ i drugpat my pisav poraka deka ne me poznava nisto ne mi vrati.Pa dobro ako se srami da go vidat so mene ako sum mu grda togas zosto izleguva so mene ne mi e jasno...Ne razbiram
Може не се срами туку сака да седи на две столици односно има најверојатно најмалку уште една девојка. Друга причина не верувам дека има.
Има и деуга причина а тоа е твоето минато,или реакцијата што ќе му ја даде друштвото за тебе.За жал сеуште има такви машки.
ти си му резервно столче. Кој има причина да е во врска со некој и да скрива? Обично машкиве гледаат да се пофалат дека не се сами. Кога веќе има една за во јавност секоја друга му е за во тајност. Јас имав врска па се гледав тајно со друг кој исто така беше во врска. И нормално што ни остануваше друго освен да се гледаме тајно?