@Frosi333 Откачи го таков тип не ти треба.Изгледа има друга па затоа не сака да е виден во јавност со тебе. Подалеку од вакви.
Здраво.Имам 18 години,а тој 19. Сега ќе ви го опишам мојот дечко со кој сум во врска 2 години.Не сака да излегува,а кога излегува тоа обично е со неколку пријатели на вечера во ресторан или се шетаат,мрази забави,многу сака да игра игри,се интересира во информатиката и компјутерите итн. Врската како врска има и прекрасни моменти и кризи,меѓутоа секогаш сме ги надминувале. Секогаш сум се трудела да не му кажам кога „ми здосадило“ за да не го повредам. Во последните 2 недели забележав промена во неговото однесување,дека не е тоа тоа како што сум навикната. Го прашав,и ми кажа дека не се чувствува исто во врска со мене.Ме сака,има чувства но не како порано. Го прашав и зошто,ми кажа дека не знае,така се чувствувал.Инаку тој е сега матурант,се наоѓа на голема крстосница во животот,вели дека се чувствува изгубено и дека му е здосадено од се.Зборував со пријател малку постар од мене,ми кажа дека е фаза во која минуваат сите мажи на таа возраст. Му предложив да прекинеме,а тој се расплака како мало детенце и ме гушкаше силно повторувајќи дека не сака да се чувствува вака празно и да му е здодеано. Сега за сега одлучивме да продолжиме а тој ми вети дека ќе даде се од себе да си ги среди чувствата. Никогаш не сум била во оваа ситуација,ве молам советувајте ме како да постапам,што да правам,дали да прекинам додека е време,дали да се борам,што да правиме за да се „разгори огнот“?
Не сакал,сакал да бидеме заедно,не ми дозволуваше да раскинеме. Но се чувствувал празно и неисполнето од се во животот,не од мене.
Да не има некој друг проблем?Можеби не вашата врска туку околностите го тераат да се чувствува така.Пружи му повеќе љубов и топлина поминувајте повеќе време заедно
Ми кажа дека ќе се потруди да стори се за да ни е подобро.. Не знам колку ќе успее,но ќе видиме.. А многу се плашам да не го изгубам
Нема да го изгубиш јас ти гарантирам,да не има семејни проблеми,нешто друго што му ги трга мислите и прави да е отсутен и загрижен?Ти само биди добра мила и блиска до него нема да се случи ништо лошо
Можда не е добро вака да кажувам но форумов е анонимен па ќе кажам еве,неговите дома се постојано во кавги,исто и како да не се заедно.Тоа го натера и да проба марихуана,но јас бев со него и му кажав дека е сосема океј да проба во тие години е,но како бегство од реалноста не..Го надминавме тоа.. Ќе му предложам викендов да се прошетаме некаде со колата,да отидеме на друго место,утре ќе му направам доручек,ќе дојде кај мене и се надевам дека ќе се среди. Можеби е само во период кога не знае што понатаму со животот и од се му е смачено,истото ми го кажа и мојот најдобар пријател кој е една година постар од него.И тој беше на периоди таков па сега го гледам како прераснува во зрела личност која знае што сака.Мислам дека повеќе е индивидуална фаза а јас само ќе го буткам нанапред да биде успешен и среќен.
Значи тие се проблемите,семејната состојба.Не те поддржувам што си го поддржала за марихуаната,секоја дрога е дрога,провери дали користи повторно
Е убаво си му рекла за марихуаната, а да си земете и заедно да отворите и бизнис да дилате марихуана јас мислам добро ќе ви оди.
Провери,да не е навлечен на нешто потешко.Тој што има “храброст” да проба марихуана и на посложено нешто ќе отиде.Штом има промени во однесување да не е не дај боже од тоа..
Не е таков,пишав погоре дека не излегува,не сака журки,сака лежерно излегување на кафе или вечера и слично такво нешто.Јас сум таа по „дивата“.А сите негови пријатели се и мои пријатели и познаници,живеам во прилично мал град и се можам да дознаам,особено за него.Но сепак не е таква личност има амбиции и сака да е успешен.Инаку за мислењето погоре,сите имаат пробано цигари и алкохол,кои се далеку поштетни од тоа,но тоа е тема во која не сакам да навлегувам.Тоа е веќе решено и нема земано од тогаш.
Повлекувањето од сите и бегањето од журки се првите знаци на бегање од реалниот свет освен ако не е таков од старт.Јас воочив промени кај едни познаници и за една недела ги разоткрив.Но штом си сигурна дека не е тоа во ред.Ти кажав како да се однесуваш според мене.Со среќа
Од секогаш е бил таков,2 години сме заедно.Да е бил дружељубив и таков да сака да излегува,веднаш ќе забележав дека има нешто чудно.Поинтересно му е да игра игри,таков тип е. Ќе се обидам.Фала за одвоеното време
Ова ќе ти го кажам од моја гледна точка. Јас да бидам во друштво каде што мојата девојка ќе ја тераат да проба марихуана ќе ги дигнам на клоци сите од друштвото, а не да ја поддржам да проба. Ако би ја поддржал да проба како во твојот случај, би побарал да ми направат лоботомија . Ова ти го кажувам за јас како би постапил доколку сум го одобрил тоа. Не го сфаќај ова како ништо лично.
Е добро де, пробал џоинт...големо чудо. Здрав жив, ништо не му е. Си кажа девојката. @Primadonna Дечко ми имаше ваков период, се му беше безвезе, не му се искачаше, муабет едвај правевме...во еден момент ми рече дека не осеќа доволно љубов од моја страна, што и беше вистина пошо периодот бевме малку одалечени. Како и да е, за брзо време му помина. Не се секирај многу. Биди до него, ама не биди напорна да не почувствува притисок, не му збори на таа тема и ќе се среди. Се најдобро
За принцип се работи не за тоа што пробал. Дали би го поддржала твојот дечко ако му нудат нешто слично?
Те разбирам. Муабетот беше дека немора да се навраќа на тоа кога е завршено и е друг проблемот. Јас не прочитав дека му нуделе, туку дека сам си пробал.
@Frosi333 Не си сексуален предмет. Биди стабилна, независна жена што нема да си дозволи да погледне маженце кое не го ценат тоа во тебе, а камоли да им пишеш пораки итн.. @Primadonna Отворено ти кажал дека нема чувства кон тебе како порано. Навика, страв, што понатаму од страна на интроверт нормална ствар и плачењето. Не би било океј ти да си цврсто убедена да го буткаш и да го '' правиш среќен'' остави го сам нека одлучи што понатаму.