Девојче реално имаш проблем со претераната љубомора. И со овој коментар упатен кон членката само докажа дека не можеш да се помириш со објективните мислења. Прво да ти појаснам дека очи се за гледање, ај ако не земи ослепи го и цел живот грижи се за него. Немој така тоа е многу лошо, нему ќе му прекисне и ќе те напушти без око да му трепне па ќе се каеш и кубеш коси. Второ поработи на својата самодоверба и престани да гледаш што имаат на себе другите и ти имаш и цицки и гз така да на крајот тој си е покрај тебе. Трето премногу си приврзана за него и цело време сакаш да го контролираш, тоа е исто така многу лошо според мене. Мораш да бидеш полабава малку, пушти го диши го гушиш. Како тргнало многу набрзо ќе ти стане бивши.
А што очекувате од деца што на 12-13 години ќе влезав во врски? Уште самите не изградени, емоционално несозреани, се што знаат за љубов секс се од некоја филм или серија и пробуваат да имитираат нешто од таму и се фрустрираат што не е баш ко на серијата и после бараат совети што како... совет е да фатат книгата, лектира некоја да прочитаат и да земат некој спорт таму (сексот не спаѓа под спорт да се разбереме)
Имам чусвтво дека дечко ми ме има изневерено. Идеме скоро 4 години и сме имале прекини. Ако бил со некоја дур сме биле прекинати можам да простам ама ако бил додека сме заедно не..ама он упорно ме убедува дека немал ништо со никоја..не знам што да правам не можам да му верувам.
Беше доста близок со многу девојки за кои јас не знаев. И јас запознав други ама дури и кога бевме прекинати знаеше со кои и на што сум со нив. Јас за ниедна ништо не знаев, дознавав сама или други ми кажуваа.
И зошто ја прекинавте тогаш вашата врска? Дали и тогаш се соочувавте со истите проблеми? Доколку сте виделе дека не ви оди заедно не требало повторно да ја продолжите врската. Инаку не мора да значи дека те изневерил, од друга страна треба да изградите доверба помеѓу вас доколку сакате да функционирате.
Баш поради такви испади, недоверба. Го сакам ме сака ама никогаш не можам потполно да му верувам.. а ме убедува дека никогаш ништо немало.
Епа поради тие прекини нормално тој ќе си оди по свој пат ти по свој пат и тука немаш право да му префрлаш. Вие сте прекинале, готово толку е. Сега ако сте се смириле дајте си нова шанса, нов почеток и ти лека полека ќе ја стекнеш изгубената доверба.
Доколку имало ситуација каде си ја изгубила довербата нормално е и тој треба да е свесен и да се потруди да си ја врати. Ама ако се измачуваш со неоправдани бубички во глава само можеш да го изгубиш. И не треба да се замараш што се случувало во периодот кога не сте биле заедно, сте се смириле и се обидувате да надминете. Не се измачувај и не копај во минатото, остави, што е било било е не е твој проблем. Така само ти си правеш проблем а и на твојата врска
Ништо уживај задоволство ни беше доколку успеавме да ти помогнеме. Извинете што пишувам и во ваше име @buba4e89 @IAmPresident.
Па јас би признала, од почит према таа личност, и за да случајно нема некакви недоразбирања во иднина.
Зошто да ти признае кога може да те лаже а ти да му веруваш. Црвот ќе те изеде ако останеш со него. Постојано ќе мислиш каде е и со кого. Ама ако сакаш да бидеш љубоморната и посесивна девојка којашто постојано ќе се кара со дечко и повели. Врска без доверба не бидува.
Кога советувате вака, кога љубоморна и поседивна личност останува таква со кој и да е. Не значи дека ако не и кажува ништо ја лажи, може да, ама може и стварно да немало. Кога и да е не треба да се замара за тоа кога тогаш не биле заедно
Женска интуиција ти значи нешто? Жената секогаш знае кога е изневерена Во право си дека не мора веднаш да значи дека ја лаже ама девојката си осеќа дека нешто не е океј. Сепак таа најубаво го познава дечко и.
Почна се спонтано, прво другари бевме па дечко и девојка Зедно сме година и пол скоро... Никогаш немаше преголема близина, додуше до него беше, презатворен тип е, многумина го викаат чудак.. ама знаев дека нешто се крие во него, нешто што го издвојува од сите и го прави во моите очи посебен Таков чуден го засакав, горам по него, ни малку врската претходна од 4 години не може да се спореди со ова што го чувствувам.. Тој не допушта до себе премногу, како да му е став да сака, не верува, некој срцев панцир би кажала. Ама бев убедена дека се се победува, може потсвесно и некој вид предизвик ми беше, ама сепак играв со срце... Дојдовме у една ситуација кога се сакаме, имавме и лоши моменти, се толерирав, го сакав и останавме заедно Дојде момент кога пред некој месец му се јавија дека го прифаќаат неговото барање да замине на работа во странство, со тоа што на 4 месеци ке доаѓа...го молев да не оди, не ми беше битно воопшто финансиски, ке работевме просечна работа или ке заминевме негде во странство ке успеевме се надевав.. Некако претешко ми беше да прифатам, може од самиот страв што многу тешко дојдовме до тој момент кога сме најблиски, и ке згасне брзо, сакам како никогаш до сега, искрено и чисто. И замина... веќе 2 недели цели.. Всушност не беше личност која комуницира преку социјални мрежи, и тоа и ме загрижуваше, како ке останеме во контакт...и така и бидна, многу слабо, ке пишеме еднаш у денот, претежно јас се трудам да го одржиме тоа што го стекнавме. Страв ми е дека ако оставам така ке пропадне се, на моменти си викам не можам да дозволам да се залади ова, а на моменти си викам најдобар индикатор ке е ако се повлечам ке видам колку е спремен.. Тешко ми е, се уништувам психички дома, биднав анксиозна, од цврста личност биднав личност која живее во страв, немам мирен сон, посетив и психијатар надевајќи се дека ке ми биде полесно, и со факултетот заглавив.. сакам да оздравам, да се оправам.. Тоа ти е како да управуваш со некоја чудна машина , а сакам да управувам, нешто во мене ми вели да не се откажувам иако сите се против нашето, знаејќи ги лошите моменти кои ми ги има пружено.. 4 месеци не ми се воопшто проблем да го чекам, иако нема доверба во мене, знае дека бев нечесна во изминатата врска ( детски памет, интересно ми беше да флертувам) и не ми верува баш , иако е направив за да опстанеме Може ли некој искрен совет да добијам во лп, не би сакала вака јавно зашто стално читам "oсудувачки" мислења..