Која ти е потребата од циницизам? Праша - одговорив. Ако сакав така да се изразам, ќе го направев тоа од почеток. По што го оцени моето размислување како плитко? Треба да ми е ок ако спиела со секој со кој излегувала?
Добро, еве сега ке сум сериозна. Која бројка на мажи ти е океј? Дилема ми е ова, по кој критериум се водиш? 3, 5, 10? Еве да речеме, дали тебе ти прави разлика ако типката била со 3ца мажи, онака за забава само или ако типката имала 5 дечковци со врски од по 2-3 месеци? Која опција ти е поприфатлива? Што ако типката имала 5 мажи за кои не знае апсолутно никој? Пример имала секс со зафатени мажи и никој не знае дека они имале секс? Факт е дека она имала секс ама никој не знае па не се важи? Не сум цинична, само ти давам примери од реален живот, прашања кои тебе те мачат. Плитко е да мислиш дека ке слушнеш не-знам какви муабети за девојка. Еве ти еден банален пример, кога ке дојде до развод, за жал, во најголдем од случаите, злобните усни шират муабети дека она била недомаќинка, мераклика, она го изварала, бла бла бла. А реалноста била дека он ја тепа или е алкохоличар.
Ајде ќе ти одговорам. Немам посебен критериум, не барам ниту невина, ниту пак ќе и ги бројам еден по еден. Јасно ми е дека на овие години е номално да има бивши, и тука е одговорот на другото твое прашање. Во ред е да имала врски, не е во ред да спиела со секој што ќе му се укажела можност. Достоинство е во прашање. Ако незнае никој не значи дека не се важат. Како е плитко да мислам дека ќе слушнам муабети? Нормално дека ќе слушнам ако ја има поминато пола град. Ми влечеш зборови кои не сакам да ги напишам ама бидејќи не се разбираме-морам. Не ми е битно што другите мислат, битно ми е која е вистината. Никој не сака лесна девојка, така? Ти спиеш со секој што ќе го сретнеш, и ако не, зошто не? По твоето мислење не е погрешно.
Ако не знае никој, логично, ти нема да слушнеш муабети и по автоматизам - тој секс не зе важи. Како ке знаеш дека имала 5 или 10 сексуални партнери ако никој не знае? Она сигурно нема да ти рецитира со кој се онадела. Грешка си, ја совршено разбирам што сакаш да кажеш, контам што мака си имаш, затоа и у старт ти кажав да си бараш невина. Е ај одлучи се, битни ти се муабетите или вистината? Сум слушала муабети за другарка, ја виделе таму со Трајко а реалноста е дека ние таа вечер седевме кај мене. И дефинирај ми која девојка е лесна?
Незнам зошто би ти одговарал и понатаму на прашањата без поента, кога ти ги игнорираш моите. Мислам дека бев јасен.Благодарам што се потруди, поздрав.
Да се надоврзам што се случи денес... Беше кај другар му од 12 до 4 саат и потоа се видовме јас и он и отидовме надвор. Му се јавува другар му и му вика пак да поминел на кафе у 11 саат вечер и тука јас чекам да видам што ќе се случи, бидејќи обично останува со мене до покасно и си ја поминува ноќта со мене кога вејќе сме искочиле сами. И дечко ми одлучи пак да оди кај него, јас му викам нели сабајле пиевте кафе, и сфати дека сум лута и ми вика што се лутиш што ако пиеле и му викам па кога вејќе сме искочиле да си поминеме убаво што бараш пак со него, и ми вика ајде утре до тебе ќе бидам цел ден така и планирав (а го кажа ова ѕатоа што примети дека се налутив) и уште му викам лута сум ти, по цели денови си со него а со мене едвај ќе се видиме. И му се налутив, тој си продолжи со бус накај другар му... Дечки ме вади од такт, и се осеќам ко ѓубре, како да вооптшо да не му се седи со мене. Што да правам ?
Не, баш напротив не ги сака... Не знам што да правам, не сакам некого да молам да сака да поминува време со мене.
Не мора да значи,ако рече дека не ги сака баш би ми разбудил сомнеж отколку да не ги осудува и да не им обрнува внимание.
Не ми е јасно зошто е битно ја со кого би спиела, мене за девојка сигурно нема да ме фатиш. Јас не легнувам со секој што ке го сретнам јер имам дечко. Да немам, не знам што би правела. Ама не е тоа тема на муабет, за тебе и твојата девојка збориме. И повторно не ми одговори, дали ако никој не знае за сексот се важи? Ако никој не знае, како би можел ти да знаеш?
Го знам доволно затоа и мислам дека не е , ама не го негирам тоа дека е МОЖНО, се може да биде, и више ништо од никој не ме чуди. Но стварно ми е глупава ситуацијава и лошо се чувствувам.
Јас се трудам и не можам да ги разбера 90 проценти од мажите што размислуваат слично/исто како тебе.Абе што би е гајле што било лани претходната година пред 4 години или воопшто,ако сакаш некого ако си пронашол се што некогаш си барал и ти е убаво зошто комплицираш и што ти е битно туѓото мислење.Дали ти и наброја со кого се имаш спиено,дали си спиел само со “тешки” или и по некоја “лесна”девојка според твоиве квалификации.Што има ти или таа да се објаснувате за тоа еден на друг и да се запрашуваш дали оди пребрзо нештото.Побогу,ако сам не чувствуваш дали оди или не,ние овде блага врска што немаме со вас очекуваш одговор да ти дадеме и да ја прецениме девојката според твоево мислење?Не ја прифаќам твојава класификација и не би можела да ти помогнам,а гледам и сам не можеш да си помогнеш,сигурно до сега си немал и многу врски штом не знаеш да прецениш.Ваљда е до класификациите.
Или е геј ,или другар му има тежок период или проблем некој во кој тој му помага било да го надмине или реши,или се обидува да те остави ама не директно туку утре ден тебе да ти е тешко и да сакаш да се разделите а тој сето тоа да го прави индиректно(да се чувстуваш осамено запоставено на второ место и тн.)Совет од мене:прави ко што прави он.И ти исчезнувај кога очекува момент да сте сами или блиски,замини кај другарка кај и да е за да види како е и да сфати.Ако се понаша океј и не му е проблем и по 10 пат такво твое однесување значи сака да те остави.Во тој случај,седни и раскини му,за да не бидеш манипулаторски оставена туку достојна на себе си
И јас ова ке го кажував, ама не дојдовме до тој муабет. Сериозно, не ми е јасно како можеш да се потпреш на муабети од град. Мажулиња кои си имаат проблем со големината, овааај, на егото зборат со која легнале, а типката ни здраво не му кажува. Ми текнува на приказната: седат другари и зборат за некоја Ребека и вака оди муабетот - Абе оваа Ребека ептен мераклика била, ауу да и ја така слушнав, ејј ми кажа оној, вистина е изгледа, многу сака да, кхм, а на прашањето кој спиел со неа, сите одговараат негативно, само така слушнале.
И се разбира на крајот од денот завршуваат со некои спротивни од Ребека или која и да е затоа што контра Ребека сигурно се облекувала”паметно”,му дала по 1 година врска на нејзините претходни дебели досиеја и искуства се врши само едно просто пу пу не важи,.Ќе си бидеме Ребека колку сакаме,накрај некоја контра Ребека биче часна сестра.
Не можиш некои работи да ги знајш од старт. Дајте си време да се запознаете длабоко, карактерно, па тек тогаш ќе знајте дали сакате сериозна врска или не, иако на почеток е се розово, убаво и сте сигурни дека сакате да одите за озбилно. Време само. Едит. Сега прочитав остатокот од мислењата, ако она иницирала секс, зошто ти прифати? Дали тоа те прави лесен? о.о
^ Се фаќате за еден збор а не го читате остатокот. Зошто не легнувате со кој ќе стигнете ако сметате дека тоа не ве прави лесни и е во ред? И патем избегнував да користам такви епитети ама очигледно не се разбираме. Јас имам голема почит према женскиот пол, затоа и ми е чудно тоа што се случува. Сепак благодарам на мислењата.
Зошто секој функционира различно. Треба и ти да знаеш дека таа девојка е една, јас сум друга, другарка ми е трета и сите сме различни индивидуи. Мене ми треба многу за да излезам со некој, интровертност. Имав другарка која беше послободна во таа смисла. Таа не е полоша од мене, само е послободна. Се додека велиш дека не сакаш да слушаш муабети за неа ама при прва сугестија за секс ја земаш приликата - зошто сметаш дека си поразличен? Јас на секс не гледам нешто за осудување, ама ако ти гледаш со осудување и со броење партнери - освртни се кон себе. Како беше, не осудувај некој за нешто кое и ти го правиш. Нешто така.
^Затоа што конкретно јас долго време сум сам и не спијам со девојки за забава. Во случајов таа беше иницијаторот, што ми дава прилика да мислам дека можеби истото го правела со секој пред мене. Како што кажав и погоре, станува збор за достоинство, затоа и би ми сметало ако е таква. Во обратен случај, ако јас бев иницијатор, сите ќе и речевте да се тргни од мене, бидејќи сакам само да ја искористам. Зошто тогаш за неа би било во ред, а за мене не? .
Према мене е океј во секој случај. Возрасни сте и нормално дека има пред тебе. Нагласок на пред. Ако брз сексуален однос према тебе е грешен или можеби го практикувала и со друг, самото прифаќање на испиот би те оцрнил и тебе. Ама, јас лично, не мислам така туку ова кажано така паушално доколку би сметала дека е лошо.