и јас затоа прво помислив да ти речам дека имаш поддршка од мене за таква намера. Нека знае и таа дека тој ја прави будала.. Ама сепак подобро е да ја прави будала да ја изневерува а таа да не знае. Т.е не си ги валкај ти рацете со такви ствари. Едноставно очи нека си ваѓаат. Верувам дека не си дотолку да се гледаш со некој само за секс
Ќе дознаеш кога ќе дојде времето. Тоа ќе биде оној кој ќе те прифати и ќе те сака онаква каква што си и секогаш ќе биде до тебе кога ќе ти биде потребно. Оној кој ќе биде спремен и животот да го даде за тебе .
Факт е дека чувствата што ги имаш на почеток на врска од излив на хормони после некое време се смируваат и не траат вечно. Таа фаза на јаки емоции одреден период и после некое време почнува да згаснува. Нормално на секој почеток, интересно е се, ново, се запознаваш со некој, па тон прашања и „проблеми“. После некое време веќе не е ништо толку интересно, нема веќе „прв пат“, станува „досадно“. Ама таа љубов, треба да прерасне во нешто стабилно, што ти нуди комфорт. Не можеш да очекуваш дека вечно ќе бидеш со толку јаки емоции како на почеток на врска. Ама тој некој треба да биде човек што сакаш да го поминеш животот со него, што ти ги задоволува твоите стандарди, карактер што ти се допаѓа. Тогаш веќе треба да имаш човек покрај себе во кој си сигурна дека е добар избор за тебе, некој на кој што можеш да се потпреш во секое време, некој на кој што ако ти е тешко можеш да му се отвориш за проблемите, некој во кој што веруваш. Таа љубов поинаква од онаа на почетокот, ама според мене многу поубава и посилна. @IamSexyAndIKnowIt
Ако сакаш да и кажеш подобро прати и порака до скриншот од разговорот со него.Едноставно објасни и дека не и се фалиш туку дека сакаш да и кажеш оти дечкото е преварант. Што се однесува до @IamSexyAndIKnowIt Мислам оти или не било вистинска љубов,или ја мешаш онаа неизвесност,трема,страст кога го запознаваме новиот дечко,со вистинската љубов.На пример кога почнав да ср гледам со мм,секогаш имав како "пеперутки" во стомак,она превртување во стомакот,трема,возбуда....Неизвесност како ке реагира за нешто,дознавав нови работи за неговиот карактер.Со тек на времето нормално сета таа возбуда забава исчезна,го научив и како дише,се случувало да се досадуваме и да нема што да си кажеме но љубовта напротив станува посилна.Дури и покрај тоа што му ги научив мааните(и не ми се свигаат воопшто),сепак си го сакам него.И јас имам маани и непостои човек без маани.Не се согласувам дека вистинскиот е тој што те саја таква каква што си,туку оној што го вади најдоброто од тебе и што те бодри да бидеш подобра личност.Сите треба да се менуваме во подобри,а не јас сум таква и тоа е треба да ме сакаш таква.
Порано и праќав кога дознав дека и двете не лаже се беше очигледно пишуваше кога сме се гледале дека сум одела дома кај него се, но пак ја прелажа му веруваше на него, го немаше неколку месеци не смееше да ми пишува бидејки знаеше дека ќе и кажам, сега пак почна да досадува, пред да излезе со неа пишува да се видиме кога ја остави пак исто.
Фаκтичκи момето е глупо. Не саκа да го напушти поρади неκоја пρичина κоја нејзе и е позната и повтоρно да и κажеш мислам деκа нема да се случи ништо. Иаκо ништо не губиш и да κажеш баρем тебе нема да ти досадува. Јас мислам да и κажеш
Девојки ми треба совет. Со дечко ми сме заедно 11 месеци, скоро година. Кога моите дознаа за оваа врска некаде во 4от месец, беа против и не ми дозволуваа да бидам со него. Имаше секакви караници, но го прифатија тоа и рекоа дека јас си знам најдобро. Се сакаме многу, прв дечко ми е и знам многу би рекле дека ќе имам уште многу и дека не треба да се замарам. Тој не се откажува од мене, ако требало ќе дошол и кај моите дома да разговара. Вчера, излеговме со дечко ми и мајка ми ѕвонеше повеќе пати кај сум била до сега, а помина само 1 час откако излегов. Кога си отидов дома, почна да ми збори дека по цели денови сум шетала, луѓето зборувале дека сум без куќа, и ако сум планирала да се мажам уште сега да одам кај него. Не знам што да направам, а не знам и што правам толку за да реагира така. Ве молам за совет.
Здраво Јас би ти рекла дека решението е само искрен разговор со родителите во кој се убаво ќе им објасниш дека немаат за што да се грижат. Претпоставувам дека имаш некаде до 18 години па според тоа и донекаде е нормална таквата реакција на твоите родители. Загрижени се и поради годините но и поради неискуството, бидејќи ти е прв дечко па не сакаат да бидеш повредена. Но доколку тебе ти е убаво со него и со тебе се однесува како што треба тогаш тоа треба на смирен начин да им го објасниш и на родителите. Исто така би ти кажала да поминуваш и малку повеќе време и со нив засега за да не се чувствуваат запоставени, бидејќи најчесто кога децата започнуваат врска родителите колку што се среќни поради тоа толку и си мислат дека таа врска ќе ги оддалечи децата од нив. Покажи им дека си доволно зрела за на смирен начин да дискутираш со нив на оваа тема и не би требало да имаш проблем
Uživaj vo vrskata duri se e kako šo treba. Imate vreme da vidite dali ke se zemite ili ne .Treba vreme za to. Roditelite ne treba da te pritiskaat za vakvi raboti,ama pretezno ta generacija se skoro site takvi . Nitu pak treba da ti branat da si so nekoj ,zaradi to so treba sama ti da si odlucis so koj ke bidis do krajot na zivotot ,a ne tie. Taka da sovet od mene ,ignoriraj gi i ne se karaj .Ke se otkazat samite da ti se mesaat vo tvoj zivotni odluki.
Размисли само дали родителите се во право. Не знам на која возраст си, верувам дека си многу млада. На твоја возраст и јас започнав нешто со еден дечко, значи не беше врска , туку онака почнавме да излегуваме, често да се игледаме и.т.н. Кога кажав на моите почнаа да ме советуваат да го окапам на време, дека не е за мене и.т.н. Јас не ги послушав, продолжив да излегувам, но со тек на време сфатив дека всушност се во право и прекинав. Сега , кога сум веќе возрасна сфаќам која животна грешка би ја направила кога би останала со него. Дечкото е ОК, ама не беше за мене, прво карактерно, па и се останато. После него, запознав друг дечко повторно зборев со моите уште пред да официјализирам нешто посебно и тие уште побурно реагираа. Ги познавале неговите, него, дека се фамилијарно коцкари, пиеле многу, некои многу лоши афери поврзани за дечкото и со време го откачив, отворено му кажав дека не сакам врска ни контакт со него. После него го запизнав маж ми и не згрешив во проценката и изборот, тој беше од друг град и моите немаа појма за него, но веќе се бев научила да ги препознавам проблематичните. Во двата случаи, моите беа во право, во првиот се уверив сама, а во вториот не ни дадов шанса да согледувам сама (уште поголема грешка ќе направеве) туку , ставив крај пред да започне било што и навистина биле во право, да бил како што треба би имал официјална врска до сега, не би се шлаел како бесно куче , без ориентација на 30 и кусур години, испијанчен и во транс, се живо прокоцка, сто обиди за бизнис почна се му пропадна. Размисли првин дали родителите ти се во право, кој родител му мисли лошо на своето дете?
Јас сум 19, а тој 20. Моите ми рекоа дека тој не бил за мене, јас сум можела да си најдам подобар. Според мене, така зборат бидејќи тој нема факултет, но оди на работа и си заработува доволно. Дечко ми ме прави среќна, супер ми е со него, а сега има и желба да оди на факултет.
Секој родител има проблем со осамостојување на детето, особено ако се работи за прв дечко. Некогаш мислењата на родителите се точни, ама ако не можат да образложат зошто не им се допаѓа - јас лично, би правела како што мислам се додела не мислам поинаку.
Што ако немал факултет, супер е тоа што се труди да работи и да заработи, има многу што чекаат на пари од родителите и не сакаат да работат. Нормално е родителите да се грижат за детето, но понекогаш претеруваат. Дај им до знаење дека си доволно голема за да носиш свои одлуки, а тука спаѓа и со кој ќе бидеш. Ти сигурно го знаеш дечко ти подобро од нив, па ако навистина те прави среќна зошто да не бидеш со него. Слушај си го срцето. Па кога тогаш ќе треба да прифатат дека не си мало дете повеќе.
па ене и татко ми е со факултет па никогаш не работел тоа што го учел. Ајде жити се. Ене ја мајка ми нема факултет па мене и сестра ми секогаш ни викала да сме нашле дечкоци со факултет. Што не си гледаат и твоите родители за нив место за тебе? Цо денешницава проблем е ако немаш работа а не ако немаш факултет. Ене со факултети дома седат или чистачки работат. Ајде ти се молам. И мајка ми цел живот ми викаше овај не е за тебе овај не е.... Сите не се за мене па тогаш кој е? Не, не ги поддржувам родителите со тоа не е за тебе од каде знае таа? Била со него знае каков е? Кога ќе изнесе аргументи зошто не е за тебе ако се прифатливи ок ама дека нема факултет????
Абе баталете ги родителите не ги слушајте за се и сешто. Дозволете нека ви дадат совет, ваше е дали ќе го прифатите. Инаку знаат да бидат напорни и тоа многу. Не се само твоите родители сите се исти.
Истово и мене ми се случуваше со сегашниот и беа против и се и кај сум до сеа дома не сум се прибирала вака така комшите ме гледале во ниедно време ако вака продолжам она ќе ме омажела караници огромни скоро година дена викање урлање и што не ама јас не се откажав зашто знаев дека он е тој што го чекам иако не ми е како твојот случај прв дечко. Јас од инает и желба продолжив по мое си искачав дома не се прибирав ,им викав зашто сте вакви спрема мене затоа јас дома не се прибирам нозете ми се враќат. Еве три години поминаа нема веќе такви раб. Ако го сакаш бори се,ама почекај уште сте тазе почекај да видиш он дали ќе се бори за врската не само ти. Па после одлучувај . Најубаво да си седнеш со твоите и еден убав разговор да направиш во четири очи. Ако ти речат дека ќе се каеш дека ќе згрешиш со него ќе им кажеш секој жив човек греши на грешките се учиме,ако ме боли мене ќе ме боли ама за следен пат ќе си знам. Сите сме се изгориле силно ама сме знаеле за следен пат пак да не се фрлиме во тој оган.