Те лажел, имал секс со друга, ти се заканувал, уште фали да земе да те претепа, ама мислам дека ни тогаш нема да ги отвориш очите. Тоа што е ром е најмал проблем во ситуацијава, а ти баш за тоа си се фатила. Човекот нема никаква почит према тебе, ниту му е гајле за твоите планови во иднина или желби. Како бе така ќе те земал и ќе те жени без ни да те консултира прво тебе???
Не е дека ќе те привлечи насилството, после доаѓа тоа, не на сам почеток. И после, веќе си во насилна врска, а таквите се многу силни од погрешни причини. Посебна гранка има во психологијата за личност која е во насилна врска. Тешко е да се откачиш од тоа. И на ова е одговор погорното. Не обожаваат да бидат жртви, СЕ жртви.
Не си ти воопшто виновна. Но сега ти треба сила, ти треба поддршка од блиски и јака воља. Можеш да бидеш без него. Не само што можеш да бидеш без него, туку и ќе се преродиш без него. Еве ти го одговорот на прашањето зошто се чувствуваш виновна за се'. Те крева во облаци, па те прави да се чувствуваш како крпа. Тоа е една од динамиките кои насилниците ги употребуваат. Може и да не е свесен за тоа, ама е магичен круг, кој те прави да се чувствуваш заробено и ти ја убива самодовербата. Уште еднаш: не си воопшто слаба личност, само си се нашла во лоша ситуација. Можеш да го надминеш ова, сигурна сум НЕ СИ КРИВА ЗА НИШТО. Паметна си плус тоа, ги гледаш работите луцидно, ама те 'убил' емотивно. Првиот чекор кон решавање на проблемот, е воочувањето дека имаш проблем. Спремна си.
А зошто не си најправиш услуга себеси и да си најдеш некој кој наместо да те паѓа во депресии те прави среќна?
Во врска сум веќе две год со некој кој не го сакам, тешко ми е да засакам некој , уште потешко ми паднаа коментарите од луѓето па и од моите дека јас сум поубава од него...не знам како ќе звучам, но ја започнав оваа врска поради тоа што тој живее во Виена, од секогаш сум сакала живот во странство па тоа ми беше прилика, не знам што да правам дали да ја продолжам оваа врска или не, знам дека звучи глупаво но овде во мк условите за живот не ми се баш сјајни, а тој е мн фин понекогаш и криво ми е што кријам од него дека не го сакам, ни свиѓам, ама не знам ...
Кажи му го ова. Ако се нафати да те ожени за да добиеш државјанство, супер, ако не, фала-пријатно. Тоа што сакаш да живееш надвор од МК, го оправдувам, тоа што тој е излажан, не го оправдувам.
Запознав едно момче што максимално ми го смени животот, имавме врска 5 месеци и во тие 5 месеци никогаш не сум била посреќна. Но се случија некои работи и по моја вина раскинавме (не беше изневерување, друг беше проблемот). Ниту тој мене ниту јас него го имав изневерено. Значи овие муабети што ќе ги кажам ми ги раскажа тој, не се муабети од други, туку најискрено од него кажано кога правевме муабет за нашето минатото првите неколку пати кога излеговме. Тој бил еден обичен идиот да не речам, ми раскажа како тоа само еднаш се заљубил многу одамна и го повредила, и повеќе девојки со кои излегувал го изневериле и таков впечаток лош добил од нас девојките па почнал и тој да излегува со повеќе, да ги изневерува и се. И јас го знаев како таков, затоа беше многу смешно кога прв пат се запознавме бев ужасна кон него ама не е битно тоа се среди, му дадов шанса, па ми се допаднаа муабетите што ги правевме и машково излезе обратно од тоа што го мислев. Но кога излеговме ми кажуваше за тоа како му било смачено од сето тоа, од девојки, пиење, забави и престанал веќе подолг период и така се запознавме. Со мене немаше никакви драми, такви случки, ви гарантирам ме немаше изневерено со ниту едно девојче и мило ми е што јас сум таа што го смени. Но....Откако раскинавме поради една моја глупост, престанавме и контакт и се, па по одреден период почна да пишува од време на време , поминаја неколку месеци така и конечно си дадовме шанса и излеговме. Правевме муабет со кого сни биле последно и тој ми кажа дека излегувал со повеќе девојки (како порано) и се ми раскажа за секоја од нив, се што правел е излези и исклецајсе и тоа е тоа (ние го немаме направено тоа нешто) Убаво ми беше што ми се доверува но забележав дека неговото понашање кон мене има оладено, не сме ништо сериозно, си пишуваме константно да, но неможеш да ја наречеш врска, не се слушаме на телефон, не излегуваме често како порано, дури и преретко се гледаме, некогаш од тврдоглавост ниту јас ниту тој нема да пише и потоа се караме зошто е така кој е виновен... Не знам како да постапувам со него, се понаша премногу чудно, правев муабет со него за ова но излезе неиспланирано и знаете полесно ми е да му напишам што ме мачи отколку да му го кажам влице тоа, значи жити муабетот што го направив ништо не ми помогна, бев напната и сето тоа што сакав да му го кажам излезе испревртено и упорно го напаѓав и ми се налути па средивме после но не добив никаков одговор. Малку забележав дека избегнуваше да разговара околу таа тема и не можев да го отворам, јас ни самата себеси неможам да се отворам па камоли друг да ми каже што чуствува. И малку ми го оттежнуваше и тој муабетот. Значи стварно е вратен на стариот тој што бил порано, и друштвото му се најголемите најегоистични антипатични идиоти и исто така имаат преголемо влијание на него. Стварно сакам да си дадеме шанса но тој не дозволува да се пробам нешто. Знаете како, излегувам и во умот ми се врти само тоа дека не сме како порано и одма добивам негативна енергија и не знам како да се понашам со него, и затоа не сум истата како што бев порано со него, позатворена сум и не можам да се опуштам воопшто не знам ни како да постапам со него ни ништо, знам само дека ми е претешко. Буквално како да излегувам со некоја друга личност моментално, за истите муабети што ги правевме порано воврска за живот и се има различно мислење сега, претврдоглав е. Не знам ако не друго ако не сум воошто битна сега како што му бев порано, барем кога ќе излези со мене тогаш зошто не се понаша со мене како со другите девојки, ви кажувам ме нема ни допрено на таков начин, а не па да нарпави нешто повеќе со мене...Навистина помагајте, не знам ни како да постапам со него, ни што да му речам, ни како да се понашам со него кога ќе излезам??? Знам дека сакам да средам се, да се потрудам бидејќи јас сум виновна за тоа што раскинавме, и сакам се да биде како порано. Помогнете ми што да направам ве молам
Здρаво Се наоѓам во една делиκтна ситуација. За неκој месец пρавам полнолетство. Отсеκогаш сум го чеκала ρоденденов со нетρпение и сега испадна пρоблем. На почетоκот на вρсκата мајκа ми се испонаша многу лошо со дечκо ми, што тогаш дуρи ρасκинавме но повтоρно се смиρивме бидејќи јас не бев виновна. Сега пρоблемот е што дечκо ми ρече да не баρам од него да доаѓа κај мене и деκа ниκогаш тој нема да го забоρавел тоа. Се беше оκеј, тој попушти еден пеρиод деκа ќе дојде κај мене за ρоденденот бидејќи дома ќе го славам но пρед извесен пеρиод тој ми ρече деκа не можел да си го погази збоρот и κаκо ќе ја погледнел мајκа ми после сето тоа што се случи. А и општо на моменти дома имам неκој пρоблеми за κој моρам да му κажам пошто таκа налагала ситуацијата и тој има многу лоша слиκа за моите. Од дρуга стρана тешκо пρитисоκ ми е од сите што ќе почнат κаде е дечκо ти та κаде е и мене ми е многу непρијатно. Воедно и слава ќе ни биде за сκоρо вρеме, лани сеκој што дојде пρаша зошто не бил дечκо ми дојден и пρитисоκ ми е. Бидејќи јас и он не сме цело вρеме заедно и за сите настани, едноставно таκа ни одговаρа. Не знам што точно да пρавам дали да му ја испочитувам одлуκата или да не попуштам. Саκам да биде до мене но воедно не саκам да го пρитисκам ама ниту да испаднам пρемногу меκа аκо се помиρам таκа лесно за во иднина да не навиκне да му попуштам за се
Ти би отишла кај него ако мајка му така ти се испонаша? Остави го сам да одлучи дали сака да дојде или не, со уцени и присилби можеш да направиш поголем проблем. Според мене сеуште сте мали за таков сериозен чекор да си одите по дома на слави и родендени поготово што дечко ти не е во добри односи со твоите.
Па да на некој начин го сменив, можеби ти изгледа како да тресам глупости но не ја знаеш целата историја, главното го кажав па сега ти каков заклучок си добила не знам битно нема потреба од исмејување веднаш, имам 19 години. Ако можеш да дадеш некој совет би го прифатила, ако ти е смешно едноставно игнорирај го мојот проблем.
Пак јас.. Направив како што реков, излегов со дечково, овие денови секој ден излагавме.. Супер се, конечно се осетив убаво после толку време, но изгледа има друга.. Девојката ја познавам, ме праша од каде ја знам бидејќи виде дека се имаме на соц.мрежи и јас на шала му реков, бивша да не ти е? и он ДА ми вика.. Потоа отворив кај нејзе на профил и буквално се и има лајкнато. Од прва до последна слика. И сега ми е сомнително, што има толку на бивша да и лајкува или евентуално сегашна.. Јас ја познавам, ама немам муабет со нејзе не можам туку- така да ја прашам.. Можеби ќе речете за лајкови се замарам, ама се плашам, не сакам пак да бидам повредена.. Од друга страна па, секој ден се гледаме деновиве.. Секаде одиме јавно, не се крие.. Ако има друга може да го види нели.. Хаос ми е во главата, се нервирам многу.. Совет?
Ако толку си расеана поради тоа најдобро е да го прашаш директно очи во очи која е девојката, дали има некаква историја со неа итн ..и во зависност од одговорот ќе.процениш што треба да направиш, едноставно ситуацијата ќе ти покажи што да му вратиш на тоа. И јас сум била во таква ситуација слична каде што мојот партнер и лајкуваше се на ете да ја наречам бивша на некој начин и ако ништо не се случило посебно меѓу нив..но јас искрено му признав дека тоа не ми се допаѓа и да размисли за тоа што го прави.. Некој ќе речи дека не е се во лајковите и дека ништо не значат ама ете ако тоа те прави да осеќаш нешто тогаш можда и тебе лично ти значат и нема зошто да ќутиш за нешто што имаш право да го знаеш )
Па он веќе ми потврди дека е бивша, али мене не ми е јасно зашто толку на бивша да и лајкува упорно, а она на него ништо.. Сакам да го прашам, но сепак сме многу тазе, се чувствувам како да немам право на тоа, а и да се гледаат уште не верувам дека ќе ми признае.. А и + ми кажа дека мразел девојки што се замарале/расправале за лајкови.. Не сакам да избрзам, сакам да ми успее со дечково..
Размисли ако сакаш да ти успее со некој мора се да е отворено а и мора некој да те прифати во твоето вистинско светло..не е добро ти ако потиснуваш нешто за некој да не е во нелагодна ситуација.. Зошто баш ти да си во нелагодна ситуација? Секогаш ставај се прво место .. Биди отворена и храбра ако тој сака да е со тебе ќе ти даде вистински одговор на секое твое прашање и ќе знаеш да познаеш дали е вистина или лага..само отворено и се ќе излези на виделина...така јас би постапила да сум на твое место..
Не те исмевав,извини ако сум оставила таков впечаток ,само смешно ми дојде како сите мислат дека смениле некој и на крај пак истиот си останува.
Не го сменила, она си мисли така. Според мене никој не треба да се менува туку да се прифаќа таков каков си е.
Абе глупости се можеби да, а можеби во исто време е и со мене и со нејзе.. Не сакам да си губам време и да се трудам и посветувам ако е така..