Хм... жал ми е, не прочитав. Ко така, раскини му и кажи му, коа и ако биде спремен да биде со тебе и да си му доволна, нека те побара... Ако до тогаш ти не си нашла друг.
Така ке биде очигледно.. Јас не сум му психијатар да му лечам стари рани или да пополнувам време додека не се смири со нејзе.. Фб, инста .. сегде.. И со брзина на светлината и има ставено лајк на секоја нова слика, чек ин и слично..
Ако момче е во врска и лајкне слика од некоја друга девојка готово, светот пропаѓа... Не ја сака девојката, вљубен е во таа што ја лајкнал без разлика дали му е другарка од основно, трета братучеда, комшивка или пак колешка. Толку. Следуваат два месеци расправање, зошто лајкнал. Ама расправањето за вакви глупости ја оладува љубовта. Стварно не ми е јасно зошто толку се замарате со тоа кој кому лајкнал, посебно кога станува збор за пристојни фотографии. Имам забележано дека најчесто се лутат за лајкувањето, оние кои и сами бараат и молат за лајкови.
Овде станува збор за свежа бивша девојка,и не е само одвреме навреме руку секоја слика и објава.И мене би ми пречело бивша да му е пријателка на фб на мм,поготово ако е некоја посвежа,мислам не е од детството некоја онака несериозна врска.А и него исто би му пречело замене.А во случајов девојкава ко што прочитав има слика од пред месец дена била кај него .Значи до скоро се гледале.Ептен ми е сомнително.
абе посвежа, поскапана, исто ти се фаќа. Исто има можност да се развие нешто меѓу секој и секого (скоро). Ако тргниме со такви размислувања, има да се шлакниме од памет.
Не знам колкав е може си пишала ама мене работава ми личи како да не знае што сака и се однесува како мало недораснато дете. Не значи дека сите мора очите да си ги ископаат со бившите, некои парови раскинуваат пријателски ама јас лично сметам дека нема потреба од лајкови ако ти веќе си му укажала на тоа и знае дека ти пречи. Ти си со него и треба твоите желби да се труди да ги исполни. Фино лепо можеш да му кажеш бриши ја од секаде и од сега нема контакт со неа. Ако се противи тоа е тоа, значи навистина се интересира за неа и нема што понатаму ти да бараш со него. Може ќе ти звучи сурово ама со сила убавина не бидува, доста им кревате акции на лигушите додека тие си се однесуваат како што сакаат. Асално машко се грижи за саканата и не ја неревира на секој чекор.
Ако маж ти одел со некоја 7 години, спиел со неа, а сега и ја лајкнува секоја слика и кај што е натртена ќе ти биде сеедно? Алал да ти е.
Точно така! Да не враќам на сите посебно, они се многу тазе раскинати. Според мене, она веќе не се интересира за него, можеби и она го откачила, па овој сега си пати по нејзе.. Може се надева дека ќе се смират, можеби и навистина ќе се смират, не знам каква е ситуацијата. Можеби е глупост за дел од вас, но мене ми смета што сеуште ја има по соц. мрежи и згора на се и става лајкови на се.. 90% сум решена да прекинам, зошто врската помеѓу машко и женско ја гледам како нешто убаво, а не нешто што ти ствара нервози и стресови. Знам дека кога ке му го кажам се ова, ќе ме направи ментална и ќе се брани, но не ми е битно..