Знам, не очекувам.. А и го научив веќе, кога нешто не е вистина ќе се потруди да објасни, а кога е тогаш ме напаѓа мене..
Иста таква сум и јас.Но тие немат друг кревет,само тој на дечко ми е поголем,и кога го прашав како спиеле и дека ми е чудно тој рече,заедно спиевме на ист кревет ама разделени бевме,таа на едната страна јас на другата,и дадол друга перница и друг јорган,тој си има свој и така биле јас ништо не кажав,ама него му е тоа нормално,штом е така подобро да не се мешам веќе мада пак ќе кажам чудно ми е.
Кажи му дека единствениот ментален во ситуацијата е тој и дека не за џабе го откачила и бившата (оди на сигурно) и ти сега. Прати го дома да плаче на песните и да манијачи слики со празни раце се додека не созрее доволно за било која женска.
Океј е да има бивши на фб, па и да лајкнува, ама да земе опсесивно да ја следи и да лајкува и коментира истата секунда после се што ќе објави, или да се однесува ко детиште и да ти праќа тажни песни затоа што пати по неа, јас би се тргнала од него.
Па еве 11год сме заедно со мм и не сме се шлакнале од памет.Има он пријателки на фб исто и јас пријатели,и си ставаме одвреме навреме некој лајк,нормално не ко да ги манијачиме буквално секоја објава.Но бивши немаме,негледам што е тука за шлакнување од памет.Божем цел град ни е бивши па да нема со кој да живееме.Имам и јас еден бивши од детството си викам здраво но не ми еена фб,исто и мм здраво има со една бивша но не гледам потреба да се/сме на фб и да си ги следиме животите на фб.Спрема секој може да се развие чуство ако си дозволиш.Ама многу полесно се развива ако веке сте имале нешто и некакви чуства со личноста .Јас барем не ја гледам потребата да имам бивши на фб,било што било и нема што веке да му го следам животот.
Ако мислиш дека ќе те изневери, може со секој/а во секое време ( и со бивши и со нови). Значи ако се пазиш и мислиш дека ќе те изневери, од секого треба да се пазиш и тоа ќе те шлакне. Подобро објаснив сега?
@WildMk Не си во право сори.. Не си имала такво искуство верувам затоа така и зборуваш,иста бев и јас. Какво замарање за фб за лајкови,смешно ми беше, дури и ги исмејував таквите типови на девојки.Се додека не се најдов во таква ситуација. Не велам дека треба смртно да сме завадени со бившите,зависи каков е бил раскидот, еве и у добри односи да се останати, лајк буквално на секој пост и слика е симптоматично. Јас на најдобрите другарки побогу не ставам лајк на секој пост, а камоли пак на некој бивш. И се испостави дека бев во право за жал.
Не мислам дека ке ме изневери,едноставно и на двајцата ни се такви принципите и ставовите и тоа е тоа.Не ми е долично едноставно да се следиме со бивши по фб инста и сл. А за случајов не ти е сомнително секоха објава и слика да ја лајкува?А притоа да нема лајк ставено на сегашната?
Сум имала, слично искуство. Не баш на секој пост, ама доста. И знам дека не е за нервирање.. Што да правам, ко прво, кога имаат слични интереси? Јас имам слични интереси со други мажи на фб и лајкувам ако ми се допадне пост, со некои дури се случува и 20-30 постови со ред да се согласувам. И сега, што треба? Да не мислам тоа што мислам, да не се успаничи маж ми? нејзе не и' ставал лајкови? Само на бившата? не го видов тоа.
Јас искрено ги жалам таквите кои ОЧАЈНО и упорно одат по некој/а, а таа/тој ги игнорира и резултатот е само ЕГОТО им го креваат до немај каде, а остануваат пак со празни раце на крај. Според мене секогаш, ама баш секогаш тој/таа шо не игнорира ни е поинтересен се' додека не го добиеме после пак во круг со некој/а друг/а така..... работава е, дали тревата е позелена на другата страна
@Darlingzz бегај од него. Тој најверојатно ја има бившата во блиски пријатели (па му идат известувања за секоја објава било да е слика, чек-ин или сл.) и ја манијачи постојано, затоа на секоја објава прв лајкува. Не може такво опсесивно лајкување на секоја можна објава да е случајно и да не му значи ништо. Па уште песни ти праќал за тажење по бивши, на здрав памет ќе те прави будала. Батали го, ќе си најдеш некој кој само тебе ќе те сака.
Ја разбирам да става лајкови еднаш два пати на одредена слика или објава, ама постојано и на секоја објава не е во ред, Ако тој не може да ја преболи, ти пак ич нема ни да му помогнеш ниту да му бидеш утеха. Така да подобро на време тргни се и не барај решение, отколку да сте во врска со години и месеци па да си лупаш глава.
Не можеш да ме убедиш дека доколку маж ти става лајк на секоја објава од бившата, ти тоа ќе го гледаш како имаат исти интереси ? Im not buying it..